SlideShare uma empresa Scribd logo
1 de 48
ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ НА
ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СТРАТЕГИИ
ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ НА
   ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ
       СТРАТЕГИИ




          Коалиција на младински организации СЕГА
                            Ул. Иво Лола Рибар бр.5
                         7500 Прилеп Р. Македонија
                           E-mail: sega@sega.org.mk
                              Web: www.sega.org.mk
                                     Тел: 048 429 390




          Март, 2010
 
                         2 


                                                                                                                              Автори:
                                                                                                              Маја Ивановска Крстевска
                                                                                                                  Томислав Гајтановски
                                                                                                                  Елизабета Марковска
                                                                                                                        Зоран Илиески
                                                                                                                    Марија Нашоковска
                                                                                                                  Димитар Спасеновски


                                                                                                       За издавачот: Зоран Илиески
                                                                                        Издавач: Коалиција на младински организации
                                                                                                                              СЕГА
                                                                                              Техничка подготовка: Моника Илиоска
                                                                                                          Година на издавање: 2010

                                                       CIP - Каталогизација во публикација
                                                       Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

                                                       352.077: 342.571-053.6 (497.7)

                                                           ПРИРАЧНИК за креирање на локални младински стратегии / [aвтори Маја
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       Иваноска Крстевска ... и др.]. – Прилеп: Коалиција на младински организации СЕГА,
                                                       2010. – 46 стр.; 21 см

                                                       фусноти кон текстот. – Библиографија: стр. 45

                                                       ISBN 978-2893-5-4
                                                       1.Иваноска Крстевска, Маја [автор]
                                                       a) Локална самоуправа – Стратегии за младинско учество – Македонија
                                                       - Прирачници
                                                       COBISS.MK-ID 82103818



                                                            “Овoj прирачник беше овозможен во рамките на програмата CIVICA
                                                           Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
                                                           Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги
                                                                          рефлектираат мислењата на ЦИРа и SDC”

                                                                     Проектот е финансиски поддржан од локалните самоуправи:
                                                            Кисела Вода  Тетово  Штип  Кавадарци  Прилеп  Свети Николе  Радовиш 
                                                                                        Гевгелија  Битола 




                                                                                                                                            
 
                                                                                                                                                       3 

СОДРЖИНА




                                                                                                                                                      Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
ЗА КОАЛИЦИЈА СЕГА ..................................................................................................... 5 

ВОВЕД ................................................................................................................................. 7 

1. СТРАТЕГИЈА И ПРЕПОРАКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ВРСКА СО
ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ ........................................................................... 9 

    1.1 Актуелна стратегија на Европската Унија ........................................................ 9 

    1.2 Препораки на ЕУ за спроведување на локални политики за млади ......... 9 

       1.2.1 Европска Повелба за учество на младите во локалниот и
       регионалниот живот ................................................................................................. 9 

       1.2.2 12 Клучни прашања на младите на локално ниво  ............................... 11 
                                                         .

2. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ......................................................................................... 12 

    2.1 Дефинирање на младинската политика ......................................................... 12 

    2.2 Дефинирање на поимот млади ......................................................................... 12 

    2.3 Развоен пристап спрема младите ................................................................... 14 

    2.4 Младите како ресурс ........................................................................................... 15 

3. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА ...................................................... 16 

    3.1 Локални младински политики ............................................................................ 18 

    3.2 Локални Стратегии за Млади во Македонија ................................................ 19 

    3.3 Искуства во креирањето на локалните стратегии за млади ..................... 19 

4. ЧЕКОРИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА ..... 21 

    4.1 Воспоставување на соработка со локална самоуправа ............................. 21 

    4.2 Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС ...................... 22 

    4.3 Дефинирање на младинските потреби на локално ниво ........................... 25 
                                                                                                                                                   




                                                                                                                                                  
 
 
                         4 
                                                           4.4 Промоција на потребите во заедницата  ........................................................ 28 
                                                                                                   .

                                                           4.5 Формирање на работни групи за подготовка на документот .................... 28 

                                                           4.6 Следење на работата на работната група .................................................... 29 

                                                           4.7 Прв дел на документот: Анализа на ситуацијата ......................................... 29 

                                                           4.8 Втор дел на документот: Петгодишна стратегија ........................................ 30 

                                                           4.9 Трет дел на документот: Акционен План за една година .......................... 31 

                                                           4.10 Документ на јавна расправа ............................................................................ 32 

                                                           4.11 Усвојување на документот во Советот на Општината ............................. 33 

                                                           4.12 Печатење на документот во вид на брошура, промоција и
                                                           дистрибуција ................................................................................................................ 33 

                                                       5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛМС ...................................................................................... 34 

                                                           5.1 Именување на службеник / референт за младински прашања во ЕЛС . 34 

                                                           5.2 Буџет за млади ..................................................................................................... 35 

                                                           5.3 Формирање на градско тело за следење на ЛМС ....................................... 36 
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       ПРИЛОЗИ  ......................................................................................................................... 37 
                                                              .

                                                       Предлог методологија за спроведување истражување на потребите и
                                                       проблемите на младите луѓе на локално ниво ....................................................... 38 

                                                       АГЕНДА ............................................................................................................................. 43 

                                                       КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ......................................................................................... 45 




                                                                                                                                                                                               
 
                                                                                       5 
ЗА КОАЛИЦИЈА СЕГА




                                                                                      Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше
покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер-
организации за аплицирање и имплементација на проектот “Младински
Национален Акционен План”. Како продолжение на започнатиот процес,
Коалицијата на Младински организации „СЕГА” неформално е формирана на
20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и
имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во
исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е
донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение
на граѓани.
Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 18 полноправни и
16 придружни организации-членки.
Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:
     Собрание - составено од сите членки;
     Управен одбор - составен од 5 претставници од организации
       полноправни членки;
     Надзорен одбор - составен од 3 членови.
Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште
во Прилеп и 5 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и 2 во Скопје.

Визија

СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на
локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во
имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и,
државните институции и бизнис-секторот.
Нашето делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна
вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи.
Нашиот успех се препознава во промовирањето на младите како ресурс во
општеството, спремни да одговорат на новите предизвици.

Мисија

Коалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и
примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел
подобрување на нивната општа состојба.
                                                                                   




                                                                                  
 
 
                         6 
                                                       Вредности и принципи на работа

                                                       -   Меѓусебна поддршка;
                                                       -   Волонтерство;
                                                       -   Промовирање на младите како ресурс;
                                                       -   Младински активизам;
                                                       -   Младинска партиципација;
                                                       -   Транспарентност;
                                                       -   Демократија, меѓусебна доверба и соработка;
                                                       -   Организирање и вклучување на младите;
                                                       -   Развој на заедниците;
                                                       -   Информираност;
                                                       -   Застапување и лобирање за младинска политика.

                                                       Поле на делување

                                                       Според новиот тригодишен Стратешки план на Коалиција СЕГА (2010 – 2012)
                                                       постојат три програми во развојниот процес:

                                                       -   Иницирање и спроведување на законски регулативи (на национално и
                                                           локално ниво) кои придонесуваат за подобрување на животот на
                                                           младите во РМ
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       -   Поддршка на младинскиот активизам

                                                       -   Зголемување на информирањето и учество на младите во активности за
                                                           решавање на нивните проблеми

                                                       Секоја организација (членка на Коалиција СЕГА) има развиено свои
                                                       специфични програми кои се одвиваат независно од Коалицијата постоејќи
                                                       како ресурс за имплементација. Меѓу овие програми се демократија,
                                                       човекови права, студентски права, малцински права.




                                                                                                                                  
 
                                                                                       7 




                                                                                      Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
ВОВЕД

Во многу земји во Европа државите креираат Национална стратегија за
млади, а општините Локални Младински Стратегии. Голем број на заедници
ја покажуваат својата транспарентност во решавањето на младински
проблеми во кохерентен и ефикасен пат. Постоењето на квалитетна
младинска политика на локалнo ниво може да донесе вистински бенефиции
и промени. Кога е инициран процесот на креирање на младинска политика,
важно е да се утврди кои конкретни промени треба да бидат постигнати и кои
подобрувања да се направат. Постои различна методологија за креирање на
ЛМП. Некои заедници тргнуваат од опис на визија, некои претпочитаат да се
фокусираат на цели и потцели. Нема правилен или погрешен начин да се
направи ова. Локалните креирачи на политика треба да бидат само јасни за
тоа што специфично сакаат да го постигнат, во кое време, со кои ресурси,
како тие планираат да го направат тоа, и како сакаат да го евалуираат
целиот процес.

Во Република Македонија во текот на 2004 година се подготвуваше доста
важен документ за младите Национална стратегија за млади.
Содржината на НСМ се подготвуваше низ обемен национален процес воден
од Агенција за Млади и Спорт. Во овој процес преку организирање на
различни активности младите луѓе од различни градови во Македонија го
дадоа својот придонес. Во Националната стратегија се опфатени осум
приоритети: образование, младинско самовработување, поддршка пред
вработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, партиципација
на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа.
Во декември 2004 година НСМ беше свечено предадена на Владата на
Република Македонија на усвојување. Официјалното усвојување на
документот беше направено во Декември 2005 година.
По иницијатива на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и
Коалицијата на младински организации СЕГА на почетокот на месец
септември 2007 година отпочна процес на подготовка на Национален
Акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади.
Целта на НАП за имплементација на НСМ е да обезбеди систематско,
фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во
Република Македонија, а во насока на разрешување на младинските
проблеми и задоволување на потребите утврдени со Основната студија за
младинските трендови во Република Македонија и НСМ. Во приоритетот
                                                                                   




                                                                                  
 
 
                         8 
                                                       локална младинска работа предвидено е да се креираат Локални Младински
                                                       Стратегии во 10 општини во Република Македонија.

                                                       0д 01 јануари 2010 година Коалиција СЕГА започна да го имплементира
                                                       проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“. Проектот е
                                                       финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата „CIVICA Mobilitas“ (во
                                                       имплементација на Центарот за Институционален Развој, а финансирана од
                                                       Швајцарската Агенција за Развој и Соработка), 9 општини во Република
                                                       Македонија (Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија,
                                                       Штип, Свети Николе и Радовиш) и Коалиција СЕГА. Целта на проектот
                                                       “Креирање на Локални Младински Стратегии“ е да се зголеми активното
                                                       учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот
                                                       живот во локалната заедница преку изготвување на Локални Младински
                                                       Стратегии. Во состав на проектот е и изготвувањето на овој прирачник кој
                                                       што долгорочно ќе биде користен како алатка за изготвување на локални
                                                       младински политики во другите општини во РМ.

                                                                                                                       Искрено,
                                                                                       Коалиција на младински организации СЕГА
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                                                                                                 
 
                                                                                       9 




                                                                                      Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
1. СТРАТЕГИЈА И ПРЕПОРАКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ВО ВРСКА СО ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ
 
1.1 Актуелна стратегија на Европската Унија

Во мај 2009 година Европската Комисија (Комисија ЕУ) усвои уште една нова
стратегија за млади „Млади – вложување и јакнење“ која се однесува за
период од 10 години. Оваа стратегија доаѓа од фактот дека младите се во
време на финансиска и економска криза, најранлива група, како и
непроценлив ресурс (извор, богатство) за развој, посебно во средините во
кои има возрасни.
Новата стратегија е меѓусекторска и се занимава со клучни стратегии кои ги
засегаат младите во следниве области: Образование, вработување,
социјална вклученост, здравје и спорт, креативност, волонтерство и учество
на младите. Оваа стратегија инсистира на важноста на младинската работа и
ги дефинира начините за подобро спроведување на младинската политика
на локално ниво. Новата стратегија има две основни цели:
     Создавање за поголеми можности на младите во образованието и
       вработувањето
     Поголема вклученост на младите во социјалниот живот и поголема
       солидарност на младите
Европската Комисија ја усвои оваа стратегија во консултација со
националните власти, Европскиот младински форум (организација за млади
во Европа), младински организации и други заинтересирани страни. Младите
се сега повикани да реагираат на предлогот на Европската Комисија и тоа ќе
се одвива и во наредните фази на континуиран дијалог помеѓу ЕУ и младите.

1.2 Препораки на ЕУ за спроведување на локални
политики за млади
 
1.2.1 Европска Повелба за учество на младите во локалниот и
регионалниот живот

Еден од најзначајните документи кои ја промовираат локалната политика за
младите и учеството на младите е Европската Повелба за учество на
младите во локалниот и регионалниот живот, која е усвоена во 1992 година.
Во нејзината преамбула стои: „Од голема важност е ако учеството треба да
биде значајно за младите, тие да можат да влијаат и да креираат одлуки и
                                                                                   




                                                                                  
 
 
            10 
                                                       активности кога се млади, а не само кога се во подоцната фаза од животот.
                                                       Кога локалните и регионалните власти го поддржуваат и поттикнуваат
                                                       младинско учество тие допринесуваат за социјална интеграција на младите,
                                                       помагајќи им да се справат не само со предизвиците и пороците на
                                                       младината туку и со предизвиците на модерното општество каде
                                                       анонимноста и индивидуализмот се често подоминантни. Сепак, за учеството
                                                       на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот да биде продуктивно,
                                                       долготрајно и значајно, потребно е повеќе развој или реконструкција на
                                                       политичките или административните системи“.
                                                       Во еден од принципите на Повелбата се укажува на тоа дека посебно треба
                                                       да се обрати внимание на непривилигираните слоеви,           посебно на
                                                       малцинствата, без разлика на етничката, националната, сексуалната,
                                                       културната, религиозната и јазичната припадност.

                                                       Оваа повелба опфаќа три дела:
                                                          ‐ Секторска политика (политика за спорт, рекреација и асоцијативен
                                                             живот, политика за поттикнување на младинско вработување и борба
                                                             против вработеноста, урбана средина и живеалиште, политика за
                                                             сместување и транспорт, едукативна и тренинг политика која
                                                             промовира младинско учество, политика за мобилност и размени,
                                                             здравство и полова еднаквост, специфична политика за рурални
                                                             региони, политика за пристап во културата, политика за одржлив
                                                             развој и животна средина, политика за борба против насилство и
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                             криминал, антидискриминација, политика за сексуалност како и
                                                             пристап до правата и законот).
                                                          ‐ Инструменти за младинско учество (обука за младинско учество,
                                                             информирање на млади луѓе, промовирање на младинското учество
                                                             преку интерактивни и комуникациски технологии, поттикнување на
                                                             младинското учество во медиумите, поттикнување на младите луѓе да
                                                             прифатат волонтерска работа и да се посветат на заедничкото добро
                                                             на заедницата, поддршка на проекти и иницијативи на млади луѓе,
                                                             промовирање на младински организации и младинското учество во
                                                             невладини организации (НВО) и политички партии).
                                                           ‐ Институционално учество на млади луѓе во локалните и
                                                             регионалните работи (Младински Совети, Младински Парламенти,
                                                             Младински Форуми и поддршка на структурите на младинското
                                                             учество)




                                                                                                                                
 
                                                                                    11 
1.2.2 12 Клучни прашања на младите на локално ниво




                                                                                  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
               (Младинска информативна агенција (МИА), препораки на ЕУ)

   1. Кој е одговорен за младите на локално ниво?
Службеникот за млади во Локалната Самоуправа – референт / стручен
соработник за младинските прашања
   2. Кој ги креира политиките за младите и го нагледува нивното
       спроведување?
Советниците на општинските совети
   3. Како ќе се осигуриме дека младинската политика ги покрива
       различните сектори?
Низ формирање на меѓусекторски тела на градско ниво.
   4. Од каде средства на младите за да ги спроведуваат активностите?
Од средствата од буџетот за младите.
   5. Што е основа за спроведување на младинската политика на локално
       ниво?
Локален акционен план за млади.
   6. Кои се условите за постоење и активно делување на младинските
       НВО?
Инфраструктура за млади и материјални трошоци.
   7. Што гарантира дека младите ќе бидат информирани?
Информативна политика за млади.
   8. Како знаеме на кои проблеми од младите треба да се фокусираме?
На основа на спроведените истражувања за младинските потреби.
   9. Како да изградиме вештини и да ја подигнеме свеста кај младите за
       одредени теми?
Преку неформално образование (знаење и вештини)
   10. Како да размениме искуства за младинската политика и патувањата
       на младите?
Преку овозможување на мобилност на младите.
   11. Каде се собираат сите облици на самоорганизирање на младите во
       некоја локална заедница?
Во локален младински совет.
   12. Кој дава совети на локалните власти поврзано со младинската
       политика?
Младинското советодавно тело.
Претставници на локалната самоуправа.
                                                                                




                                                                               
 
 
            12 
                                                       2. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА

                                                       2.1 Дефинирање на младинската политика

                                                       Европскиот младински форум во својата резолуција за младинска политика
                                                       (1998), европската младинска политика ја дефинира како меѓусекторска,
                                                       интегрирана политика насочена кон младите, со младите и која произлегува
                                                       од потребите на младите луѓе. Нејзината цел е да ги подобрува и унапредува
                                                       животните услови и учеството на младите луѓе вклучувајќи ги низ
                                                       социјалните, културните и политичките прашања кои нив ги засегаат.
                                                       Експерти од Меѓународниот совет на национална младинска политика,
                                                       младинската политика ја дефинираат како онаа политика што е предложена
                                                       од страна на Владата во соработка со младинските организации и која е
                                                       усвоена од страна на Парламентот или претседателот на државата и која
                                                       јасно ја одредува положбата и улогата на младите во општеството како и
                                                       одговорноста на општеството и јавните институциите спрема младите.

                                                       Младинската политика е збир на мерки и активности кои се преземаат за да
                                                       се задоволат потребите на младите. Младинската политика е поврзана со
                                                       категоријата млади која претходно ја дефиниравме и како таква е во
                                                       корелација со сите општествени сфери кои пак се опфатени во посебни
                                                       политики. Така на пример и во здравствената политика има здравствена
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       политика за млади, во економската политика има економска политика за
                                                       млади и сл. Ова значи дека на ниво на една држава може да постои
                                                       национална младинска политика која стратешки ги планира младинските
                                                       акции во сите сфери на општеството, а таквите младински акции да се
                                                       операционализираат преку засебни младински политики. Во Република
                                                       Македонија Националната Стратегија за Млади ја претставува општата
                                                       национална младинска политика, додека во другите сфери не секогаш можат
                                                       да се најдат специфично политики за млади. Така на пример, посебни
                                                       младински политики постојат во здравството, во образованието, во
                                                       политиката за третирање на невработеноста, делумно во социјалната
                                                       сфера.

                                                       2.2 Дефинирање на поимот млади

                                                       Поимот млади различно се дефинира, но клучната карактеристика според
                                                       која се разликуваат дефинициите е возраста т.е. возрасната група во која се
                                                       наоѓаат младите луѓе. Зависно од младинската политика на државата млади
                                                       луѓе може да се сметаат сите оние кои спаѓаат во возрасната група од 18 –
                                                       24 години, или пак од 15 – 24 години. Но исто така зависно од локалниот



                                                                                                                                  
 
                                                                                                13 
контекст во кој се гради една младинска политика, во рамки на широкиот
поим млади може да се разликуваат различни подгрупи како на пример




                                                                                              Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
млади адолесценти од 15 – 18 години, или повозрасни адолесценти од 19 –
24 години и сл.
Според Генералното собрание на ОН - статистика за младите, децата се
дефинираат како посебна група кога се на возраст под 15. Според
Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето деца се до 18
години, со што се обезбедува поголема заштита на правата на децата до 18
години.
Според истражувачите кои работат во Американската агенција за
меѓународен развој (УСАИД), младите генерално се дефинираат како група
на возраст помеѓу 15 и 24 години, генерација помеѓу детството и возрасните.
На возраст од 13 - 19 се тинејџери и 20 - 24 се млади.
Според Националната Стратегија за Млади на Република Македонија НСМ
(Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, стр.2, дел
Општи одредби, Агенција за млади и спорт 2005 година) „Под терминот
млади во Република Македонија се подразбира посебна социо - етичка
категорија на население на возраст од 15 – 24 години која е особено ранлива
на социо- економските промени во општеството и која претставува основен
ресурс за развој носејќи ја критичната мисла и порив за промени и иден
напредок“. Имајќи ги во предвид последиците од социо – економската криза
во Република Македонија која го оневозможува процесот на развој на една
активна и одговорна индивидуа (пролонгирано време на едукација,
неможност да се најде работа, неможност да се заснова семејство,
економска зависност од родителите или немање на економска и оттука лична
независност) секоја сериозна акција или програма за млади треба да ги земе
во предвид и лицата од 24 – 30 години со цел ублажување или отстранување
на пречките кои стојат пред нивниот развој како индивидуи и одговорни
граѓани на општеството“.1
Значи, во Македонија популацијата млади се сметаат сите кои се на возраст
од 15 – 30 години, а оваа популација е 23, 8 % од вкупната популација во
Македонија.
Теоретски гледано, младите се сите личности кои се наоѓаат во развоен
период каде му се признава психофизичката а не и социјалната зрелост.
Достигнувањето на социјалната зрелост не зависи само од младите, туку и
од сите можности кои му ги нуди општеството како би достигнале социјална
зрелост. Оттука имаме различно дефинирање на старосната граница на
младите. Во различни држави варира старосната граница на младите.

                                                            
1
 Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, стр. 2, дел Општи одредби,
Агенција за млади и спорт 2005 година
                                                                                            




                                                                                           
 
 
            14 
                                                       Спрема Светска банка, младите се личности кои се на возраст од 15 – 24
                                                       години. Од друга страна на просториите на поранешна Југославија,
                                                       старосната граница е поместена нагоре и е следна:
                                                       Црна Гора 15 – 29 години
                                                       Хрватска 15 – 29 години
                                                       Македонија 15 – 30 години
                                                       Босна и Херцеговина 15 – 30 години

                                                       2.3 Развоен пристап спрема младите

                                                                             „Денешните млади сакаат луксуз. Имаат лоши
                                                                             манири и презир, не ги почитуваат возрасните и
                                                                             повеќе сакаат да зборуваат отколку да учат.
                                                                             Повеќе не стануваат кога ќе доаѓа возрасен в соба.
                                                                             Не ги почитуваат родителите, не јадат пристојно
                                                                             и    ги   малтретираат      своите     родители“.
                                                                             (Софокле V век п.н.е.)

                                                       Начинот на кој младите се видени и опишани во V век п.н.е. се применува во
                                                       денешно време. Покрај тоа, денешните млади често се опишуваат како
                                                       генерација без перспектива или изгубена генерација. За нив се зборува
                                                       дека се незрели или пак созреваат многу бргу и започнуваат со сексуални
                                                       односи, како и дека се неодговорни, агресивни со пореметени вредности.
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       Набљудувањето на младите само низ горе наведените карактеристики,
                                                       односно проблеми не доведува до ситуација да службите кои работат со
                                                       младите креираат краткорочни програми кои парцијално ја согледуваат
                                                       комплексната слика за развојот на младите наспроти целосна. Овој пристап
                                                       се нарекува проблемски ориентиран пристап спрема младите, кој што
                                                       резултира со краткотрајни ад – хок програми кои се насочени кон „гасење
                                                       оган“ и решавање на проблеми каде и да се појават.
                                                       На овој начин, општеството покажува немоќ да искористи еден од најважните
                                                       потенцијални ресурси за просперитет. Едно од основните искуства кое го
                                                       соопштуваат голем број на млади е дека тие никогаш не се прашани што
                                                       сакаат и кои се нивните потреби и приоритети. Како последица на ова, голем
                                                       број на млади се чувствуваат исклучени што доведува до пасивност како и да
                                                       не можат да ја согледаат својата улога во општеството. Кога ја анализираат
                                                       својата положба, младите често го наведуваат недостатокот на
                                                       информацијата, и недостаток на служби кои се занимаваат со младите во
                                                       заедницата. Спротивно на овој пристап се наоѓа развојниот пристап спрема
                                                       младите. Овој пристап е насочен на холистично согледување на младите во
                                                       контекстот во кој се наоѓаат како и на прифаќањето на младите како огромен




                                                                                                                                   
 
                                                                                       15 
ресурс на општеството. Развојниот пристап нуди долгорочни решенија,
препознавање на потреби како и развивање на програми со цел да им се




                                                                                     Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
помогне на младите при развивањето на својот потенцијал, да ги искажат
своите капацитети како и да ги искажат своите капацитети како активни
граѓани во општеството да му овозможи на општеството да извлечи
потенцијал во корист на општеството. При развојниот пристап користиме
постоечка ситуација (во даден момент) каде фокусот е на следниот чекор
ама не и нешто што треба да се случи во наредните 10 години туку е фокус
на блиска иднина како би се создавала извесна ситуација. Самиот развој на
младите личности не може да се контролира. Она што можеме да направиме
е да пристапиме на развој.

Самиот развој на младите зависи од три аспекти:
   1. Структурираната работа на зајакнување на капацитетите и вештините
       на младите луѓе (младата популација се согледува во целост во однос
       на нивните индивидуални потреби, а развојот на вештините,
       способностите и знаењата е планиран процес).
   2. Константно зголемување на пристапот за развојни можности за
       младите (креирање на социјално, економско и културно опкружување
       усогласено со потребите на младите како и зголемување на
       квалитетот, достапноста и ефикасноста на службите за млади).
   3. Креирање на сигурно опкружување (креирање на сигурна атмосфера
       каде младите ќе можат да ги искажат своите мислења и идеја како
       активно би учествувале во својот развој).
Кога сите три елементи ќе бидат присутни тогаш е достигнат развојот.

2.4 Младите како ресурс

Кога се зборува за младинска политика во Европа треба да се кажи дека
ситуацијата во земјите на Југо – источна Европа и земјите од Европската
Унија доста се разликува, како и од други развиени земји како што е на
пример Норвешка. Во овие земји младите луѓе се сметаат како значајни
ресурси и полноправни членови на општеството. Воедно, таквата препорака
е дадена од страна на Европската комисија, која во документот Бела книга
(White paper) потенцира дека општеството мора да ги гледа младите како
позитивна сила во изградба на Европа, а не како проблем. Овие земји
воспоставиле стратегија за креирање на услови во кои младите ќе ги
реализираат своите потенцијали, како граѓани кои се охрабрени да
поставуваат прашања и да развиваат критичен начин на размислување.
Спротивно на тоа, во земјите на Југо – источна Европа не е развиен
концептот на младинската политика како посебна политичка цел. Ако
                                                                                   




младинската политика воопшто постои таа е таква да ги набљудува младите

                                                                                  
 
 
            16 
                                                       како маргинализирани групи. Освен промовирање на спортот главна задача
                                                       на Владата е да спречува младите луѓе да станат криминалци, наркомани и
                                                       сл. Разликата во овие начини на размислување е во тоа што е првата
                                                       перспектива е насочена на проблем, додека другата, младите луѓе ги смета
                                                       како ресурси.

                                                       3. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА

                                                       Во Република Македонија повеќе од 10 години младиот човек своите
                                                       интереси и потреби ги остварува самоиницијативно и во корелација со
                                                       сопственото ниво на информираност и вмреженост во пошироката околина.
                                                       Отсуството на организирана младинска структура, препозната и поткрепена
                                                       од домашните и странските фактори, има негативно влијание врз и онака
                                                       незавидната положба на младите луѓе. Првите сигнали на структуриран
                                                       приод кон подготовка и имплементација на Младинска национална политика
                                                       во транзициона Македонија може да се регистрираат од 2001 година. Првата
                                                       реална активност спроведена потоа која е превземена од владините
                                                       институции како грижа за младата популација и нејзините потреби,
                                                       размислувања и предлози, е обемната „Основна студија за младинските
                                                       трендови во Република Македонија“. Овој документ кој беше финализиран и
                                                       објавен на почетокот на 2004 година е „предвесник„ на идната Национална
                                                       стратегија за млади чија што изработка пак беше иницирана веднаш по
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       објавувањето на студијата. Содржината на НСМ се подготвуваше низ обемен
                                                       национален процес воден од Агенција за Млади и Спорт каде младите луѓе
                                                       го дадоа својот придонес низ серија на дебати организирани во различни
                                                       градови во Македонија. Во Националната стратегија се опфатени осум
                                                       области на делување: образование, младинско самовработување, поддршка
                                                       пред вработување. Квалитет на живеење, здравство и превенција,
                                                       партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална
                                                       младинска работа. Во декември 2004 година НСМ беше свечено предадена
                                                       на Владата на Република Македонија на усвојување. Официјалното
                                                       усвојување на документот беше направено во Декември 2005 година.
                                                       По иницијатива на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и
                                                       Коалицијата на младински организации СЕГА на почетокот на месец Август
                                                       2007 година отпочна процес на подготовка на Национален Акционен план
                                                       за имплементација на Националната стратегија за млади. Оваа обврска
                                                       на АМС е предвидена со Националната програма за усвојување на правото
                                                       на ЕУ 2007 – 2009, Поглавје 3.26 - Образование и култура, Подрачје 3 –
                                                       Млади. Процесот беше финансиски поддржан од UNIFEM, АМС и СЕГА.




                                                                                                                               
 
                                                                                      17 
Целта на НАП за имплементација на НСМ е да обезбеди систематско,
фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во




                                                                                    Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
Република Македонија, а во насока на разрешување на младинските
проблеми и задоволување на потребите утврдени со Основната студија за
младинските трендови во Република Македонија и НСМ. Според
Националниот Акционен План беа утврдени главните приоритети врз кои ќе
се делува при спроведување на Националната Стратегија за Млади. При
подготовката на АП приоритетите беа одредени преку претходно спроведен
партиципативен процес вклучувајќи ги организациите кои вклучуваат и
работат со млади во своите програми. Анализите од овој процес како и
утврдените потреби на Коалицијата преку спроведените проекти и
активности ги одредија главните потреби кои ги засегаат младите. Во рамки
на НАП за имплементација на НСМ опфатени се четирите сегменти (како што
се дефинирани во НСМ) или осум приоритетни области и тоа: образование,
младинско самовработување, квалитет на живеење, здравство и превенција,
култура, младинско информирање, локална младинска работа и младинска
партиципација. За секој од наведените области развиени се посебни Акциони
планови на кои им претходи анализа на актуелната состојба во сферата. На
редовната седница на Владата на Република Македонија која се одржа на 07
Април 2009 година беше усвоен Акциониот План за имплементација на НСМ
без давање на никакви забелешки за АП.
Во изминатиот период Коалиција СЕГА спроведе истражување за
утврдување на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во
Македонија и спроведе мапирање во 4 општини во РМ со цел утврдување на
нивото на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на
локално ниво. Анализата најмногу ги опфати деловите кои се однесуваат на
аспектите на младинско учество, младинско информирање и организирање
како и младинскиот активизам. Утврдено беше дека кај младите не постои
активизам во состав на училиштето а со тоа и програма за работа на
училишните заедници. Исто така младите имаат потреба од вклучување во
образовните тела и процеси за да се обезбеди нивното учество во
донесувањето на одлуките за прашањата кои ги засегаат нив. Во однос на
студентското организирање се идентификува недостиг на капацитети за
работа на студентските сојузи (студентски парламенти), а исто така нивото
на информираност на студентите е многу мало. На локално ниво младите не
изразуваат самоиницијатива за учество во процесите на донесување на
одлуки и креирање на политики. Од тоа произлегува и непостоење на
институционализирана форма на организирање на младите на локално и
национално ниво. Тоа е последица на непостоењето на механизми за
информирање на младите на локално и национално ниво. Според тоа може
да се заклучи дека има потреба од систематизиран начин на ширење
                                                                                  




информации до младите луѓе кои ќе се однесуваат на образование, култура,

                                                                                 
 
 
            18 
                                                       спорт, мобилност, граѓанско општество вклучувајќи и можности за
                                                       активирање на младите во локални иницијативи.
                                                       Во согласност со досегашните случувања, во Република Македонија постојат
                                                       два документи кои се донесени на национално ниво. Тоа се Националната
                                                       Стратегија за Млади и Националниот Акционен План за реализација на
                                                       истата чија што имплементација не е на потребното ниво. Исто така
                                                       ратификувана е и Европската Повелба за младинско учество во локалниот и
                                                       регионалниот живот која е донесена од страна на Советот на Европа. Според
                                                       тоа, една од причините за недоволното адресирање на младите како
                                                       приоритет на локално ниво е непостоењето на законска регулатива која ќе го
                                                       дефинира поимот млади како и младинско работење. Напорите кои
                                                       Македонија ги вложува во процесите за пристапување кон Европската Унија
                                                       налага да се прифати и прилагоди регулативата која го регулира статусот на
                                                       младите, а која е застапена во најголемиот број на држави членки на ЕУ.

                                                       3.1 Локални младински политики

                                                       Покрај државната политика, проактивна политика која е најблиску до младите
                                                       е локалната политика која може најмногу да допринеси за квалитетен развој
                                                       на младите во една земја. Тоа е препорака од документите на сите глобални
                                                       институции од системот на Обединетите Нации како и Совет на Европа и
                                                       Европската Унија. Таков пристап – креирање на јавни политики за младите
                                                       на локално ниво содржи два битни елементи:
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                           Актери за локална политика за млади (формални институции,
                                                              граѓанскиот сектор и нивната интеракција) и
                                                           Инструменти за локална политика за младите (инфраструктура, буџет,
                                                              програми, информативни политики, механизми вклучувајќи и млади во
                                                              процесот на донесување на одлуки и слично, а се вклопено во
                                                              стратегија за конкретен план за акција).
                                                       Цел на локалната политика за младите е да воспостави општествена
                                                       положба за младите луѓе во локалната заедница и што градските
                                                       институции, градската управа и сите општествени фактори можат да
                                                       направат за да се подобри положбата за младите. Со тоа јасно се одредува
                                                       сегашната ситуација целите и намерите во насока на остварување на
                                                       желбите на младите. Оваа програма станува практична основа на идните
                                                       делувања на општествениот и политичкиот систем во однос на младите како
                                                       неисцрпен ресурс.




                                                                                                                                 
 
                                                                                  19 
3.2 Локални Стратегии за Млади во Македонија




                                                                                Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
Со цел имплементирање на активности од Националниот Акционен План за
имплементација на Националната Стратегија за Млади, а во насока да се
зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот,
економскиот и културниот живот во локалната заедница Коалиција СЕГА
започнува процес на “Креирање на Локални Младински Стратегии“ во 9
општини (Прилеп, Битола, Кисела Вода, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Штип,
Свети Николе и Радовиш) во Македонија. По креирањето на локалните
стратегии и акционите планови, ќе биде овозможено ефикасно вклучување на
младите во имплементацијата на стратегиите со што младинските потреби ќе
бидат издигнати на повисоко ниво зголемувајќи ја транспарентноста на
работата на ЕЛС.

Корист на Локалните Самоуправи

Генерално донесувањето на Локалната стратегија за млади на локалната
заедница и овозможува значајни можности да дојде до дополнителни
средства од различни донатори. Во основа, документот квалитетно ги
согледува состојбата на младите во областите: образование, здравство,
вработување, учество на младите, информирање и мобилност на младите,
односот меѓу младите и семејството, човекови права, слободно време и
култура. Сето ова е дел од десетгодишната Национална стратегија за млади
(2005 – 2015). На тој начин Локалната стратегија и Акциониот План за
имплементација на истата би претставувал квалитетен предлог проект со кој
би можело да се конкурира кај различни донатори.
Невозможно е Локалната Самоуправа сама да ги креира и да ги донеси
локалната стратегија и акциониот план за имплементација без партиципација
на другите засегнати страни во општината. Самиот процес треба да биде
транспарентен и да обезбеди вклучување на голем број млади.

3.3 Искуства во креирањето на локалните стратегии за млади

Босна и Херцеговина

Локалниот акционен план за млади за Бања Лука во сегментот за препораки
на локалните власти ги наведува следниве механизми за спроведување на
младинската политика:

       Референт за млади (самостоен стручен соработник за млади) – лице
        кое е вработено во Локалната     Самоуправа за реализација на
                                                                              




                                                                             
 
 
            20 
                                                               стратегијата за млади. За спроведување на овој документ во иднина
                                                               треба да се формира одделение за млади.
                                                              Управувачки комитет за млади – орган на Локалната Самоуправа кое
                                                               вклучува претставници од различни сектори и одделенија во Локалната
                                                               Самоуправа, институција која соработува со младите и ги претставува
                                                               младите. Управувачкиот комитет го надгледува процесот на
                                                               имплементирање на младинската политика и дава препорака во тој
                                                               правец.
                                                              Одбор за млади – општинско работно тело. Во него учествуваат
                                                               претставници на Локалната Самоуправа, претставници на младинскиот
                                                               совет и младинските организации.
                                                              Совет на млади – асоцијација на млади и младински организации на
                                                               локално ниво.

                                                       Во локалната политика за млади во Б и Х покрај останатото се препознатлива
                                                       е и мрежата од референти / службеници за млади во Здружението за
                                                       службеници за млади во Б и Х. Ова здружение соработува со 30 општини и ги
                                                       нуди своите услуги како обуки и советувања на локалните референти како и
                                                       креирање на стратегија за млади. Во него членуваат околу 200 претставници
                                                       од ЛС и има задача да обезбеди нивна дополнителна обука за што
                                                       поквалитетно спроведување на младинската политика во локалната заедница.

                                                       Република Србија
Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии




                                                       Министерството за спорт и млади во Србија во 2008 година ја дефинирало
                                                       Националната стратегија за млади и во моментов работи на воспоставување
                                                       на локални канцеларии за млади како и воспоставување на мрежа од тие
                                                       канцеларии – национални, регионални и локални. Основната функција на
                                                       овие канцеларии би требало да биде информативна, но исто така во овие
                                                       канцеларии ќе може да се организираат и некои од активностите за млади.
                                                       Со реализација на нивната работа би требало да се постигне активно
                                                       учество на младите и нивен квалитетен живот во локалната заедница.
                                                       Личноста која работи во оваа канцеларија треба да ја спроведува
                                                       младинската политика и да биде способна за спроведување на самата
                                                       младинска работа, да работи на формирање на младинско советодавно тело
                                                       на локално ниво и да воспостави центар за млади.
                                                       Министерството за спорт и млади планира да формира национална
                                                       организација како и репрезентативно тело за млади на локално ниво кое би
                                                       допринесувало за јакнење на политиката за млади и подобро прифаќање на
                                                       потребите на младите во заедницата.




                                                                                                                                 
 
                                                                                        21 
4. ЧЕКОРИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА
СТРАТЕГИЈА




                                                                                      Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии
       Воспоставување на соработка со Локална Самоуправа
       Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС
       Дефинирање на потребите на младите и локалните заедници
       Промоција на дефинираните потреби на младите и локалните
        заедници
       Формирање на работна група која ќе ја изготвува ЛМС
       Следење на работата на работната група
       Прв дел од документот: Анализа на моменталната ситуација
       Втор дел: 5 годишна стратегија
       Трет дел: Акционен план за првата година
       Нацрт документ за локален парламент
       Документ на јавна расправа
       Усвојување на документот на Совет на општина
       Печатење на ЛМС, промоција и дистрибуција

4.1 Воспоставување на соработка со локална самоуправа

Ефикасна младинска политика на локално ниво бара вклученост на различни
актери: локални авторитети, млади, локални организации и институции.
Некои заедници користат пристап одозгора - надолу, што значи дека локални
власти одлучуваат за политиката и потоа ја спроведуваат сами или
пробуваат да најдат партнери за да го имплементираат тоа. Сепак ова не е
многу партиципативен пристап, препорачливо е различни актери да бидат
вклучени во целиот процес од најраните фази.
Иницијативата за креирање на локалните политики за млади може да ја
поднеси самата Локална Самоуправа и сите заинтересирани страни во
локалната заедница: невладини организации, самите млади, локални
институции. Многу често иницијативите за креирање на локални стратегии се
одбиваат од причина што од ЛС објаснуваат дека политика за млади веќе
постои. Дел од општините имаат Акционен План за имплементација на
детските права. Двете целни групи млади и деца во еден дел се поклопуваат
(возраста од 15 – 18 години), треба да се кажи дека популацијата деца ја
сочинува сета популација на деца од 0 – 18 години, а популација млади од 15
– 30 години. Овие групи имаат различни потреби и не треба да се
изедначуваат.
Со цел да се обезбеди соработка на сите оние кои што ќе учествуваат во
процесот на креирање на Локална Младинска Стратегија многу е важно да се
                                                                                    




                                                                                   
 
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010
Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010

Mais conteúdo relacionado

Mais procurados

Mais procurados (10)

Valentinovo
ValentinovoValentinovo
Valentinovo
 
Površina i merenje površine - Saša Nikolić
Površina i merenje površine - Saša NikolićPovršina i merenje površine - Saša Nikolić
Površina i merenje površine - Saša Nikolić
 
Životopis
ŽivotopisŽivotopis
Životopis
 
Ja kao ti ti kao ja
Ja kao ti  ti kao jaJa kao ti  ti kao ja
Ja kao ti ti kao ja
 
јасминка петровић
јасминка петровићјасминка петровић
јасминка петровић
 
L'Orient ancien
L'Orient ancienL'Orient ancien
L'Orient ancien
 
Како поздравувам
Како поздравувамКако поздравувам
Како поздравувам
 
Dusan Kostic Septembar
Dusan Kostic SeptembarDusan Kostic Septembar
Dusan Kostic Septembar
 
Saobracajni znakovi
Saobracajni znakoviSaobracajni znakovi
Saobracajni znakovi
 
ханс кристијан
ханс кристијанханс кристијан
ханс кристијан
 

Destaque

Ucestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politiki
Ucestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politikiUcestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politiki
Ucestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politikiCoalition of youth organizations SEGA
 
Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...
Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...
Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...Coalition of youth organizations SEGA
 
Akcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata Strategija Za Mladi Na Rm
Akcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata  Strategija Za Mladi Na RmAkcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata  Strategija Za Mladi Na Rm
Akcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata Strategija Za Mladi Na RmCoalition of youth organizations SEGA
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Coalition of youth organizations SEGA
 
Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...
Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...
Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...Coalition of youth organizations SEGA
 
Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...
Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...
Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...Coalition of youth organizations SEGA
 

Destaque (18)

Ucestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politiki
Ucestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politikiUcestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politiki
Ucestvo na mladite vo procesite na donesuvanje odluki i kreiranje politiki
 
Priracnik za Zastapvanje i Lobiranje L&A _SEGA 2010
Priracnik za Zastapvanje i Lobiranje L&A _SEGA 2010Priracnik za Zastapvanje i Lobiranje L&A _SEGA 2010
Priracnik za Zastapvanje i Lobiranje L&A _SEGA 2010
 
Nacionalna Strategija Za Mladi Na Rm
Nacionalna Strategija Za Mladi Na RmNacionalna Strategija Za Mladi Na Rm
Nacionalna Strategija Za Mladi Na Rm
 
Get out and vote_SEGA 2009
Get out and vote_SEGA 2009Get out and vote_SEGA 2009
Get out and vote_SEGA 2009
 
Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...
Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...
Planit Aksionar PëR Implementim Të Stategjisë Nacionale PëR Të Rinj Në Republ...
 
Advansed Fundraising Training - Reader_SEGA 2006
Advansed Fundraising Training - Reader_SEGA 2006Advansed Fundraising Training - Reader_SEGA 2006
Advansed Fundraising Training - Reader_SEGA 2006
 
How youth protect the public interest_SEGA 2008
How youth protect the public interest_SEGA 2008How youth protect the public interest_SEGA 2008
How youth protect the public interest_SEGA 2008
 
Akcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata Strategija Za Mladi Na Rm
Akcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata  Strategija Za Mladi Na RmAkcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata  Strategija Za Mladi Na Rm
Akcionen Plan Za Implementacija Na Nacionalnata Strategija Za Mladi Na Rm
 
SEE Youth Policy Conference - Report_SEGA 2004
SEE Youth Policy Conference - Report_SEGA 2004SEE Youth Policy Conference - Report_SEGA 2004
SEE Youth Policy Conference - Report_SEGA 2004
 
Mladite vo kreiranje promeni vo zaednicita_SEGA 2009
Mladite vo kreiranje promeni vo zaednicita_SEGA 2009Mladite vo kreiranje promeni vo zaednicita_SEGA 2009
Mladite vo kreiranje promeni vo zaednicita_SEGA 2009
 
Obradoirodin
ObradoirodinObradoirodin
Obradoirodin
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
 
Izlezi i glasaj_SEGA 2009
Izlezi i glasaj_SEGA 2009Izlezi i glasaj_SEGA 2009
Izlezi i glasaj_SEGA 2009
 
Youth in creating changes in the community_SEGA 2009
Youth in creating changes in the community_SEGA 2009Youth in creating changes in the community_SEGA 2009
Youth in creating changes in the community_SEGA 2009
 
Os Dinosauros
Os DinosaurosOs Dinosauros
Os Dinosauros
 
Youth participation in the decision and policy making processes
Youth participation in the decision and policy making processesYouth participation in the decision and policy making processes
Youth participation in the decision and policy making processes
 
Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...
Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...
Pridones na Koalicijata SEGA kon Nacionalnata Strategija za Mladi na Rm_SEGA ...
 
Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...
Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...
Action Plan For Implementation Of The National Youth Strategy Of The Republic...
 

Priracnik za Kreiranje na Lokalni Mladinski Strategii_SEGA 2010

  • 1. ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СТРАТЕГИИ
  • 2. ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СТРАТЕГИИ Коалиција на младински организации СЕГА Ул. Иво Лола Рибар бр.5 7500 Прилеп Р. Македонија E-mail: sega@sega.org.mk Web: www.sega.org.mk Тел: 048 429 390 Март, 2010
  • 3.   2  Автори: Маја Ивановска Крстевска Томислав Гајтановски Елизабета Марковска Зоран Илиески Марија Нашоковска Димитар Спасеновски За издавачот: Зоран Илиески Издавач: Коалиција на младински организации СЕГА Техничка подготовка: Моника Илиоска Година на издавање: 2010 CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 352.077: 342.571-053.6 (497.7) ПРИРАЧНИК за креирање на локални младински стратегии / [aвтори Маја Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Иваноска Крстевска ... и др.]. – Прилеп: Коалиција на младински организации СЕГА, 2010. – 46 стр.; 21 см фусноти кон текстот. – Библиографија: стр. 45 ISBN 978-2893-5-4 1.Иваноска Крстевска, Маја [автор] a) Локална самоуправа – Стратегии за младинско учество – Македонија - Прирачници COBISS.MK-ID 82103818 “Овoj прирачник беше овозможен во рамките на програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. Овде наведените мислења се мислењата на авторот/ите и нужно не ги рефлектираат мислењата на ЦИРа и SDC” Проектот е финансиски поддржан од локалните самоуправи:  Кисела Вода  Тетово  Штип  Кавадарци  Прилеп  Свети Николе  Радовиш   Гевгелија  Битола   
  • 4.             3  СОДРЖИНА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ЗА КОАЛИЦИЈА СЕГА ..................................................................................................... 5  ВОВЕД ................................................................................................................................. 7  1. СТРАТЕГИЈА И ПРЕПОРАКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ВРСКА СО ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ ........................................................................... 9  1.1 Актуелна стратегија на Европската Унија ........................................................ 9  1.2 Препораки на ЕУ за спроведување на локални политики за млади ......... 9  1.2.1 Европска Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот ................................................................................................. 9  1.2.2 12 Клучни прашања на младите на локално ниво  ............................... 11  . 2. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ......................................................................................... 12  2.1 Дефинирање на младинската политика ......................................................... 12  2.2 Дефинирање на поимот млади ......................................................................... 12  2.3 Развоен пристап спрема младите ................................................................... 14  2.4 Младите како ресурс ........................................................................................... 15  3. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА ...................................................... 16  3.1 Локални младински политики ............................................................................ 18  3.2 Локални Стратегии за Млади во Македонија ................................................ 19  3.3 Искуства во креирањето на локалните стратегии за млади ..................... 19  4. ЧЕКОРИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА ..... 21  4.1 Воспоставување на соработка со локална самоуправа ............................. 21  4.2 Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС ...................... 22  4.3 Дефинирање на младинските потреби на локално ниво ........................... 25       
  • 5.   4  4.4 Промоција на потребите во заедницата  ........................................................ 28  . 4.5 Формирање на работни групи за подготовка на документот .................... 28  4.6 Следење на работата на работната група .................................................... 29  4.7 Прв дел на документот: Анализа на ситуацијата ......................................... 29  4.8 Втор дел на документот: Петгодишна стратегија ........................................ 30  4.9 Трет дел на документот: Акционен План за една година .......................... 31  4.10 Документ на јавна расправа ............................................................................ 32  4.11 Усвојување на документот во Советот на Општината ............................. 33  4.12 Печатење на документот во вид на брошура, промоција и дистрибуција ................................................................................................................ 33  5. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЛМС ...................................................................................... 34  5.1 Именување на службеник / референт за младински прашања во ЕЛС . 34  5.2 Буџет за млади ..................................................................................................... 35  5.3 Формирање на градско тело за следење на ЛМС ....................................... 36  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ПРИЛОЗИ  ......................................................................................................................... 37  . Предлог методологија за спроведување истражување на потребите и проблемите на младите луѓе на локално ниво ....................................................... 38  АГЕНДА ............................................................................................................................. 43  КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ......................................................................................... 45   
  • 6.             5  ЗА КОАЛИЦИЈА СЕГА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Иницијативата за формирање на Коалиција на младински организации беше покрената од страна на Младински Совет - Прилеп и две партнер- организации за аплицирање и имплементација на проектот “Младински Национален Акционен План”. Како продолжение на започнатиот процес, Коалицијата на Младински организации „СЕГА” неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани. Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 18 полноправни и 16 придружни организации-членки. Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:  Собрание - составено од сите членки;  Управен одбор - составен од 5 претставници од организации полноправни членки;  Надзорен одбор - составен од 3 членови. Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп и 5 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и 2 во Скопје. Визија СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. Нашето делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи. Нашиот успех се препознава во промовирањето на младите како ресурс во општеството, спремни да одговорат на новите предизвици. Мисија Коалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.      
  • 7.   6  Вредности и принципи на работа - Меѓусебна поддршка; - Волонтерство; - Промовирање на младите како ресурс; - Младински активизам; - Младинска партиципација; - Транспарентност; - Демократија, меѓусебна доверба и соработка; - Организирање и вклучување на младите; - Развој на заедниците; - Информираност; - Застапување и лобирање за младинска политика. Поле на делување Според новиот тригодишен Стратешки план на Коалиција СЕГА (2010 – 2012) постојат три програми во развојниот процес: - Иницирање и спроведување на законски регулативи (на национално и локално ниво) кои придонесуваат за подобрување на животот на младите во РМ Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии - Поддршка на младинскиот активизам - Зголемување на информирањето и учество на младите во активности за решавање на нивните проблеми Секоја организација (членка на Коалиција СЕГА) има развиено свои специфични програми кои се одвиваат независно од Коалицијата постоејќи како ресурс за имплементација. Меѓу овие програми се демократија, човекови права, студентски права, малцински права.  
  • 8.             7  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии ВОВЕД Во многу земји во Европа државите креираат Национална стратегија за млади, а општините Локални Младински Стратегии. Голем број на заедници ја покажуваат својата транспарентност во решавањето на младински проблеми во кохерентен и ефикасен пат. Постоењето на квалитетна младинска политика на локалнo ниво може да донесе вистински бенефиции и промени. Кога е инициран процесот на креирање на младинска политика, важно е да се утврди кои конкретни промени треба да бидат постигнати и кои подобрувања да се направат. Постои различна методологија за креирање на ЛМП. Некои заедници тргнуваат од опис на визија, некои претпочитаат да се фокусираат на цели и потцели. Нема правилен или погрешен начин да се направи ова. Локалните креирачи на политика треба да бидат само јасни за тоа што специфично сакаат да го постигнат, во кое време, со кои ресурси, како тие планираат да го направат тоа, и како сакаат да го евалуираат целиот процес. Во Република Македонија во текот на 2004 година се подготвуваше доста важен документ за младите Национална стратегија за млади. Содржината на НСМ се подготвуваше низ обемен национален процес воден од Агенција за Млади и Спорт. Во овој процес преку организирање на различни активности младите луѓе од различни градови во Македонија го дадоа својот придонес. Во Националната стратегија се опфатени осум приоритети: образование, младинско самовработување, поддршка пред вработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа. Во декември 2004 година НСМ беше свечено предадена на Владата на Република Македонија на усвојување. Официјалното усвојување на документот беше направено во Декември 2005 година. По иницијатива на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Коалицијата на младински организации СЕГА на почетокот на месец септември 2007 година отпочна процес на подготовка на Национален Акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади. Целта на НАП за имплементација на НСМ е да обезбеди систематско, фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во Република Македонија, а во насока на разрешување на младинските проблеми и задоволување на потребите утврдени со Основната студија за младинските трендови во Република Македонија и НСМ. Во приоритетот      
  • 9.   8  локална младинска работа предвидено е да се креираат Локални Младински Стратегии во 10 општини во Република Македонија. 0д 01 јануари 2010 година Коалиција СЕГА започна да го имплементира проектот „Креирање на Локални Младински Стратегии“. Проектот е финансиран од Агенција за млади и спорт, програмата „CIVICA Mobilitas“ (во имплементација на Центарот за Институционален Развој, а финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка), 9 општини во Република Македонија (Кисела Вода, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Штип, Свети Николе и Радовиш) и Коалиција СЕГА. Целта на проектот “Креирање на Локални Младински Стратегии“ е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница преку изготвување на Локални Младински Стратегии. Во состав на проектот е и изготвувањето на овој прирачник кој што долгорочно ќе биде користен како алатка за изготвување на локални младински политики во другите општини во РМ. Искрено, Коалиција на младински организации СЕГА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  
  • 10.             9  Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии 1. СТРАТЕГИЈА И ПРЕПОРАКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ВРСКА СО ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ   1.1 Актуелна стратегија на Европската Унија Во мај 2009 година Европската Комисија (Комисија ЕУ) усвои уште една нова стратегија за млади „Млади – вложување и јакнење“ која се однесува за период од 10 години. Оваа стратегија доаѓа од фактот дека младите се во време на финансиска и економска криза, најранлива група, како и непроценлив ресурс (извор, богатство) за развој, посебно во средините во кои има возрасни. Новата стратегија е меѓусекторска и се занимава со клучни стратегии кои ги засегаат младите во следниве области: Образование, вработување, социјална вклученост, здравје и спорт, креативност, волонтерство и учество на младите. Оваа стратегија инсистира на важноста на младинската работа и ги дефинира начините за подобро спроведување на младинската политика на локално ниво. Новата стратегија има две основни цели:  Создавање за поголеми можности на младите во образованието и вработувањето  Поголема вклученост на младите во социјалниот живот и поголема солидарност на младите Европската Комисија ја усвои оваа стратегија во консултација со националните власти, Европскиот младински форум (организација за млади во Европа), младински организации и други заинтересирани страни. Младите се сега повикани да реагираат на предлогот на Европската Комисија и тоа ќе се одвива и во наредните фази на континуиран дијалог помеѓу ЕУ и младите. 1.2 Препораки на ЕУ за спроведување на локални политики за млади   1.2.1 Европска Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот Еден од најзначајните документи кои ја промовираат локалната политика за младите и учеството на младите е Европската Повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, која е усвоена во 1992 година. Во нејзината преамбула стои: „Од голема важност е ако учеството треба да биде значајно за младите, тие да можат да влијаат и да креираат одлуки и      
  • 11.   10  активности кога се млади, а не само кога се во подоцната фаза од животот. Кога локалните и регионалните власти го поддржуваат и поттикнуваат младинско учество тие допринесуваат за социјална интеграција на младите, помагајќи им да се справат не само со предизвиците и пороците на младината туку и со предизвиците на модерното општество каде анонимноста и индивидуализмот се често подоминантни. Сепак, за учеството на младите луѓе во локалниот и регионалниот живот да биде продуктивно, долготрајно и значајно, потребно е повеќе развој или реконструкција на политичките или административните системи“. Во еден од принципите на Повелбата се укажува на тоа дека посебно треба да се обрати внимание на непривилигираните слоеви, посебно на малцинствата, без разлика на етничката, националната, сексуалната, културната, религиозната и јазичната припадност. Оваа повелба опфаќа три дела: ‐ Секторска политика (политика за спорт, рекреација и асоцијативен живот, политика за поттикнување на младинско вработување и борба против вработеноста, урбана средина и живеалиште, политика за сместување и транспорт, едукативна и тренинг политика која промовира младинско учество, политика за мобилност и размени, здравство и полова еднаквост, специфична политика за рурални региони, политика за пристап во културата, политика за одржлив развој и животна средина, политика за борба против насилство и Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии криминал, антидискриминација, политика за сексуалност како и пристап до правата и законот). ‐ Инструменти за младинско учество (обука за младинско учество, информирање на млади луѓе, промовирање на младинското учество преку интерактивни и комуникациски технологии, поттикнување на младинското учество во медиумите, поттикнување на младите луѓе да прифатат волонтерска работа и да се посветат на заедничкото добро на заедницата, поддршка на проекти и иницијативи на млади луѓе, промовирање на младински организации и младинското учество во невладини организации (НВО) и политички партии). ‐ Институционално учество на млади луѓе во локалните и регионалните работи (Младински Совети, Младински Парламенти, Младински Форуми и поддршка на структурите на младинското учество)  
  • 12.             11  1.2.2 12 Клучни прашања на младите на локално ниво Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии (Младинска информативна агенција (МИА), препораки на ЕУ) 1. Кој е одговорен за младите на локално ниво? Службеникот за млади во Локалната Самоуправа – референт / стручен соработник за младинските прашања 2. Кој ги креира политиките за младите и го нагледува нивното спроведување? Советниците на општинските совети 3. Како ќе се осигуриме дека младинската политика ги покрива различните сектори? Низ формирање на меѓусекторски тела на градско ниво. 4. Од каде средства на младите за да ги спроведуваат активностите? Од средствата од буџетот за младите. 5. Што е основа за спроведување на младинската политика на локално ниво? Локален акционен план за млади. 6. Кои се условите за постоење и активно делување на младинските НВО? Инфраструктура за млади и материјални трошоци. 7. Што гарантира дека младите ќе бидат информирани? Информативна политика за млади. 8. Како знаеме на кои проблеми од младите треба да се фокусираме? На основа на спроведените истражувања за младинските потреби. 9. Како да изградиме вештини и да ја подигнеме свеста кај младите за одредени теми? Преку неформално образование (знаење и вештини) 10. Како да размениме искуства за младинската политика и патувањата на младите? Преку овозможување на мобилност на младите. 11. Каде се собираат сите облици на самоорганизирање на младите во некоја локална заедница? Во локален младински совет. 12. Кој дава совети на локалните власти поврзано со младинската политика? Младинското советодавно тело. Претставници на локалната самоуправа.      
  • 13.   12  2. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА 2.1 Дефинирање на младинската политика Европскиот младински форум во својата резолуција за младинска политика (1998), европската младинска политика ја дефинира како меѓусекторска, интегрирана политика насочена кон младите, со младите и која произлегува од потребите на младите луѓе. Нејзината цел е да ги подобрува и унапредува животните услови и учеството на младите луѓе вклучувајќи ги низ социјалните, културните и политичките прашања кои нив ги засегаат. Експерти од Меѓународниот совет на национална младинска политика, младинската политика ја дефинираат како онаа политика што е предложена од страна на Владата во соработка со младинските организации и која е усвоена од страна на Парламентот или претседателот на државата и која јасно ја одредува положбата и улогата на младите во општеството како и одговорноста на општеството и јавните институциите спрема младите. Младинската политика е збир на мерки и активности кои се преземаат за да се задоволат потребите на младите. Младинската политика е поврзана со категоријата млади која претходно ја дефиниравме и како таква е во корелација со сите општествени сфери кои пак се опфатени во посебни политики. Така на пример и во здравствената политика има здравствена Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии политика за млади, во економската политика има економска политика за млади и сл. Ова значи дека на ниво на една држава може да постои национална младинска политика која стратешки ги планира младинските акции во сите сфери на општеството, а таквите младински акции да се операционализираат преку засебни младински политики. Во Република Македонија Националната Стратегија за Млади ја претставува општата национална младинска политика, додека во другите сфери не секогаш можат да се најдат специфично политики за млади. Така на пример, посебни младински политики постојат во здравството, во образованието, во политиката за третирање на невработеноста, делумно во социјалната сфера. 2.2 Дефинирање на поимот млади Поимот млади различно се дефинира, но клучната карактеристика според која се разликуваат дефинициите е возраста т.е. возрасната група во која се наоѓаат младите луѓе. Зависно од младинската политика на државата млади луѓе може да се сметаат сите оние кои спаѓаат во возрасната група од 18 – 24 години, или пак од 15 – 24 години. Но исто така зависно од локалниот  
  • 14.             13  контекст во кој се гради една младинска политика, во рамки на широкиот поим млади може да се разликуваат различни подгрупи како на пример Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии млади адолесценти од 15 – 18 години, или повозрасни адолесценти од 19 – 24 години и сл. Според Генералното собрание на ОН - статистика за младите, децата се дефинираат како посебна група кога се на возраст под 15. Според Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето деца се до 18 години, со што се обезбедува поголема заштита на правата на децата до 18 години. Според истражувачите кои работат во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), младите генерално се дефинираат како група на возраст помеѓу 15 и 24 години, генерација помеѓу детството и возрасните. На возраст од 13 - 19 се тинејџери и 20 - 24 се млади. Според Националната Стратегија за Млади на Република Македонија НСМ (Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, стр.2, дел Општи одредби, Агенција за млади и спорт 2005 година) „Под терминот млади во Република Македонија се подразбира посебна социо - етичка категорија на население на возраст од 15 – 24 години која е особено ранлива на социо- економските промени во општеството и која претставува основен ресурс за развој носејќи ја критичната мисла и порив за промени и иден напредок“. Имајќи ги во предвид последиците од социо – економската криза во Република Македонија која го оневозможува процесот на развој на една активна и одговорна индивидуа (пролонгирано време на едукација, неможност да се најде работа, неможност да се заснова семејство, економска зависност од родителите или немање на економска и оттука лична независност) секоја сериозна акција или програма за млади треба да ги земе во предвид и лицата од 24 – 30 години со цел ублажување или отстранување на пречките кои стојат пред нивниот развој како индивидуи и одговорни граѓани на општеството“.1 Значи, во Македонија популацијата млади се сметаат сите кои се на возраст од 15 – 30 години, а оваа популација е 23, 8 % од вкупната популација во Македонија. Теоретски гледано, младите се сите личности кои се наоѓаат во развоен период каде му се признава психофизичката а не и социјалната зрелост. Достигнувањето на социјалната зрелост не зависи само од младите, туку и од сите можности кои му ги нуди општеството како би достигнале социјална зрелост. Оттука имаме различно дефинирање на старосната граница на младите. Во различни држави варира старосната граница на младите.                                                              1 Национална Стратегија за Млади на Република Македонија, стр. 2, дел Општи одредби, Агенција за млади и спорт 2005 година      
  • 15.   14  Спрема Светска банка, младите се личности кои се на возраст од 15 – 24 години. Од друга страна на просториите на поранешна Југославија, старосната граница е поместена нагоре и е следна: Црна Гора 15 – 29 години Хрватска 15 – 29 години Македонија 15 – 30 години Босна и Херцеговина 15 – 30 години 2.3 Развоен пристап спрема младите „Денешните млади сакаат луксуз. Имаат лоши манири и презир, не ги почитуваат возрасните и повеќе сакаат да зборуваат отколку да учат. Повеќе не стануваат кога ќе доаѓа возрасен в соба. Не ги почитуваат родителите, не јадат пристојно и ги малтретираат своите родители“. (Софокле V век п.н.е.) Начинот на кој младите се видени и опишани во V век п.н.е. се применува во денешно време. Покрај тоа, денешните млади често се опишуваат како генерација без перспектива или изгубена генерација. За нив се зборува дека се незрели или пак созреваат многу бргу и започнуваат со сексуални односи, како и дека се неодговорни, агресивни со пореметени вредности. Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Набљудувањето на младите само низ горе наведените карактеристики, односно проблеми не доведува до ситуација да службите кои работат со младите креираат краткорочни програми кои парцијално ја согледуваат комплексната слика за развојот на младите наспроти целосна. Овој пристап се нарекува проблемски ориентиран пристап спрема младите, кој што резултира со краткотрајни ад – хок програми кои се насочени кон „гасење оган“ и решавање на проблеми каде и да се појават. На овој начин, општеството покажува немоќ да искористи еден од најважните потенцијални ресурси за просперитет. Едно од основните искуства кое го соопштуваат голем број на млади е дека тие никогаш не се прашани што сакаат и кои се нивните потреби и приоритети. Како последица на ова, голем број на млади се чувствуваат исклучени што доведува до пасивност како и да не можат да ја согледаат својата улога во општеството. Кога ја анализираат својата положба, младите често го наведуваат недостатокот на информацијата, и недостаток на служби кои се занимаваат со младите во заедницата. Спротивно на овој пристап се наоѓа развојниот пристап спрема младите. Овој пристап е насочен на холистично согледување на младите во контекстот во кој се наоѓаат како и на прифаќањето на младите како огромен  
  • 16.             15  ресурс на општеството. Развојниот пристап нуди долгорочни решенија, препознавање на потреби како и развивање на програми со цел да им се Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии помогне на младите при развивањето на својот потенцијал, да ги искажат своите капацитети како и да ги искажат своите капацитети како активни граѓани во општеството да му овозможи на општеството да извлечи потенцијал во корист на општеството. При развојниот пристап користиме постоечка ситуација (во даден момент) каде фокусот е на следниот чекор ама не и нешто што треба да се случи во наредните 10 години туку е фокус на блиска иднина како би се создавала извесна ситуација. Самиот развој на младите личности не може да се контролира. Она што можеме да направиме е да пристапиме на развој. Самиот развој на младите зависи од три аспекти: 1. Структурираната работа на зајакнување на капацитетите и вештините на младите луѓе (младата популација се согледува во целост во однос на нивните индивидуални потреби, а развојот на вештините, способностите и знаењата е планиран процес). 2. Константно зголемување на пристапот за развојни можности за младите (креирање на социјално, економско и културно опкружување усогласено со потребите на младите како и зголемување на квалитетот, достапноста и ефикасноста на службите за млади). 3. Креирање на сигурно опкружување (креирање на сигурна атмосфера каде младите ќе можат да ги искажат своите мислења и идеја како активно би учествувале во својот развој). Кога сите три елементи ќе бидат присутни тогаш е достигнат развојот. 2.4 Младите како ресурс Кога се зборува за младинска политика во Европа треба да се кажи дека ситуацијата во земјите на Југо – источна Европа и земјите од Европската Унија доста се разликува, како и од други развиени земји како што е на пример Норвешка. Во овие земји младите луѓе се сметаат како значајни ресурси и полноправни членови на општеството. Воедно, таквата препорака е дадена од страна на Европската комисија, која во документот Бела книга (White paper) потенцира дека општеството мора да ги гледа младите како позитивна сила во изградба на Европа, а не како проблем. Овие земји воспоставиле стратегија за креирање на услови во кои младите ќе ги реализираат своите потенцијали, како граѓани кои се охрабрени да поставуваат прашања и да развиваат критичен начин на размислување. Спротивно на тоа, во земјите на Југо – источна Европа не е развиен концептот на младинската политика како посебна политичка цел. Ако   младинската политика воопшто постои таа е таква да ги набљудува младите    
  • 17.   16  како маргинализирани групи. Освен промовирање на спортот главна задача на Владата е да спречува младите луѓе да станат криминалци, наркомани и сл. Разликата во овие начини на размислување е во тоа што е првата перспектива е насочена на проблем, додека другата, младите луѓе ги смета како ресурси. 3. МЛАДИНСКА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА Во Република Македонија повеќе од 10 години младиот човек своите интереси и потреби ги остварува самоиницијативно и во корелација со сопственото ниво на информираност и вмреженост во пошироката околина. Отсуството на организирана младинска структура, препозната и поткрепена од домашните и странските фактори, има негативно влијание врз и онака незавидната положба на младите луѓе. Првите сигнали на структуриран приод кон подготовка и имплементација на Младинска национална политика во транзициона Македонија може да се регистрираат од 2001 година. Првата реална активност спроведена потоа која е превземена од владините институции како грижа за младата популација и нејзините потреби, размислувања и предлози, е обемната „Основна студија за младинските трендови во Република Македонија“. Овој документ кој беше финализиран и објавен на почетокот на 2004 година е „предвесник„ на идната Национална стратегија за млади чија што изработка пак беше иницирана веднаш по Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии објавувањето на студијата. Содржината на НСМ се подготвуваше низ обемен национален процес воден од Агенција за Млади и Спорт каде младите луѓе го дадоа својот придонес низ серија на дебати организирани во различни градови во Македонија. Во Националната стратегија се опфатени осум области на делување: образование, младинско самовработување, поддршка пред вработување. Квалитет на живеење, здравство и превенција, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа. Во декември 2004 година НСМ беше свечено предадена на Владата на Република Македонија на усвојување. Официјалното усвојување на документот беше направено во Декември 2005 година. По иницијатива на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Коалицијата на младински организации СЕГА на почетокот на месец Август 2007 година отпочна процес на подготовка на Национален Акционен план за имплементација на Националната стратегија за млади. Оваа обврска на АМС е предвидена со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2007 – 2009, Поглавје 3.26 - Образование и култура, Подрачје 3 – Млади. Процесот беше финансиски поддржан од UNIFEM, АМС и СЕГА.  
  • 18.             17  Целта на НАП за имплементација на НСМ е да обезбеди систематско, фокусирано и сеопфатно делување на актерите во младинската сфера во Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Република Македонија, а во насока на разрешување на младинските проблеми и задоволување на потребите утврдени со Основната студија за младинските трендови во Република Македонија и НСМ. Според Националниот Акционен План беа утврдени главните приоритети врз кои ќе се делува при спроведување на Националната Стратегија за Млади. При подготовката на АП приоритетите беа одредени преку претходно спроведен партиципативен процес вклучувајќи ги организациите кои вклучуваат и работат со млади во своите програми. Анализите од овој процес како и утврдените потреби на Коалицијата преку спроведените проекти и активности ги одредија главните потреби кои ги засегаат младите. Во рамки на НАП за имплементација на НСМ опфатени се четирите сегменти (како што се дефинирани во НСМ) или осум приоритетни области и тоа: образование, младинско самовработување, квалитет на живеење, здравство и превенција, култура, младинско информирање, локална младинска работа и младинска партиципација. За секој од наведените области развиени се посебни Акциони планови на кои им претходи анализа на актуелната состојба во сферата. На редовната седница на Владата на Република Македонија која се одржа на 07 Април 2009 година беше усвоен Акциониот План за имплементација на НСМ без давање на никакви забелешки за АП. Во изминатиот период Коалиција СЕГА спроведе истражување за утврдување на имплементацијата на Конвенцијата за правата на детето во Македонија и спроведе мапирање во 4 општини во РМ со цел утврдување на нивото на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Анализата најмногу ги опфати деловите кои се однесуваат на аспектите на младинско учество, младинско информирање и организирање како и младинскиот активизам. Утврдено беше дека кај младите не постои активизам во состав на училиштето а со тоа и програма за работа на училишните заедници. Исто така младите имаат потреба од вклучување во образовните тела и процеси за да се обезбеди нивното учество во донесувањето на одлуките за прашањата кои ги засегаат нив. Во однос на студентското организирање се идентификува недостиг на капацитети за работа на студентските сојузи (студентски парламенти), а исто така нивото на информираност на студентите е многу мало. На локално ниво младите не изразуваат самоиницијатива за учество во процесите на донесување на одлуки и креирање на политики. Од тоа произлегува и непостоење на институционализирана форма на организирање на младите на локално и национално ниво. Тоа е последица на непостоењето на механизми за информирање на младите на локално и национално ниво. Според тоа може да се заклучи дека има потреба од систематизиран начин на ширење   информации до младите луѓе кои ќе се однесуваат на образование, култура,    
  • 19.   18  спорт, мобилност, граѓанско општество вклучувајќи и можности за активирање на младите во локални иницијативи. Во согласност со досегашните случувања, во Република Македонија постојат два документи кои се донесени на национално ниво. Тоа се Националната Стратегија за Млади и Националниот Акционен План за реализација на истата чија што имплементација не е на потребното ниво. Исто така ратификувана е и Европската Повелба за младинско учество во локалниот и регионалниот живот која е донесена од страна на Советот на Европа. Според тоа, една од причините за недоволното адресирање на младите како приоритет на локално ниво е непостоењето на законска регулатива која ќе го дефинира поимот млади како и младинско работење. Напорите кои Македонија ги вложува во процесите за пристапување кон Европската Унија налага да се прифати и прилагоди регулативата која го регулира статусот на младите, а која е застапена во најголемиот број на држави членки на ЕУ. 3.1 Локални младински политики Покрај државната политика, проактивна политика која е најблиску до младите е локалната политика која може најмногу да допринеси за квалитетен развој на младите во една земја. Тоа е препорака од документите на сите глобални институции од системот на Обединетите Нации како и Совет на Европа и Европската Унија. Таков пристап – креирање на јавни политики за младите на локално ниво содржи два битни елементи: Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  Актери за локална политика за млади (формални институции, граѓанскиот сектор и нивната интеракција) и  Инструменти за локална политика за младите (инфраструктура, буџет, програми, информативни политики, механизми вклучувајќи и млади во процесот на донесување на одлуки и слично, а се вклопено во стратегија за конкретен план за акција). Цел на локалната политика за младите е да воспостави општествена положба за младите луѓе во локалната заедница и што градските институции, градската управа и сите општествени фактори можат да направат за да се подобри положбата за младите. Со тоа јасно се одредува сегашната ситуација целите и намерите во насока на остварување на желбите на младите. Оваа програма станува практична основа на идните делувања на општествениот и политичкиот систем во однос на младите како неисцрпен ресурс.  
  • 20.             19  3.2 Локални Стратегии за Млади во Македонија Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Со цел имплементирање на активности од Националниот Акционен План за имплементација на Националната Стратегија за Млади, а во насока да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница Коалиција СЕГА започнува процес на “Креирање на Локални Младински Стратегии“ во 9 општини (Прилеп, Битола, Кисела Вода, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Штип, Свети Николе и Радовиш) во Македонија. По креирањето на локалните стратегии и акционите планови, ќе биде овозможено ефикасно вклучување на младите во имплементацијата на стратегиите со што младинските потреби ќе бидат издигнати на повисоко ниво зголемувајќи ја транспарентноста на работата на ЕЛС. Корист на Локалните Самоуправи Генерално донесувањето на Локалната стратегија за млади на локалната заедница и овозможува значајни можности да дојде до дополнителни средства од различни донатори. Во основа, документот квалитетно ги согледува состојбата на младите во областите: образование, здравство, вработување, учество на младите, информирање и мобилност на младите, односот меѓу младите и семејството, човекови права, слободно време и култура. Сето ова е дел од десетгодишната Национална стратегија за млади (2005 – 2015). На тој начин Локалната стратегија и Акциониот План за имплементација на истата би претставувал квалитетен предлог проект со кој би можело да се конкурира кај различни донатори. Невозможно е Локалната Самоуправа сама да ги креира и да ги донеси локалната стратегија и акциониот план за имплементација без партиципација на другите засегнати страни во општината. Самиот процес треба да биде транспарентен и да обезбеди вклучување на голем број млади. 3.3 Искуства во креирањето на локалните стратегии за млади Босна и Херцеговина Локалниот акционен план за млади за Бања Лука во сегментот за препораки на локалните власти ги наведува следниве механизми за спроведување на младинската политика:  Референт за млади (самостоен стручен соработник за млади) – лице кое е вработено во Локалната Самоуправа за реализација на      
  • 21.   20  стратегијата за млади. За спроведување на овој документ во иднина треба да се формира одделение за млади.  Управувачки комитет за млади – орган на Локалната Самоуправа кое вклучува претставници од различни сектори и одделенија во Локалната Самоуправа, институција која соработува со младите и ги претставува младите. Управувачкиот комитет го надгледува процесот на имплементирање на младинската политика и дава препорака во тој правец.  Одбор за млади – општинско работно тело. Во него учествуваат претставници на Локалната Самоуправа, претставници на младинскиот совет и младинските организации.  Совет на млади – асоцијација на млади и младински организации на локално ниво. Во локалната политика за млади во Б и Х покрај останатото се препознатлива е и мрежата од референти / службеници за млади во Здружението за службеници за млади во Б и Х. Ова здружение соработува со 30 општини и ги нуди своите услуги како обуки и советувања на локалните референти како и креирање на стратегија за млади. Во него членуваат околу 200 претставници од ЛС и има задача да обезбеди нивна дополнителна обука за што поквалитетно спроведување на младинската политика во локалната заедница. Република Србија Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии Министерството за спорт и млади во Србија во 2008 година ја дефинирало Националната стратегија за млади и во моментов работи на воспоставување на локални канцеларии за млади како и воспоставување на мрежа од тие канцеларии – национални, регионални и локални. Основната функција на овие канцеларии би требало да биде информативна, но исто така во овие канцеларии ќе може да се организираат и некои од активностите за млади. Со реализација на нивната работа би требало да се постигне активно учество на младите и нивен квалитетен живот во локалната заедница. Личноста која работи во оваа канцеларија треба да ја спроведува младинската политика и да биде способна за спроведување на самата младинска работа, да работи на формирање на младинско советодавно тело на локално ниво и да воспостави центар за млади. Министерството за спорт и млади планира да формира национална организација како и репрезентативно тело за млади на локално ниво кое би допринесувало за јакнење на политиката за млади и подобро прифаќање на потребите на младите во заедницата.  
  • 22.             21  4. ЧЕКОРИ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА Прирачник за креирање на Локални Младински Стратегии  Воспоставување на соработка со Локална Самоуправа  Формирање на тим кој ќе го координира процесот на ЛМС  Дефинирање на потребите на младите и локалните заедници  Промоција на дефинираните потреби на младите и локалните заедници  Формирање на работна група која ќе ја изготвува ЛМС  Следење на работата на работната група  Прв дел од документот: Анализа на моменталната ситуација  Втор дел: 5 годишна стратегија  Трет дел: Акционен план за првата година  Нацрт документ за локален парламент  Документ на јавна расправа  Усвојување на документот на Совет на општина  Печатење на ЛМС, промоција и дистрибуција 4.1 Воспоставување на соработка со локална самоуправа Ефикасна младинска политика на локално ниво бара вклученост на различни актери: локални авторитети, млади, локални организации и институции. Некои заедници користат пристап одозгора - надолу, што значи дека локални власти одлучуваат за политиката и потоа ја спроведуваат сами или пробуваат да најдат партнери за да го имплементираат тоа. Сепак ова не е многу партиципативен пристап, препорачливо е различни актери да бидат вклучени во целиот процес од најраните фази. Иницијативата за креирање на локалните политики за млади може да ја поднеси самата Локална Самоуправа и сите заинтересирани страни во локалната заедница: невладини организации, самите млади, локални институции. Многу често иницијативите за креирање на локални стратегии се одбиваат од причина што од ЛС објаснуваат дека политика за млади веќе постои. Дел од општините имаат Акционен План за имплементација на детските права. Двете целни групи млади и деца во еден дел се поклопуваат (возраста од 15 – 18 години), треба да се кажи дека популацијата деца ја сочинува сета популација на деца од 0 – 18 години, а популација млади од 15 – 30 години. Овие групи имаат различни потреби и не треба да се изедначуваат. Со цел да се обезбеди соработка на сите оние кои што ќе учествуваат во процесот на креирање на Локална Младинска Стратегија многу е важно да се