16. Публикации кои може да ви користат
• Безбедно на интернет
• Брошура за заштита на личните податоци и
приватноста на интернет
• Онлајн активизам
• и други, достапни на
metamorphosis.org.mk/mk/izdanija-resursi
www.metamorphosis.org.mk
17. Ви благодарам
на вниманието!
Прашања?
www.metamorphosis.org.mk
Notas do Editor
Глобални гласови е интернационална мрежа од блогери кои преведуваат, известуваат и ги бранат блоговите и граѓанските медиуми од целиот свет. На ГВ може да читате на теми кои не се застапени во традиционалните медиуми, и од гледна точка на авторите кои известуваат избалансирано и со поткрепени извори. Во овој проект може да се вклучите како преведувачи, со што ќе овозможите луѓето на македонски да читаат за интересни теми од целиот свет.
Вики.мк е има за цел да го надополни недостигот од информации од локално значење – во повеќе општини во Македонија, на пример, единствен извор за информации се веб-страните на локалната самоуправа, кои ретко се ажурираат. Користејќи ја оваа платформа, корисниците може да пишуваат за локални теми и збиднувања кои се интересни и за пошироката публика, притоа промовирајќи ги истите на оваа отворена платформа.
Пинг е агрегатор на е-содржини кои се собираат автоматски преку претходно задавање на РСС фидови до веб-сајтови или тематски посебни делови од нив. Покрај собирањето на сите видови содржини, овој веб-сајт има можност за гласање од страна на регистрираните корисници со што линковите до најпопуларните содржини, фер и демократски избиваат меѓу првите. Тој обединува содржини од секаков тип на локални веб-сајтови, а негова основна намена е промовирање на алтернативните извори на информации кои нудат квалитетни анализи или издржани мислења, од индивидуални блогови, преку веб-сајтови на организации и портали, до било кој вид на нови медиуми.
Кауза.мк е збир на онлајн заедници за каузи од големо значење за развојот на македонската демократија. Кауза ви овозможува да блогирате на различни теми, како што се демократија, екологија, активизам, граѓанско општество, меѓуетнички соживот и многу други.
Криејтив Комонс се лиценци кои ви овозможуваат да ги заштите вашите авторски права над одредено дело преку избор на неколку лиценци. Тие имаат за цел да поттикнат споделување на содржина под услови кои вие ќе ги одредите при избор на лиценцата со која го заштитувате вашето дело.
Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ има за цел да влијае на подигање на свеста и капацитетот на академската јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија. На сајтот ќе може да најдете доста корисни ресурси кои се слободни за употреба.
Пиши.им е веб-сервис кој им овозможува на граѓаните на едноставен начин да ги исконтактираат своите избраници (градоначалник, советник или пратеник). Преку овој сервис граѓаните може да напишат пофалба или поплака која директно ќе стигне до нивниот избраник.
PopraviMK е сервис кој им овозможува на граѓаните да помогнат во откривање на проблеми настанати на јавна површина. Со нивно споделување граѓаните им помагаат на општините побрзо и поефикасно да ги отстранат.
Вистиномер.мк, преку тим на стручни лица од соодветните области, ги анализира ветувањата на политичките субјекти и ги презентира во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Секое идентификувано ветување добива оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето. Ветувањата кои се нелогични или искажани на начин што оневозможува да се проверат се означени како недоследни. Преку запознавање со ветувањата и со аргументите од објасненијата, граѓаните се едуцираат како да ги читаат и интерпретираат изборните програми и платформи, како и самите да следат и да оценуваат колку од тоа што е напишано и ветено се исполнува.
ГЛАСОМЕР е онлајн алатка за едукација и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011 г. во Република Македонија. Гласомер функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија.
Блог за документирање на случувањата, следење на настаните и дискусии на тема приватност. Тука може да најдете корисни информации во поглед на заштита на вашата приватност, вести и случувања од Македонија и светот, како и ресурси на оваа тема.
Иако првично создаден за да придонесе кон поголема безбедност и заштита на правата и приватноста на децата на интернет, овој веб-сајт изобилува со информации кои се корисни и за нас возрасните. Тука може да најдете мноштво интерактивни содржини, изданија на тема приватност, како и корисни совети за тоа како да ја заштитите вашата приватност и безбедност на интернет.