2. Стуктура на бубрегот
– Бубрези се два парни органи, одговорни за одржување на
постојана рамнотежна состојба во организмот т.н. состојба на
хомоестаза, но исто така истите се одговорни и за отстранување
(екскреција) на крајните непотребни продукти (екскрети) од
метаболизмот.
– Бубрезите се составени од милиони мали единици – филтри,
наречени нефрони. Овие нефрони ја вршат екскрецијата на
вишокот соедниненија во урината.
3. Локација на бубрезите
– Бубрезите се сместени во грбниот дел од стомачнат празнина.
Секој бубрег е затворен во капсула од сврзно ткиво, а исто така
бубрезите се обвиени со масно ткиво кое ги штити бубрезите
од: повреди, потреси и настинки
(термоизолатор).
4. Надворешен изглед на бубрезите
Бубрегот е со форма на зрно грав. Сплескан орган е со должина од
10см, широчина од 5см и дебелина од 2,5см.
Од внатрешната страна на бубрегот се наоѓа
вдалбнатина наречена бубрежна чашка
низ која бубрежната артерија,
вена и мочоводите се поврзуваат со бубрегот.
5. Внатрешна градба на бубрезите
На напречен пресек на бубрегот се разликуваат три слоеви:
– Бубрежна капсула служи за прицврстување на бубрезите за
телесниот ѕид и амортизација на потресите.
Бубрежна кора (кортекс) е надворешнот слој на бубрегот во кој
се сместени нефроните (основни структурни и функционални
телца на бубрегот). Во бубрежната кора има 1
милион нефрони.Целиот бубрег е опфатен со тенка сврзна
обвивка која го држи компактно бубрежно ткиво.
6.
7. Внатрешна градба на бубрег
– Бубрежната срцевина (медула) е
составена од собирни каналчиња кои
ги градат бубрежните пирамиди(10-
12)кои се отвараат во бубрежните
чашки.
– Бубрежното леѓенче е
највнатрешниот дел од бубрегот во
кој се собира мочта, која потоа оди во
мочководите, а од таму во мочниот
меур и преку мочниот канал се
исфрла во надворешната средина.