SlideShare uma empresa Scribd logo
1 de 10
Edwin Hubble


Американски астроном
   Американскиот астроном Едвин Хабл (20
    ноември 1889 -28 септември 1953) е првиот
    научник кој докажа дека вселената се шири. Тој
    укажа на непосредната меѓу брзината на
    оддалечување на далечните галаксии и
    нивните оддалечености од Земјата, денес
    познати под името Хаблов Закон. Хабл е
    познат и по докажувањето дека галаксиите се
    наоѓаат адвор од Млечниот пат., како и по
    системот на класифицирање на галаксиите.
    Според него е наречен еден вселенски
    телескот-Хаблов вселенски телескоп, а и
    константата на пропорционалноста меѓу
    брзината на оддалечување и растојанието го
    носи неговото име - Хаблова константа.
ДОСТИГНУВАЊА
Универзумот оди подалеку
од Млечниот Пат
Нашата модерна слика за вселената потекнува од
1924 година, кога американскиот астроном Едвин
Хабл покажал дека нашата галаксија не е
единствена. Всушност, се покажало дека има
многу други галаксии со огромен празен простор
меѓу нив. За да го докаже тоа тој морал да ги
одреди растојанијата до овие други галаксии, кои
се толку многу далеку што навистина ни се чини
дека не се движат. Затоа Хабл бил принуден да
користи индиректни методи за мерење на
растојанијата...
   Хабл забележал дека некои видови ѕвезди
    секогаш имаат ист сјај кога се доволно блиску за
    да можат да се измерат; според тоа, ако некоја
    од тие ѕвезди најдеме во другите галаксии,
    заклучил тој, би можеле да претпоставиме дека
    и тие имаат иста сјајност па според тоа можеме
    да ја пресметаме оддалеченоста до таа
    галаксија. На тој начин Едвин Хабл ги пресметал
    растојанијата до девет различни галаксии.
    Денес знаеме дека нашата галаксија е само
    една од стотиците милијарди галаксии што може
    да се видат со модерните телескопи и дека
    секоја од тие галаксии содржи стотици
    милијарди ѕвезди.
Галаксиите се оддалечуваат

   Во годините по доказот дека постојат и други
    галаксии, Хабл го минувал времето во
    каталогизирање на нивните растојанија и во
    набљудување на нивните спектри. Во тоа
    време повеќето луѓе очекувале дека
    галаксиите се движат случајно низ просторот,
    па затоа очекувале дека бројот на оние чиишто
    спектри се поместени кон црвено ќе биде ист
    со бројот на оние чиишто спектри се поместени
    кон сино. Затоа навистина им било чудно кога
    откриле дека спектрите на повеќето галаксии
    се поместени кон црвено: тоа значи дека
    речиси сите се оддалечуваат од нас!
   Уште понеобично било
    откритието што Хабл го
    соопштил во 1929 година:
    дури и големината на
    црвното поместување на
    галаксиите не е случајно,
    туку е правопропорционално
    на оддалеченоста на
    галаксијата од нас. Или, со
    други зборови, колку што
    една галаксија е подалеку,
    толку таа побрзо се
    оддалечува од нас! А тоа
    значело дека вселената не е
    статична како што порано се
    мислело, туку дека се шири;
    со текот на времето
    растојанието меѓу
    галаксиите се зголемува.
 Откритието дека вселената се шири било една од големите
  интелектуални револуции на 20 век. Њутн и другите требале да
  согледаат дека статичната вселена би морала набрзо да започне
  да се собира под влијание на гравитацијата. Ако ширењето е
  релативно бавно, силата на гравитацијата на крајот ќе го сопре и
  таа ќе започне да се собира.
 Но ако ширењето е побрзо од некоја критична граница, тогаш
  гравитацијата не би била доволно силна да го спречи и вселената
  би продолжила вечно да се шири. Тоа помалку личи на случајот
  кога од површината на Земјата ќе се лансира ракета право нагоре.
  Ако нејзината брзина е мала, гравитацијата по некое време ќе ја
  сопре ракетата и таа ќе почне да паѓа. Но ако брзината на ракетата
  е поголема од критичната (приближно 12 километри во секунда),
  гравитацијата нема да биде доволно силна да ја повлече назад, па
  таа ќе продолжи да се оддалечува од земјата без крај.
 Ваквото поведение на вселената би можело да се предвиди од
  Њутновата теорија за гравитацијата уште во минатиот век, во 18
  век, па дури и кон крајот на 17 век. А сепак, верувањето во статична
  вселена било толку силно што опстанало се до почетокот на 20 век.
   Хабл има помогнато во решавањето на некои
    долготрајни проблеми во астрономијата, како и
    откривањето на резултати кои беа потребни за
    објаснувањето на новите теории. Меѓу првите цели на
    мисијата беше да го измери растојанието до
    Цефеидните променливи ѕвезди попрецизно од кога
    било, и со тоа да ја ограничи вредноста на хабловата
    константата, мерењето на стапката при која се шири
    универзумот, што е исто така поврзана со неговата
    старост.
   Пред лансирањето на ВТХ, проценувањето на
    хабловата константата обично имаше грешки до 50%,
    но мерењата на Хабл на Цефеидни -променливи во
    Девица Кластер(Јато) и други далечни галактички јата
    обезбедија измерена вредност со точност од 10%, што
    е согласно со други попрецизни мерења направени со
    употреба на други техники од лансирањето на Хабл.
Смрт
          Хабл доживеал срцев
           удар на јули 1949 година,
           додека бил на одмор во
           Колорадо. Хабл е згрижен
           од страна на Грејс Хабл
           (неговата сопруга) и
           продолжил по пат на
           изменета на исхрана и
           распоред за работа. Хабл
           починал од церебрална
           тромбоза (спонтана
           згрутчување на крвта во
           мозокот) на 28 септември
           1953 година, во Сан
           Марино, Калифорнија.

Mais conteúdo relacionado

Destaque (20)

Gravitacija
GravitacijaGravitacija
Gravitacija
 
Elektriziranje pod vlijanie
Elektriziranje pod vlijanieElektriziranje pod vlijanie
Elektriziranje pod vlijanie
 
Disperzija na svetlinata
Disperzija na svetlinataDisperzija na svetlinata
Disperzija na svetlinata
 
Ozone layer
Ozone layerOzone layer
Ozone layer
 
Disperzija na svetlinata
Disperzija na svetlinataDisperzija na svetlinata
Disperzija na svetlinata
 
Waves
Waves Waves
Waves
 
проектна задача физика мијак
проектна задача физика мијакпроектна задача физика мијак
проектна задача физика мијак
 
Albert Einstein
Albert EinsteinAlbert Einstein
Albert Einstein
 
проектна задача физика мијак
проектна задача физика мијакпроектна задача физика мијак
проектна задача физика мијак
 
Death by PowerPoint
Death by PowerPointDeath by PowerPoint
Death by PowerPoint
 
Fizika polu pr_01
Fizika polu pr_01Fizika polu pr_01
Fizika polu pr_01
 
Proekt po fizika
Proekt po fizikaProekt po fizika
Proekt po fizika
 
Presentation1
Presentation1Presentation1
Presentation1
 
Mehanika na disenje
Mehanika na disenjeMehanika na disenje
Mehanika na disenje
 
матурска проектна задача Alternativni izvori na energija
матурска проектна задача   Alternativni izvori na energijaматурска проектна задача   Alternativni izvori na energija
матурска проектна задача Alternativni izvori na energija
 
Okoto kako opricki element
Okoto kako opricki elementOkoto kako opricki element
Okoto kako opricki element
 
Okoto kako opticki instrument
Okoto kako opticki instrumentOkoto kako opticki instrument
Okoto kako opticki instrument
 
мехника
мехникамехника
мехника
 
сонце
сонцесонце
сонце
 
Окото како оптички систем
Окото како оптички системОкото како оптички систем
Окото како оптички систем
 

Edwin hubble

  • 2. Американскиот астроном Едвин Хабл (20 ноември 1889 -28 септември 1953) е првиот научник кој докажа дека вселената се шири. Тој укажа на непосредната меѓу брзината на оддалечување на далечните галаксии и нивните оддалечености од Земјата, денес познати под името Хаблов Закон. Хабл е познат и по докажувањето дека галаксиите се наоѓаат адвор од Млечниот пат., како и по системот на класифицирање на галаксиите. Според него е наречен еден вселенски телескот-Хаблов вселенски телескоп, а и константата на пропорционалноста меѓу брзината на оддалечување и растојанието го носи неговото име - Хаблова константа.
  • 4. Универзумот оди подалеку од Млечниот Пат Нашата модерна слика за вселената потекнува од 1924 година, кога американскиот астроном Едвин Хабл покажал дека нашата галаксија не е единствена. Всушност, се покажало дека има многу други галаксии со огромен празен простор меѓу нив. За да го докаже тоа тој морал да ги одреди растојанијата до овие други галаксии, кои се толку многу далеку што навистина ни се чини дека не се движат. Затоа Хабл бил принуден да користи индиректни методи за мерење на растојанијата...
  • 5. Хабл забележал дека некои видови ѕвезди секогаш имаат ист сјај кога се доволно блиску за да можат да се измерат; според тоа, ако некоја од тие ѕвезди најдеме во другите галаксии, заклучил тој, би можеле да претпоставиме дека и тие имаат иста сјајност па според тоа можеме да ја пресметаме оддалеченоста до таа галаксија. На тој начин Едвин Хабл ги пресметал растојанијата до девет различни галаксии. Денес знаеме дека нашата галаксија е само една од стотиците милијарди галаксии што може да се видат со модерните телескопи и дека секоја од тие галаксии содржи стотици милијарди ѕвезди.
  • 6. Галаксиите се оддалечуваат  Во годините по доказот дека постојат и други галаксии, Хабл го минувал времето во каталогизирање на нивните растојанија и во набљудување на нивните спектри. Во тоа време повеќето луѓе очекувале дека галаксиите се движат случајно низ просторот, па затоа очекувале дека бројот на оние чиишто спектри се поместени кон црвено ќе биде ист со бројот на оние чиишто спектри се поместени кон сино. Затоа навистина им било чудно кога откриле дека спектрите на повеќето галаксии се поместени кон црвено: тоа значи дека речиси сите се оддалечуваат од нас!
  • 7. Уште понеобично било откритието што Хабл го соопштил во 1929 година: дури и големината на црвното поместување на галаксиите не е случајно, туку е правопропорционално на оддалеченоста на галаксијата од нас. Или, со други зборови, колку што една галаксија е подалеку, толку таа побрзо се оддалечува од нас! А тоа значело дека вселената не е статична како што порано се мислело, туку дека се шири; со текот на времето растојанието меѓу галаксиите се зголемува.
  • 8.  Откритието дека вселената се шири било една од големите интелектуални револуции на 20 век. Њутн и другите требале да согледаат дека статичната вселена би морала набрзо да започне да се собира под влијание на гравитацијата. Ако ширењето е релативно бавно, силата на гравитацијата на крајот ќе го сопре и таа ќе започне да се собира.  Но ако ширењето е побрзо од некоја критична граница, тогаш гравитацијата не би била доволно силна да го спречи и вселената би продолжила вечно да се шири. Тоа помалку личи на случајот кога од површината на Земјата ќе се лансира ракета право нагоре. Ако нејзината брзина е мала, гравитацијата по некое време ќе ја сопре ракетата и таа ќе почне да паѓа. Но ако брзината на ракетата е поголема од критичната (приближно 12 километри во секунда), гравитацијата нема да биде доволно силна да ја повлече назад, па таа ќе продолжи да се оддалечува од земјата без крај.  Ваквото поведение на вселената би можело да се предвиди од Њутновата теорија за гравитацијата уште во минатиот век, во 18 век, па дури и кон крајот на 17 век. А сепак, верувањето во статична вселена било толку силно што опстанало се до почетокот на 20 век.
  • 9. Хабл има помогнато во решавањето на некои долготрајни проблеми во астрономијата, како и откривањето на резултати кои беа потребни за објаснувањето на новите теории. Меѓу првите цели на мисијата беше да го измери растојанието до Цефеидните променливи ѕвезди попрецизно од кога било, и со тоа да ја ограничи вредноста на хабловата константата, мерењето на стапката при која се шири универзумот, што е исто така поврзана со неговата старост.  Пред лансирањето на ВТХ, проценувањето на хабловата константата обично имаше грешки до 50%, но мерењата на Хабл на Цефеидни -променливи во Девица Кластер(Јато) и други далечни галактички јата обезбедија измерена вредност со точност од 10%, што е согласно со други попрецизни мерења направени со употреба на други техники од лансирањето на Хабл.
  • 10. Смрт  Хабл доживеал срцев удар на јули 1949 година, додека бил на одмор во Колорадо. Хабл е згрижен од страна на Грејс Хабл (неговата сопруга) и продолжил по пат на изменета на исхрана и распоред за работа. Хабл починал од церебрална тромбоза (спонтана згрутчување на крвта во мозокот) на 28 септември 1953 година, во Сан Марино, Калифорнија.