Mais conteúdo relacionado Mais de Support for Improvement in Governance and Management SIGMA (20) Agenda, Audit of COVID related expenditures, SIGMA, 17 February 2021 (Macedonian)1. 2 Rue André Pascal
75775 Paris Cedex 16
France
mailto:sigmaweb@oecd.org
Tel: +33 (0) 1 45 24 82 00
www.sigmaweb.org
. Овој документ е подготвен со финансиска помош од Европската унија (ЕУ). Документот не треба да се
смета дека ги одразува официјалните ставови на ЕУ, на ОЕЦД или на нејзините земји-членки, или на
партнерите кои учествуваат во програмата СИГМА. Мислењата коишто се изразени и изнесените
аргументи се ставови на авторите.
Овој документ и секоја мапа вклучена во истиот не се во спротивност со статусот или суверенитетот на
која било територија, означувањето на меѓународните граници и со името на која било територија, град
или област.
© ОЕЦД 2021 – Користењето на овој материјал, во дигитална или печатена форма, е уредено со Условите објавени
на веб-страницата на ОЕЦД http://www.oecd.org/termsandconditions.
Мрежа на врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати
за членство во ЕУ и Европскиот суд на ревизори
Ревизија на расходи поврзани со КОВИД-19
Виртуелна работилница – 17 февруари 2021 година, 10:00 до 12:15 часот
1. Добредојде и вовед 10:00 - 10:15
• Добредојде и цели на настанот – Аластер Сварбрик и Бјанка Бретеше, СИГМА
• Контекст – Да се обезбеди уверување за програмите поврзани со КОВИД-19 преку ревизии
на усогласеност – Мартин Синклер, експерт на СИГМА. Г. Синклер ќе даде краток преглед
на примената на ревизиите на усогласеност за подобрување на отчетноста и
транспарентноста на итните расходи за справување со пандемијата од КОВИД-19.
2. Студии на случај за ревизии на усогласеност
• Латвиското искуство – Марита Салграве, експерт на СИГМА, поранешен член на Советот на
Државниот завод за ревизија на Латвија и раководител за стратегија. Г-ѓа Салграве ќе
претстави како Државниот завод за ревизија на Латвија користи ревизии на усогласеност за
да даде уверување за расходите поврзани со КОВИД-19: процесот на избор на ревизии,
ревизорски пристап, наоди и механизми за известување, одговарање на очекувањата на
засегнатите страни. Тоа ќе вклучува примери на спроведени ревизии.
• Северна Македонија – Државниот завод за ревизија на Северна Македонија ќе го претстави
она што може да биде споделено во оваа фаза за нивните последни ревизии на усогласеност
поврзани со КОВИД-19, особено за процесот на избор на ревизиите, ревизорскиот пристап
и извлечените поуки.
• Општа дискусија, вклучително и прашања и одговори за презентациите.
• Заклучоци за можностите и предизвиците (Мартин Синклер).
3. Спроведување ефективна ревизија кога се работи во ограничувањата кои ги наметна
пандемијата
11:15 - 12:10
• Панел-дискусија – во панел дискусијата ќе се разгледува начинот на кој ВРИ од Латвија и
Турија ја приспособиле својата работа за да одговорат на ограничувањата наметнати за да
се ублажи ефектот на пандемијата.
- Модератор – СИГМА
- Латвија – Марита Салграве
- Турција – Aјсун Челебчи, виш ревизор, Суд за ревизија на Турција
• Општа дискусија – претставниците на секоја ВРИ се поканети да дадат краток преглед на
можностите и пречките кои произлегоа од ограничувањата воведени за да се ублажат
влијанијата на пандемијата врз општеството.
• Заклучоци (Мартин Синклер).
4. Заклучоци и наредни чекори 12:10 - 12:15 часот
• Наредни чекори – Аластер Сварбрик и Бјанка Бретеше, СИГМА