SlideShare uma empresa Scribd logo
1 de 56
Baixar para ler offline
Влијанието на
финансиската криза врз
македонската економија
и врз состојбата во
домаќинствата
перцепции на граѓаните за природата на
кризата и нејзиното влијание




                                         09
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Содржина

 Резиме....….……………………………………………………………………………………………………………………..3
 Перцепцијата на граѓаните за финансиската криза и ефектите од неа....………...4
 Вовед...........…………………………………………………………………………………………………………………….4
 Влијанието на кризата врз македонската економија........………………………………………………….6
 Индекс на надеж.......................………………………………………………………………………………………12
 Заклучок (Прв дел)………………………………………………………………………………………………………….15
 Влијанието на кризата врз процесот на натамошното раслојување и зголемување
 на социјалните нееднаквости во земјата..……………………………………………………………….15
 Заклучок (Втор дел)….…………………………………………………………………………………………………….22
 Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на
 криза...................................................…………………………………………………………………………..23
 Заклучок (Трет дел)….…………………………………………………………………………………………………….25
 Социјалните димензии во услови на криза.........................……………………………………27
 Пазар на труд...……………………………………………………………………………………………………………..27
 Социјална заштита………………………………………………………………………………………………………….31
 Образование.…………………………………………………………………..………………………………………….…34
 Здравје……………………………………………………………………………………………………………………………36
 Заклучоци (Четврти дел)….…………………………………….………………………………………………………38
 Препораки ...........................................................................................................40
 Довербата на граѓаните во институциите и политичките партии во услови на
 криза............................................................................………………………………………….41
 Постои ли политичка алтернатива? ...................................................................................45
 Заклучок (Петти дел)…………..…………………………………………………………………………………………47
 Заклучни согледувања и препораки.....……………………………………...………………………….48
 Користена литература…………………………………………………………………………………………………….51
 Методолошка рамка (Appendix 1)…………………………………………………………………………………..51
 Примерок (Appendix 2).......………….………………………………………………………………………………..53




                                                                                                           2|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




       Агенцијата за испитување на јавното мислење и комуникации- ,, Рејтинг,, со седиште во
Скопје, за потребите на Фондацијата Фридрих Еберт- Канцеларија во Скопје, спроведе
теренско испитување на јавното мислење во Македонија во периодот од 5-15 септември, на
тема Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз
состојбата во домаќинствата.

Со истражувањето спроведено по моделот фејс то фејс интервју, беа опфатени 1068
домаќинства на репрезентативен примерок од населението во Македонија.
                   Основната цел на истражувањето беше, преку испитување на јавното
мислење, со стандардизиран прашалник да се добијат информации за :

       1.Степенот со кој граѓаните, односно домаќинствата, ги чувствуваат последиците од
глобалната финансиска криза во Македонија.
       2. Влијанието на кризата врз процесот на натамошното социјално раслојување и
зголемување на социјалните нееднаквости во земјата.
       3.Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на
криза
        4. Очекувањата и надежите на граѓаните за излез од кризата.
        5. Довербата во институциите и субјектите со најголема моќ за совладување на кризата
или за намалување на нејзините последици.

Во тимот беа вклучени експерти за испитување на јавното мислење (Никола Спасов), експерти
за економските движења и политики во Македонија (Мр. Никола Поповски) експерти за
политички систем и политички партии (Проф. Др.Ѓорѓи Спасов) и експерти за Социјалната
политика во Македонија (Доц. Др. Маја Геровска). Тие се и автори на овој извештај завршен
во октомври 2009.година.




                                                                                                 3|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




1.Перцепцијата на граѓаните за последиците глобалната финансиска криза во
Македонија

1.1 Вовед

        Кон средината на 2008 година година кога глобалната финансиска криза се закануваше
со сета своја жестина, во владините кругови во Македонија постоеше мислење дека
Македонија, не само што нема да ги почувствува последиците од глобалната финансиска криза
туку дека дури и ќе ”профитира” од неа.
        Ваквото тврдење се образложуваше со фактот што ,,македонскиот финансиски и
банкарски сектор не бил доволно интегриран во светскиот и дека неговата ликвидност се
базира на стабилни извори (депозити на населението и корпоративниот сектор) па не може да
дојде до значајни пореметување во македонското стопанство,,.
       Една година по ваквата политика на владата, Македонија веќе силно ги почувствува
последиците од глобалната финансиска и економска криза и земјата влезе во рецесија. Според
официјалните прелиминарни податоци од Државниот завод за статистика македонскиот БДП
во првите две тримесечија во 2009. година забележи пад од 0,9% и 1,4%.
       Македонија е мала земја и економија со либерализирана надворешна трговија чиј обем
достигнува годишно ниво од околу 100% и повеќе од годишниот БДП на земјата. Економијата
е зависна од увозот на стоки кој е близу двојно поголем од извозот на земјата. Како резултат
на тоа трговскиот дефицит на Македонија достигна ниво од над 25% од БДП во 2008 година со
апсолутна вредност од над 2,5 милијарди долари. Високиот трговски дефицит традиционално,
во значаен дел, се финансира преку дознаките од македонските работници во странство.
Светската криза влијаеше на ваквите трансфери кои наспроти растот на трговскиот дефицит
останаа на исто ниво. Ваквите неповолни тенденции создадоа огромен дефицит на тековната
сметка во висина од 14% од БДП во 2008 година. На тој начин Македонија влезе во состојба
на економска рецесија следена со силно влошување на состојбите во екстерниот сектор.

                                                 Табела 1

                                                                              - во милиони долари
                                                                                           2009
                         2005             2006              2007           2008
                                                                                        (јан - јуни)
       трговски
                         -1.063          -1.284           -1.630          -2.552           -1.030
       дефицит
       приватни
                         +987            +1.163          +1.352           +1.376           +492
      трансфери
        тековна
                          -158             -56              -597          -1.210            -569
         сметка
                                                 Извор: НБМ, податоци за платен биланс 1993-2009


      Тенденциите продолжија и во првата половина на 2009 година со исто темпо. Со
кризата најпогодени беа главните извозни сектори на македонското стопанство:

                                                                                                   4|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




металургијата, текстилната индустрија и извозот на земјоделски производи. Овие сектори кои
кумулативно учествуваат со над 2/3 во вкупниот извоз го намалија извозот заради падот на
побарувачката за нивното производство и последователниот пад на нивните цени на светскиот
пазар. Истовремено голем дел од вработените во овие индустрии остануваа без работа или
заминаа на принуден одмор или минимално платени отсуства, а владата не превзема мерки да
им помогне туку, даваше изјави дека ,,очекува од          сопствениците и менаџерите на
загрозените компании од кризата ,да не ги отпуштаат вработените туку во овој кризен период
да го трошат ,,високите профити,, заработени од нивна страна во претходниот период кога
цените на металите на светската берза беа високи и кога се остваруваше поволен извоз„.
Кризата во светот влијаеше и онака ниското ниво на странски директни инвестиции (СДИ) во
Македонија да се намали.

                                          Табела 2
                    Странски директни инвестиции во Македонија 2004-2009

                                                                              - во милиони долари
          година         2004        2005         2006         2007        2008          2009
                                                                                      (јан - јуни)
           СДИ           322          94           424          700         612           139
                                                         Извор: НБМ, податоци за СДИ 1993-2009


Нивото на СДИ во првата половина од 2009 е исклучително ниско и според најавите, до крајот
на годината тоа нема да достигне повеќе од 250-280 милиони долари.

Со својата релаксирана политика, владата на десницата во Македонија дури и придонесе за
заострување а не за ублажување на кризата. Таа во последните три години го зголеми
вкупното даночно оптоварување на граѓаните. Мерено преку нивното де факто учество во
општиот буџет на владата, тоа изнесува дополнителни една милијарда евра, а од така
зголемениот буџет ги зголеми бројот на вработените но и платите на вработените во
државната администрација и пензиите. (Според податоците на државниот завод за статистика,
во јули 2009 година просечната плата во Македонија била за 25% поголема од просечната
плата во јули 2008.година. Ова зголемување се должи на примената на концепцијата за бруто
плати со која во платата се внесени и надоместокот за храна и превоз на работниците што до
тогаш се исплаќаа во вид на парични надоместоци во висина од околу 25% од просечната
плата). Со тоа, владата ја обезбеди својата политичка поддршка но ја зголеми само
потрошувачката на странски луксузни стоки од страна на побогатиот дел на населението и на
евтини странски стоки кои во услови на криза се продаваат во Македонија. Во јули 2009
година просечната нето плата изнесувала 19.736 денари односно 315 евра а просечната бруто
плата 29.720 денари.
       Буџетските средства наменети за капитални инвестиции во луксузни згради, коли, и
споменици исто така влијае само врз зголемувањето на увозот, на трговскиот дефицит и на
дефицитот на тековната сметка. Во текот на 2008 година Владата издвои 12 милиони евра за
подигање споменици на Александар Македонски и на други личности од историјата и потроши


                                                                                                 5|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




17 милиони евра за рекламирање на своите проекти во медиумите меѓу кои оние за ,,трето
дете,, воведување верско образование,, и сл. Во овој период владата е најголемиот клиент
на рекламните агенции во Македонија и најголем закупувач на телевизиско време за
акламирање.
       Соочена со недостиг на средства за финансирање на дефицитот и зголемената јавна
потрошувачка, владата беше принудена да почне да позајмува значителни средства на
домашниот пазар и од странство. На домашниот пазар владините државни записи и државни
обврзници во услови на дефлација од 1% достигнаа каматна стапка од 9%. Владата беше
приморана да воведе домашни записи и обврзници со девизна клаузула за да ја спушти
каматата на околу 5-6%. Истовремено таа издаде евро обврзница од 180 милиони евра со
камата од 10% што доведе до намалување на кредитниот рејтинг на Македонија. Каматите на
едномесечните благајничките записи на НБМ се зголемени и изнесуваат 9 проценти.
        Со својот негативен однос кон некои веќе присутни странски инвеститори во земјата
(како ЕВН Австрија, Холдингот Коч,Турција, Делта компанијата од Србија,          генерално
влошените односи со Грција), манипулацијата со јавните тендери( во енергетиката, јавниот
превоз ) и зголемениот увоз на струја заради смалување на домашното производство, Владата
во овој период, дополнително ја влошува економската состојба во Македонија. Врз основа на
овие ,,инпути,, трговскиот дефицит на земјата од 1.3 милијарди долари во 2006 година за две
години се зголеми за двојно на 2.6 милијарди долари во 2008 година. Девизните резерви на
земјата се смалија за 450-500 милиони евра само во последните 10 месеци и ја доведоа во
сериозна опасност стабилноста на домашната валута. Во август 2009 резервите се зголемија
заради задолжувањето на земјата со издавање на обврзници и заради сезонското влијание на
зголемени девизни дознаки од странство во летните месеци. Состојбата треба да се следи
внимателно во наредните 6-8 месеци.
       Стапката на невработеност во Македонија е висока и изнесува околу 34%. Според
податоците на ДЗС изготвени согласно критериумите на Светската банка, 28,7% од
домаќинствата се сиромашни, а индексот на длабочината на сиромаштијата изнесува 9,2%.

      1.2. Влијанието на кризата врз македонската економија

      Во вакви услови, на граѓаните им го поставивме прашањето:Општо земено дали од
економската криза сте многу загрижени, загрижени, не сте загрижени многу или не сте
загрижени воопшто?




                                                                                                 6|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Анализата на одговорите според социодемографските белези на испитаниците укажува на тоа
дека кризата особено ги загрижува помалку образованите, невработените и семејствата со
пониски месечни примања. Во следниот графикон се дадени процентите на оние што
одговориле дека многу ги загрижува кризата:

Категории граѓани што кризата многу ги загрижува




                                                                                                 7|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




На прашањето кое гласеше: Колкаво е влијанието на светската економска криза врз
Македонија? добиени се следните одговори:




И кај ова прашање, граѓаните кои се повеќе загрижени од кризата, односно економски
послабите, невработените и со пониско образование оценуваат дека влијанието на светската
криза врз Македонија е големо. Но, исто така постојат разлики во зависност од состојбата на
невработените членови во семејството и регионот во кој живеат граѓаните:

              Светската криза има големо влијание врз состојбата во Македонија




                                                                                                 8|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Независно од кризата, најголем дел од граѓаните на Македонија сметаат дека економската
состојба во Македонија е лоша или многу лоша:

                  Оценки на граѓаните за економската состојба во Македонија




Ова е едно од прашањата на кое сите испитаници независно од нивната етничка припадност,
возраст, занимање или место на живеење дале сличен одговор. Како најкритична група
повторно се јавуваат социјално загрозените семејства или оние со месечни примања до 10000
денари. 35% од оние кои се наоѓаат во оваа група ја оцениле македонската економија многу
лошо додека секој четврти испитаник од групите со примања од 10 до 25000 и 25 до 40000 го
делат истото мислење.
Прашањето: Споредено со периодот од пред 12 месеци дали би рекле дека економската
состојба во Македонија денес е значително подобрена, малку подобрена, иста е како и пред 12
месеци, малку е влошена или многу е влошена: покажува дека речиси секој втор граѓанин
(46%) смета дека малку или многу се влошила македонската економија. 39% сметаат дека
македонската економија не претрпела никаква промина во последната година што укажува на
лошо расположение меѓу граѓаните земајќи го во предвид фактот дека пред една година
економската ситуација во државата беше оценета како релативно лоша. Ова уште еднаш го
потврдува мислењето на јавноста каде 4 од 5 прашани даваат негативни оцени за општата
состојба во македонската економија.




                                                                                                 9|Page
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Ова мислење генерално го делат сите групи на граѓани. Единствена разлика во мислењата
може да се забележи кај испитаниците со различно ниво на образование. Најлоши оцени по
ова прашање дале испитаниците со високо образование кои 54% сметаат дека ситуацијата е
малку или многу влошена.

По официјалното влегување на земјата во рецесија во 2009 година, владата мораше да
признае дека земјата се соочува со сериозни проблеми во својот економски развој. Според
нејзиното објаснување, сепак, тоа не се случува заради било какви грешки во нејзината
економска политика туку е целосно резултат на влијанието на светската економска криза.
Според Премиерот кој тврдеше дека Македонија нема да биде погодена од глобалната
финансиска криза ,,не е можно кога БНП на една Германија опаѓа за 6% македонскиот да
расте и дека фактот што опаѓањето на нашиот БДП е помало од она на Германија упатува на
сознанието дека во земјата состојбата и не е така лоша„.

Според податоците на владата, падот на БДП во Македонија ,во првиот кваратал од 2009
година, изнесувал само 0.9% за разлика од други земји во кои во истиот период тој пад бил
многу поголем, како на пример: во Бугарија 3.5% Германија 6.4, Естонија 15,1 Шпанија 3,3
Италија 6,5 Латвија 18, Литванија 13.3 Унгарија 6,7 Холандија 4,5 Австрија 4,7 Словенија 8,5
Шведска 6,6 Велика Британија 4,9 Хрватска 6,7 , Турција 13,8 итн

Иако на општата јавност не и е лесно да суди компетентно за причините на економскат криза
во Македонија, во следниот графикон се поместени одговорите добиени на прашањето:
Колку според вашето убедување, влошувањето на економската состојба во Македонија е
предизвикано од глобалната финансиска криза?




                                                                                                10 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




И на ова прашање, процентот на оние кои веруваат дека влошувањето на економската
ситуација се должи првенствено на домашната политика е повисока кај испитаниците со
високо образование. Повеќе од една третина од испитаниците веруваат дека лошата
економска состојба во Македонија е подеднакво под влијание на домашната политика и на
надворешните фактори (на кризи), што значи дека вкупно повеќе од 50% од граѓаните сметаат
дека лошата финансиска состојба во Македонија се должи на домашните политики.

Наспроти тврдењата од владата, општото мнение на граѓаните во Македонија е дека
домашната политика не може да се амнестира од серозните последици што ги чуствува
македонската економија во услови на глобалната финансиска криза. Критиката кон владата е
најизразена во скопскиот и североисточниот регион, но исто така и во земјоделските региони,
пелагонискиот и југосисточниот.
Владата во Македонија сега тврди дека Македонија ќе оствари позитивен раст на БДП веќе во
последниот квартал од оваа 2009 година, а според последните нејзини проекции падот на БДП
во 2009година ќе биде само 0,6%. Меѓународните финансиски институции (Светска банка,
ММФ, ЕБРД) и некои домашни институции (НБМ) имаат проекции за пад на македонскиот БДП
во 2009 година од 2% до 2,5%. Владиниот оптимизам не го делат целосно ниту граѓаните на
Македонија.

Во следниот графикон поместени се одговорите на прашањето: Кога очекувате дека
македонската економија ќе почне да расте?




Графикот погоре го покажува индексот на надеж за македонските граѓани во однос на
економската ситуација во земјата. 12% од испитаниците не очекуваат никакви подобрување на
економската ситуација некогаш и уште 32% сметаат дека ова не би можело да се случи
наскоро. Тоа прави 44% од населението крајни песимисти кога станува збор за македонската
економија и нејзиното подобрување. 20% од населението или еден од пет може да се сметаат
за оптимисти и очекуваат дека македонската економија ќе расте, повторно, по шест месеци

                                                                                                11 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




или максимум една година од сега. Како умерени песимисти или оптимисти може да се
квалификуваат речиси една третина од населението кои веруваат дека економијата ќе расте
по година и пол или максимум две години од сега.

Индекс на надеж




Анализата на регионалната распространетост на оптимизмот во Македонија упатува на тоа
дека највисок процент на оптимисти во поглед на брзината за надминување на кризата има во
северно источниот регион на Македонија (Куманово и Крива паланка) 45% но исто така и во
Југоисточниот регион на Македонија (Струмица, Владандово) 34% а најголем процент на
големи песимисти има во Југозападниот регион (Охрид,Струга) 74% и во Источниот регион
(Штип, Радовиш) 55%.. Меѓу Македонците има исто така поголем број на големи песимисти
(46%) во однос на Албанците 35% но анализата на одговорите на ова прашање според
членството во политички партии покажува дека меѓу оние кои членуваат во некоја од
политичките партии (активната политичка јавност има повисок процент на оптимисти (26%) за
разлика од оние кои не членуваат во ниту една партија кај која оптимисти се само 16%. Кај
големите оптимисти пак оние што не членуваат во политичка партија процентот изнесува 46, а
кај оние што членуваат во некој од партиите големи песимисти се 39%.




                                                                                                12 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Како и да е, очигледно е дека македонските граѓани знаат или очекуваат дека кризата сепак
може да заврши и за една година. На следното прашање кое гласеше: Дали сметате дека во
следните 12 месеци општата економска состојба во земјата ќе се подобри или влоши? Добиени
се следните одговори:




Интересно е да се напомене дека иако во претходните прашање можеме да видиме големо
разочарување и песимизам во однос на економската иднина на нашата земја, во една година
секој трет граѓанин верува дека економијата ќе се подобри малку. Сепак, сеуште има 44% од
испитаниците кои веруваат дека нема да има ниту подобрување, ниту влошување на
ситуацијата. Јасно е дека Македонците знаат дека кризата полека доаѓа до крајот и дека во
годината     што    доаѓа    ситуацијата    треба    да    биде    подобра    од    денес.
Релативно висок процент од граѓаните очекуваат дека по 12 месеци на финансиската состојба
на нивните семејства ќе бидат барем малку подобро од денес.




                                                                                                13 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Дали очекувате дека финансиската состојба во вашето домаќинство во наредните 12 месеци ќе
се подобри или влоши?




Повисок е процентот на граѓани кои очекуваат дека финансиската состојба на нивното
домаќинство во следните 12 месеци барем малку ќе се подобри кај оние на возраст од 18-29 -
44%; меѓу жените - 39%, високо образовани, вработените во приватниот сектор , 41%,
испитаниците од урбаните места - 40%, домаќинства со месечни примања - 25.000-40.000 ден.,
47%, и меѓу оние со повисоки приходи дека 40000ден- 49%. Оптимизмот е на пониско ниво
меѓу мажи - 36%, кај граѓаните постари од 65 години - 14%, пензионерите - 24%, луѓе со
основно образование - 30%, на вработените во јавниот сектор - 34%, на луѓето со месечни
приходи        по       домаќинство        до        10.000       ден.       -       27%
Она што е важно во анализата на овие реакции е проценката на граѓаните за сопствената
финансиска состојба во тоа време. Како и во слични истражувања во други земји,
испитаниците ја оценуваат сопствената економска состојба подобро отколку ситуацијата во
државата.



Заклучок

Глобалната финансиска криза има сериозно влијание врз влошувањето на економската
состојба во Македонија. Влошувањето се чуствува на општ план а над 2/3 од граѓаните се
серозно загрижени од последиците на финансиската криза врз македонската економија.

Загриженоста од натамошното влошување на економската состојба во Македонија доаѓа во
време кога речиси 4/5 од населението општата состојба во македонскта економија ја оценува


                                                                                                14 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




како лоша или многу лоша. Но таквата состојба не е резултат само на кризата туку на
подолготрајните состојби во македонската економија. Во оваа смисла на пример, секој втор
граѓанин на Македонија економскта состојба на Македонија, споредена со онаа од пред 12
месеци (или пред почетокот на глобалната финансиска криза) ја оценува како иста (39%) или
како барем малку подобрена (12%).

Голем број граѓани(секој четврти). Сметаат дека влошувањето на економската состојба во
Македонија е исклучително резултат на Светската финансиска криза и дека владата за тоа не
сноси било каква одговорност. Повеќе од секој трет смета дека влошувањето е резултата и на
слабостите на домашната политика во услови на светска финансиска криза (38) а дури 36%
сметаат дека влошувањето на состојбата во македонската економија во оваа година е резултат
само на слабостите на домашната политика.

Во однос на очекувањата за излез од кризата, граѓаните не го делат оптимизмот на владата
според кој веќе кон крајот на оваа година може да се очекува излегување од рецесија и раст
на БДП. Секој втор граѓанин (61% смета дека може да се очекува македонската економија да
почне да расте дури по 2010 година или подоцна. За очекувањата во однос на тоа каква ќе
биде економската сотојба по само една година, 44% сметаат дека ќе биде иста како сегашната
а уште 16% сметаат дека ќе биде барем малку полоша и од сегашната.

Овие наоди укажуваат дека граѓаните го перцепираат влијанието на Светската финансиска
криза врз Македонија како силно и загрижувачко но и заради раширената свест во однос на
слабостите на домашната политика за справување со последиците од кризата оптимизмот за
брзо излегување од кризата не е голем.

Во поглед на општите оценки нема статистички значајни разлики меѓу припаданиците на
различните етнички заедници во Македонија ниту врз основа на региналната разместеност на
населението. Понегативни оценки за состојбата, даваат пообразованите и членови од
економски подобро стоечки семејства но оптимизмот за излегување од кризата е понизок кај
помалку образованите, невработените и економски послабо стоечките семејства.

Иако поголемиот дел од населението во Македонија, не гледа можности за брз излез од
економската криза која е само малку потенцирана со глобалната финансиска криза, 38% од
граѓаните очекуваат дека финансиската состојба на нивното домаќинство веќе по 12 месеци ќе
биде барем малку подобрена. Надежта кај овој дел од популацијата произлегува веројатно од
ветувањата на владата дека Македонија ќе излезе од рецесија веќе кон крајот на оваа година
и од информациите дека најголемите земји во светот веќе излегуваат од рецесија. Поголеми
оптимисти се домаќинствата на младите од 18-29 години (44%), вработените од приватниот
сектор (41%) и оние со месечен приход во домаќинството од 25-40 илјади денари односно од
400-650 евра (47%).




                                                                                                15 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




2.Влијанието на кризата врз процесот на натамошното социјално раслојување и
зголемување на социјалните нееднаквости во земјата



      Процесот на транзицијата во Македонија доведе до сериозно зголемување на стапката
на невработеност во земјата, до опаѓање на животниот стандард и до зголемување на
процентот на населението кое живее под прагот на егзистенцијата.
Продуктивноста на трудот на годишно ниво, мерена преку БДП по вработен во долари, мерена
според методологијата на паритетот на куповната моќ покажува дека во периодот од 1990
година до 2006/7 година е намалена од 3 972 долари на 3 538, односно за околу 10%. Тоа е
огромна загуба, бидејќи во меѓувреме е намален и бројот на вработените, а невработеноста од
18 проценти во 1990 година се искачи на денешните 34%.

Истовремено анализите на распределбата на доходот и на потрошувачката во земјата
покажуваат дека богатите се збогатуваат уште повеќе а сиромашните осиромашуваат побрзо.
Според последните истражувања од пред 4 години, верификувани и објавени од Светска
банка, најсиромашните 20% од населението во Македонија (400.илади луѓе) кое се на дното
на социјалната пирамида, располагаат само со 6.1% од доходот на земјата а најбогатите 20%
од врвот на пирамидата со 45.5%. Соодносот е поголем од 7:1 и е можен извор за социјални
немири во земјата. Соодносот пак на богатството меѓу најбогатите и најсиромашните е
поголем од 12:1. Но трендот се влошува и натаму. Со право може да се претпостави дека
светската криза и домашната рецесија влијаат овие состојби уште повеќе да се влошат.

Ова го поставува прашањето каква е социјалната структура, односно социјалното раслојување
во Македонија денес. Ги имаме ли и ние оние 20% во најнеповолна економска положба, 70%
средна класа и 10% привилегирани, како во некои земји на ЕУ или пак освен 10%
привилегирани имаме општество со уништена средна класа и една третина од населението кое
не може да преживее без социјална помош? Второто прашање е што се случува со оваа
структура во услови на економска криза и како таа влијае на зголемувањето на
нееднаквостите?




Во рамките на ова истражување беше направен обид за самоидентификација на социјалната
положба на населението. Од испитаниците беше побарано да го оценат животниот стандард
на своето домаќинство на скала од 1 до 10 при што еден значи најнизок, а 10 највисок
стандард за македонски услови.




                                                                                                16 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Оваа самопроценка во голема мера е компатибилна со статистичките податоци за распределба
на доходот меѓу населението. Така на пример, според податоците од Државниот завод за
статистика во 2008 година, процентот на сиромашни лица во Македонија изнесувал 28.7%. Од
нив 57.7% живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови, стапката на сиромаштија кај
невработените изнесува 38.4, односно 43% од сите сиромашни се невработени, а 56.6 % од
сите сиромашни лица живеат во домаќинства кај што носителот на домаќинството нема
образование или има завршено максимум основно училиште. (извор: Државен завод за
статистика.)
       И според самооценката на граѓаните за нивниот стандард се покажува дека како многу
низок, односно со оценка од 1 до3 својот стандард го оцениле 35% од граѓаните со завршено
до основно образование, 45% од граѓаните што изјавиле дека месечниот приход на нивното
семејство изнесува до 10 илјади денари (165 евра), 44% од оние што одговориле дека сите во
семејството се невработени и 30% од оние што живеат на село. Меѓу граѓаните со средно

                                                                                                17 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




образование кои својот стандард го оцениле како низок(со оценка од 1- 3) има 28% од
населението во Македонија, а кај граѓаните со високо образование процентот на оние што
својот стандард го оцениле како многу низок е 20%.

Слична слика за социјалната структура на Македонија денес се добива од одговорите на
прашањето во ова истражување кое гласеше:

Дали и колку може да се заштеди од месечните приходи на домаќинството?




      И врз основа на одговорите на ова прашање произлегува дека 16% од населението е во
групата која од месечните приходи може да заштеди по подмирувањето на месечните потреби,
речиси секое второ семејство успева со приходите само да врзе крај со крај во месецот а 37%
ги трошат резервите или се задолжуваат за задоволување на своте егзистенцијални потреби.
Во вакви услови , на постојано зголемување на задолжувањата на граѓаните кај банките, кое
според најновите статистички податоци ја достигнува сумата од една милијарда и триста
илијади долари, не е чудно што само банките во Македонија, кои вистина не се интегрирани
во глобалните финансиски ситеми, во 2008 година искажаа големи профити и поделија
дивиденди. Истражувањето на маркетиншката агенција ГФК направено во септември 2008
година,(точно една година пред ова) во Македонија, Хрватска, Бугарија, Чешка, Полска и
Романија, упатува на многу слични односи во социјалната структура на овие земји. Според тоа
истражување во овие земји 41% од домаќинствата едвам врзуваат карај со крај во месецот,
34% успеваат да заштедат малку а 14% се принудени да позајмуваат или да ги трошат порано
заштетдените пари за да се справат со трошоците.



                                                                                                18 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Се поставува прашањето, како финансиската криза влијае врз различните социјални слоеви и
на социјалното раслојување воопшто? Дали во кризата богатите стануваат побогати, а
сиромашните уште посиромашни и што се случува со средниот слој на населението.

Ова истражување покажува дека само за една година во Македонија речиси двојно е намален
бројот на домаќинствата што сметаат дека можат од своите месечни приходи по малку и да
заштедат (од 38% на 16% ), за 4% е зголемен бројот на домаќинствата кои успеваат едвај да
врзат крај со крај во месецот, два пати е зголемен (од 10 на 20 % бројот на семејствата што
мора да трошат од своите заштеди за справување со трошоците и за три пати ( од 4 на 17%)
е зголемен бројот на семејствата што се принудени да се задолжуваат за да го преживеат
месецот.




Поаѓајќи од фактот што во Македонија постојат статистички показатели за распределбата на
бруто националниот доход по региони, ова истражување ни овозможи да се направи увид во
односот меѓу објективната и субјективната сиромаштија на населението според регионите во
Македонија.




За потребите на својот плански регионален развој Македонија е поделена на 8 региони со
следниве карактеристики:



                                                                                                19 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




                 регион           км2      жители     БДП/жител       Учество     % на
                                             (во      РМ = 1000           во    невработ.
                                            000)                     создавање (попис2002)
                                                                       на БДП
            Македонија          25.713      2.040        100,0           100       38,2
        1   Вардарски            4.042       154         103.6           7,8       43,5
        2   Источен              3.537       181          73,3           6,5       33,8
        3   Југозападен          3.340       222          63,9           6,9       42,4
        4   Југоисточен          2.739       172          91,9           7,7       34,4
        5   Пелагониски          4.717       236          97,2          11,2       39,9
        6   Полошки              2.416       310          46,4           7,1       49,9
        7   Североисточен        2.310       174          49,9           4,2       48,6
        8   Скопски              1.812       590         167,0          48,5       30,4
        Извор: Стратегија за регионален развој на Македонија 2009-2019, Собрание на Р.М


Податоците упатуваат на тоа дека од аспект на распределбата на доходот (БДП по жител)
само два региони живеат подобро од просекот на земјата - Скопскиот и Вардарскиот, а другите
6 се под просекот. Скопскиот регион има БДП по жител што е за 2/3 поголем од просечниот, а
двојно поголем од сите други. Најмал БДП по жител има Полошкиот регион каде што
преовладува население од Албанската заедница. Слично е и со невработеноста по региони.
Анализата на одговорите на граѓаните за прашањето колку им стигнуваат месечните приходи
до крајот на месецот и дали можат да заштедат или се принудени да се задолжуваат укажува
на сличните тенденции.

Процент на граѓаните што се принудени да ги трошат старите заштеди или да се задолжуваат,
според региони:




       Овој графикон за субјективната сиромаштија во голема мера ја одразува објективната
распределба на бруто домашниот производ по региони во Македонија. Влошувањето на
состојбата во пелагонискиот регион е веројатно резултат на пропаѓањето на млекарницата

                                                                                                20 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Сведмилк, влошувањето на положбата на производителите на млеко додека влошувањето на
положбата во Југоисточниот регион резултат на ниските откупни цени на грозјето и
проблемите со пласманот на другите земјоделски производи. И истражувањето направено за
потребите на УНДП во Македонија, во јули 2008 година ги потврдува овие сознанија за
односот меѓу објективната и субјективната сиромаштија во Македонија (извор:
www.undp.org.mk

Нивото на евентуалното подобрување или влошување на економската состојба на
домаќинствата во Македонија во периодот од изминатите 12 месеци во ова испитување беше
мерено и со прашањето кое гласеше: Дали финансиската состојба на вашето домаќинство,
споредена со онаа од пред 12 месеци е значително подобрена, малку подобрена , иста е како
пред 12 месеци, малку е влошена или значително е влошена? Податоците од следниот
графикон укажуваат на тоа дека во семејствата на граѓаните со пониско образование, понизок
месечен приход, и со поголем број на невработени состојбата во услови на криза побрзо се
влошува.

Финансиската состојба на семејството, споредена со онаа од пред 12 месеци, според
образованието




Во споредба со состојбата од пред 12 месеци финансиската состојба се влошила малку или
значително кај 38% од невработените, 39% од вработените со месечни примања до 10 илјади
денари, кај 46% од домаќинствата со месечен приход од 10 илјади денари, кај 33% од

                                                                                                21 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Скопскиот регион, 34% од североисточниот, 45% од Пелагонискиот, 28% од Полошкиот, кај
17% од Југозападниот во кој уште 75% оцениле дека состојбата им останала иста како пред
една година, 27% од Источниот во кој 62% оцениле дека финансиската состојба не им се
променила во однос на периодот од пред една година, 48% во Југоисточниот и 34% во
Вардарскиот.

Периодот од една година е секако мошне кус да се забележат некои значајни промени во
финансиската состојба на семејството, но тој е сепак индикативен со оглед појавата и
манифестирањето на глобалната финансиска криза и во Македонија.

Заклучок

Влошувањето на економската состојба во Македонија во изминатиот период не се одразило
драматично врз промените во социјалната структура на населението.
Според податоците од ова истражување околу 10% од населението во Македонија спаѓа во
групата привилегирани, 27-30% во групата сиромашно население според критериумите на
светската банка, и од 50-60 % во она што би можело да се нарече среден слој. Дури 52% од
граѓаните на Македонија во ова истражување одговориле дека ,, би можело да се каже дека
финансиската состојба на нивното семејство е добра 32% ја оценуваат како лоша а 12% како
многу лоша.
Покрај сите мерки на владата на Македонија за ублажување на последиците од кризата(со
одржување на нивото на пензиите, зголемувањето на платите преку промена на системот за
исплата на плати,зголемените субвенции за земјоделството и држењето на инфлацијата и
порастот на цените под контрола), бројот на семејствата кои во септември 2008 година можел
дури нешто и да заштеди од своите месечни приходи по подмирувањето на основните трошоци
за една година е смален за половина а бројот на семејствата што живеат од постојано
зголемување на својот долг е зголемен од 4 на 17%. Според податоците од банките
задолженоста на граѓаните на Македонија веќе изнесува еден милион и 300 илјада долари.
Ова упатува на сознанието дека кризата сепак доведува до натамошно осиромашување, но
особено на веќе социјално загрозените слоеви кои пред се ја губат перспективата за
подобрување на нивниот статус. Истовремено пак кризата доведува и до натамошно
зголемување на нееднаквостите кои во Македонија достигнуваат однос на 12:1.
Социјалните нееднаквости доведуваат до доброволно социјално исклучување на најбогатиот
слој(10%) и принудно социјално исклучување на најзагрозените(30%) со што се зголемува
кризата на партиципацијата. На претседателските избори во Македонија никогаш не
иззлегуваат повеќе од 52% а на парламентарните бројот на излезените гласачи е секогаш
околу 60%. Ако се има пред вид дека кризата ги погодува повеќе етничките Албанци и
Ромите во Македонија кои живеат во региони со понизок БДП, тогаш може да се претпостави
дека зголемувањето на социјалните нееднаквости и конфликти може да се трансформира во
заострување на меѓуетничките конфликти.




                                                                                                22 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




3.Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на
криза



Иако според статистичките показатели во текот на 2008 година, беше зголемена јавната
потрошувачка, висината на платите се зголемила во просек дури за 25%(со новиот начин на
пресметување) па денес просечната плата во Македонија изнесува 320 евра, според изјавите
на учесниците во оваа анкета, дури 71% од граѓаните во изминатите 12 месеци биле
принудени на смалување на потрошувачката.

На што штеделе граѓаните?

13% изјавиле дека во изминатите 12 месеци биле принудени да ги откажат плановите за
купување стан или да се преселат во помал, а

19 % од оние што планирале, го одложиле планираното купување кола.

42% од граѓаните ги промениле плановите за годишен одмор заради кризата односно 13%
летувале во странство, 17% во земјата а 70% останале дома за време на годишниот одмор
или не го користеле.

51% според свое признание, штеделе на облека

37% на потреби за домаќинството

27% на храна

24% и на користење здравствени услуги и лекови.



Што најмногу ги загрижува граѓаните?

Денес граѓаните на Македонија, најмногу се загрижени од опаѓањето на животниот стандард
и од високата невработеност односно неможноста да се најде работа за себе или за член на
своето семејство.
Како што може да се види од резултатите на ова истражување, веднаш зад овие два големи
проблеми се наоѓа, несигурноста за своето работно место, можното замрзнување на платите и
пензиите, опасноста од останување без доволно пари да се платат основните здравствени
услуги и лекови, опасноста од останување без доволно пари за да се плати сопственото
школување или школувањето на своите деца, смалените можности за натамошно задолжување
но и опасноста дека ќе секнат или ќе се смалуваат и натаму дознаките од членови на
семејствата вработени во странство.



                                                                                               23 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Што најмногу ги загрижува граѓаните на Македонија




Официјално во Македонија во првите девет месеци од оваа година (јануари - септември)
измерена е дефлација од 2,5%, а на годишно ниво (септ 2009/септ 2008) дефлацијата
изнесува 1,4%. Просечниот годишен индекс на трошоците на животот (официјална дефиниција
за инфлацијата) изнесува 99,6, односно дефлацијата е 0,4. Според ова не постојат реални
тенденции за раст на цените и паѓање на стандардот по тој основ. Светските движења на
цените исто така не даваат право на вакви очекувања. Меѓутоа високата загриженост на
граѓаните од зголемувањето на цените и опаѓањето на стандардот, веројатно се должи на
случувањето од 2008 година кога Македонија по долги години со инфлација од 1% до 2%
годишно, првпат се соочи со инфлација од 9%. Големите дефицити и финансиската
нестабилност на буџетот веројатно причина за ваквите гледања на испитаниците.

      На прашањето, колку ги загрижува можното смалување на дознаките од нивни роднини
во странство, како што може да се види од следната табела, станува јасно дека тоа е
значително поголем проблем за домаќинствата во Македонија од албанска националност од
кои според истражувањето на агенцијата Рејтинг значително поголем процент, имаат
дополнителни месечни приходи од нивни роднини вработени во странство.




                                                                                               24 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Загриженост од смалување на дознаките од странство (според етничката структура)




Во име на објективноста, мора да биде споменато дека проблемот на невработеноста и на
нискиот стандард, односно сиромаштијата се проблеми што ги загрижуваат граѓаните на
Македонија веќе во мошне долг период. Тоа е и причината што сите политички партии во
Македонија, во периодот на транзицијата победуваа на изборите со ветувањето дека ќе ја
искоренат сиромаштијата и дека ќе ја смалат стапката на невработеност во земјата.

Заклучок

Невработеноста и стравот на граѓаните од смалувањето на можностите за вработување (свое
или на член на своето семејство) се и натаму на прво место од нештата што ги згрижуваат
граѓаните (77%). Во услови на криза се зголемува и бројот на оние што стравуваат од
можноста за губење на работното место (свое или на член на неговото семејство 59%).
Третата најголема грижа на граѓаните е можност и стравот од опаѓање на стандардот до ниво
на кое не ќе можата да си ги платата трошоците за комунални услуги, за образование, за
здравствени услуги и лекови ниту пак да ги враќаат на време земените кредити со кои се
задолжени.

Голем број граѓани на Македонија стравуваат и дека дознаките од странство кои го
пополнуваат нивниот семеен буџет со речиси една милијарда долари годишно ке се смалат.
Домаќинствата на етничките Албанци во Македонија кои во двојно поголем процент се
корисници на овие дознаки од припадниците на другите етнички заедници во Македонија се и

                                                                                                25 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




во двојно поголем број загрижени од оваа можност (62%) за разлика од етничките Македонци
на пример меѓу кои 31% се загрижени од таквата можност.
Во изминатите 12 месеци огромен број од граѓните (71%) биле според нивното признание
принудени да го смалат нивото на нивната потрошувачка во некоја област во однос на
претходната година. Од нив дури 51% изјавиле дека ја смалиле потрошувачкта при
купувањето нова облека, 27% штеделе на храна а 24% и на лекови.




                                                                                               26 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




4. Социјалната димензија на светската финансиска криза – перцепција на граѓаните



Вовед:

Иако глобалните финансиски институции го означуваат крајот на финансиската криза во 2010
година, нејзините ефекти сé уште се очигледни. Економскиот пад предизвикан од
финансиската криза од 2008/09 година има видливи последици врз индивидуалната
благосостојбата на граѓаните, но, исто така, претставува предизвик за постојните јавни мерки
за поддршка и нивната ефективност. Според тоа, од особен интерес за ова поглавје се
перцепциите на граѓаните за социјалната димензија на кризата. За таа цел, анализата ќе се
фокусира на ставовите на граѓаните, но, исто така, и на нивниот статус и пристап на пазарот
на труд, социјалната заштита, образованието и здравството во текот на изминатите 12 месеци
(вклучувајќи го периодот до септември 2009 година).

Пазар на труд

Дури и пред сегашната економска криза, условите на македонскиот пазар на труд беа тешки.
Официјалната статистика покажува дека во последните месеци на 2008 година и првата
половина на 2009 година, имаше тренд на намалување на стапката на невработеност, стапката
на регистрирани невработени лица, како и зголемување на бројот на корисниците на помош
заради невработеност.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2008
година изнесуваше 33,8%. Според Агенцијата за вработување, првиот запис на невработеност
забележително се зголеми во ноември 2008 година. Постојаното зголемување на бројот на
невработени лица продолжува од јануари, до март 2009 година, кога достигна 351.278
невработени (март). Споредбата на стапката на невработеноста во земјата, меѓу првиот
квартал од 2009 година (32,7%) и 2001/2002 години, кога земјата, исто така, беше соочена со
внатрешни (етнички) кризи, покажува дека сегашниот број невработени е повисок од оној во
2001 и 2002 година (кога стапката на невработеност изнесуваше 29,5%, за 2001 и 31,7%, за
2002). Според етничката припадност на регистрираните невработени лица, може да се
забележи дека во периодот јануари - април 2009 година, порастот на невработеноста е
најмногу евидентен меѓу етничката група на Бошњаците (9,09%), како и меѓу Албанците
(1,85%). Образовниот статус на регистрираните невработени лица, покажува дека порастот на
невработените од јануари, до април 2009 година беше најмногу забележлива кај: оние без
образование, оние со 3 годишно средно образование, а, исто така, и меѓу оние кои се
невработени со високо образование. Возраста на регистрираните невработени лица покажува
дека порастот на невработеноста најмногу доаѓа до израз кај постарите работници, т.е. кај
оние кои се во старосната група над 60 години (пораст од 4,19% во април, во споредба со
јануари 2009 година), како и меѓу оние од возрасната група од 55, до 59 (со растот на
невработеноста од 1,56% во истиот период). Бројот на примателите на помош заради
невработеност се зголеми во декември 2008 година за 300 луѓе, во споредба со претходниот

                                                                                                27 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




месец, што вкупно изнесува 23.565 корисници на помош за невработеност. Најголем дел од
корисниците се луѓе кои ги загубија своите работни места поради технолошки вишок.

Резултатите од првичното истражување преземено за целите на оваа студија, покажуваат
загрижувачки трендови. Репрезентативното истражување вклучи 1.038 испитаници, од кои во
2009 година, 48% не беа вклучени во пазарот на работна сила (односно: невработени,
пензионери, студенти или домаќинки). Состојбата на невработеност во домаќинствата на
испитаниците е уште потешка, бидејќи 66,7% од нив живеат во домаќинства каде што има
најмалку еден невработен. Од овој број, 3,9% од испитаниците живеат во семејство каде што
сите членови се невработени.

Економската криза придонесе кон губењето работа (во последните 12 месеци) за 19% од
испитаниците, меѓу кои мнозинството се луѓе од етничко албанско потекло. Бројот на изгубени
работни места кој преовладува во западниот регион на Македонија, ги вклучува, претежно,
оние со средно образование, како и домаќинствата со месечни примања до 10.000 денари (164
евра). Од сите испитаници, 57% одговориле дека знаат барем еден кој ја изгубил својата
работа како резултат на економската криза.

Профил на лица кои ја изгубиле работата во текот на економската криза




Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои ја изгубиле работата во
изминатите 12 месеци. На пример, 18% од етничките Македонци ја изгубиле работата (додека 82% не ја изгубиле).




                                                                                                 28 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Очигледно е дека оние со статус на пониско образование, постарите работници (50 до 65
години), како и жените, најмногу настрадале за време на економската криза во Македонија.
Ова не е изненадување, бидејќи кризата најмногу се почувствува во индустриите, каде што
поголем дел од луѓето беа со понизок степен на образовние, во индустриите, каде што се
вработени големи групи жени (т.е. текстилот) а, исто така, преовладува бројот на постарите
работници (рударство и метална индустрија). Повисокиот процент на изгубените работни
места кај Албанците, во споредба со другите етнички групи, може да се толкува како резултат
на зголемениот број на повратниците од странство, кои ги изгубиле работните места како
резултат на кризата додека работеле во повеќе развиени европски земји.

Безбедноста на граѓаните на пазарот на трудот за време на економската криза, исто така, е
многу ниска. Меѓу оние испитаници, кои работеле за време на истражувањето (53%),
мнозинството - 43%, не се чувствува сигурно дека лесно ќе најде работа од кој било вид,
доколку би ја изгубиле својата сегашна работа. Поголем процент, 46%, не се чувствува
сигурно дека лесно ќе најдат работа со еднакви плати и бенефиции. Перцепциите на
граѓаните покажуваат дека најранливите групи во однос на економската криза се
невработените (62%), следени од страна на приватните сопственици (15%).

Резултатите од истражувањето, покрај другото, покажуваат дека значењето на заштитата за
невработеноста во периодот на економската криза е големо, бидејќи 11% од испитаниците (од
19% кои ја изгубиле работата во текот на изминатите 12 месеци) се пријавиле за овој
надомест. Од овој број, 3% се со одбиени апликации, а меѓу нив, преовладува бројот на оние
со основно образование, според занимањето, главно се домаќинки, живеат во руралните
места, потекнуваат од југоисточниот регион и припаѓаат на категоријата на домаќинства со
месечни примања до 10.000 денари (164 евра). Оваа студија покажува загрижувачки сигнал во
врска со недостигот на информации и знаење за правата на надоместоци и услуги кои се
достапни од центрите за вработување, бидејќи 7% од сите испитаници не биле свесни за
можноста за користење на надоместок за невработеност, а нивниот социо-демографски
профил е сличен како оној на испитаниците со одбиени апликации. Користењето на услугите
за обука/ преквалификација во периодот на кризата е помало од побарувачката на надоместот
за невработеност, бидејќи само 8% од испитаниците се пријавиле за оваа можност. Меѓу нив,
мнозинството се од возрасната група од 30-49, имаат само основно образование, припаѓаат на
албанското етничко потекло, живеат во руралните места и се наоѓаат во западниот регион на
Македонија. Повторно, значителен број - 12%, не беа свесни за ова право, што укажува на
поголемата потреба за унапредување на можностите за обука кои ги нудат центрите за
вработување во земјата.




                                                                                                29 | P a g e
Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата




Подносители на барања за надомест за невработеност и услуги за обука за време на
економската криза според региони




Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои поднеле барање, или користеле
услуги за невработеност, или обука во изминатите 12 месеци. На пример: во зпадниот регион, 35% од испитаниците
поднеле барање за надомест за невработеност (додека 65% не поднеле барање, или го користеле ова право од
различни причини).


Резултатите во врска со заштитата од невработеност покажуваат дека паричните трансфери,
или пасивните мерки за невработеноста се поважни и повеќе барани за време на економската
криза, во споредба со активните мерки за вработување, како што се обуката и
преквалификацијата (со исклучок на североисточниот регион). Важно е да се спомене дека во
регионите каде овие надоместоци најмалку се барани (т.е. пелагонискиот), во исто време се
региони со поголем број лица кои немаат знаење и информации во врска со ова право. Затоа,
од особено значење е подобрување на јавната свест, особено за време на економска криза, во
врска со можностите кои се нудат преку осигурувањето и заштитата при невработеност, кои,
во исто време, би можеле да претставуваат важен инструмент за подобрување на условите на
пазарот на трудот.

Стратегиите на справување на луѓето во Македонија за време на економската криза
вклучуваат барање на привремена работа - 38% од испитаниците, проследено со задолжување
(пари) од роднини и пријатели - 16%. Потпирањето врз социјална помош, како стратегија на
справување, е значајна само за 5% од испитаниците, што значи дека оваа придобивка и
нејзиниот износ не е доволен за време на периодот на економската криза.




                                                                                                 30 | P a g e
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување
Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

Mais conteúdo relacionado

Mais procurados

EG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacijaEG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacijaTeacherDN
 
Exchange rates
Exchange ratesExchange rates
Exchange ratescmsrahaman
 
Asian financial crisis 1997 1998
Asian financial crisis 1997 1998Asian financial crisis 1997 1998
Asian financial crisis 1997 1998vanithaa kumar
 
SAOBRAĆAJ U BiH.pptx
SAOBRAĆAJ U BiH.pptxSAOBRAĆAJ U BiH.pptx
SAOBRAĆAJ U BiH.pptxIzetaKahriman
 
EG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacijaEG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacijaTeacherDN
 
Teori Kebijakan Fiskal di Indonesia
Teori Kebijakan Fiskal di IndonesiaTeori Kebijakan Fiskal di Indonesia
Teori Kebijakan Fiskal di IndonesiaDeviana Febrianti
 
4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx
4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx
4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptxmedicaldoctor9
 
Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4
Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4
Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4Dragan Antić
 
EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...
EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...
EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...TeacherDN
 
Reljef crne gore
Reljef crne goreReljef crne gore
Reljef crne gorepterodaktil
 
Lecture 8 - Financial System
Lecture 8 - Financial SystemLecture 8 - Financial System
Lecture 8 - Financial SystemRyan Herzog
 
Регионалне економске групације и тржишта
Регионалне економске групације и тржиштаРегионалне економске групације и тржишта
Регионалне економске групације и тржиштаprijicsolar
 
Eg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja Srbije
Eg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja SrbijeEg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja Srbije
Eg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja SrbijeTeacherDN
 
Inflation & Price index
Inflation & Price indexInflation & Price index
Inflation & Price indexnosscire.3299
 
Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...
Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...
Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...TeacherDN
 
Inflation 2009-10
Inflation 2009-10Inflation 2009-10
Inflation 2009-10neha16sept
 

Mais procurados (20)

macroeconomic Problem (core)
macroeconomic Problem (core)macroeconomic Problem (core)
macroeconomic Problem (core)
 
EG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacijaEG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-36-37-klima-tipovi klime i ekonomsko-geografska valorizacija
 
Exchange rates
Exchange ratesExchange rates
Exchange rates
 
Kлима Србије
Kлима СрбијеKлима Србије
Kлима Србије
 
Asian financial crisis 1997 1998
Asian financial crisis 1997 1998Asian financial crisis 1997 1998
Asian financial crisis 1997 1998
 
Makalah pengangguran
Makalah pengangguranMakalah pengangguran
Makalah pengangguran
 
SAOBRAĆAJ U BiH.pptx
SAOBRAĆAJ U BiH.pptxSAOBRAĆAJ U BiH.pptx
SAOBRAĆAJ U BiH.pptx
 
EG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacijaEG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacija
EG-i-3-33-35-reljef i njegova ekonomsko-geografska valorizacija
 
Teori Kebijakan Fiskal di Indonesia
Teori Kebijakan Fiskal di IndonesiaTeori Kebijakan Fiskal di Indonesia
Teori Kebijakan Fiskal di Indonesia
 
4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx
4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx
4-topshiriq Pul va Inflatsiya.pptx
 
Perbedaan makro dan mikro ekonomi
Perbedaan makro dan mikro ekonomi Perbedaan makro dan mikro ekonomi
Perbedaan makro dan mikro ekonomi
 
Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4
Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4
Kosovo i Metohija - Jelena Dusanovic III4
 
EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...
EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...
EG-I-3-87-90-Ekonomski faktori privređivanja i merenja privrednog i društveno...
 
Reljef crne gore
Reljef crne goreReljef crne gore
Reljef crne gore
 
Lecture 8 - Financial System
Lecture 8 - Financial SystemLecture 8 - Financial System
Lecture 8 - Financial System
 
Регионалне економске групације и тржишта
Регионалне економске групације и тржиштаРегионалне економске групације и тржишта
Регионалне економске групације и тржишта
 
Eg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja Srbije
Eg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja SrbijeEg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja Srbije
Eg-I-3-78-83-Stanovništvo i naselja Srbije
 
Inflation & Price index
Inflation & Price indexInflation & Price index
Inflation & Price index
 
Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...
Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...
Eg-i-3-22-27-prirodni-uslovi-i-resursi-geografski-omotac-zemlje-i-ekoloski-pr...
 
Inflation 2009-10
Inflation 2009-10Inflation 2009-10
Inflation 2009-10
 

Mais de ratingMK

Аферата А1 и маршот за демократија - истражување
Аферата А1 и маршот за демократија - истражувањеАферата А1 и маршот за демократија - истражување
Аферата А1 и маршот за демократија - истражувањеratingMK
 
НАТО и ЕУ интеграција
НАТО и ЕУ интеграцијаНАТО и ЕУ интеграција
НАТО и ЕУ интеграцијаratingMK
 
Четири години од владата на Никола Груевски - истражување
Четири години од владата на Никола Груевски - истражувањеЧетири години од владата на Никола Груевски - истражување
Четири години од владата на Никола Груевски - истражувањеratingMK
 
Македонија, Грција, спор со име
Македонија, Грција, спор со имеМакедонија, Грција, спор со име
Македонија, Грција, спор со имеratingMK
 
Скопје 2014 истражување
Скопје 2014 истражувањеСкопје 2014 истражување
Скопје 2014 истражувањеratingMK
 
Судството во Македонија, истражување
Судството во Македонија, истражувањеСудството во Македонија, истражување
Судството во Македонија, истражувањеratingMK
 

Mais de ratingMK (6)

Аферата А1 и маршот за демократија - истражување
Аферата А1 и маршот за демократија - истражувањеАферата А1 и маршот за демократија - истражување
Аферата А1 и маршот за демократија - истражување
 
НАТО и ЕУ интеграција
НАТО и ЕУ интеграцијаНАТО и ЕУ интеграција
НАТО и ЕУ интеграција
 
Четири години од владата на Никола Груевски - истражување
Четири години од владата на Никола Груевски - истражувањеЧетири години од владата на Никола Груевски - истражување
Четири години од владата на Никола Груевски - истражување
 
Македонија, Грција, спор со име
Македонија, Грција, спор со имеМакедонија, Грција, спор со име
Македонија, Грција, спор со име
 
Скопје 2014 истражување
Скопје 2014 истражувањеСкопје 2014 истражување
Скопје 2014 истражување
 
Судството во Македонија, истражување
Судството во Македонија, истражувањеСудството во Македонија, истражување
Судството во Македонија, истражување
 

Влијание на финансиската криза врз македонската економија и домаќинствата - истражување

  • 1. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата во домаќинствата перцепции на граѓаните за природата на кризата и нејзиното влијание 09
  • 2. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Содржина Резиме....….……………………………………………………………………………………………………………………..3 Перцепцијата на граѓаните за финансиската криза и ефектите од неа....………...4 Вовед...........…………………………………………………………………………………………………………………….4 Влијанието на кризата врз македонската економија........………………………………………………….6 Индекс на надеж.......................………………………………………………………………………………………12 Заклучок (Прв дел)………………………………………………………………………………………………………….15 Влијанието на кризата врз процесот на натамошното раслојување и зголемување на социјалните нееднаквости во земјата..……………………………………………………………….15 Заклучок (Втор дел)….…………………………………………………………………………………………………….22 Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на криза...................................................…………………………………………………………………………..23 Заклучок (Трет дел)….…………………………………………………………………………………………………….25 Социјалните димензии во услови на криза.........................……………………………………27 Пазар на труд...……………………………………………………………………………………………………………..27 Социјална заштита………………………………………………………………………………………………………….31 Образование.…………………………………………………………………..………………………………………….…34 Здравје……………………………………………………………………………………………………………………………36 Заклучоци (Четврти дел)….…………………………………….………………………………………………………38 Препораки ...........................................................................................................40 Довербата на граѓаните во институциите и политичките партии во услови на криза............................................................................………………………………………….41 Постои ли политичка алтернатива? ...................................................................................45 Заклучок (Петти дел)…………..…………………………………………………………………………………………47 Заклучни согледувања и препораки.....……………………………………...………………………….48 Користена литература…………………………………………………………………………………………………….51 Методолошка рамка (Appendix 1)…………………………………………………………………………………..51 Примерок (Appendix 2).......………….………………………………………………………………………………..53 2|Page
  • 3. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Агенцијата за испитување на јавното мислење и комуникации- ,, Рејтинг,, со седиште во Скопје, за потребите на Фондацијата Фридрих Еберт- Канцеларија во Скопје, спроведе теренско испитување на јавното мислење во Македонија во периодот од 5-15 септември, на тема Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата во домаќинствата. Со истражувањето спроведено по моделот фејс то фејс интервју, беа опфатени 1068 домаќинства на репрезентативен примерок од населението во Македонија. Основната цел на истражувањето беше, преку испитување на јавното мислење, со стандардизиран прашалник да се добијат информации за : 1.Степенот со кој граѓаните, односно домаќинствата, ги чувствуваат последиците од глобалната финансиска криза во Македонија. 2. Влијанието на кризата врз процесот на натамошното социјално раслојување и зголемување на социјалните нееднаквости во земјата. 3.Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на криза 4. Очекувањата и надежите на граѓаните за излез од кризата. 5. Довербата во институциите и субјектите со најголема моќ за совладување на кризата или за намалување на нејзините последици. Во тимот беа вклучени експерти за испитување на јавното мислење (Никола Спасов), експерти за економските движења и политики во Македонија (Мр. Никола Поповски) експерти за политички систем и политички партии (Проф. Др.Ѓорѓи Спасов) и експерти за Социјалната политика во Македонија (Доц. Др. Маја Геровска). Тие се и автори на овој извештај завршен во октомври 2009.година. 3|Page
  • 4. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата 1.Перцепцијата на граѓаните за последиците глобалната финансиска криза во Македонија 1.1 Вовед Кон средината на 2008 година година кога глобалната финансиска криза се закануваше со сета своја жестина, во владините кругови во Македонија постоеше мислење дека Македонија, не само што нема да ги почувствува последиците од глобалната финансиска криза туку дека дури и ќе ”профитира” од неа. Ваквото тврдење се образложуваше со фактот што ,,македонскиот финансиски и банкарски сектор не бил доволно интегриран во светскиот и дека неговата ликвидност се базира на стабилни извори (депозити на населението и корпоративниот сектор) па не може да дојде до значајни пореметување во македонското стопанство,,. Една година по ваквата политика на владата, Македонија веќе силно ги почувствува последиците од глобалната финансиска и економска криза и земјата влезе во рецесија. Според официјалните прелиминарни податоци од Државниот завод за статистика македонскиот БДП во првите две тримесечија во 2009. година забележи пад од 0,9% и 1,4%. Македонија е мала земја и економија со либерализирана надворешна трговија чиј обем достигнува годишно ниво од околу 100% и повеќе од годишниот БДП на земјата. Економијата е зависна од увозот на стоки кој е близу двојно поголем од извозот на земјата. Како резултат на тоа трговскиот дефицит на Македонија достигна ниво од над 25% од БДП во 2008 година со апсолутна вредност од над 2,5 милијарди долари. Високиот трговски дефицит традиционално, во значаен дел, се финансира преку дознаките од македонските работници во странство. Светската криза влијаеше на ваквите трансфери кои наспроти растот на трговскиот дефицит останаа на исто ниво. Ваквите неповолни тенденции создадоа огромен дефицит на тековната сметка во висина од 14% од БДП во 2008 година. На тој начин Македонија влезе во состојба на економска рецесија следена со силно влошување на состојбите во екстерниот сектор. Табела 1 - во милиони долари 2009 2005 2006 2007 2008 (јан - јуни) трговски -1.063 -1.284 -1.630 -2.552 -1.030 дефицит приватни +987 +1.163 +1.352 +1.376 +492 трансфери тековна -158 -56 -597 -1.210 -569 сметка Извор: НБМ, податоци за платен биланс 1993-2009 Тенденциите продолжија и во првата половина на 2009 година со исто темпо. Со кризата најпогодени беа главните извозни сектори на македонското стопанство: 4|Page
  • 5. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата металургијата, текстилната индустрија и извозот на земјоделски производи. Овие сектори кои кумулативно учествуваат со над 2/3 во вкупниот извоз го намалија извозот заради падот на побарувачката за нивното производство и последователниот пад на нивните цени на светскиот пазар. Истовремено голем дел од вработените во овие индустрии остануваа без работа или заминаа на принуден одмор или минимално платени отсуства, а владата не превзема мерки да им помогне туку, даваше изјави дека ,,очекува од сопствениците и менаџерите на загрозените компании од кризата ,да не ги отпуштаат вработените туку во овој кризен период да го трошат ,,високите профити,, заработени од нивна страна во претходниот период кога цените на металите на светската берза беа високи и кога се остваруваше поволен извоз„. Кризата во светот влијаеше и онака ниското ниво на странски директни инвестиции (СДИ) во Македонија да се намали. Табела 2 Странски директни инвестиции во Македонија 2004-2009 - во милиони долари година 2004 2005 2006 2007 2008 2009 (јан - јуни) СДИ 322 94 424 700 612 139 Извор: НБМ, податоци за СДИ 1993-2009 Нивото на СДИ во првата половина од 2009 е исклучително ниско и според најавите, до крајот на годината тоа нема да достигне повеќе од 250-280 милиони долари. Со својата релаксирана политика, владата на десницата во Македонија дури и придонесе за заострување а не за ублажување на кризата. Таа во последните три години го зголеми вкупното даночно оптоварување на граѓаните. Мерено преку нивното де факто учество во општиот буџет на владата, тоа изнесува дополнителни една милијарда евра, а од така зголемениот буџет ги зголеми бројот на вработените но и платите на вработените во државната администрација и пензиите. (Според податоците на државниот завод за статистика, во јули 2009 година просечната плата во Македонија била за 25% поголема од просечната плата во јули 2008.година. Ова зголемување се должи на примената на концепцијата за бруто плати со која во платата се внесени и надоместокот за храна и превоз на работниците што до тогаш се исплаќаа во вид на парични надоместоци во висина од околу 25% од просечната плата). Со тоа, владата ја обезбеди својата политичка поддршка но ја зголеми само потрошувачката на странски луксузни стоки од страна на побогатиот дел на населението и на евтини странски стоки кои во услови на криза се продаваат во Македонија. Во јули 2009 година просечната нето плата изнесувала 19.736 денари односно 315 евра а просечната бруто плата 29.720 денари. Буџетските средства наменети за капитални инвестиции во луксузни згради, коли, и споменици исто така влијае само врз зголемувањето на увозот, на трговскиот дефицит и на дефицитот на тековната сметка. Во текот на 2008 година Владата издвои 12 милиони евра за подигање споменици на Александар Македонски и на други личности од историјата и потроши 5|Page
  • 6. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата 17 милиони евра за рекламирање на своите проекти во медиумите меѓу кои оние за ,,трето дете,, воведување верско образование,, и сл. Во овој период владата е најголемиот клиент на рекламните агенции во Македонија и најголем закупувач на телевизиско време за акламирање. Соочена со недостиг на средства за финансирање на дефицитот и зголемената јавна потрошувачка, владата беше принудена да почне да позајмува значителни средства на домашниот пазар и од странство. На домашниот пазар владините државни записи и државни обврзници во услови на дефлација од 1% достигнаа каматна стапка од 9%. Владата беше приморана да воведе домашни записи и обврзници со девизна клаузула за да ја спушти каматата на околу 5-6%. Истовремено таа издаде евро обврзница од 180 милиони евра со камата од 10% што доведе до намалување на кредитниот рејтинг на Македонија. Каматите на едномесечните благајничките записи на НБМ се зголемени и изнесуваат 9 проценти. Со својот негативен однос кон некои веќе присутни странски инвеститори во земјата (како ЕВН Австрија, Холдингот Коч,Турција, Делта компанијата од Србија, генерално влошените односи со Грција), манипулацијата со јавните тендери( во енергетиката, јавниот превоз ) и зголемениот увоз на струја заради смалување на домашното производство, Владата во овој период, дополнително ја влошува економската состојба во Македонија. Врз основа на овие ,,инпути,, трговскиот дефицит на земјата од 1.3 милијарди долари во 2006 година за две години се зголеми за двојно на 2.6 милијарди долари во 2008 година. Девизните резерви на земјата се смалија за 450-500 милиони евра само во последните 10 месеци и ја доведоа во сериозна опасност стабилноста на домашната валута. Во август 2009 резервите се зголемија заради задолжувањето на земјата со издавање на обврзници и заради сезонското влијание на зголемени девизни дознаки од странство во летните месеци. Состојбата треба да се следи внимателно во наредните 6-8 месеци. Стапката на невработеност во Македонија е висока и изнесува околу 34%. Според податоците на ДЗС изготвени согласно критериумите на Светската банка, 28,7% од домаќинствата се сиромашни, а индексот на длабочината на сиромаштијата изнесува 9,2%. 1.2. Влијанието на кризата врз македонската економија Во вакви услови, на граѓаните им го поставивме прашањето:Општо земено дали од економската криза сте многу загрижени, загрижени, не сте загрижени многу или не сте загрижени воопшто? 6|Page
  • 7. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Анализата на одговорите според социодемографските белези на испитаниците укажува на тоа дека кризата особено ги загрижува помалку образованите, невработените и семејствата со пониски месечни примања. Во следниот графикон се дадени процентите на оние што одговориле дека многу ги загрижува кризата: Категории граѓани што кризата многу ги загрижува 7|Page
  • 8. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата На прашањето кое гласеше: Колкаво е влијанието на светската економска криза врз Македонија? добиени се следните одговори: И кај ова прашање, граѓаните кои се повеќе загрижени од кризата, односно економски послабите, невработените и со пониско образование оценуваат дека влијанието на светската криза врз Македонија е големо. Но, исто така постојат разлики во зависност од состојбата на невработените членови во семејството и регионот во кој живеат граѓаните: Светската криза има големо влијание врз состојбата во Македонија 8|Page
  • 9. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Независно од кризата, најголем дел од граѓаните на Македонија сметаат дека економската состојба во Македонија е лоша или многу лоша: Оценки на граѓаните за економската состојба во Македонија Ова е едно од прашањата на кое сите испитаници независно од нивната етничка припадност, возраст, занимање или место на живеење дале сличен одговор. Како најкритична група повторно се јавуваат социјално загрозените семејства или оние со месечни примања до 10000 денари. 35% од оние кои се наоѓаат во оваа група ја оцениле македонската економија многу лошо додека секој четврти испитаник од групите со примања од 10 до 25000 и 25 до 40000 го делат истото мислење. Прашањето: Споредено со периодот од пред 12 месеци дали би рекле дека економската состојба во Македонија денес е значително подобрена, малку подобрена, иста е како и пред 12 месеци, малку е влошена или многу е влошена: покажува дека речиси секој втор граѓанин (46%) смета дека малку или многу се влошила македонската економија. 39% сметаат дека македонската економија не претрпела никаква промина во последната година што укажува на лошо расположение меѓу граѓаните земајќи го во предвид фактот дека пред една година економската ситуација во државата беше оценета како релативно лоша. Ова уште еднаш го потврдува мислењето на јавноста каде 4 од 5 прашани даваат негативни оцени за општата состојба во македонската економија. 9|Page
  • 10. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Ова мислење генерално го делат сите групи на граѓани. Единствена разлика во мислењата може да се забележи кај испитаниците со различно ниво на образование. Најлоши оцени по ова прашање дале испитаниците со високо образование кои 54% сметаат дека ситуацијата е малку или многу влошена. По официјалното влегување на земјата во рецесија во 2009 година, владата мораше да признае дека земјата се соочува со сериозни проблеми во својот економски развој. Според нејзиното објаснување, сепак, тоа не се случува заради било какви грешки во нејзината економска политика туку е целосно резултат на влијанието на светската економска криза. Според Премиерот кој тврдеше дека Македонија нема да биде погодена од глобалната финансиска криза ,,не е можно кога БНП на една Германија опаѓа за 6% македонскиот да расте и дека фактот што опаѓањето на нашиот БДП е помало од она на Германија упатува на сознанието дека во земјата состојбата и не е така лоша„. Според податоците на владата, падот на БДП во Македонија ,во првиот кваратал од 2009 година, изнесувал само 0.9% за разлика од други земји во кои во истиот период тој пад бил многу поголем, како на пример: во Бугарија 3.5% Германија 6.4, Естонија 15,1 Шпанија 3,3 Италија 6,5 Латвија 18, Литванија 13.3 Унгарија 6,7 Холандија 4,5 Австрија 4,7 Словенија 8,5 Шведска 6,6 Велика Британија 4,9 Хрватска 6,7 , Турција 13,8 итн Иако на општата јавност не и е лесно да суди компетентно за причините на економскат криза во Македонија, во следниот графикон се поместени одговорите добиени на прашањето: Колку според вашето убедување, влошувањето на економската состојба во Македонија е предизвикано од глобалната финансиска криза? 10 | P a g e
  • 11. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата И на ова прашање, процентот на оние кои веруваат дека влошувањето на економската ситуација се должи првенствено на домашната политика е повисока кај испитаниците со високо образование. Повеќе од една третина од испитаниците веруваат дека лошата економска состојба во Македонија е подеднакво под влијание на домашната политика и на надворешните фактори (на кризи), што значи дека вкупно повеќе од 50% од граѓаните сметаат дека лошата финансиска состојба во Македонија се должи на домашните политики. Наспроти тврдењата од владата, општото мнение на граѓаните во Македонија е дека домашната политика не може да се амнестира од серозните последици што ги чуствува македонската економија во услови на глобалната финансиска криза. Критиката кон владата е најизразена во скопскиот и североисточниот регион, но исто така и во земјоделските региони, пелагонискиот и југосисточниот. Владата во Македонија сега тврди дека Македонија ќе оствари позитивен раст на БДП веќе во последниот квартал од оваа 2009 година, а според последните нејзини проекции падот на БДП во 2009година ќе биде само 0,6%. Меѓународните финансиски институции (Светска банка, ММФ, ЕБРД) и некои домашни институции (НБМ) имаат проекции за пад на македонскиот БДП во 2009 година од 2% до 2,5%. Владиниот оптимизам не го делат целосно ниту граѓаните на Македонија. Во следниот графикон поместени се одговорите на прашањето: Кога очекувате дека македонската економија ќе почне да расте? Графикот погоре го покажува индексот на надеж за македонските граѓани во однос на економската ситуација во земјата. 12% од испитаниците не очекуваат никакви подобрување на економската ситуација некогаш и уште 32% сметаат дека ова не би можело да се случи наскоро. Тоа прави 44% од населението крајни песимисти кога станува збор за македонската економија и нејзиното подобрување. 20% од населението или еден од пет може да се сметаат за оптимисти и очекуваат дека македонската економија ќе расте, повторно, по шест месеци 11 | P a g e
  • 12. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата или максимум една година од сега. Како умерени песимисти или оптимисти може да се квалификуваат речиси една третина од населението кои веруваат дека економијата ќе расте по година и пол или максимум две години од сега. Индекс на надеж Анализата на регионалната распространетост на оптимизмот во Македонија упатува на тоа дека највисок процент на оптимисти во поглед на брзината за надминување на кризата има во северно источниот регион на Македонија (Куманово и Крива паланка) 45% но исто така и во Југоисточниот регион на Македонија (Струмица, Владандово) 34% а најголем процент на големи песимисти има во Југозападниот регион (Охрид,Струга) 74% и во Источниот регион (Штип, Радовиш) 55%.. Меѓу Македонците има исто така поголем број на големи песимисти (46%) во однос на Албанците 35% но анализата на одговорите на ова прашање според членството во политички партии покажува дека меѓу оние кои членуваат во некоја од политичките партии (активната политичка јавност има повисок процент на оптимисти (26%) за разлика од оние кои не членуваат во ниту една партија кај која оптимисти се само 16%. Кај големите оптимисти пак оние што не членуваат во политичка партија процентот изнесува 46, а кај оние што членуваат во некој од партиите големи песимисти се 39%. 12 | P a g e
  • 13. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Како и да е, очигледно е дека македонските граѓани знаат или очекуваат дека кризата сепак може да заврши и за една година. На следното прашање кое гласеше: Дали сметате дека во следните 12 месеци општата економска состојба во земјата ќе се подобри или влоши? Добиени се следните одговори: Интересно е да се напомене дека иако во претходните прашање можеме да видиме големо разочарување и песимизам во однос на економската иднина на нашата земја, во една година секој трет граѓанин верува дека економијата ќе се подобри малку. Сепак, сеуште има 44% од испитаниците кои веруваат дека нема да има ниту подобрување, ниту влошување на ситуацијата. Јасно е дека Македонците знаат дека кризата полека доаѓа до крајот и дека во годината што доаѓа ситуацијата треба да биде подобра од денес. Релативно висок процент од граѓаните очекуваат дека по 12 месеци на финансиската состојба на нивните семејства ќе бидат барем малку подобро од денес. 13 | P a g e
  • 14. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Дали очекувате дека финансиската состојба во вашето домаќинство во наредните 12 месеци ќе се подобри или влоши? Повисок е процентот на граѓани кои очекуваат дека финансиската состојба на нивното домаќинство во следните 12 месеци барем малку ќе се подобри кај оние на возраст од 18-29 - 44%; меѓу жените - 39%, високо образовани, вработените во приватниот сектор , 41%, испитаниците од урбаните места - 40%, домаќинства со месечни примања - 25.000-40.000 ден., 47%, и меѓу оние со повисоки приходи дека 40000ден- 49%. Оптимизмот е на пониско ниво меѓу мажи - 36%, кај граѓаните постари од 65 години - 14%, пензионерите - 24%, луѓе со основно образование - 30%, на вработените во јавниот сектор - 34%, на луѓето со месечни приходи по домаќинство до 10.000 ден. - 27% Она што е важно во анализата на овие реакции е проценката на граѓаните за сопствената финансиска состојба во тоа време. Како и во слични истражувања во други земји, испитаниците ја оценуваат сопствената економска состојба подобро отколку ситуацијата во државата. Заклучок Глобалната финансиска криза има сериозно влијание врз влошувањето на економската состојба во Македонија. Влошувањето се чуствува на општ план а над 2/3 од граѓаните се серозно загрижени од последиците на финансиската криза врз македонската економија. Загриженоста од натамошното влошување на економската состојба во Македонија доаѓа во време кога речиси 4/5 од населението општата состојба во македонскта економија ја оценува 14 | P a g e
  • 15. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата како лоша или многу лоша. Но таквата состојба не е резултат само на кризата туку на подолготрајните состојби во македонската економија. Во оваа смисла на пример, секој втор граѓанин на Македонија економскта состојба на Македонија, споредена со онаа од пред 12 месеци (или пред почетокот на глобалната финансиска криза) ја оценува како иста (39%) или како барем малку подобрена (12%). Голем број граѓани(секој четврти). Сметаат дека влошувањето на економската состојба во Македонија е исклучително резултат на Светската финансиска криза и дека владата за тоа не сноси било каква одговорност. Повеќе од секој трет смета дека влошувањето е резултата и на слабостите на домашната политика во услови на светска финансиска криза (38) а дури 36% сметаат дека влошувањето на состојбата во македонската економија во оваа година е резултат само на слабостите на домашната политика. Во однос на очекувањата за излез од кризата, граѓаните не го делат оптимизмот на владата според кој веќе кон крајот на оваа година може да се очекува излегување од рецесија и раст на БДП. Секој втор граѓанин (61% смета дека може да се очекува македонската економија да почне да расте дури по 2010 година или подоцна. За очекувањата во однос на тоа каква ќе биде економската сотојба по само една година, 44% сметаат дека ќе биде иста како сегашната а уште 16% сметаат дека ќе биде барем малку полоша и од сегашната. Овие наоди укажуваат дека граѓаните го перцепираат влијанието на Светската финансиска криза врз Македонија како силно и загрижувачко но и заради раширената свест во однос на слабостите на домашната политика за справување со последиците од кризата оптимизмот за брзо излегување од кризата не е голем. Во поглед на општите оценки нема статистички значајни разлики меѓу припаданиците на различните етнички заедници во Македонија ниту врз основа на региналната разместеност на населението. Понегативни оценки за состојбата, даваат пообразованите и членови од економски подобро стоечки семејства но оптимизмот за излегување од кризата е понизок кај помалку образованите, невработените и економски послабо стоечките семејства. Иако поголемиот дел од населението во Македонија, не гледа можности за брз излез од економската криза која е само малку потенцирана со глобалната финансиска криза, 38% од граѓаните очекуваат дека финансиската состојба на нивното домаќинство веќе по 12 месеци ќе биде барем малку подобрена. Надежта кај овој дел од популацијата произлегува веројатно од ветувањата на владата дека Македонија ќе излезе од рецесија веќе кон крајот на оваа година и од информациите дека најголемите земји во светот веќе излегуваат од рецесија. Поголеми оптимисти се домаќинствата на младите од 18-29 години (44%), вработените од приватниот сектор (41%) и оние со месечен приход во домаќинството од 25-40 илјади денари односно од 400-650 евра (47%). 15 | P a g e
  • 16. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата 2.Влијанието на кризата врз процесот на натамошното социјално раслојување и зголемување на социјалните нееднаквости во земјата Процесот на транзицијата во Македонија доведе до сериозно зголемување на стапката на невработеност во земјата, до опаѓање на животниот стандард и до зголемување на процентот на населението кое живее под прагот на егзистенцијата. Продуктивноста на трудот на годишно ниво, мерена преку БДП по вработен во долари, мерена според методологијата на паритетот на куповната моќ покажува дека во периодот од 1990 година до 2006/7 година е намалена од 3 972 долари на 3 538, односно за околу 10%. Тоа е огромна загуба, бидејќи во меѓувреме е намален и бројот на вработените, а невработеноста од 18 проценти во 1990 година се искачи на денешните 34%. Истовремено анализите на распределбата на доходот и на потрошувачката во земјата покажуваат дека богатите се збогатуваат уште повеќе а сиромашните осиромашуваат побрзо. Според последните истражувања од пред 4 години, верификувани и објавени од Светска банка, најсиромашните 20% од населението во Македонија (400.илади луѓе) кое се на дното на социјалната пирамида, располагаат само со 6.1% од доходот на земјата а најбогатите 20% од врвот на пирамидата со 45.5%. Соодносот е поголем од 7:1 и е можен извор за социјални немири во земјата. Соодносот пак на богатството меѓу најбогатите и најсиромашните е поголем од 12:1. Но трендот се влошува и натаму. Со право може да се претпостави дека светската криза и домашната рецесија влијаат овие состојби уште повеќе да се влошат. Ова го поставува прашањето каква е социјалната структура, односно социјалното раслојување во Македонија денес. Ги имаме ли и ние оние 20% во најнеповолна економска положба, 70% средна класа и 10% привилегирани, како во некои земји на ЕУ или пак освен 10% привилегирани имаме општество со уништена средна класа и една третина од населението кое не може да преживее без социјална помош? Второто прашање е што се случува со оваа структура во услови на економска криза и како таа влијае на зголемувањето на нееднаквостите? Во рамките на ова истражување беше направен обид за самоидентификација на социјалната положба на населението. Од испитаниците беше побарано да го оценат животниот стандард на своето домаќинство на скала од 1 до 10 при што еден значи најнизок, а 10 највисок стандард за македонски услови. 16 | P a g e
  • 17. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Оваа самопроценка во голема мера е компатибилна со статистичките податоци за распределба на доходот меѓу населението. Така на пример, според податоците од Државниот завод за статистика во 2008 година, процентот на сиромашни лица во Македонија изнесувал 28.7%. Од нив 57.7% живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови, стапката на сиромаштија кај невработените изнесува 38.4, односно 43% од сите сиромашни се невработени, а 56.6 % од сите сиромашни лица живеат во домаќинства кај што носителот на домаќинството нема образование или има завршено максимум основно училиште. (извор: Државен завод за статистика.) И според самооценката на граѓаните за нивниот стандард се покажува дека како многу низок, односно со оценка од 1 до3 својот стандард го оцениле 35% од граѓаните со завршено до основно образование, 45% од граѓаните што изјавиле дека месечниот приход на нивното семејство изнесува до 10 илјади денари (165 евра), 44% од оние што одговориле дека сите во семејството се невработени и 30% од оние што живеат на село. Меѓу граѓаните со средно 17 | P a g e
  • 18. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата образование кои својот стандард го оцениле како низок(со оценка од 1- 3) има 28% од населението во Македонија, а кај граѓаните со високо образование процентот на оние што својот стандард го оцениле како многу низок е 20%. Слична слика за социјалната структура на Македонија денес се добива од одговорите на прашањето во ова истражување кое гласеше: Дали и колку може да се заштеди од месечните приходи на домаќинството? И врз основа на одговорите на ова прашање произлегува дека 16% од населението е во групата која од месечните приходи може да заштеди по подмирувањето на месечните потреби, речиси секое второ семејство успева со приходите само да врзе крај со крај во месецот а 37% ги трошат резервите или се задолжуваат за задоволување на своте егзистенцијални потреби. Во вакви услови , на постојано зголемување на задолжувањата на граѓаните кај банките, кое според најновите статистички податоци ја достигнува сумата од една милијарда и триста илијади долари, не е чудно што само банките во Македонија, кои вистина не се интегрирани во глобалните финансиски ситеми, во 2008 година искажаа големи профити и поделија дивиденди. Истражувањето на маркетиншката агенција ГФК направено во септември 2008 година,(точно една година пред ова) во Македонија, Хрватска, Бугарија, Чешка, Полска и Романија, упатува на многу слични односи во социјалната структура на овие земји. Според тоа истражување во овие земји 41% од домаќинствата едвам врзуваат карај со крај во месецот, 34% успеваат да заштедат малку а 14% се принудени да позајмуваат или да ги трошат порано заштетдените пари за да се справат со трошоците. 18 | P a g e
  • 19. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Се поставува прашањето, како финансиската криза влијае врз различните социјални слоеви и на социјалното раслојување воопшто? Дали во кризата богатите стануваат побогати, а сиромашните уште посиромашни и што се случува со средниот слој на населението. Ова истражување покажува дека само за една година во Македонија речиси двојно е намален бројот на домаќинствата што сметаат дека можат од своите месечни приходи по малку и да заштедат (од 38% на 16% ), за 4% е зголемен бројот на домаќинствата кои успеваат едвај да врзат крај со крај во месецот, два пати е зголемен (од 10 на 20 % бројот на семејствата што мора да трошат од своите заштеди за справување со трошоците и за три пати ( од 4 на 17%) е зголемен бројот на семејствата што се принудени да се задолжуваат за да го преживеат месецот. Поаѓајќи од фактот што во Македонија постојат статистички показатели за распределбата на бруто националниот доход по региони, ова истражување ни овозможи да се направи увид во односот меѓу објективната и субјективната сиромаштија на населението според регионите во Македонија. За потребите на својот плански регионален развој Македонија е поделена на 8 региони со следниве карактеристики: 19 | P a g e
  • 20. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата регион км2 жители БДП/жител Учество % на (во РМ = 1000 во невработ. 000) создавање (попис2002) на БДП Македонија 25.713 2.040 100,0 100 38,2 1 Вардарски 4.042 154 103.6 7,8 43,5 2 Источен 3.537 181 73,3 6,5 33,8 3 Југозападен 3.340 222 63,9 6,9 42,4 4 Југоисточен 2.739 172 91,9 7,7 34,4 5 Пелагониски 4.717 236 97,2 11,2 39,9 6 Полошки 2.416 310 46,4 7,1 49,9 7 Североисточен 2.310 174 49,9 4,2 48,6 8 Скопски 1.812 590 167,0 48,5 30,4 Извор: Стратегија за регионален развој на Македонија 2009-2019, Собрание на Р.М Податоците упатуваат на тоа дека од аспект на распределбата на доходот (БДП по жител) само два региони живеат подобро од просекот на земјата - Скопскиот и Вардарскиот, а другите 6 се под просекот. Скопскиот регион има БДП по жител што е за 2/3 поголем од просечниот, а двојно поголем од сите други. Најмал БДП по жител има Полошкиот регион каде што преовладува население од Албанската заедница. Слично е и со невработеноста по региони. Анализата на одговорите на граѓаните за прашањето колку им стигнуваат месечните приходи до крајот на месецот и дали можат да заштедат или се принудени да се задолжуваат укажува на сличните тенденции. Процент на граѓаните што се принудени да ги трошат старите заштеди или да се задолжуваат, според региони: Овој графикон за субјективната сиромаштија во голема мера ја одразува објективната распределба на бруто домашниот производ по региони во Македонија. Влошувањето на состојбата во пелагонискиот регион е веројатно резултат на пропаѓањето на млекарницата 20 | P a g e
  • 21. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Сведмилк, влошувањето на положбата на производителите на млеко додека влошувањето на положбата во Југоисточниот регион резултат на ниските откупни цени на грозјето и проблемите со пласманот на другите земјоделски производи. И истражувањето направено за потребите на УНДП во Македонија, во јули 2008 година ги потврдува овие сознанија за односот меѓу објективната и субјективната сиромаштија во Македонија (извор: www.undp.org.mk Нивото на евентуалното подобрување или влошување на економската состојба на домаќинствата во Македонија во периодот од изминатите 12 месеци во ова испитување беше мерено и со прашањето кое гласеше: Дали финансиската состојба на вашето домаќинство, споредена со онаа од пред 12 месеци е значително подобрена, малку подобрена , иста е како пред 12 месеци, малку е влошена или значително е влошена? Податоците од следниот графикон укажуваат на тоа дека во семејствата на граѓаните со пониско образование, понизок месечен приход, и со поголем број на невработени состојбата во услови на криза побрзо се влошува. Финансиската состојба на семејството, споредена со онаа од пред 12 месеци, според образованието Во споредба со состојбата од пред 12 месеци финансиската состојба се влошила малку или значително кај 38% од невработените, 39% од вработените со месечни примања до 10 илјади денари, кај 46% од домаќинствата со месечен приход од 10 илјади денари, кај 33% од 21 | P a g e
  • 22. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Скопскиот регион, 34% од североисточниот, 45% од Пелагонискиот, 28% од Полошкиот, кај 17% од Југозападниот во кој уште 75% оцениле дека состојбата им останала иста како пред една година, 27% од Источниот во кој 62% оцениле дека финансиската состојба не им се променила во однос на периодот од пред една година, 48% во Југоисточниот и 34% во Вардарскиот. Периодот од една година е секако мошне кус да се забележат некои значајни промени во финансиската состојба на семејството, но тој е сепак индикативен со оглед појавата и манифестирањето на глобалната финансиска криза и во Македонија. Заклучок Влошувањето на економската состојба во Македонија во изминатиот период не се одразило драматично врз промените во социјалната структура на населението. Според податоците од ова истражување околу 10% од населението во Македонија спаѓа во групата привилегирани, 27-30% во групата сиромашно население според критериумите на светската банка, и од 50-60 % во она што би можело да се нарече среден слој. Дури 52% од граѓаните на Македонија во ова истражување одговориле дека ,, би можело да се каже дека финансиската состојба на нивното семејство е добра 32% ја оценуваат како лоша а 12% како многу лоша. Покрај сите мерки на владата на Македонија за ублажување на последиците од кризата(со одржување на нивото на пензиите, зголемувањето на платите преку промена на системот за исплата на плати,зголемените субвенции за земјоделството и држењето на инфлацијата и порастот на цените под контрола), бројот на семејствата кои во септември 2008 година можел дури нешто и да заштеди од своите месечни приходи по подмирувањето на основните трошоци за една година е смален за половина а бројот на семејствата што живеат од постојано зголемување на својот долг е зголемен од 4 на 17%. Според податоците од банките задолженоста на граѓаните на Македонија веќе изнесува еден милион и 300 илјада долари. Ова упатува на сознанието дека кризата сепак доведува до натамошно осиромашување, но особено на веќе социјално загрозените слоеви кои пред се ја губат перспективата за подобрување на нивниот статус. Истовремено пак кризата доведува и до натамошно зголемување на нееднаквостите кои во Македонија достигнуваат однос на 12:1. Социјалните нееднаквости доведуваат до доброволно социјално исклучување на најбогатиот слој(10%) и принудно социјално исклучување на најзагрозените(30%) со што се зголемува кризата на партиципацијата. На претседателските избори во Македонија никогаш не иззлегуваат повеќе од 52% а на парламентарните бројот на излезените гласачи е секогаш околу 60%. Ако се има пред вид дека кризата ги погодува повеќе етничките Албанци и Ромите во Македонија кои живеат во региони со понизок БДП, тогаш може да се претпостави дека зголемувањето на социјалните нееднаквости и конфликти може да се трансформира во заострување на меѓуетничките конфликти. 22 | P a g e
  • 23. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата 3.Природата и силината на основните стравови и грижи на граѓаните во услови на криза Иако според статистичките показатели во текот на 2008 година, беше зголемена јавната потрошувачка, висината на платите се зголемила во просек дури за 25%(со новиот начин на пресметување) па денес просечната плата во Македонија изнесува 320 евра, според изјавите на учесниците во оваа анкета, дури 71% од граѓаните во изминатите 12 месеци биле принудени на смалување на потрошувачката. На што штеделе граѓаните? 13% изјавиле дека во изминатите 12 месеци биле принудени да ги откажат плановите за купување стан или да се преселат во помал, а 19 % од оние што планирале, го одложиле планираното купување кола. 42% од граѓаните ги промениле плановите за годишен одмор заради кризата односно 13% летувале во странство, 17% во земјата а 70% останале дома за време на годишниот одмор или не го користеле. 51% според свое признание, штеделе на облека 37% на потреби за домаќинството 27% на храна 24% и на користење здравствени услуги и лекови. Што најмногу ги загрижува граѓаните? Денес граѓаните на Македонија, најмногу се загрижени од опаѓањето на животниот стандард и од високата невработеност односно неможноста да се најде работа за себе или за член на своето семејство. Како што може да се види од резултатите на ова истражување, веднаш зад овие два големи проблеми се наоѓа, несигурноста за своето работно место, можното замрзнување на платите и пензиите, опасноста од останување без доволно пари да се платат основните здравствени услуги и лекови, опасноста од останување без доволно пари за да се плати сопственото школување или школувањето на своите деца, смалените можности за натамошно задолжување но и опасноста дека ќе секнат или ќе се смалуваат и натаму дознаките од членови на семејствата вработени во странство. 23 | P a g e
  • 24. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Што најмногу ги загрижува граѓаните на Македонија Официјално во Македонија во првите девет месеци од оваа година (јануари - септември) измерена е дефлација од 2,5%, а на годишно ниво (септ 2009/септ 2008) дефлацијата изнесува 1,4%. Просечниот годишен индекс на трошоците на животот (официјална дефиниција за инфлацијата) изнесува 99,6, односно дефлацијата е 0,4. Според ова не постојат реални тенденции за раст на цените и паѓање на стандардот по тој основ. Светските движења на цените исто така не даваат право на вакви очекувања. Меѓутоа високата загриженост на граѓаните од зголемувањето на цените и опаѓањето на стандардот, веројатно се должи на случувањето од 2008 година кога Македонија по долги години со инфлација од 1% до 2% годишно, првпат се соочи со инфлација од 9%. Големите дефицити и финансиската нестабилност на буџетот веројатно причина за ваквите гледања на испитаниците. На прашањето, колку ги загрижува можното смалување на дознаките од нивни роднини во странство, како што може да се види од следната табела, станува јасно дека тоа е значително поголем проблем за домаќинствата во Македонија од албанска националност од кои според истражувањето на агенцијата Рејтинг значително поголем процент, имаат дополнителни месечни приходи од нивни роднини вработени во странство. 24 | P a g e
  • 25. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Загриженост од смалување на дознаките од странство (според етничката структура) Во име на објективноста, мора да биде споменато дека проблемот на невработеноста и на нискиот стандард, односно сиромаштијата се проблеми што ги загрижуваат граѓаните на Македонија веќе во мошне долг период. Тоа е и причината што сите политички партии во Македонија, во периодот на транзицијата победуваа на изборите со ветувањето дека ќе ја искоренат сиромаштијата и дека ќе ја смалат стапката на невработеност во земјата. Заклучок Невработеноста и стравот на граѓаните од смалувањето на можностите за вработување (свое или на член на своето семејство) се и натаму на прво место од нештата што ги згрижуваат граѓаните (77%). Во услови на криза се зголемува и бројот на оние што стравуваат од можноста за губење на работното место (свое или на член на неговото семејство 59%). Третата најголема грижа на граѓаните е можност и стравот од опаѓање на стандардот до ниво на кое не ќе можата да си ги платата трошоците за комунални услуги, за образование, за здравствени услуги и лекови ниту пак да ги враќаат на време земените кредити со кои се задолжени. Голем број граѓани на Македонија стравуваат и дека дознаките од странство кои го пополнуваат нивниот семеен буџет со речиси една милијарда долари годишно ке се смалат. Домаќинствата на етничките Албанци во Македонија кои во двојно поголем процент се корисници на овие дознаки од припадниците на другите етнички заедници во Македонија се и 25 | P a g e
  • 26. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата во двојно поголем број загрижени од оваа можност (62%) за разлика од етничките Македонци на пример меѓу кои 31% се загрижени од таквата можност. Во изминатите 12 месеци огромен број од граѓните (71%) биле според нивното признание принудени да го смалат нивото на нивната потрошувачка во некоја област во однос на претходната година. Од нив дури 51% изјавиле дека ја смалиле потрошувачкта при купувањето нова облека, 27% штеделе на храна а 24% и на лекови. 26 | P a g e
  • 27. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата 4. Социјалната димензија на светската финансиска криза – перцепција на граѓаните Вовед: Иако глобалните финансиски институции го означуваат крајот на финансиската криза во 2010 година, нејзините ефекти сé уште се очигледни. Економскиот пад предизвикан од финансиската криза од 2008/09 година има видливи последици врз индивидуалната благосостојбата на граѓаните, но, исто така, претставува предизвик за постојните јавни мерки за поддршка и нивната ефективност. Според тоа, од особен интерес за ова поглавје се перцепциите на граѓаните за социјалната димензија на кризата. За таа цел, анализата ќе се фокусира на ставовите на граѓаните, но, исто така, и на нивниот статус и пристап на пазарот на труд, социјалната заштита, образованието и здравството во текот на изминатите 12 месеци (вклучувајќи го периодот до септември 2009 година). Пазар на труд Дури и пред сегашната економска криза, условите на македонскиот пазар на труд беа тешки. Официјалната статистика покажува дека во последните месеци на 2008 година и првата половина на 2009 година, имаше тренд на намалување на стапката на невработеност, стапката на регистрирани невработени лица, како и зголемување на бројот на корисниците на помош заради невработеност. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2008 година изнесуваше 33,8%. Според Агенцијата за вработување, првиот запис на невработеност забележително се зголеми во ноември 2008 година. Постојаното зголемување на бројот на невработени лица продолжува од јануари, до март 2009 година, кога достигна 351.278 невработени (март). Споредбата на стапката на невработеноста во земјата, меѓу првиот квартал од 2009 година (32,7%) и 2001/2002 години, кога земјата, исто така, беше соочена со внатрешни (етнички) кризи, покажува дека сегашниот број невработени е повисок од оној во 2001 и 2002 година (кога стапката на невработеност изнесуваше 29,5%, за 2001 и 31,7%, за 2002). Според етничката припадност на регистрираните невработени лица, може да се забележи дека во периодот јануари - април 2009 година, порастот на невработеноста е најмногу евидентен меѓу етничката група на Бошњаците (9,09%), како и меѓу Албанците (1,85%). Образовниот статус на регистрираните невработени лица, покажува дека порастот на невработените од јануари, до април 2009 година беше најмногу забележлива кај: оние без образование, оние со 3 годишно средно образование, а, исто така, и меѓу оние кои се невработени со високо образование. Возраста на регистрираните невработени лица покажува дека порастот на невработеноста најмногу доаѓа до израз кај постарите работници, т.е. кај оние кои се во старосната група над 60 години (пораст од 4,19% во април, во споредба со јануари 2009 година), како и меѓу оние од возрасната група од 55, до 59 (со растот на невработеноста од 1,56% во истиот период). Бројот на примателите на помош заради невработеност се зголеми во декември 2008 година за 300 луѓе, во споредба со претходниот 27 | P a g e
  • 28. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата месец, што вкупно изнесува 23.565 корисници на помош за невработеност. Најголем дел од корисниците се луѓе кои ги загубија своите работни места поради технолошки вишок. Резултатите од првичното истражување преземено за целите на оваа студија, покажуваат загрижувачки трендови. Репрезентативното истражување вклучи 1.038 испитаници, од кои во 2009 година, 48% не беа вклучени во пазарот на работна сила (односно: невработени, пензионери, студенти или домаќинки). Состојбата на невработеност во домаќинствата на испитаниците е уште потешка, бидејќи 66,7% од нив живеат во домаќинства каде што има најмалку еден невработен. Од овој број, 3,9% од испитаниците живеат во семејство каде што сите членови се невработени. Економската криза придонесе кон губењето работа (во последните 12 месеци) за 19% од испитаниците, меѓу кои мнозинството се луѓе од етничко албанско потекло. Бројот на изгубени работни места кој преовладува во западниот регион на Македонија, ги вклучува, претежно, оние со средно образование, како и домаќинствата со месечни примања до 10.000 денари (164 евра). Од сите испитаници, 57% одговориле дека знаат барем еден кој ја изгубил својата работа како резултат на економската криза. Профил на лица кои ја изгубиле работата во текот на економската криза Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои ја изгубиле работата во изминатите 12 месеци. На пример, 18% од етничките Македонци ја изгубиле работата (додека 82% не ја изгубиле). 28 | P a g e
  • 29. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Очигледно е дека оние со статус на пониско образование, постарите работници (50 до 65 години), како и жените, најмногу настрадале за време на економската криза во Македонија. Ова не е изненадување, бидејќи кризата најмногу се почувствува во индустриите, каде што поголем дел од луѓето беа со понизок степен на образовние, во индустриите, каде што се вработени големи групи жени (т.е. текстилот) а, исто така, преовладува бројот на постарите работници (рударство и метална индустрија). Повисокиот процент на изгубените работни места кај Албанците, во споредба со другите етнички групи, може да се толкува како резултат на зголемениот број на повратниците од странство, кои ги изгубиле работните места како резултат на кризата додека работеле во повеќе развиени европски земји. Безбедноста на граѓаните на пазарот на трудот за време на економската криза, исто така, е многу ниска. Меѓу оние испитаници, кои работеле за време на истражувањето (53%), мнозинството - 43%, не се чувствува сигурно дека лесно ќе најде работа од кој било вид, доколку би ја изгубиле својата сегашна работа. Поголем процент, 46%, не се чувствува сигурно дека лесно ќе најдат работа со еднакви плати и бенефиции. Перцепциите на граѓаните покажуваат дека најранливите групи во однос на економската криза се невработените (62%), следени од страна на приватните сопственици (15%). Резултатите од истражувањето, покрај другото, покажуваат дека значењето на заштитата за невработеноста во периодот на економската криза е големо, бидејќи 11% од испитаниците (од 19% кои ја изгубиле работата во текот на изминатите 12 месеци) се пријавиле за овој надомест. Од овој број, 3% се со одбиени апликации, а меѓу нив, преовладува бројот на оние со основно образование, според занимањето, главно се домаќинки, живеат во руралните места, потекнуваат од југоисточниот регион и припаѓаат на категоријата на домаќинства со месечни примања до 10.000 денари (164 евра). Оваа студија покажува загрижувачки сигнал во врска со недостигот на информации и знаење за правата на надоместоци и услуги кои се достапни од центрите за вработување, бидејќи 7% од сите испитаници не биле свесни за можноста за користење на надоместок за невработеност, а нивниот социо-демографски профил е сличен како оној на испитаниците со одбиени апликации. Користењето на услугите за обука/ преквалификација во периодот на кризата е помало од побарувачката на надоместот за невработеност, бидејќи само 8% од испитаниците се пријавиле за оваа можност. Меѓу нив, мнозинството се од возрасната група од 30-49, имаат само основно образование, припаѓаат на албанското етничко потекло, живеат во руралните места и се наоѓаат во западниот регион на Македонија. Повторно, значителен број - 12%, не беа свесни за ова право, што укажува на поголемата потреба за унапредување на можностите за обука кои ги нудат центрите за вработување во земјата. 29 | P a g e
  • 30. Влијанието на финансиската криза врз македонската економија и врз состојбата на домаќинствата Подносители на барања за надомест за невработеност и услуги за обука за време на економската криза според региони Забелешка: Горниот графикон ги дава резултатите само за оние испитаници кои поднеле барање, или користеле услуги за невработеност, или обука во изминатите 12 месеци. На пример: во зпадниот регион, 35% од испитаниците поднеле барање за надомест за невработеност (додека 65% не поднеле барање, или го користеле ова право од различни причини). Резултатите во врска со заштитата од невработеност покажуваат дека паричните трансфери, или пасивните мерки за невработеноста се поважни и повеќе барани за време на економската криза, во споредба со активните мерки за вработување, како што се обуката и преквалификацијата (со исклучок на североисточниот регион). Важно е да се спомене дека во регионите каде овие надоместоци најмалку се барани (т.е. пелагонискиот), во исто време се региони со поголем број лица кои немаат знаење и информации во врска со ова право. Затоа, од особено значење е подобрување на јавната свест, особено за време на економска криза, во врска со можностите кои се нудат преку осигурувањето и заштитата при невработеност, кои, во исто време, би можеле да претставуваат важен инструмент за подобрување на условите на пазарот на трудот. Стратегиите на справување на луѓето во Македонија за време на економската криза вклучуваат барање на привремена работа - 38% од испитаниците, проследено со задолжување (пари) од роднини и пријатели - 16%. Потпирањето врз социјална помош, како стратегија на справување, е значајна само за 5% од испитаниците, што значи дека оваа придобивка и нејзиниот износ не е доволен за време на периодот на економската криза. 30 | P a g e