3. Намалете ја температурата на термостатот за
греење кога одите на спиење или сте отсутни од
домот. Користите тајмери за вклучување во време
кога струјата е најефтина и сензори за светло кои
се палат само кога е некој присутен. Затворете ги
вратата, прозорците и секаде поставете гумени
дихтунзи за изолација, а тоа ќе ви исплати уште со
првата сметка за струја.
Греење
4. Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите
за да го намалите одлевањето на топлината во
текот на ноќта, а отворете ги во текот на денот за
да ја искористите сончевата топлина. Загревајте ги
само просториите во кои престојувате.
Инвестирајте во прозори со вакум, со дупло
стакло. Ако е премногу ладно размислувајте и за
ставање на стиропор или картон преку
прозорското стакло Изолираниот ѕид штеди 30%
од енергијата Садете дрвја како штити од
прегревање или од ладните ветрови. Ползавците
во текот на летото ладат, а во текот на зимата ја
загреваат куќата.
5. Осветлување
Изгасете го светлото во споредните простории
Користете сијалици со различна јачина за
различни потреби Користете сијалици со
економична потрошувачка (мини-
флуоресцентни, електро-луминесцентни), бидејќи
трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати
подолго За надворешното осветлување користите
фотоќелии кои се палат само кога ќе се појави
некој.
6. Подготвување на оброци - шпорет
Користете експрес лонец бидејќи тој го намалува времето на
готвење од 1 час на 10 минути Експрес лонецот штеди енергија,
време, пари и ги чува хранливите состојки во храната Ставете
капак на садот во кој готвите, бидејќи на тој начин се намалува
потребното време и потребната струја за готвење и се зачувува
вкусот на храната Користете ја онаа рингла која е со иста
големина или помала од садот за готвење Користете ги сите
нивоа на рерната за да подготвите повеќе јадења одеднаш. На
тој начин заштедувате време, струја и пари. Не ја отварајте
рерната додека готвите, бидејќи ја ладите и го продолжувате
потребното време-користете го контролното светло на рерната.
7. Не ставајте топли јадења во фрижидерот. Не го отварајте
премногу често. Чистете го фрижидерот од мраз и ако е
потребно променете ја гумата на вратата. Проверете го
термостатот: фрижидерот најефикасно работи ако
температурата е подесена помеѓу 3от и 5от степен, а
замрзнувачот на 0 степени целзиусови. Избришете ги
водените капки од шишињата и садовите пред да ги
ставите во фрижидер. Не го поставувајте фрижидерот
пред радијатор, шпорет и други извори на топлина
бидејќи на фрижидерот ќе му биде потребно многу
повеќе време за да ја постигне потребната температура.
Фрижидер
8. Машина за миење на садови
Машината за миење на садови троши помалку
електична енергија од рачното миење со топла
вода од бољерот. Машината за миење на садовите
троши повеќе енергија за сушење отколку за
миење на садовите. Не користете вода од
проточен бољер бидејќи тој троши повеќе од
обичниот.
9. Бојлер
Најмалку бигор се собира на грејачот на бојлерот
ако тој е подесен на 60 степени. На секои 18
месеци исчистето го бигорот од грејачот. За едно
капење во када се троши топла вода како за три
туширања. Исклучете го бољерот кога го
напуштате станот подолго од еден ден.
10. Машина за перење
Машината за перење најмногу троши на 95 ° С
Вклучете ја само кога е полна Користете кратки
програми за перење Не ставајте премногу прашак
за перење, бидејќи премногу прашак го отежнува
перењето и бара дополнително плакнење.
11. Пеглање
Пред пеглање сортирајте ги алиштата според
температурата која е потребна за одреден вид на
облека. Алиштата пред пеглање не треба да бидат
ниту премногу влажни ниту премногу суви,
бидејќи тогаш пеглањето трае неспоредливо
подолго. Прво пеглајте ги оние алишта за кои е
потребна пониска температура. На крај исклучете
ја пеглата и допеглајте го остатокот со исклучена
пегла.