1. ГРАДБА И ФИЗИОЛОГИЈА НА СРЦЕ И
СРЦЕВ АВТОМАТИЗАМ
Изработи : Елена Шулеска III 16
Ментор : Проф. Нела Најдоска Василевска
2015/16
2. Содржина
• Градба на срцето
• Поврзување на срцето со крвните садови
• Центри за автоматизирана инервација
• Автоматизам на срцева работа
• Срцева револуција (циклус)
• Неколку интересни факти за срцето
3. Градба на срцето
• Срцето (cor) е шуплив мускулен орган кој е сместен во
градната празнина, меѓу двете белодробни крила.
• Ѕидот на срцето е изграден од три слоја :
Epicard – претставен од сврзно ткиво
Мyocard – срцево мускулно ткиво
Еndocard – изграден од ендотел
• Околу срцето е обвиткано со срцево ќесе – Pericardum кое
има заштитна улога.
• Срцето со надолжна мускулна преграда е поделено на лева и
десна половина и секоја од нив со ендотелни клапи е
поделена на прекомори (atrium) и комори (ventriculus)
4.
5. Поврзување на срцето со крвните
садови
• Во десната предкомора се влева
редуцирана крв од целото тело
преку vena cava inferior и vena
cava superior.
• Од десна комора излегува
truncus pulmonalis која се дели
на arteria pulmonalis dexter и
sinister кои ја носат крвта во
белите дробови.
• Во левата предкомора се
влеваат 4 v.v pulmonales кои
носат оксидирана крв од белите
дробови.
• Од левата комора окцидираната
крв се испумпува преку aorta во
големиот крвоток.
6. Центри за автоматизирана
инервација
• Учествуваат во создавање и
спроведување на нервните импулси за
автоматска контракција на срцевиот
мускул.
• Синусов јазол (Keith-Flack-ов јазол) –
сместен во десната комора, до утоката на
vena cava superior.
• Предкоморно – коморен А – В јазол
(Aschoff-Tawara) – сместен во долниот
дел на десната предкомора.
• His – овиот сноп – поаѓа од А – В јазолот,
минува низ мускулната преграда на
коморите и се разгранува на две гранки.
Тие завршуваат со Пуркиниеви влакна во
ѕидовите на коморите.
7. Автоматизам на срцева работа
• Автоматската работа на срцето е способност на срцето да се
контрахира под дејство на импулсите што се создаваат во
синусовиот јазол, кој е наречен предводник на срцевиот ритам.
• Со навлегување на крв од v. cava superior се создава нервен
импулс кој се шири низ предкоморите со брзина од 1m/s со што
се овозможува едновремена контракција на прекоморите.
• Од тука импулсот се движи со брзина од 0,2 m/s до A-B
јазолот.
• Од His – овиот сноп, со брзина од 4m/s импулсот се спроведува
до Пуркиниевите влакна и се овозможува едновремена
контракција на коморите и испумпување на крвта во крвните
садови.
• Кога низ срцето минува нервниот импулс, срцето е
ненадразливо. Овај период е наречен рефрактерен период.
8.
9. Срцева револуција (циклус)
• Срцева револуција претставува работа на срцето која
циклично се повторува во 3 фази !
• I фаза : контракција на срце – систола
• II фаза : релаксација на срце – дијастола
• III фаза : срцева пауза која трае од завршетокот на систолата
на коморите до почетокот на систола на предкоморите. Тоа е
фаза кога срцето се полни со крв.
• Секој срцев циклус се состои од една контракција и една
релаксација на миокардот која трае 0,85 s.
• Предкоморите се контрахираат за 0,15 s, коморите за 0,30 s.
За време на останатите 0,40 s, срцето е во мирување.
10.
11. Неколку интересни факти за срцето
• Срцето е големо колку вашата дланка.
• Срцето започнува да чука 4 недели по
зачнувањето и не престанува се до
смртта.
• Стиснете тениско топче со сета сила,
ако сакате да дознаете колкава сила
употребува вашето срце кога ја пумпа
крвта која поминува низ него.
• Понеделник е црн ден за срцето:
приближно 20 проценти од срцевите
удари се случуваат токму на овој ден,
најверојатно, бидејќи луѓето се под
стрес и депресија заради враќањето на
работа.
12. Неколку интересни факти за
срцето
• Целокупната крв од телото минува низ срцето 3 пати во 1
минута.
• Кога киваме срцето престанува да чука.
• Вкупната должина на сите крвните садови во телото е
околу 95 000 километри.
• Срцето не се наоѓа на левата страна на градниот кош. Тоа
пред се е сместено во средина на градите и наклонето кон
левата страна на градниот кош.
• Просечното срце чука 72 пати во минута, 100.000 пати на
ден, 3,6 милиони пати годишно и 2,5 милијарди пати во
текот на животот