O slideshow foi denunciado.
Utilizamos seu perfil e dados de atividades no LinkedIn para personalizar e exibir anúncios mais relevantes. Altere suas preferências de anúncios quando desejar.

Лифлет и Пријава за обуката: ,,Дизајнирање на проект"

760 visualizações

Publicada em

Маркет Ком Kонсалтинг - Менаџмент Aкадемија
ОБУКА: ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ПРОЕКТ
23 – 24 Септември 2015
Времетраење: 10:00 – 18:00 часот
Локација: Скопје
Рок за пријавување: 10 Септември, 2015
E-mail: contact@marketcomconsultancy.com
Лифлет, Пријава за учество

Publicada em: Negócios
  • Seja o primeiro a comentar

Лифлет и Пријава за обуката: ,,Дизајнирање на проект"

  1. 1. 10% попуст за пријавување до 10 Септември 2015! © Маркет Ком Консалтинг 1 Менаџмент Aкадемија Маркет Ком консалтинг Скопје ОБУКА: ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ПРОЕКТ Ефективното развивање и пишување на еден проект е критично за неговиот успех и за успехот на вашата работа. Оваа обука ви овозможува да научите докажани техники и вештини што ќе ви помогнат да пишувате успешни проекти и да ги остварите резултатите што ги посакувате. Научете ги тајните, научете што треба да правите и што не смеете да правите ако сакате успех. Обуката ве учи како да анализирате и планирате, како да пишувате и да ја усовршувате вештината на убедување преку развивање на аргументи што го убедуваат секој донатор да ве поддржи. Обуката ќе ви помогне да станете многу поуспешни во промовирањето на вашите идеи пред донаторите преку примена на конкретни техники и алатки, да развиете вештини на едноставен, практичен и применлив начин. Ќе научите:  Да развивате и пишувате квалитетни, успешни проекти,  Какви видови информации и податоци мора да содржи секој проект,  Да ги препознаете и развиете клучните елементи на проектот,  Да ја идентификувате, документирате и опишете состојбата што сакате да ја промените и подобрите со вашиот проект,  Да дефинирате мерливи резултати што планирате да ги остварите,  Да докажете дека вашата организација може да ги исполни ветувањата и обврските,  Да креирате квалитетен и убедлив наративен проектен предлог,  Да креирате солиден буџет за проектот,  Да подготвите гантограм – временски план со фази, активности и рокови,  Да развиете реалистични, мерливи индикатори за евалуација на резултатите,  Да бидете организирани и активни во барањето и наоѓањето на донатори за вашите проекти. Придобивки Во вашата организација ќе се вратите со подготвен проект со кој ќе можете да аплицирате за финансиска поддршка. Во текот на обуката и по нејзиното завршување ќе добиете бесплатен консалтинг, упатства и совети што ќе ве водат во процесот на финализирање на проектот и аплицирање. Затоа оваа обука не смеете да ја пропуштите!
  2. 2. 10% попуст за пријавување до 10 Септември 2015! © Маркет Ком Консалтинг 2 За кого е наменета обуката Оваа обука е идеална за вас доколку сакате да научите како се дизајнираат успешни проекти. Доколку сте раководно лице, проект менаџер, член на проектен тим или активист во невладина организација, доколку работите во јавна организација или во приватниот бизнис сектор и делувате како водител на проекти, член на проектни тимови или раководител, оваа обука ќе ви помогне да ја подобрите вашата работа и да ги зголемите резултатите преку развивање и спроведување на ефективни проекти. Методологија Обуката е интерактивна, динамична, со применливи примери и случаи од пракса, работа на компјутер, ЛЦД проекции, флип-чарт активности, тестови, вежби, дискусии и други интерактивни техники. Нашата методологија ви овозможува веднаш да почнете да го применувате новото знаење во пракса, да развиете силни вештини и да стекнете трајно знаење. Само преку активно учење теоријата можете да ја примените во пракса. Затоа сме најдобри. Термин за одржување Обуката ,,Дизајнирање на проект,, е дводневна и ќе се одржи на 23 и 24 Септември 2015 година од 10.00 - 18.00 часот. Локација Тренинг центар, Скопје Пријавување и уплата Редовна цена на обуката е 6.490 МКД. Уплатата за учество на оваа обука е 5.900 МКД со попуст од 10% за пријавување до 10.09.2015 и вклучен ДДВ 18%. За втор учесник од иста организација се доплаќа 90%. За трет учесник од иста организација и за секој нареден се доплаќа 85%. Цената вклучува:  Прирачник,  Електронски и печатени темплејти и други дополнителни материјали,  Работа на компјутер,  Сертификат,  Пијалоци и храна во текот на паузите. За да се пријавите на обуката, ве молиме пополнете ја пријавата (во прилог) и испратете ни ја на е-маил: contact@marketcomconsultancy.com Краен рок за уплата е петок, 19.09.2015 година. Максимален број на учесници во група: 10 (десет)
  3. 3. 10% попуст за пријавување до 10 Септември 2015! © Маркет Ком Консалтинг 3 [to mislat u~esnicite za na{ite obuki  Obukata na Market Kom e celosno definirana, maksimalno strukturirana i organizirana, primenliva, so visoki individualni i korporativni elementi {to dava satisfakcija i go podobruva timskiot duh.  Pristapot e idealen, stilot e ednostaven, prakti~en, dinami~en i bez te{ki teoretski interpretacii, predava~ot e komunikativen i otvoren, vistinski profesionalec, koj odli~no go prenesuva svoeto znaewe.  Ova e edinstvenata profesionalna obuka {to postoi vo Makedonija.  Programata e so maksimalen kvalitet i e prisposobena na potrebite.  Market Kom e edinstvenata konsultantska firma vo Makedonija koja mo`e da gi zadovoli potrebite na sekoja kompanija.  Obukata go razviva menaxerot i negoviot tim, im nudi novi vidici, mo`nosti i tehniki, gi unapreduva nivnite ve{tini, a organizacijata dobiva.  Ova e edinstveniot na~in da se povrzat teorijata i praktikata. Повеќе информации: Менаџмент Академија Тел.: 070 270 803 Маркет Ком консалтинг П.Фах 362, 1000 Скопје Република Македонија Тел.: (02) 3109 802 contact@marketcomconsultancy.com www.marketcomconsultancy.com www.facebook.com/MarketComConsultancy За MCC – Market Com Consultancy Од нашите почетоци во 2000-та година посветени сме на развојот на приватниот бизнис и на невладиниот сектор во Република Македонија. Во нашето портфолио на клиенти ќе најдете над 80 домашни и странски невладини организации, меѓународни донатори и нивни проекти за техничка помош. Нашите клиенти од приватниот бизнис сектор се странски и домашни компании од 18 различни дејности. За нив создаваме раст, успех и вредности. Тајната на нашиот успех Успешни сме зашто ги применуваме најдобрите меѓународни знаења, стандарди и практики.
  4. 4. 10% попуст за пријавување до 10 Септември 2015! © Маркет Ком Консалтинг 4 Менаџмент Aкадемија Маркет Ком консалтинг Скопје Над 4.000 учесници од приватниот, од јавниот и од невладиниот сектор ги посетувале нашите обуки и курсеви во изминатите 15 години. Академијата реализира 50 тренинг програми во 8 различни области:
  5. 5. 10% попуст за пријавување до 10 Септември 2015! © Маркет Ком консалтинг 1 ОБУКА: ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ПРОЕКТ 23 – 24 Септември 2015 Времетраење: 10:00 – 18:00 часот Локација: Скопје ПРИЈАВУВАЊЕ Рок за пријавување: 10 Септември, 2015 Рок за уплата: 19 Септември, 2015 Ве молиме пополнете ја пријавата и испратете ја на нашиот e-mail: contact@marketcomconsultancy.com Маркет Ком консалтинг Скопје Менаџмент академија Информации на тел.: +389 70 270 803 ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО Име Презиме Работно место Организација ЕМБС ЕДБ Телефон e-mail ЦЕНА: НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Редовна цена на обуката е 6.490 МКД. Уплатата за учество на оваа обука е 5.900 МКД со попуст од 10% за пријавување до 10.09.2015 и вклучен ДДВ 18%. За втор учесник од иста организација се доплаќа 90%. За трет учесник од иста организација и за секој нареден се доплаќа 85%. Маркет Ком консалтинг Дооел Скопје ЕДБ МК: 4030000403009 Уплатата се врши на нашата жиро сметка: 210054842600184 во НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

×