SlideShare a Scribd company logo
1 of 44
Download to read offline
Годишен извештај
2018
MAKEDONSKI
CENTAR ZA
ME|UNARODNA
SORABOTKA
2
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Издавач:
Македонскицентарзамеѓународнасоработка(МЦМС)
Адреса на издавачот:
ул. Никола Парапунов бр. 41а п.фах 55 10160
Скопје, Република Македонија
Контакт:
Тел.: 02/3065 381 факс: 02/3065 298
e-mail: mcms@mcms.mk www.mcms.mk
Прв извршен директор: Александар Кржаловски
Извршен директор: Гонце Јаковлеска
Фотографии: Фотоархива на МЦМС
Одговорен уредник: Гонце Јаковлеска
Подготовка: Александра Сиљановска
3
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
СОДРЖИНА
Порака од раководството 04
За МЦМС 05
25 години МЦМС 06
Вкоренето и влијателно граѓанско општество 08
Добро владеење и борба против корупција 19
Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата 26
Партнерства, односи со јавност и поддршка 33
Односи со актерите 34
Поддршка – Одржлив МЦМС 34
Односи со јавноста 36
Организација 38
Независно ревизорско мислење 40
Финансиски извештај 41
4
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Годината што помина за МЦСМ беше година на обележување на значаен
јубилеј, 25 години од основањето на организацијата. Четврт век во кој спрове-
довме повеќе од 1650 проекти со вкупен буџет од над 60 милиони евра и уште
поважно, години во кои заедно со нашите корисници ги менувавме животите
на граѓаните во градовите и селата, на младите и старите, на мажите и жени-
те, Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци или Власи и други. Им
благодариме на сите кои придонеле МЦМС да биде тоа што е денес – силна и
кредибилна организација која е способна да се фати во костец со предизви-
ците што ги носи новото време.
Во годината на јубилејот, МЦМС спроведуваше 37 проекти три од неговите
долгорочни цели, со вкупен буџет околу 116 милиони денари.
Оваагодиназавршипрограмата„Цивикамобилитас“вокојавкупниотбројдо-
делени и реализирани грантови беше 232. Годинава се одржаа пет форуми на
актуелни теми. Отворени се три ресурсни центри од програмата Национален
ресурсен центар за граѓански организации (НРЦ) кои им се на располагање
на граѓанските организации. Вработените обезбедија поддршка за изработ-
ката на четвртиот Национален акциски план за отворено владино партнер-
ство и организираа дебата за регрантирање. Преку програмата Одржливо
граѓанско општество – Државно финансирање на граѓански организации беа
доделени 10 грантови за јакнење на ГО за добро управување, а за грантистите
се одржа и обуката за организациски развој и систем на квалитет. Заврши и
проектот „Топ тема на ваша страна“ преку кој, оваа година беа обучени нови
15 граѓански новинари, беа спроведени осум телефонски анкети и доделени
награди на ХХ граѓанските новинари. Заврши проектот „Следење на работа-
та на ДКСК“ од кој произлегоа вредни препораки кои Комисијата делумно
ги прифати. Беше подготвен и новиот Извештај за проценка на корупцијата
2018. Започна новата програма Регионална мрежа за антикорупција што ја
раководи МЦМС, а се спроведува во девет земји во регионот. МЦМС рено-
вираше и опреми дел од просториите на средното електротехничко училиште
од Прилеп, со што се овозможи учениците да учат низ практична работа. По
интервенциите, надминати се проблемите со злоупотреба на детски труд кај
20семејстваворегионотнаКривогаштани,ПрилепиКрушево.Делодинфор-
мациите ги дистрибуиравме преку нашата веб страна која годинава имаше
зголемување на посетите за 41,6 % во однос на претходната година.
МЦМСбешеделоднекоиодглавнитепостигнувањазаподобрувањенафунк-
ционирањето на граѓанското општество. Претставници на организацијата,
заедно со уште шеесетина претставници на други граѓански организации
учествуваа во подготовката на Стратегијата за соработка со и развој на граѓан-
скиот сектор што Владата ја донесе во октомври 2018 година. МЦМС, заедно
со другите ГО силно лобираше во процесот на воспоставување на Советот за
соработкасоиразвојнаграѓанскиотсекторштокакосоветодавнотелонаВла-
дата беше основан во април 2018 година.
Порака од раководството
Александар
Кржаловски
Прв извршен директор
Гонце
Јаковлеска
Извршен директор
5
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
За МЦМС
Визија и мисија
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на
граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето
во Македонија, на Балканот и глобално.
МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското
општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамноме-
рен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност
и културна разноличност.
МисијатанаМЦМСедапредводипроменисоновииалтернативнирешенија
на општествените проблеми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучува-
ат во главните текови.
Цели и методи
Долгорочни цели на МЦМС се:
↗↗ Вкоренето и влијателно граѓанско општество
↗↗ Добро владеење и борба против корупцијата;
↗↗ Социјална инклузија и кохезија;
↗↗ Поддржан процес на евроинтеграција;
↗↗ Подготвеност за миграциски предизвици;
↗↗ МЦМС, независна и организација со кредибилитет – тивок но видлив
поврзувач;
↗↗ МЦМС, атрактивна и иновативна организација.
МЦМС активностите ги остварува преку:
↗↗ Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и
влијание на политики, следење и барање одговорност);
↗↗ Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура);
↗↗ Социјално- хуманитарна поддршка.
Организациските методи се раководење и спроведување.
6
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
„Посредник меѓу локалните потреби и меѓународните можности“, „чадор на граѓанските организации
на Македонија“, „кршач на мраз“, „пополнувач на јазовите“, „тивок поврзувач“ „организација со став“,
се само дел од фразите кои го карактеризираат МЦМС кој на 14 декември 2018 година со Свечена ака-
демија прослави 25 години од своето основање.
На настанот присутните се присетија на успесите кои го одбележаа овој четврт век работење на ор-
ганизацијата. Во овој временски период, МЦМС спроведе 1.652 проекти од различни општествени
сфери со буџет од над 60 милиони евра.
„Кога се прави ретроспектива лесно е да се каже дека времето ги носи настаните и ништо не зависи
од личностите, демек работите ќе се случеле и вака и онака. Тоа никако не важи кај нас. Тука е мал
временскиот лост и раситнет човековиот потенцијал. Верувајте ми, да не беше МЦМС многу работи
немаше да се случат, а Македонија ќе беше поматно и понесреќно место за живеење“, рече Звонко
Шаврески од Полио плус како долгогодишен партнер на МЦМС.
Обезбедена чиста вода за пиење во 262 села во Македонија, итна реакција за време на двете кризи
во 1999 и 2001 година, вклучување на Ромите во образованието и работната сила, зајакната економ-
ска независност на жените од конфликтните подрачја, подобрени услови за работа и учење во 16 учи-
лишта, кампањи за подигнување на свеста и публикации за аргументирана расправа се само дел од
резултатите со кои организацијата може да се пофали.
Жак Вилемсе , поранешен член на Конзорциумот за Македонија (донаторската заедница), говореше
за почетоците на МЦМС и за бројните проекти за водоснабдување на заедниците. „Кога се осврнувам
наназаднаМЦМС,негигледамсамобројкитеилиониеработикоиможедасеизмерат,тукуистотака
пораката која тие ни ја пренесоа нам, како и на нивниот народ. Мислам дека тоа е една од причините
порадикои25годиниподоцнаМЦМСсеуштепостои.Сумвиделмногуновиорганизациикоидоаѓаат
и си одат, но МЦМС е еден од извонредните примери за човековиот успех.“
„Во МЦМС сум од самиот негов почеток и сум еден од ентузијастите кои се обидуваат да дадат визија
на оваа организација заедно со другите“, рече Наташа Габер Дамјановска, поранешен член и претсе-
давач на Управниот одбор на МЦМС. Таа се осврна кон активностите кои ја обликуваа овозможувач-
ката околина за благопријатен развој на граѓанските организации и за да се постигне развиен, одрж-
лив и влијателен граѓански сектор.
Ризван Сулејмани, претседавач на Советот на МЦМС истакна дека „големината на МЦМС не е во тоа
што има еден од најголемите буџети на граѓански организации, ниту во тоа што е една од најголемите
организации во државата. Неговата големина е во тоа што пред сите успеа да ја препознае силата на
комплементарното единство на различните етнички, социјални и религиозни заедници кои успешно
ги менаџира и наместо деструктивни конфликти произведе компаративно единство и синергија.“
Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, рече дека за четврт век МЦМС стана фак-
тор на развој на граѓанското општество и промотор на европските вредности. „Овие постигнувања не
беа лесни. Напротив, бараа долги напори, чести усогласувања на разни засегнати страни, интереси и
мислења. Водилка отсекогаш ни била потребата од градење консензус“, потенцираше тој, додавајќи
декаопштественатаполаризацијаепоследицаоднеможностазапостигнувањеконсензусоколуклуч-
ните општествени прашања. Колку и да мислиме дека е лошо во државата, додаде тој, сепак, многу е
направено и променето за овие 25 години во Македонија.
На крај, во кратко обраќање, поранешниот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски, истакна
дека МЦМС треба да инсистира на тоа дека само добра волја и напорна работа можат да доведат до
успех, а тој како и секој родител, е горд на организацијата во која прерасна МЦМС.
25 години МЦМС
7
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
25
години
1993
2018
Низ годините
1650
проекти
60 мил €
буџет
9
цели
8
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ВКОРЕНЕТО И
ВЛИЈАТЕЛНО
ГРАЃАНСКО
ОПШТЕСТВО
9
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА
ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА
МОБИЛИТАС“
Постигнување мерливи и трајни подобрувања на граѓанското
општество во неговото практикување вредности, вклучување на
граѓаните, ниво на организација и перцепција на влијанието
Во 2018 година беа доделени последните 12 грантови на здруженија, фондации и неформални групи граѓани.
На крајот на 2018 година, програмата имаше доделено вкупно 232 грантови, а вкупната финансиска поддршка
изнесуваше над 300 милиони денари.
Над 440 членови на граѓански организации, граѓани, претставници на другите актери на граѓанското општест-
во и на институциите, претпријатијата и медиумите учествуваа во петте форуми. Во 2018 година беше одржана
работилницата за мерење и комуницирање на резултатите. Таа беше последна од Програмата за учење која им
помогна на 100-те грантисти од „критичната маса“ да ги зајакнат своите капацитети.
WWW.CIVICAMOBILITAS.MK
10
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Премиерот Заев се соочи со граѓанските
организации
„Активно учествувавте сите во реформските промени со
коишто ја поставивме и ја движиме Македонија стабилно
на патот кон Европската Унија и НАТО. Вашето теренско
искуство, долгогодишната работа, анализите за клучните
состојби во државата се од директен интерес за граѓаните
на Република Македонија и помогнаа кога го создававме
реформскиотплан3-6-9“,речепремиеротЗоранЗаевнаот-
ворањетонатематскиотфорумнаЦивикамобилитас„Една
година Влада- осврт на граѓанските организации“ што се
одржа на 31 мај 2018 година.
Во структурирана расправа, повеќе од 100 претставници
на граѓанските организации имаа можност да упатат пра-
шања поврзани со нивното работење, да ги коментираат
досегашните постигнувања како и да ги изразат нивните
очекувања.
Меѓупрвитепрашањабешеионакоесеоднесувашенафи-
нансирањето на граѓанските организации. „Многу е важно
коиќебидаталаткитезараспределбатанапарите.Верувам
дека треба да определиме буџет и да го алоцираме, и на-
шата работа да застане тука. Добрите меѓународни пракси
вие треба да ни ги предочите за да можеме да ги канализи-
раме тие буџетски средства во некоја фондација, каде на
транспарентен начин ќе одлучувате вие занивнатараспре-
делба“, рече премиерот Заев. Зборувајќи за подготвеноста
на Владата за идните преговори со ЕУ, премиерот истакна
дека планираат да го вклучат граѓанското општество во
преговарачките тимови за секое од поглавјата.
Во врска со мерките за борба против корупцијата, преми-
ерот изјави дека новата антикорупциска комисија ќе биде
воспоставена на основа на новиот закон што е во подготов-
ка. Според него, во Комисијата не треба да има политича-
ри,тукунезависниинтелектуалцииекспертиодграѓански-
от сектор.
Премиерот зборуваше и за правото на децата на чист воз-
дух. „Повеќето мерки што ги преземавме се на средноро-
чен, односно долгорочен план и резултатите од нив допрва
ќе дојдат. Но, презедовме и краткорочни мерки тогаш кога
беше најкритична ситуацијата“, рече тој. На лицата со поп-
реченост и на Ромите им порача да аплицираат за позиции
во управните, регулторните тела и Владата, како решение
за нивното ниско учество во овие институции. За родово-
то одговорно буџетирање тој истакна дека веќе при први-
от ребаланс ќе се знае дали е применето, и дека тој лично
ќе инсистира на тие проверки. Според него, Владата нема
поддршка ниту разбирање од останатите партнери и поли-
тички партии по прашањето за значителната родова неед-
наквост во Владата а и во Собранието.
„Медиумски пазарења нема да постојат, а ќе има соодвет-
на поддршка за пишаните медиуми и МРТВ како јавен сер-
вис“, вети премиерот Заев. Тој додаде дека реформите на
медиумското законодавство се заглавени во Собранието.
Во втората сесија Дамјан Манчевски, министер за ин-
форматичко општество и администрација, одговараше на
прашањата на граѓанските организации поврзани со пре-
вработеноста на администрацијата, блокираните сметки
на општините, несоодветните кадри кои се поставени во
казнено поправниот дом Идризово и фондовите на ЕУ кои
треба да одат преку Владата.
11
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Четвртата средба за вмрежување на
организациите со признанија за посебни
постигнувања
„Во последните две-три години иницијативите на граѓан-
ското општество обезбедија опипливи промени во земјата
што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото
влијание. Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се
далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои до-
бра основа за дијалог и отвореност за соработка.“ Со овие
зборови амбасадорката на Швајцарија, нејзината ексе-
ленција Сибил Сутер Тејада ја отвори четвртата Средба за
вмрежување на Цивика мобилитас, последна во оваа фаза
на програмата.
На30ноември2018г.сесобраа132претставницинаграѓан-
скитеорганизацииподдржаниодпрограматавоизминати-
ве четири години, со цел да ги разменат искуствата и да ги
презентираат промените кои тие ги постигнале досега.
„Ова е најголемата програма за поддршка на граѓанските
организации, односно програма која овозможила најши-
рок опфат во историјата, што ме прави многу среќен“, рече
Александар Кржаловски, националниот тим лидер на Ци-
вика мобилитас. Тој ги сумираше резултатите на програма-
та кои вклучуваат над 2000 обуки за граѓанските органи-
зации, над 1800 истражувања на различни теми, над 500
дебати и дискусии, над 600 истражувачки стории итн.
Емина Нурединоска, заменик национален лидер на тимот,
потенцираше дека поддршката на Цивика мобилитас овоз-
можи да се зголеми буџетот кај 34 институционални гран-
тисти, а во еден случај, тој е зголемен за дури седум пати.
Петруш Тоинес, меѓународен тим лидер на програмата,
зборуваше за заедничките вредности на заедницата Ци-
вика мобилитас и за меѓусебната солидарност. Изненаду-
вачки е фактот што 90% од присутните изјавија дека сакаат
да останат во заедницата, дури и ако не добијат грант во
наредната фаза.
Денот беше затворен со 10 презентации во кои организа-
циите ги претставија своите постигнувања пред аудиториу-
мотибеаоценетиодистиот.Организациитебеанаградени
со суми од 3000 до 5000 швајцарски франци од страна на
Цивика мобилитас како признание за нивните посебни
постигнувања.
Во текот на програмата пристигнаа 1341 апликација, кои
резултираасо232доделенигрантови.Корисницитеиапли-
кантите се обратиле за помош до тимот на Цивика моби-
литас 500 пати, а имале и над 100 состаноци на кои им бил
даден фидбек. Програмата организираше 31 форум во сите
плански региони во земјата, а учество зедоа над 4200 акти-
висти, претставници на граѓански организации и граѓани.
12
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР НА
ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Обезбедени услуги за градење на капацитети на граѓански
организации, за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери
и придонес кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество
Оваатригодишнапрограмазапочнадасеспроведувавофевруари2018година.Воспоставенисетритересурсни
центри во Скопје, Гостивар и Штип. Организирани се повеќе од 20 настани, средби, состаноци и обуки, дистри-
буирани се околу 400 информации на различни теми од интерес на граѓанските организации.
WWW.RCGO.MK
13
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Регрантирањето како финансиска
инфузија за организациите
„Ние како ЕУ сакаме да ја развиеме демократијата во це-
лата земја. Регрантирањето е флексибилен инструмент кој
го користиме за да допреме до малите организации кои не-
маат капацитет да спроведуваат поголеми проекти“, изјави
Никола Бертолини од Делегација на ЕУ на отворањето на
дебатата за регрантирање организирана од Граѓанскиот
ресурсен центар што се одржа на 30 октомври во Скопје.
Регионалните искуства во регрантирањето ги пренесе
Дарио ди Бенедето од Делегација на ЕУ во Косово. Тој
зборуваше за тамошното искуство каде се доделени 317
под-грантови во рок од две години и каде се соочуваат со
преклопување на активностите, како и со недоволно ниво
на менторирање на под-грантистите.
ТинаДивјакодСловенијаукажанабирократскитепроцеси
кои донаторот треба да ги прилагоди според големината на
проектот.„Аконесезанимавашсобрикратија,ќепосветиш
повеќе време на активностите од проектот. Донаторот пос-
ветува 20-30% од фондовите на проектите за мониторинг
за да превенира 2% загуба“, додаде таа. Ирена Иванова
од Делегација на ЕУ во Скопје, говореше за ситуацијата во
Македонија каде досега се регрантирани 350 проекти со
суми кои варираат од 5.000 до 25.000 евра. Таа се согласи
декапроцедуритетребадасепоедностават,носамовослу-
чај на подобра пракса и поголема транспарентност.
Претставниците на Конект, Центарот за граѓански комуни-
кации, Преда плус и АЛДА ги споделија нивните искуства
како организации кои имаат проекти со регрантирање.
Сите имаат пракса да ги менторираат нивните под-гран-
тистите во активностите што ги спроведуваат, но и во ра-
ководењето со грантовите. Сите водат сметка добитниците
на грантови да бидат млади организации со мали буџети
и рамномерно распределени низ планските региони на
земјата.
Претставниците на Ганимед, Центарот за одржлив развој
од Дебар и Иницијативата на невработени интелектуалци
од Виница ја презентираа страната на организациите кои
се регрантирани. Тие се задоволни од соработката и беа
согласни дека ваквиот начин на финансиска поддршка е
инфузија за организациите. Забелешките се однесуваа
на сложените административни процедури кои не соод-
ветствуваат ниту со големината ниту со времетраењето на
нивниот проект, особено регистрацијата на проектите во
Секретаријатот за европски прашања и Управата за јавни
приходи.
14
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Мобилните ресурсни центри- локална
поддршка на здруженијата
Ревидирање на општествени стратегии, зголемување на
соработка со општините, недостаток на волонтери и сора-
ботницивограѓанскитеорганизации,зголеменадецентра-
лизација на фондовите и поголемо учество при носењето
на одлуки побараа граѓанските организации во земјава за
време на средбите организирани како дел од Мобилниот
ресурсен центар.
Во текот на годината, тимот на Граѓанскиот ресурсен цен-
тар посети 10 општини, и тоа: Битола, Кичево, Маврово и
Ростуше, Струмица, Велес, Брвеница, Врапчиште, Маке-
донска Каменица, Кочани и Тетово во кои дискутираше со
локалнитездруженијазанивнитепотребисоцелдагипод-
држи и да заживее граѓанскиот сектор.
Локалните граѓански организации одблиску се запознаа
со активностите и улогата на Граѓанскиот ресурсен центар,
а освен тоа добија и простор за дискусија за актуелните
случувања и предизвици во секторот.
Мобилниот ресурсен центар оствари средби и со градона-
чалниците на Македонска Каменица, Кочани, Маврово и
Ростуше и Брвеница, а во останатите општини имаше сред-
би со претставници од општините со кои се дискутираше за
соработката на општините и здруженијата.
15
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ОДРЖЛИВО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО-
ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА
ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации
кои делуваат во поддржувачка финансиска околина
Програмата почна да се спроведува во јануари 2018г.
Во првата година беше подготвена и доставена Предлог-иницијатива за Годишната програма за работа на Вла-
дата на Р. Македонија за 2019 година за реформирање на државното финансирање на граѓанските организации.
Исто така, се иницираше соработка со Одделението за соработка со невладини организации при Владата на Р.
Македонија за подготвеноста на МЦМС да овозможи поддршка на процесот на консултација со граѓанските ор-
ганизации за програмирање на средствата за ГО за 2019 г. кои се доделуваат од Владата на Р. Македонија преку
Одделението.
WWW.OTCETNIGO.MK
16
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Доделени 10 грантови за унапредување на
внатрешните структури на управување
Се финализираше постапката за избор на 10 грантови.
Поддржани се следните организации:
↗↗ Finance Think - Институт за економски истражувања и
политики;
↗↗ Здружение за критички пристап кон родот и сексуал-
носта Субверзивен фронт;
↗↗ Здружение за советување, лекување, реинтеграција и
ресоцијализација на лица зависни од психоактивни
супстанции Избор;
↗↗ Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши;
↗↗ Здружение Совет за етика во медиумите на Македо-
нија Етика прес;
↗↗ Здружение ХОПС- Опции за здрав живот;
↗↗ Подружница на Асоцијација на агенции на локална
демократија;
↗↗ Сојуз на извидници;
↗↗ Фондација за локален развој и демократија Фокус; и
↗↗ Црвен крст на град Скопје.
„МногумерадуваштовоМакедонијапостојатиницијативи
и обуки кои го овозможуваат созревањето на граѓанските
организации. Верувам дека само со добро структурирање
ќе се овозможат хумани услови за општествен развој“, рече
Вања Димитриевски од ХОПС.
Активностите на организациите опфаќаат различни сег-
менти на добро управување како: воспоставување на
систем на оцена за вработените, воспоставување на пра-
вилници за финансиско работење, набавки, правилник
за алокација на средства од донации и економски актив-
ности, подобрување на водењето на човековите ресурси,
систематизација на работни места, формирање на волон-
терски центар, воспоставување на деловодници за работа
на управните органи на организациите, воспоставување
на одредби за транспарентност и отчетност и политики за
спречување конфликт на интерес, и итн.
Грантиститеќеимплементираатпроектитеод1јули2018до
31 декември 2019 г. Во овој период тие ќе бидат вклучени
и во останатите активности на програмата како: обуки, на-
ционални конференции, локални настани и слично.
На 28 септември во Охрид веќе се одржа првата обука за
„Организациски развој и системи за обезбедување на ква-
литет“ на која учествуваа 16 претставници на граѓанските
организации. Оваа е првата од низата обуки кои ќе следат,
а чија цел е подобрување на спроведувањето на целиот
систем на стандардите за добро управување на организа-
циите.
17
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ТОП ТЕМА НА ВАША СТРАНА
Создавањеинформиранограѓанствокоееспособнодајакреирасвојатаид-
нинапрекуизразувањенапреференции,дебатииаргументиранадиску-
сијапрезентиранивоинформативнатаемисија„Топтеманавашастрана“.
Вкупно 15 граѓански активисти добија обука за граѓанско новинарство, наодите од 23 истражувања на граѓански
организации беа дебатирани во 19 емисии „Топ тема на ваша страна“, а беа избрани и 27 добитници на награди
на Конкурсите за стории и фотографии на граѓански новинари.
МЦМС и ТВ Телма спроведоа осум телефонски истражувања на јавното мислење за актуелни општествени теми,
едно теренско истражување и шест фокус групи за препознатливост на брендот Телма и Топ тема.
WWW.TELMA.COM.MK/KATEGORIJA/TOP-TEMA-NA-VASHA-STRANA/
18
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Топ тема на ваша страна пример за
самоодржлива ТВ програма
„Во САД ја цениме улогата на проверка и балансирање што
јаимаатмедиумитесоистражувањата,известувањатаипо-
ставувањето прашања поврзани со управувањето на држа-
вата. Навистина, силните медиуми се наоѓаат во срцето на
нашата демократија“, рече Микаела Швајцер- Блум, врши-
тел на должност амбасадор на САД, на завршниот настан
за проектот „Топ тема на ваша страна“.
Пред присутните се обрати и главниот уредник на Телма
Телевизија, Атанас Кировски, кој говореше за стремежот
програмата да понуди нов квалитет и друга димензија во
медиумскиот простор.
Како најпрепознатливи сегменти од програмата ги посочи
истражувањата на јавното мнение со кои се демонстрираа
трендовите кај електоратот, а потоа и двонасочната кому-
никација со публиката, таунхол дебатите и жешкото столче.
Тој ја истакна синергијата со граѓанскиот сектор како ва-
жна предиспозиција за дебата базирана на факти.
УСАИД преку две-годишна соработка ја поддржа Телма ТВ
и МЦМС при што се воведоа нови форми на известување
и дебатирање кои вклучија прашања на граѓаните пратени
прекусоцијалнитемедиуми,дебатиодградовитенизцела-
та земја и употребата на истражувања за важни општестве-
ни теми итн. Топ тема на ваша страна ќе продолжи со еми-
тувањетонаТелмаТВипозавршувањетонаподдршкатаод
УСАИД. 
19
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
И БОРБА ПРОТИВ
КОРУПЦИЈА
20
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА
АНТИКОРУПЦИЈА
Дагипрошириипродлабочиантикорупцискитедејствијаодзаконскапостапка
конпооснованоекономскоделување,какоштосерешавањетонаврскатамеѓу
корупцијатаискриенатаекономијаикорупцијатаиорганизираниоткриминал
Програмата започна да се спроведува во мај 2018 година и ќе трае до 2022 година. До крајот на 2018 година под-
готвени се: повик за мали грантови за антикорупција, прашалник за спроведување на истражување на перцеп-
циите за корупција – СЕЛДИ 2019 година, краток тематски документ за јавни политики на тема „Институцио-
нална поставеност и ефикасност на агенциите за борба против корупцијата во ЈИЕ“ и методологијата „МАКПИ
Заробена држава“.
WWW.SELDI.NET
21
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Нови регионални активности за борба
против корупцијата
На 5 и 6 септември 2018 година, во просториите на МЦМС
се одржаа првиот годишен координативен состанок и пр-
виот состанок на Управниот комитет на проектот „Граѓан-
ско општество за добро владеење и антикорупција во Југо-
источна Европа: градење на капацитети за мониторинг,
застапување и подигање на јавната свест“. На состанокот
учествуваа 12 претставници од 10 организации членки на
Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа –
СЕЛДИ, како и проектниот тим од МЦМС.
„Со проектот ќе се утврдат приоритетите, потребите и це-
лите во борбата против корупција во земјите од Западен
Балкан, на кои потоа ќе се фокусираат активностите“, рече
Александар Кржаловски, првиот извршен директор на
МЦМС и додаде дека ова е трет во низата проекти за СЕЛ-
ДИ финансирани од Европската Унија.
Во периодот што претстои ќе биде подготвен и објавен
повикот за доделување на мали грантови на тнр. грас-рут
и мали организации кои работат во областа на антикоруп-
цијата; ќе се направат подготовките за спроведување на
системот за следење на корупцијата; ќе се подготви краток
документ за јавни политики и обука за зајакнување на ка-
пацитетите на партнерите за истражување и воведување
нови методологии. Покрај тоа, ќе се работи и на воведу-
вањеноваметодологијакојаќегодијагностицирафеноме-
нот на заробена држава.
„СЕЛДИ во изминатиот период покажа дека има капаци-
тет да влијае на антикорупциските политики во регионот.
Сепак за проширување на активностите и поголема ус-
пешност во наредниот период сите организации членки
треба да се посветат на пронаоѓање на нови фондови“ - ис-
такна Руслан Стефанов, директор на сектор во Центарот за
изучување на демократијата од Бугарија.
На средбата, покрај работниот план беа разгледани и дис-
кутирани и планот за застапување, планот за видливост и
комуникација како и планот за набљудување и оценка на
постигнатите резултати на СЕЛДИ.
22
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
СЛЕДЕЊЕ НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
МЦМСгиподготвиИзвештајотзадосегашнатаработатанаДКСКвопериодотод2006до2015годинаипетквар-
тални извештаи со кои е опфатен период од октомври 2016 до декември 2017 г. Покрај тоа, МЦМС го подготви и
Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија. Наодите од него и од последниот квартален извештај
беа презентирани на завршниот настан на проектот и предизвикаа големо внимание.
МЦМС како дел од Платформата за борба против корупцијата побара од Собранието, Владата и политичките
партии да се воспостави професионално тело за антикорупција кое ефективно, независно и со висок интегритет
ќеиницираиќегиспроведувазаконскитенадлежностииполитикитезаспречувањенакорупцијатавоРепубли-
ка Македонија. ДКСК прифати дел од препораките кои произлегоа од проектот „Следење на работата на ДКСК“
#СЛЕДИЈАДКСК #ЗАПОЗНАЈЈАДКСК
Следење на спроведувањето на законски обврски, транспарентноста
и отчетноста на борбата против корупцијата од страна на ДКСК
23
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Jавноста не верува дека ДКСК ги штити
интересите на граѓаните
Доколку корупцијата и организираниот криминал се раз-
гледуваат како состојби кои имаат иста позадина и бараат
поврзани мерки за нивно сузбивање, се доаѓа до заклучок
дека тие за граѓаните се подеднакво голем проблем како и
егзистенцијалните прашања - покажа Извештајот за про-
ценка на корупцијата од 2018 г.
Дополнително резултатите покажуваат дека граѓаните не
се оптимисти дека се можни позначајни позитивни про-
мени во поглед на намалување на корупцијата и тоа е про-
следено со ниската доверба во институциите (особено кај
ДКСК, кај судовите и кај ЈО) задолжени за спречување и
гонење на корупцијата. Ваквата состојба негативно може
давлијаеврзуспехотнаактуелнитеинаиднитеантикоруп-
циски јавни политики.
Резултатите меѓу другото покажуваат дека мнозинство
граѓани (63,7%) сметаат дека ДКСК ги штити интересите на
поединци, наспроти 12,7% кои веруваат дека ги штити ин-
тересите на граѓаните. Споредбата со резултатите од 2017
покажува дека има намалување за 15,5 процентни поени
(од 28,2% на 12,7%) во верувањето дека ги штити интереси-
те на граѓаните. Ова може да се толкува како пад на довер-
батанајавноставоДКСКвоодноснапримарнатаулога-да
го штити јавниот интерес.
МЦМС ја Следеше на работата на ДКСК 18 месеци и ги
информираше граѓаните за неа. Предмет на интерес беа:
постигнувањата, транспарентноста и отчетноста. За да ги
приближи резултатите до граѓаните, МЦМС креира лесно
читливи инфографици и видеа. Во основа на овие визуел-
ни форми на информирање се извештаите за работата на
ДКСК.
Првиот е Извештај за состојбата го опфаќа периодот од
2006г. – 2015г., а исцрпните информации од него се субли-
мирани во две и пол минутно видео за Ефектите од рабо-
тењето на ДКСК. Освен тоа, МЦМС подготви четири квар-
тални извештаи и истите ги сублимираше во две видеа
„Што сработила ДКСК во првите шест месеци од 2017 годи-
на“ и „Kои се постигнувањата на ДКСК во второто полуго-
дие од 2017 година“.
Секој извештај содржи заклучоци и препораки за соодвет-
ниот период. Дел од нив беа прифатени од страна на ДКСК
што придонесе да се подобри работење во дел од обла-
стите во кои е идентификувано потфрлање. Според Розета
Трајан, државен секретар во ДКСК, неспроведувањето на
делодпрепоракитеерезултатнаобјективниисубјективни
фактори и останува истите да бидат исполнети во иднина.
24
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
СЛЕДЕЊЕ НА АНТИ-КОРУПЦИСКИ
РЕФОРМИ
Унапредувањенаефикасностанаграѓанскитеорганизациивоанти-корупциските
реформиповрзанисоинтеграциитевоЕУ,прекунабљудувањенаспроведувањето
наКонвенцијатанаОбединетитенациизаборбапротивкорупција(UNCAC).
Во текот на 2018 година беа организирани две работилници и една меѓународна конференција на која учеству-
ваа домашни и странски експерти, претставници од ГО, државни институции, медиуми и други заинтересирани
граѓани.
WWW.MCMS.MK
25
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Презентираниискустватазаспроведување
на Конвенцијата на ООН за борба против
корупција
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество
(БЦСДН) на 5 јули организираа Конференција на тема:
„Конвенцијата на ОН против корупција (УНКАК) и ин-
тегритетот, транспарентноста и антикорупциските пре-
вентивни политики“ која имаше за цел да го унапреди
знаењето за механизмите на ревизија на оваа Конвенција
инејзинотозначењевомакедонскаталегислативазаборба
против корупцијата.
Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, го на-
гласи значењето на овој меѓународен инструмент и залож-
бите на министерството за негово доследно вклучување и
примена. Тој потенцираше дека заложбите на Владата на
РМ се целосно насочени кон справување со корупцијата и
дека во тој дух се и измените на Закон за спречување на ко-
рупција. Ристовски ја потенцираше и потребата од учество
на граѓанскиот сектор во овој процес.
РаководителотнасекторотзасоработкавоДелегацијатана
Европска Унија, Никола Бертолини, укажа на потребата од
продолжување на реформите во справување со корупција-
та. Според него, Македонија на патот кон ЕУ мора целосно
да се посвети на создавање легислатива и институции кои
ќе бидат посветени на борбата против корупција и додаде
дека граѓанскиот сектор може да биде вреден партнер на
државните институции на ова поле.
Бертолини истакна дека независно тело кое ќе биде за-
должено да ја гони корупцијата е приоритет и дека оваа
реформа е значајна за државата.
За значењето на УНКАК, како механизам во борбата про-
тив корупцијата и улогата на граѓанските организации збо-
руваа претставници од граѓанскиот сектор. Тие се осврнаа
на искуствата од нивните секојдневни активности на ова
поле.
Меѓународни искуства беа презентирани од страна на
меѓународните експерти, Вид Томиќ од Транспаренси ин-
тернешнал Словенија и Мет Тром од Бингам центарот за
владеење на право од Велика Британија.
Дел од Конференцијата беше и панелот посветен на уло-
гата на државните институции во спроведувањето на Кон-
венцијата со посебен осврт на Глава 2 и 5. Претставниците
од Министерството за правда и Државната комисија за
спречување на корупцијата (ДКСК) ја презентираа нивна-
та улога во овој процес.
26
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
СОЦИЈАЛНА
ИНКЛУЗИЈА И
КОХЕЗИЈА
27
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И
ИНКЛУЗИЈА
Подобрувањенаусловитезаследењенанаставатавоучилиштата
Учениците во основните училишта во Драгожани и Могила, како и во средното училиште во Прилеп ја следат
наставата во подобрени услови за учење.
За средното училиште „Ристе Ристески - Ричко“, во Прилеп, заменети се влезните врати и подови во училниците,
поправени и бојадисани се ѕидовите и плафоните, инсталирана е нова електрична мрежа со ЛЕД осветлување,
поставен е нов школски мебел и специјализирана опрема за практична настава. Покрај тоа, во подрачното ос-
новно училиште „Александар Турунџев“ во с. Драгожани, општина Битола и во подрачното основно училиште
„Браќа Миладиновци“ во с. Ношпал, општина Могила конструирана е заштитна оргада околу училиштето и уре-
ден е училишниот двор.
WWW.MCMS.MK
28
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Нова ера за стручното образование во
Прилеп
Во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, единственото
училиште со електротехничка струка во градот, практична-
та настава се одвиваше во училници чијшто под со дупки
последен пат бил сменет пред 30 години, на пултови не-
адекватни за практична настава, со едно лемило кое им
користи на група од 15 ученици. Професорите биле прину-
дени да импровизираат и преку цртежи, видео или мате-
ријали донесени од дома да им објаснат на учениците како
се работи со одреден инструмент.
Сликата повеќе не е таква. Од првото полугодие во 2018 го-
дина, наставата се одвива во училници со променети под-
логи и под, нови врати, бојадисани ѕидови, поправен кров.
Покрај тоа се инсталираше нова електрична мрежа со ЛЕД
осветлување, поставен е нов школски мебел и специјали-
зирана наставна опрема, а обезбеден е и технички надзор.
„Освен што амбиентот е осовремен и попријатен за работа,
новите уреди го подобрија квалитетот на практичната на-
става, односно им овозможија на учениците низ практич-
нивежбисосоодветнатаопремадагиутврдуваатзнаењата
кои веќе ги стекнале на теоретската настава“, рече дирек-
торката на училиштето, Билјана Трајкоска.
Очекувањата од модернизирањето на наставата одат во
насока на зголемување на интересот за образовните про-
фили во оваа струка. Така на пример, во паралелките за
електротехничар за електроника и телекомуникации или
за електротехничар и енергетичар досега не бил исполнет
максималниот број на ученици, па се надеваат дека тоа ќе
се промени веќе во наредниот уписен рок.
Изведбата на проектот почна во август и траеше до декем-
ври 2018 година. Сите кои беа дел од процесот, а особено
раководството на училиштето и претставниците на општи-
на Прилеп, изразија огромно задоволство од квалитетот и
стандардите со кој е реализиран овој проект. Од училиште-
то се благодарни за ажурноста, разбирањето и флексибил-
носта кои тимот на МЦМС ги покажал, со цел да се испо-
читуваат кратките рокови и потребите кои во меѓувреме
произлегле.
Реновирањето на СОУ Ристе Ристески Ричко е дел од Про-
ектите за модернизација на образованието на МЦМС, ис-
тото чинеше 80 илјади долари, а го финансираше Филип
Морис Тутунски комбинат Прилеп.
29
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА НА
ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ
Елиминирањенадетскатаработаисоздавањемеханизамзаподдршка
натутунопроизводителитеиангажиранитеработницикајнив
Во 2018 година елиминирана е злоупотребата на детски труд во 10 случаи. Операторките заедно со теренски-
те техничари на трите тутунски компании посетија 895 тутунопроизводители, чии фамилии имаат деца за да ги
информираат за правата и обврските поврзани со користење на детска работа. Посетени и советувани беа 118
ангажирани работници (аргати).
Во текот на целата година, вкупно 661 тутунопроизводител или работници кај нив побарале помош или инфор-
мација од операторките од кои 144 се јавиле на бесплатната СОС линија, 82 директно ја посетиле канцеларијата
во Кривогаштани, а 435 се обратиле при посетата на самите семејства. Подрачјето во кое се спроведува проектот
се прошири за уште седум нови села во општините Крушево и Прилеп.
WWW.MCMS.MK
30
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Пет години СОС линија за тутунарите од
Кривогаштани
На 9 октомври 2013 година МЦМС го означи почетокот на
работата на Линијата за поддршка на тутунопроизводите-
лите и работниците (0800-24680) во Кривогаштани. Денес
проектот опфаќа 23 села, односно цела општина Криво-
гаштани, дел од општина Прилеп и дел од општина Круше-
во.
Тутунопроизводителите и работниците досега покренаа
2.976 прашања преку СОС линијата, директно во канцела-
ријата за поддршка или при теренските посети на тимот на
оператори составен од правен експерт и социјален работ-
ник.
„Чудесно е како ја променивме сомничавоста на првите
групи фармери со кои соработувавме, за пет години подо-
цна тие со нас да се однесуваат како кон пријатели“, рече
Наташа Димеска, една од операторките. „За пет години ја
стекнавме нивната доверба до тој степен што нѐ контакти-
раат и за прашања кои не се во наш примарен домен. Дра-
го ми е што фармерите нѐ препознаваат пред сѐ како луѓе
и свесни сме дека ова е мост кој не смееме да го срушиме“,
додаде таа.
Најчесто поставувани прашања во зимскиот период се од-
несуваат на субвенциите и откупот, додека во летниот пе-
риод прашуваат за тоа дали и што можат да работат децата
на фармите. Значајно да се забележи е дека годинава 80%
од прашањата ги поставиле жени.
Досега посетени се 1.172 ангажирани работници (аргати),
со кои од годинава се вршат и групни презентации за нив-
но информирање.
Уште еден важен аспект од работењето на канцеларијата е
напорот за елиминирање на искористувањето детски труд.
Операторките досега имаат посетено 3.366 тутунопроизво-
дители чии фамилии имаат деца со цел да ги информираат
за правата и обврските поврзани со користење на детска
работа. Досега забележано и елиминирано е искористу-
вање на детски труд во 51 случај. Долгорочните позитивни
ефекти од работата на канцеларијата се уште повидливи
кога се знае дека новите случаите на искористување детски
труд се регистрираат во села каде претходно канцеларија-
та не функционирала.
31
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
МАЛИ РАЗВОЈНИ ИНИЦИЈАТИВИ
СоздавањеосновазаактивностинаГОиопштинизазастапувањезасновано
нафакти,финансискаодржливост,соработкаиодржливразвој
На четворица млади луѓе со македонско потекло кои живеат во САД, Австралија и Канада им беше овозможено
да научат повеќе за нивното потекло преку пракса и престој во Македонија. „Родум од Македонија“ расте од
година во година, а досега 22 млади Македонци кои се родени и живеат надвор од државата има можност да го
запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врс-
ници во Македонија. Активностите се дел од проектот „Родум од Македонија 2018“ кој четврта година по ред го
спроведoa МЦМС и Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Студискиот престој се одвиваше од 29 јуни до
20 јули.
WWW.FACEBOOK.COM/BIRTHRIGHTMACEDONIA
32
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Студентите од дијаспората горди на своето
културно наследство
Кристина Блажевска од Австралија, Емилија Димитриев-
ски и Ванеса Овен (Vanessa Owen) од Канада и Еван Симов
(Evan Simoff) од САД, имаа можност да ја посетат Македо-
нија за време на нивниот студиски престој кој е компле-
ментарен на нивните академски цели, на нивната кариера
или на нивните општи интереси.
Учесниците имаа пракса во кабинетот на Претседателот
на Република Македонија, Таскфорс БПО и во клиниката
„Жан Митрев“.
„Јас имав прекрасно искуство тука кое ми овозможи прак-
тична работа, изучување на јазикот и културата, запозна-
вање на неверојатната историја, како и поврзување со луѓе
во слична ситуација како мојата. Мислам дека научив мал-
ку за нивните земји, тие научија малку за мојата, додека
сите заедно учевме за Македонија“, рече Ванеса Овен.
Учесниците, како и секоја година, имаа можност да прес-
тојуваат во семејства-домаќини и на овој начин одблизу да
ги видат секојдневието и културата на Македонците.
Филип Јотевски, кој учествуваше во програмата во 2015 го-
дина, беше тука за да го пренесе своето искуство на новите
учесници. „Дијаспората може да и помогне на земјата не
самосотоаштоќесеврати,тукуисоследењенаактуелните
случувања, одржување на традицијата, учење на нашите
деца да зборуваат македонски јазик, посетување на фес-
тивалиикултурниманифестации,какоипрекувклучување
вонашитезаедници.Безразликакадеживееме,например
јас сум од Америка, треба да ги застапуваме македонските
интереси во локалната или централната власт. Тоа се некои
од поважните работи кои можеме да ги направиме за на-
шиот народ тука“, истакна тој.
Покрај ангажманот во текот на работните денови, четвори-
цата имаа можност да патуваат за време на викендите и да
дознаат повеќе за Македонија.
33
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ПАРТНЕРСТВА,
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
И ПОДДРШКА
34
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Односи со актерите
Во 2018 година, соработката со домашните и странските граѓански организа-
ции, министерства и државни институции беше реализирана во рамки на ре-
довните програми на МЦМС.
Претставници на МЦМС учествуваа на неколку консултативни сесии органи-
зирани од Владата и министерствата, а претставници на Владата учествуваа
нанастанитенаМЦМС.Таквасоработкапостоешеисоделодлокалнатасамо-
управа. Кај деловниот сектор, соработката е поинтензивна со Филип Морис
(Philip Morris , Сокотаб и Алијанс уан Македонија (Alliance One) со кои МЦМС
веќе 10 години работи на реновирање на училиштата.
Регионалната соработка се одвива преку Балканската мрежа за развој на
граѓанското општество (БЦСДН) и мрежата СЕЛДИ – Лидерство на Југоис-
точна Европа за развој и интегритет. МЦМС имаше активна соработка и со
Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Соработниците учествуваа на 14
меѓународни и регионални настани, како и на повеќе настани на национално
или локално ниво.
Поддршка – Одржлив МЦМС
Пристап кон извори на финансирање
МЦМС подготви и поднесе пет пријави за проекти (грантови). За три од нив
беа поднесени целосни пријави. Една е одобрена, две се одбиени, а за две се
чека одговор.
Волонтерство
МЦМС продолжи со активностите за поврзување на граѓанскиот сектор со
академијата преку волонтерство и практичната работа. Во текот на 2018 го-
дина, се пријавија 15 заинтересирани волонтери, а избрани беа шест, од кои
четворица странски волонтери. МЦМС и во овој период ја продолжи пракса-
та да вклучува практиканти од Универзитетот Американ колеџ- Скопје и Уни-
верзитетот Деусто од Шпанија. Волонтерите главно беа вклучени во тековни
активности на проекти од Одделението за граѓанско општество и демократи-
зација, но и работеа на истражување во интерес од МЦМС кои не се директно
поврзани со проектните активности.
35
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Волонтирањето како можност за учење и
стекнување нови пријателства
Настасија Штерјова, дипломирана на отсекот политички
науки и Мартин Николовски, магистар во областа на де-
ловното право, четири месеци волонтираа во МЦМС. Тие
имаа можност практично да го надополнат своето теорет-
ско знаење од студиите, да видат како изгледа и активно да
бидат вклучени во работата на една граѓанска организа-
ција.
Нивните активности главно беа фокусирани на следењето
на локалните избори во рамки на проектот „Мојот избор“
каде анализираа голем број податоци за кандидатите за
градоначалници и за членови на советите.
„За време на моето волонтирање во МЦМС ја надоградив
мојата организациска етика, ажурност, деловната кому-
никација, како и работата на повеќе задачи истовремено“,
рече Мартин.
Настасија, меѓу другото, како придобивка го издвои начи-
нот на кој функционира една одлична граѓанска организа-
ција, особено нејзината внатрешната култура и процеду-
рите.
По завршувањето на активностите за локалните избори,
двајцата беа вклучени во логистичка и административна
поддршка на другите проекти во организацијата.
„Едно од искуствата кое вреди да се спомне е учеството на
форумот за „Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот
сектор во Македонија“, кој се одржа во рамки на програма-
та Цивика мобилитас. Таму имав можност да се запознаам
со преку 150 претставници на граѓанскиот сектор кои ми
помогнаа подобро да го разберам граѓанското општество,“-
рече Мартин.
На идните волонтери Настасија им препорача да го иско-
ристат нивниот престој во МЦМС за да се вклучат во што
повеќе активности и да ги искористат сите можности кои
им се нудат бидејќи тие се добра основа за градење на ка-
риера. „Сепак, најголема вредност за мене има дружењето
со прекрасниот тим на МЦМС и градењето нови пријател-
ства“, додаде таа.
МЦМС ја спроведува програмата за волонтерство од 2008
година, а преку неа, до сега биле поддржани вкупно 85
волонтери. Организацијата се гордее што може да им по-
могне на студентите во развојот на нивните вештини преку
работа во рамки на проектите, како и да ја подигне свеста
кајнивзаважностаситениедабидемеактивничленовина
граѓанскиот сектор.
36
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Односи со јавноста
МЦМС редовно информира за своите активности преку повеќе информаци-
ски канали. Во 2018 година беа издадени 12 броја на е-билтенот на МЦМС.
Подготвен е и објавен Годишниот извештај за работата во 2017 година, а
веб-страната на МЦМС е целосно функционална и постојано се ажурира.
Дел од содржините се публикуваат и на други социјални медиуми овозможу-
вајќи на тој начин што е можно поголема видливост на работењето на МЦМС.
Во 2018 г. веб-страната имала 49.207 посети во кои посетителите прегледале
106.900 статии.
МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, ди-
ректни контакти на презентации и промоции. Контактите резултираа со над
560 објави.
Кампања „25 години МЦМС“
Односите со јавноста оваа година во голема мера беа во знакот на одбе-
лежувањето на 25 годишнината од основањето на МЦМС. За кампањата „25
години МЦМС“ беа подготвени вкупно 12 инфографици на темите: водоснаб-
дување, образование на млади Роми, меѓурелигиска соработка, соработката
со единиците на локалната самоуправа, публикации на МЦМС, интервенции
на МЦМС во бегалските кризи, искористување на детскиот труд, луѓето на
МЦМС, граѓанско општество, борба против корупција, оспособување на же-
ните и кампањите на МЦМС.
Покрај тоа, беа подготвени и осум кратки видеа кои се фокусираа на придо-
бивките на крајните корисници на проектите што ги спроведуваше МЦМС и
едно подолго, сумарно видео за целата работа на организацијата.
МЦМС спроведе три бесплатни обуки и тоа: за подготовка на пријави за про-
екти за персоналот на Универзитетот „Мајка Тереза“; обука за обучувачи и
обука за административно и архивско работење како дел од активностите за
зголемување на свеста кај јавноста за вредностите на МЦМС.
Централниот настан се организираше на 14 декември 2018 година, во хотелот
Холидеј ин во Скопје – на денот и на местото на одржувањето на основачкото
собраниенаорганизацијата.Нанастанотприсуствуваапоранешниисегашни
членови на управните структури на МЦМС; поранешни претставници на до-
наторите на МЦМС организирани во Конзорциумот за Македонија во перио-
дот од 1995 до 2006 година; соработници од граѓанскиот сектор, претставници
на законодавната и извршната власт; на меѓународните организации како и
на алумните на МЦМС.
За вкупно 23 објави на Фејсбук профилот на МЦМС, имало 2377 реакции
(лајкови, коментари и споделувања). Покрај тоа, на вкупно седум објавени
видеа имало 84.300 прегледи. Традиционалните медиуми објавија 17 прило-
зи/изјави/разговори.
37
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
38
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Организација
СоветотнаМЦМСодржаеднаседницанакојабешеусвоенГодишниотизвештајзаработатанаМЦМС
за 2017 година со Финансиски извештај и Извештај од независниот ревизор.
Во 2018 се одржаа пет седници на Управниот одбор на МЦМС.
Совет на МЦМС
↗↗ Александар Зарков (ССК)
↗↗ Бобан Митевски (МПЦ)
↗↗ Ванчо Стојанов
(општина Василево)
↗↗ ВикторАрнаудоски(ЗЕЛС)
↗↗ Герман Филков (ЦГК)
↗↗ Драган Секуловски (ЗНМ)
↗↗ Елена Кочоска
(Полио плус)
↗↗ Ирсал Јакупи (ИВЗ)
↗↗ Лулзим Хазири (АДИ)
↗↗ Марија Ацковски
↗↗ Марко Трошановски
(ИДСЦС)
↗↗ Назим Рашиди
(Диверзити медиа)
↗↗ Никица Кусиникова
(Конект)
↗↗ Ризван Сулејмани
(УО на МЦМС)
↗↗ Самет Скендери (ИнСок)
↗↗ Сања Васиќ (Телма)
↗↗ Сашо Клековски
↗↗ Соња Стефановска-
Трајаноска (УНДП)
↗↗ Тони Затковски (општина
Кривогаштани)
Управен одбор
1.	 Ризван Сулејмани,
претседавач, доктор
по политички науки,
директор на Институтот за
политички и меѓукултурни
студии во Скопје
2.	 Елена Кочовска, заменик-
претседавач, Полио плус
3.	 Самет Скендери, член на
ХДЗР„Месечина“-Гостивар
4.	 Насер Селмани,
претседател на Здружение
на новинарите на
Македонија
5.	 Горан Михајловски,
уредник на интернет
порталот „Сакам да кажам“
6.	 Бобан Митевски,
Македонска
православна црква
7.	 Сања Васиќ, уредник во
националната телевизија
Телма и дописник на
Гласот на Америка
39
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
Персонал – Извршна канцеларија
На крајот на 2018 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Помалку од половина од вработените (9) имаат
засновано работен однос на неопределено време. Во текот на 2018 година, индивидуално или групно,
соработниците посетиле 23 обуки. Во текот на годината, се одржаа вкупно 10 стручни состаноци на
различни теми од делокругот на работење на МЦМС. На почетокот на ноември, сите вработени учест-
вуваа во активности поврзани со градење на тимот. Дводневните активности се одржаа во Охрид и
Вевчани.
Одбор на директори
↗↗ Прв извршен директор
Александар Кржаловски
akr@mcms.mk
↗↗ Извршен директор
Гонце Јаковлеска
gjk@mcms.mk
Група за граѓанско општество
↗↗ Емина Нурединоска
enr@mcms.mk
↗↗ Валентина Атанасовска
vat@mcms.mk
↗↗ Јасмина Ристовска
jrs@mcms.mk
↗↗ Снежана Камиловска
Трповска
skt@mcms.mk
↗↗ Александра Савевска
asv@mcms.mk
↗↗ Валентина Чичева
vch@mcms.mk
↗↗ Симона Огненовска
sog@mcms.mk
↗↗ Дарко Димов
ddm@mcms.mk
↗↗ Јасмина Чаушоска
jch@mcms.mk
↗↗ Сара Мустафа
sms@mcms.mk
↗↗ Моника Божиноска
(до август)
↗↗ Адил Бакиу
abk@mcms.mk
↗↗ Симона Трајковска
(до јуни)
↗↗ Наташа Иваноска
niv@mcms.mk
↗↗ Фанија Ивановска
fiv@mcms.mk
↗↗ Александра Сиљановска
asl@mcms.mk
Група за локален развој
↗↗ Горан Стаматоски
gst@mcms.mk
Група за информации
↗↗ Борис Ристовски
brs@mcms.mk
Административна група
↗↗ Милка Божиновска
Миова
mmv@mcms.mk
↗↗ Адис Рахиќ
arh@mcms.mk
↗↗ Борче Јакимовски
bjk@mcms.mk
↗↗ Данило Митов
dmv@mcms.mk
40
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
41
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
ПРИХОДИ 2018 2017
ДОНАЦИИИГРАНТОВИ
ЕВРОПСКА УНИЈА (ЕУ) 40.205 2.315
ШВАЈЦАРСКААГЕНЦИЈАЗАРАЗВОЈИСОРАБОТКА(СДЦ) 33.743 137.452
АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈНА ПОМОШ НА САД (УСАИД) 8.380 4.979
БРИТАНСКА АМБАСАДА 1.295 3.287
ТУТУНСКИ КОМПАНИИ 7.399 7.567
ДРУГИ ДОНАТОРИ 2.621 899
ВКУПНОДОНАЦИИИГРАНТОВИ 93.642 156.499
СОПСТВЕНИПРИХОДИ
МАКЕДОНСКА РАЗВОЈНА ФОНДАЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЈАТ. 2.209 2.168
НИРАС (ЦИВИКА МОБИЛИТАС) 9.655 8.300
СИПУ (ТАКСО РЕСУРСЕН ЦЕНТАР) 0 3.939
ДРУГИ СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ 270 1.197
ВКУПНОСОПСТВЕНИПРИХОДИ 12.133 15.604
КАМАТИ И ПОЗИТИВНИ КУРСНИ РАЗЛИКИ 1.789 2.426
ВОНРЕДНИПРИХОДИ 1.087 599
ВКУПНО ПРИХОДИ 108.651 175.128
Финансиски извештај
Консолидиран биланс на приходи и расходи на ден 31 декември 2018 год. (во илјада македонски денари, 1ЕУР = 61.4907 МКД)
42
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
РАСХОДИ 2018 2017
ДОБРОТВОРНИРАСХОДИ
ЦИВИКА МОБИЛИТАС (ПЦМ) 47.613 132.429
НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЗА ГО (НРЦ) 5.510 0
ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГО (ДФГ) 4.961 0
ВКОРЕНЕТО И ДИНАМИЧНО ГО (ВДГ) 4.629 5.274
РЕГИОНАЛНАМРЕЖАЗААНТИКОРУПЦИЈАСЕЛДИ(РМА) 10.671 0
ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И И АНТИКОРУПЦИЈА (ДВК) 2.441 1.115
СОЦИЈАНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА (СИК) 7.889 2.264
ПРОЕКТИЗАМОДЕРНИЗАЦИЈАНАОБРАЗОВАНИЕТО(ПМО) 0 4.918
ТРОШОЦИ ПО ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ 2.791 0
ВКУПНОДОБРОТВОРНИРАСХОДИ 86.505 146.000
ОПЕРАТИВНИРАСХОДИ
ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПЕРСОНАЛОТ 19.398 15.507
ДРУГИ ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ 10.697 10.883
ВКУПНООПЕРАТИВНИРАСХОДИ 30.095 26.390
ВКУПНОРАСХОДИ 116.000 172.391
БИЛАНС ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ -7.949 2.737
ДАНОКНАВИШОКНАПРИХОДИНАДРАСХОДИ 0 0
БИЛАНС -7.949 2.737
Финансиски извештај
43
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2018 2017
ДОБРОТВОРНИРАСХОДИ
ПОСТОЈАНИСРЕДСТВА
ОСНОВНИ СРЕДСТВА 10.442 9.446
НЕМАТЕРИЈАЛНИ ВЛОЖУВАЊА 960 960
ФОНД ЗА ДОМУВАЊЕ 4.120 4.120
ВКУПНО ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА 15.522 14.526
ОБРТНИСРЕДСТВА 4.629 5.274
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА 5.793 21.253
АВАНСИ 39 52
ПОБАРУВАЊА ОД КУПУВАЧИТЕ 2.468 5.746
КРАТКОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ ПОБАРУВАЊА 73.170 74.605
ОСТАНАТИ ПОБАРУВАЊА 15.765 17.078
ВКУПНО ОБРТНИ СРЕДСТВА 97.236 118.734
ВКУПНО СРЕДСТВА 112.757 133.260
ОБВРСКИИФОНДОВИ
КРАТКОРОЧНИОБВРСКИ
ОБВРСКИ СПРЕМА ДОБАВУВАЧИТЕ 738 813
ДРУГИ КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ 665 15.619
ВКУПНО КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ 1.403 16.432
ПАСИВНИ ВРЕМЕНСКИ РАЗГРАНИЧУВАЊА 0 0
ПРИМЕНИ ПРИХОДИ ЗА СЛЕДНИ ГОДИНИ 0 17.832
ВКУПНО ДОЛГОРОЧНИ ОБВРСКИ 20.308 0
ВКУПНО ОБВРСКИ 21.711 34.265
ФОНДОВИИРЕЗЕРВИ
ФОНДОВИ 98.995 96.258
РАЗЛИКА ПРИХОДИ/РАСХОДИ ВО ТЕКОВЕН ПЕРИОД -7.949 2.737
ВКУПНО ФОНДОВИ И РЕЗЕРВИ 91.046 98.995
ВКУПНО ОБВРСКИ И ФОНДОВИ 112.757 133.260
Финансиски извештај
44
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (МЦМС)
ТЕЛ.: 02/3065 381 | ФАКС: 02/3065 298 | MCMS@MCMS.MK | WWW.MCMS.MK

More Related Content

Similar to МЦМС Годишен извештај 2018 година

Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
First Children's Embassy in the World
 
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Детска Амбасада Меѓаши
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Coalition of youth organizations SEGA
 

Similar to МЦМС Годишен извештај 2018 година (20)

Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Мак...
 
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016-2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
 
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИСтратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Стратегиски план 2016 2020 на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
 
Односи со јавноста поим и потреба
Односи со јавноста поим и потребаОдноси со јавноста поим и потреба
Односи со јавноста поим и потреба
 
Глобално водство, соседство и односи со Бугарија
Глобално водство, соседство и односи со БугаријаГлобално водство, соседство и односи со Бугарија
Глобално водство, соседство и односи со Бугарија
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I делПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
 
Патот до ефикасната поддршка на заедницата е првиот водич за корпоративна фил...
Патот до ефикасната поддршка на заедницата е првиот водич за корпоративна фил...Патот до ефикасната поддршка на заедницата е првиот водич за корпоративна фил...
Патот до ефикасната поддршка на заедницата е првиот водич за корпоративна фил...
 
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантовиПостигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
 
Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013Довербата во граѓанското општество 2013
Довербата во граѓанското општество 2013
 
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
Прирачник за воспоставување механизми за соработка на локалната самоуправа со...
 
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica MobilitasАд хок грантови - Civica Mobilitas
Ад хок грантови - Civica Mobilitas
 
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
Стратегија за соработка на Општина Јегуновце со граѓанскиот сектор и негов по...
 
Искуството на Град Скопје
Искуството на Град СкопјеИскуството на Град Скопје
Искуството на Град Скопје
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
 
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdfГодишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
 
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
Evropska povelba za ucestvo na mladite luge vo lokalen i regionalen zivot_SEG...
 
Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран ...
Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран ...Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран ...
Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран ...
 
Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран...
 Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран... Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран...
Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран...
 
Односи со јавноста - Поим и потреба
Односи со јавноста - Поим и потребаОдноси со јавноста - Поим и потреба
Односи со јавноста - Поим и потреба
 
Multimedia Center Avizo - Company Profile
Multimedia Center Avizo - Company ProfileMultimedia Center Avizo - Company Profile
Multimedia Center Avizo - Company Profile
 

More from МЦМС | MCIC

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
МЦМС | MCIC
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
МЦМС | MCIC
 

More from МЦМС | MCIC (20)

Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
 
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
 
MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021MCIC Annual Report 2021
MCIC Annual Report 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2021
 
MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020MCMS Raport Vjetor 2020
MCMS Raport Vjetor 2020
 
MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020MCIC Annual Report 2020
MCIC Annual Report 2020
 
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 3
 
Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2Видливост на граѓанските организации - 2
Видливост на граѓанските организации - 2
 
Вклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГОВклучување на конституенти во ГО
Вклучување на конституенти во ГО
 
Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1Видливост на граѓанските организации - 1
Видливост на граѓанските организации - 1
 
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 4
 
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 3
 
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 2
 
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 1
 
Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8Транспарентност на граѓански организации 8
Транспарентност на граѓански организации 8
 
Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7Транспарентност на граѓански организации 7
Транспарентност на граѓански организации 7
 
Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6Транспарентност на граѓански организации 6
Транспарентност на граѓански организации 6
 
Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5Транспарентност на граѓански организации 5
Транспарентност на граѓански организации 5
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 2
 
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
Тематско вмрежување, партнерства и коалиции - 1
 

МЦМС Годишен извештај 2018 година

  • 2. 2 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Издавач: Македонскицентарзамеѓународнасоработка(МЦМС) Адреса на издавачот: ул. Никола Парапунов бр. 41а п.фах 55 10160 Скопје, Република Македонија Контакт: Тел.: 02/3065 381 факс: 02/3065 298 e-mail: mcms@mcms.mk www.mcms.mk Прв извршен директор: Александар Кржаловски Извршен директор: Гонце Јаковлеска Фотографии: Фотоархива на МЦМС Одговорен уредник: Гонце Јаковлеска Подготовка: Александра Сиљановска
  • 3. 3 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 СОДРЖИНА Порака од раководството 04 За МЦМС 05 25 години МЦМС 06 Вкоренето и влијателно граѓанско општество 08 Добро владеење и борба против корупција 19 Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата 26 Партнерства, односи со јавност и поддршка 33 Односи со актерите 34 Поддршка – Одржлив МЦМС 34 Односи со јавноста 36 Организација 38 Независно ревизорско мислење 40 Финансиски извештај 41
  • 4. 4 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Годината што помина за МЦСМ беше година на обележување на значаен јубилеј, 25 години од основањето на организацијата. Четврт век во кој спрове- довме повеќе од 1650 проекти со вкупен буџет од над 60 милиони евра и уште поважно, години во кои заедно со нашите корисници ги менувавме животите на граѓаните во градовите и селата, на младите и старите, на мажите и жени- те, Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци или Власи и други. Им благодариме на сите кои придонеле МЦМС да биде тоа што е денес – силна и кредибилна организација која е способна да се фати во костец со предизви- ците што ги носи новото време. Во годината на јубилејот, МЦМС спроведуваше 37 проекти три од неговите долгорочни цели, со вкупен буџет околу 116 милиони денари. Оваагодиназавршипрограмата„Цивикамобилитас“вокојавкупниотбројдо- делени и реализирани грантови беше 232. Годинава се одржаа пет форуми на актуелни теми. Отворени се три ресурсни центри од програмата Национален ресурсен центар за граѓански организации (НРЦ) кои им се на располагање на граѓанските организации. Вработените обезбедија поддршка за изработ- ката на четвртиот Национален акциски план за отворено владино партнер- ство и организираа дебата за регрантирање. Преку програмата Одржливо граѓанско општество – Државно финансирање на граѓански организации беа доделени 10 грантови за јакнење на ГО за добро управување, а за грантистите се одржа и обуката за организациски развој и систем на квалитет. Заврши и проектот „Топ тема на ваша страна“ преку кој, оваа година беа обучени нови 15 граѓански новинари, беа спроведени осум телефонски анкети и доделени награди на ХХ граѓанските новинари. Заврши проектот „Следење на работа- та на ДКСК“ од кој произлегоа вредни препораки кои Комисијата делумно ги прифати. Беше подготвен и новиот Извештај за проценка на корупцијата 2018. Започна новата програма Регионална мрежа за антикорупција што ја раководи МЦМС, а се спроведува во девет земји во регионот. МЦМС рено- вираше и опреми дел од просториите на средното електротехничко училиште од Прилеп, со што се овозможи учениците да учат низ практична работа. По интервенциите, надминати се проблемите со злоупотреба на детски труд кај 20семејстваворегионотнаКривогаштани,ПрилепиКрушево.Делодинфор- мациите ги дистрибуиравме преку нашата веб страна која годинава имаше зголемување на посетите за 41,6 % во однос на претходната година. МЦМСбешеделоднекоиодглавнитепостигнувањазаподобрувањенафунк- ционирањето на граѓанското општество. Претставници на организацијата, заедно со уште шеесетина претставници на други граѓански организации учествуваа во подготовката на Стратегијата за соработка со и развој на граѓан- скиот сектор што Владата ја донесе во октомври 2018 година. МЦМС, заедно со другите ГО силно лобираше во процесот на воспоставување на Советот за соработкасоиразвојнаграѓанскиотсекторштокакосоветодавнотелонаВла- дата беше основан во април 2018 година. Порака од раководството Александар Кржаловски Прв извршен директор Гонце Јаковлеска Извршен директор
  • 5. 5 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 За МЦМС Визија и мисија Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е организација на граѓанското општество што верува во мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата на универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамноме- рен и одржлив социоекономски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност. МисијатанаМЦМСедапредводипроменисоновииалтернативнирешенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите актери и кои се вклучува- ат во главните текови. Цели и методи Долгорочни цели на МЦМС се: ↗↗ Вкоренето и влијателно граѓанско општество ↗↗ Добро владеење и борба против корупцијата; ↗↗ Социјална инклузија и кохезија; ↗↗ Поддржан процес на евроинтеграција; ↗↗ Подготвеност за миграциски предизвици; ↗↗ МЦМС, независна и организација со кредибилитет – тивок но видлив поврзувач; ↗↗ МЦМС, атрактивна и иновативна организација. МЦМС активностите ги остварува преку: ↗↗ Застапување (информирање, градење свест, едукација, креирање и влијание на политики, следење и барање одговорност); ↗↗ Развојна поддршка (капацитети и инфраструктура); ↗↗ Социјално- хуманитарна поддршка. Организациските методи се раководење и спроведување.
  • 6. 6 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 „Посредник меѓу локалните потреби и меѓународните можности“, „чадор на граѓанските организации на Македонија“, „кршач на мраз“, „пополнувач на јазовите“, „тивок поврзувач“ „организација со став“, се само дел од фразите кои го карактеризираат МЦМС кој на 14 декември 2018 година со Свечена ака- демија прослави 25 години од своето основање. На настанот присутните се присетија на успесите кои го одбележаа овој четврт век работење на ор- ганизацијата. Во овој временски период, МЦМС спроведе 1.652 проекти од различни општествени сфери со буџет од над 60 милиони евра. „Кога се прави ретроспектива лесно е да се каже дека времето ги носи настаните и ништо не зависи од личностите, демек работите ќе се случеле и вака и онака. Тоа никако не важи кај нас. Тука е мал временскиот лост и раситнет човековиот потенцијал. Верувајте ми, да не беше МЦМС многу работи немаше да се случат, а Македонија ќе беше поматно и понесреќно место за живеење“, рече Звонко Шаврески од Полио плус како долгогодишен партнер на МЦМС. Обезбедена чиста вода за пиење во 262 села во Македонија, итна реакција за време на двете кризи во 1999 и 2001 година, вклучување на Ромите во образованието и работната сила, зајакната економ- ска независност на жените од конфликтните подрачја, подобрени услови за работа и учење во 16 учи- лишта, кампањи за подигнување на свеста и публикации за аргументирана расправа се само дел од резултатите со кои организацијата може да се пофали. Жак Вилемсе , поранешен член на Конзорциумот за Македонија (донаторската заедница), говореше за почетоците на МЦМС и за бројните проекти за водоснабдување на заедниците. „Кога се осврнувам наназаднаМЦМС,негигледамсамобројкитеилиониеработикоиможедасеизмерат,тукуистотака пораката која тие ни ја пренесоа нам, како и на нивниот народ. Мислам дека тоа е една од причините порадикои25годиниподоцнаМЦМСсеуштепостои.Сумвиделмногуновиорганизациикоидоаѓаат и си одат, но МЦМС е еден од извонредните примери за човековиот успех.“ „Во МЦМС сум од самиот негов почеток и сум еден од ентузијастите кои се обидуваат да дадат визија на оваа организација заедно со другите“, рече Наташа Габер Дамјановска, поранешен член и претсе- давач на Управниот одбор на МЦМС. Таа се осврна кон активностите кои ја обликуваа овозможувач- ката околина за благопријатен развој на граѓанските организации и за да се постигне развиен, одрж- лив и влијателен граѓански сектор. Ризван Сулејмани, претседавач на Советот на МЦМС истакна дека „големината на МЦМС не е во тоа што има еден од најголемите буџети на граѓански организации, ниту во тоа што е една од најголемите организации во државата. Неговата големина е во тоа што пред сите успеа да ја препознае силата на комплементарното единство на различните етнички, социјални и религиозни заедници кои успешно ги менаџира и наместо деструктивни конфликти произведе компаративно единство и синергија.“ Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, рече дека за четврт век МЦМС стана фак- тор на развој на граѓанското општество и промотор на европските вредности. „Овие постигнувања не беа лесни. Напротив, бараа долги напори, чести усогласувања на разни засегнати страни, интереси и мислења. Водилка отсекогаш ни била потребата од градење консензус“, потенцираше тој, додавајќи декаопштественатаполаризацијаепоследицаоднеможностазапостигнувањеконсензусоколуклуч- ните општествени прашања. Колку и да мислиме дека е лошо во државата, додаде тој, сепак, многу е направено и променето за овие 25 години во Македонија. На крај, во кратко обраќање, поранешниот извршен директор на МЦМС, Сашо Клековски, истакна дека МЦМС треба да инсистира на тоа дека само добра волја и напорна работа можат да доведат до успех, а тој како и секој родител, е горд на организацијата во која прерасна МЦМС. 25 години МЦМС
  • 7. 7 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 25 години 1993 2018 Низ годините 1650 проекти 60 мил € буџет 9 цели
  • 8. 8 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ВКОРЕНЕТО И ВЛИЈАТЕЛНО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
  • 9. 9 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“ Постигнување мерливи и трајни подобрувања на граѓанското општество во неговото практикување вредности, вклучување на граѓаните, ниво на организација и перцепција на влијанието Во 2018 година беа доделени последните 12 грантови на здруженија, фондации и неформални групи граѓани. На крајот на 2018 година, програмата имаше доделено вкупно 232 грантови, а вкупната финансиска поддршка изнесуваше над 300 милиони денари. Над 440 членови на граѓански организации, граѓани, претставници на другите актери на граѓанското општест- во и на институциите, претпријатијата и медиумите учествуваа во петте форуми. Во 2018 година беше одржана работилницата за мерење и комуницирање на резултатите. Таа беше последна од Програмата за учење која им помогна на 100-те грантисти од „критичната маса“ да ги зајакнат своите капацитети. WWW.CIVICAMOBILITAS.MK
  • 10. 10 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Премиерот Заев се соочи со граѓанските организации „Активно учествувавте сите во реформските промени со коишто ја поставивме и ја движиме Македонија стабилно на патот кон Европската Унија и НАТО. Вашето теренско искуство, долгогодишната работа, анализите за клучните состојби во државата се од директен интерес за граѓаните на Република Македонија и помогнаа кога го создававме реформскиотплан3-6-9“,речепремиеротЗоранЗаевнаот- ворањетонатематскиотфорумнаЦивикамобилитас„Една година Влада- осврт на граѓанските организации“ што се одржа на 31 мај 2018 година. Во структурирана расправа, повеќе од 100 претставници на граѓанските организации имаа можност да упатат пра- шања поврзани со нивното работење, да ги коментираат досегашните постигнувања како и да ги изразат нивните очекувања. Меѓупрвитепрашањабешеионакоесеоднесувашенафи- нансирањето на граѓанските организации. „Многу е важно коиќебидаталаткитезараспределбатанапарите.Верувам дека треба да определиме буџет и да го алоцираме, и на- шата работа да застане тука. Добрите меѓународни пракси вие треба да ни ги предочите за да можеме да ги канализи- раме тие буџетски средства во некоја фондација, каде на транспарентен начин ќе одлучувате вие занивнатараспре- делба“, рече премиерот Заев. Зборувајќи за подготвеноста на Владата за идните преговори со ЕУ, премиерот истакна дека планираат да го вклучат граѓанското општество во преговарачките тимови за секое од поглавјата. Во врска со мерките за борба против корупцијата, преми- ерот изјави дека новата антикорупциска комисија ќе биде воспоставена на основа на новиот закон што е во подготов- ка. Според него, во Комисијата не треба да има политича- ри,тукунезависниинтелектуалцииекспертиодграѓански- от сектор. Премиерот зборуваше и за правото на децата на чист воз- дух. „Повеќето мерки што ги преземавме се на средноро- чен, односно долгорочен план и резултатите од нив допрва ќе дојдат. Но, презедовме и краткорочни мерки тогаш кога беше најкритична ситуацијата“, рече тој. На лицата со поп- реченост и на Ромите им порача да аплицираат за позиции во управните, регулторните тела и Владата, како решение за нивното ниско учество во овие институции. За родово- то одговорно буџетирање тој истакна дека веќе при први- от ребаланс ќе се знае дали е применето, и дека тој лично ќе инсистира на тие проверки. Според него, Владата нема поддршка ниту разбирање од останатите партнери и поли- тички партии по прашањето за значителната родова неед- наквост во Владата а и во Собранието. „Медиумски пазарења нема да постојат, а ќе има соодвет- на поддршка за пишаните медиуми и МРТВ како јавен сер- вис“, вети премиерот Заев. Тој додаде дека реформите на медиумското законодавство се заглавени во Собранието. Во втората сесија Дамјан Манчевски, министер за ин- форматичко општество и администрација, одговараше на прашањата на граѓанските организации поврзани со пре- вработеноста на администрацијата, блокираните сметки на општините, несоодветните кадри кои се поставени во казнено поправниот дом Идризово и фондовите на ЕУ кои треба да одат преку Владата.
  • 11. 11 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Четвртата средба за вмрежување на организациите со признанија за посебни постигнувања „Во последните две-три години иницијативите на граѓан- ското општество обезбедија опипливи промени во земјата што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото влијание. Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои до- бра основа за дијалог и отвореност за соработка.“ Со овие зборови амбасадорката на Швајцарија, нејзината ексе- ленција Сибил Сутер Тејада ја отвори четвртата Средба за вмрежување на Цивика мобилитас, последна во оваа фаза на програмата. На30ноември2018г.сесобраа132претставницинаграѓан- скитеорганизацииподдржаниодпрограматавоизминати- ве четири години, со цел да ги разменат искуствата и да ги презентираат промените кои тие ги постигнале досега. „Ова е најголемата програма за поддршка на граѓанските организации, односно програма која овозможила најши- рок опфат во историјата, што ме прави многу среќен“, рече Александар Кржаловски, националниот тим лидер на Ци- вика мобилитас. Тој ги сумираше резултатите на програма- та кои вклучуваат над 2000 обуки за граѓанските органи- зации, над 1800 истражувања на различни теми, над 500 дебати и дискусии, над 600 истражувачки стории итн. Емина Нурединоска, заменик национален лидер на тимот, потенцираше дека поддршката на Цивика мобилитас овоз- можи да се зголеми буџетот кај 34 институционални гран- тисти, а во еден случај, тој е зголемен за дури седум пати. Петруш Тоинес, меѓународен тим лидер на програмата, зборуваше за заедничките вредности на заедницата Ци- вика мобилитас и за меѓусебната солидарност. Изненаду- вачки е фактот што 90% од присутните изјавија дека сакаат да останат во заедницата, дури и ако не добијат грант во наредната фаза. Денот беше затворен со 10 презентации во кои организа- циите ги претставија своите постигнувања пред аудиториу- мотибеаоценетиодистиот.Организациитебеанаградени со суми од 3000 до 5000 швајцарски франци од страна на Цивика мобилитас како признание за нивните посебни постигнувања. Во текот на програмата пристигнаа 1341 апликација, кои резултираасо232доделенигрантови.Корисницитеиапли- кантите се обратиле за помош до тимот на Цивика моби- литас 500 пати, а имале и над 100 состаноци на кои им бил даден фидбек. Програмата организираше 31 форум во сите плански региони во земјата, а учество зедоа над 4200 акти- висти, претставници на граѓански организации и граѓани.
  • 12. 12 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ Обезбедени услуги за градење на капацитети на граѓански организации, за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонес кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество Оваатригодишнапрограмазапочнадасеспроведувавофевруари2018година.Воспоставенисетритересурсни центри во Скопје, Гостивар и Штип. Организирани се повеќе од 20 настани, средби, состаноци и обуки, дистри- буирани се околу 400 информации на различни теми од интерес на граѓанските организации. WWW.RCGO.MK
  • 13. 13 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Регрантирањето како финансиска инфузија за организациите „Ние како ЕУ сакаме да ја развиеме демократијата во це- лата земја. Регрантирањето е флексибилен инструмент кој го користиме за да допреме до малите организации кои не- маат капацитет да спроведуваат поголеми проекти“, изјави Никола Бертолини од Делегација на ЕУ на отворањето на дебатата за регрантирање организирана од Граѓанскиот ресурсен центар што се одржа на 30 октомври во Скопје. Регионалните искуства во регрантирањето ги пренесе Дарио ди Бенедето од Делегација на ЕУ во Косово. Тој зборуваше за тамошното искуство каде се доделени 317 под-грантови во рок од две години и каде се соочуваат со преклопување на активностите, како и со недоволно ниво на менторирање на под-грантистите. ТинаДивјакодСловенијаукажанабирократскитепроцеси кои донаторот треба да ги прилагоди според големината на проектот.„Аконесезанимавашсобрикратија,ќепосветиш повеќе време на активностите од проектот. Донаторот пос- ветува 20-30% од фондовите на проектите за мониторинг за да превенира 2% загуба“, додаде таа. Ирена Иванова од Делегација на ЕУ во Скопје, говореше за ситуацијата во Македонија каде досега се регрантирани 350 проекти со суми кои варираат од 5.000 до 25.000 евра. Таа се согласи декапроцедуритетребадасепоедностават,носамовослу- чај на подобра пракса и поголема транспарентност. Претставниците на Конект, Центарот за граѓански комуни- кации, Преда плус и АЛДА ги споделија нивните искуства како организации кои имаат проекти со регрантирање. Сите имаат пракса да ги менторираат нивните под-гран- тистите во активностите што ги спроведуваат, но и во ра- ководењето со грантовите. Сите водат сметка добитниците на грантови да бидат млади организации со мали буџети и рамномерно распределени низ планските региони на земјата. Претставниците на Ганимед, Центарот за одржлив развој од Дебар и Иницијативата на невработени интелектуалци од Виница ја презентираа страната на организациите кои се регрантирани. Тие се задоволни од соработката и беа согласни дека ваквиот начин на финансиска поддршка е инфузија за организациите. Забелешките се однесуваа на сложените административни процедури кои не соод- ветствуваат ниту со големината ниту со времетраењето на нивниот проект, особено регистрацијата на проектите во Секретаријатот за европски прашања и Управата за јавни приходи.
  • 14. 14 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Мобилните ресурсни центри- локална поддршка на здруженијата Ревидирање на општествени стратегии, зголемување на соработка со општините, недостаток на волонтери и сора- ботницивограѓанскитеорганизации,зголеменадецентра- лизација на фондовите и поголемо учество при носењето на одлуки побараа граѓанските организации во земјава за време на средбите организирани како дел од Мобилниот ресурсен центар. Во текот на годината, тимот на Граѓанскиот ресурсен цен- тар посети 10 општини, и тоа: Битола, Кичево, Маврово и Ростуше, Струмица, Велес, Брвеница, Врапчиште, Маке- донска Каменица, Кочани и Тетово во кои дискутираше со локалнитездруженијазанивнитепотребисоцелдагипод- држи и да заживее граѓанскиот сектор. Локалните граѓански организации одблиску се запознаа со активностите и улогата на Граѓанскиот ресурсен центар, а освен тоа добија и простор за дискусија за актуелните случувања и предизвици во секторот. Мобилниот ресурсен центар оствари средби и со градона- чалниците на Македонска Каменица, Кочани, Маврово и Ростуше и Брвеница, а во останатите општини имаше сред- би со претставници од општините со кои се дискутираше за соработката на општините и здруженијата.
  • 15. 15 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ОДРЖЛИВО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО- ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ Ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои делуваат во поддржувачка финансиска околина Програмата почна да се спроведува во јануари 2018г. Во првата година беше подготвена и доставена Предлог-иницијатива за Годишната програма за работа на Вла- дата на Р. Македонија за 2019 година за реформирање на државното финансирање на граѓанските организации. Исто така, се иницираше соработка со Одделението за соработка со невладини организации при Владата на Р. Македонија за подготвеноста на МЦМС да овозможи поддршка на процесот на консултација со граѓанските ор- ганизации за програмирање на средствата за ГО за 2019 г. кои се доделуваат од Владата на Р. Македонија преку Одделението. WWW.OTCETNIGO.MK
  • 16. 16 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Доделени 10 грантови за унапредување на внатрешните структури на управување Се финализираше постапката за избор на 10 грантови. Поддржани се следните организации: ↗↗ Finance Think - Институт за економски истражувања и политики; ↗↗ Здружение за критички пристап кон родот и сексуал- носта Субверзивен фронт; ↗↗ Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции Избор; ↗↗ Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши; ↗↗ Здружение Совет за етика во медиумите на Македо- нија Етика прес; ↗↗ Здружение ХОПС- Опции за здрав живот; ↗↗ Подружница на Асоцијација на агенции на локална демократија; ↗↗ Сојуз на извидници; ↗↗ Фондација за локален развој и демократија Фокус; и ↗↗ Црвен крст на град Скопје. „МногумерадуваштовоМакедонијапостојатиницијативи и обуки кои го овозможуваат созревањето на граѓанските организации. Верувам дека само со добро структурирање ќе се овозможат хумани услови за општествен развој“, рече Вања Димитриевски од ХОПС. Активностите на организациите опфаќаат различни сег- менти на добро управување како: воспоставување на систем на оцена за вработените, воспоставување на пра- вилници за финансиско работење, набавки, правилник за алокација на средства од донации и економски актив- ности, подобрување на водењето на човековите ресурси, систематизација на работни места, формирање на волон- терски центар, воспоставување на деловодници за работа на управните органи на организациите, воспоставување на одредби за транспарентност и отчетност и политики за спречување конфликт на интерес, и итн. Грантиститеќеимплементираатпроектитеод1јули2018до 31 декември 2019 г. Во овој период тие ќе бидат вклучени и во останатите активности на програмата како: обуки, на- ционални конференции, локални настани и слично. На 28 септември во Охрид веќе се одржа првата обука за „Организациски развој и системи за обезбедување на ква- литет“ на која учествуваа 16 претставници на граѓанските организации. Оваа е првата од низата обуки кои ќе следат, а чија цел е подобрување на спроведувањето на целиот систем на стандардите за добро управување на организа- циите.
  • 17. 17 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ТОП ТЕМА НА ВАША СТРАНА Создавањеинформиранограѓанствокоееспособнодајакреирасвојатаид- нинапрекуизразувањенапреференции,дебатииаргументиранадиску- сијапрезентиранивоинформативнатаемисија„Топтеманавашастрана“. Вкупно 15 граѓански активисти добија обука за граѓанско новинарство, наодите од 23 истражувања на граѓански организации беа дебатирани во 19 емисии „Топ тема на ваша страна“, а беа избрани и 27 добитници на награди на Конкурсите за стории и фотографии на граѓански новинари. МЦМС и ТВ Телма спроведоа осум телефонски истражувања на јавното мислење за актуелни општествени теми, едно теренско истражување и шест фокус групи за препознатливост на брендот Телма и Топ тема. WWW.TELMA.COM.MK/KATEGORIJA/TOP-TEMA-NA-VASHA-STRANA/
  • 18. 18 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Топ тема на ваша страна пример за самоодржлива ТВ програма „Во САД ја цениме улогата на проверка и балансирање што јаимаатмедиумитесоистражувањата,известувањатаипо- ставувањето прашања поврзани со управувањето на држа- вата. Навистина, силните медиуми се наоѓаат во срцето на нашата демократија“, рече Микаела Швајцер- Блум, врши- тел на должност амбасадор на САД, на завршниот настан за проектот „Топ тема на ваша страна“. Пред присутните се обрати и главниот уредник на Телма Телевизија, Атанас Кировски, кој говореше за стремежот програмата да понуди нов квалитет и друга димензија во медиумскиот простор. Како најпрепознатливи сегменти од програмата ги посочи истражувањата на јавното мнение со кои се демонстрираа трендовите кај електоратот, а потоа и двонасочната кому- никација со публиката, таунхол дебатите и жешкото столче. Тој ја истакна синергијата со граѓанскиот сектор како ва- жна предиспозиција за дебата базирана на факти. УСАИД преку две-годишна соработка ја поддржа Телма ТВ и МЦМС при што се воведоа нови форми на известување и дебатирање кои вклучија прашања на граѓаните пратени прекусоцијалнитемедиуми,дебатиодградовитенизцела- та земја и употребата на истражувања за важни општестве- ни теми итн. Топ тема на ваша страна ќе продолжи со еми- тувањетонаТелмаТВипозавршувањетонаподдршкатаод УСАИД. 
  • 19. 19 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА
  • 20. 20 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА АНТИКОРУПЦИЈА Дагипрошириипродлабочиантикорупцискитедејствијаодзаконскапостапка конпооснованоекономскоделување,какоштосерешавањетонаврскатамеѓу корупцијатаискриенатаекономијаикорупцијатаиорганизираниоткриминал Програмата започна да се спроведува во мај 2018 година и ќе трае до 2022 година. До крајот на 2018 година под- готвени се: повик за мали грантови за антикорупција, прашалник за спроведување на истражување на перцеп- циите за корупција – СЕЛДИ 2019 година, краток тематски документ за јавни политики на тема „Институцио- нална поставеност и ефикасност на агенциите за борба против корупцијата во ЈИЕ“ и методологијата „МАКПИ Заробена држава“. WWW.SELDI.NET
  • 21. 21 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Нови регионални активности за борба против корупцијата На 5 и 6 септември 2018 година, во просториите на МЦМС се одржаа првиот годишен координативен состанок и пр- виот состанок на Управниот комитет на проектот „Граѓан- ско општество за добро владеење и антикорупција во Југо- источна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“. На состанокот учествуваа 12 претставници од 10 организации членки на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ, како и проектниот тим од МЦМС. „Со проектот ќе се утврдат приоритетите, потребите и це- лите во борбата против корупција во земјите од Западен Балкан, на кои потоа ќе се фокусираат активностите“, рече Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС и додаде дека ова е трет во низата проекти за СЕЛ- ДИ финансирани од Европската Унија. Во периодот што претстои ќе биде подготвен и објавен повикот за доделување на мали грантови на тнр. грас-рут и мали организации кои работат во областа на антикоруп- цијата; ќе се направат подготовките за спроведување на системот за следење на корупцијата; ќе се подготви краток документ за јавни политики и обука за зајакнување на ка- пацитетите на партнерите за истражување и воведување нови методологии. Покрај тоа, ќе се работи и на воведу- вањеноваметодологијакојаќегодијагностицирафеноме- нот на заробена држава. „СЕЛДИ во изминатиот период покажа дека има капаци- тет да влијае на антикорупциските политики во регионот. Сепак за проширување на активностите и поголема ус- пешност во наредниот период сите организации членки треба да се посветат на пронаоѓање на нови фондови“ - ис- такна Руслан Стефанов, директор на сектор во Центарот за изучување на демократијата од Бугарија. На средбата, покрај работниот план беа разгледани и дис- кутирани и планот за застапување, планот за видливост и комуникација како и планот за набљудување и оценка на постигнатите резултати на СЕЛДИ.
  • 22. 22 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 СЛЕДЕЊЕ НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА МЦМСгиподготвиИзвештајотзадосегашнатаработатанаДКСКвопериодотод2006до2015годинаипетквар- тални извештаи со кои е опфатен период од октомври 2016 до декември 2017 г. Покрај тоа, МЦМС го подготви и Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија. Наодите од него и од последниот квартален извештај беа презентирани на завршниот настан на проектот и предизвикаа големо внимание. МЦМС како дел од Платформата за борба против корупцијата побара од Собранието, Владата и политичките партии да се воспостави професионално тело за антикорупција кое ефективно, независно и со висок интегритет ќеиницираиќегиспроведувазаконскитенадлежностииполитикитезаспречувањенакорупцијатавоРепубли- ка Македонија. ДКСК прифати дел од препораките кои произлегоа од проектот „Следење на работата на ДКСК“ #СЛЕДИЈАДКСК #ЗАПОЗНАЈЈАДКСК Следење на спроведувањето на законски обврски, транспарентноста и отчетноста на борбата против корупцијата од страна на ДКСК
  • 23. 23 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Jавноста не верува дека ДКСК ги штити интересите на граѓаните Доколку корупцијата и организираниот криминал се раз- гледуваат како состојби кои имаат иста позадина и бараат поврзани мерки за нивно сузбивање, се доаѓа до заклучок дека тие за граѓаните се подеднакво голем проблем како и егзистенцијалните прашања - покажа Извештајот за про- ценка на корупцијата од 2018 г. Дополнително резултатите покажуваат дека граѓаните не се оптимисти дека се можни позначајни позитивни про- мени во поглед на намалување на корупцијата и тоа е про- следено со ниската доверба во институциите (особено кај ДКСК, кај судовите и кај ЈО) задолжени за спречување и гонење на корупцијата. Ваквата состојба негативно може давлијаеврзуспехотнаактуелнитеинаиднитеантикоруп- циски јавни политики. Резултатите меѓу другото покажуваат дека мнозинство граѓани (63,7%) сметаат дека ДКСК ги штити интересите на поединци, наспроти 12,7% кои веруваат дека ги штити ин- тересите на граѓаните. Споредбата со резултатите од 2017 покажува дека има намалување за 15,5 процентни поени (од 28,2% на 12,7%) во верувањето дека ги штити интереси- те на граѓаните. Ова може да се толкува како пад на довер- батанајавноставоДКСКвоодноснапримарнатаулога-да го штити јавниот интерес. МЦМС ја Следеше на работата на ДКСК 18 месеци и ги информираше граѓаните за неа. Предмет на интерес беа: постигнувањата, транспарентноста и отчетноста. За да ги приближи резултатите до граѓаните, МЦМС креира лесно читливи инфографици и видеа. Во основа на овие визуел- ни форми на информирање се извештаите за работата на ДКСК. Првиот е Извештај за состојбата го опфаќа периодот од 2006г. – 2015г., а исцрпните информации од него се субли- мирани во две и пол минутно видео за Ефектите од рабо- тењето на ДКСК. Освен тоа, МЦМС подготви четири квар- тални извештаи и истите ги сублимираше во две видеа „Што сработила ДКСК во првите шест месеци од 2017 годи- на“ и „Kои се постигнувањата на ДКСК во второто полуго- дие од 2017 година“. Секој извештај содржи заклучоци и препораки за соодвет- ниот период. Дел од нив беа прифатени од страна на ДКСК што придонесе да се подобри работење во дел од обла- стите во кои е идентификувано потфрлање. Според Розета Трајан, државен секретар во ДКСК, неспроведувањето на делодпрепоракитеерезултатнаобјективниисубјективни фактори и останува истите да бидат исполнети во иднина.
  • 24. 24 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 СЛЕДЕЊЕ НА АНТИ-КОРУПЦИСКИ РЕФОРМИ Унапредувањенаефикасностанаграѓанскитеорганизациивоанти-корупциските реформиповрзанисоинтеграциитевоЕУ,прекунабљудувањенаспроведувањето наКонвенцијатанаОбединетитенациизаборбапротивкорупција(UNCAC). Во текот на 2018 година беа организирани две работилници и една меѓународна конференција на која учеству- ваа домашни и странски експерти, претставници од ГО, државни институции, медиуми и други заинтересирани граѓани. WWW.MCMS.MK
  • 25. 25 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Презентираниискустватазаспроведување на Конвенцијата на ООН за борба против корупција Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 5 јули организираа Конференција на тема: „Конвенцијата на ОН против корупција (УНКАК) и ин- тегритетот, транспарентноста и антикорупциските пре- вентивни политики“ која имаше за цел да го унапреди знаењето за механизмите на ревизија на оваа Конвенција инејзинотозначењевомакедонскаталегислативазаборба против корупцијата. Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, го на- гласи значењето на овој меѓународен инструмент и залож- бите на министерството за негово доследно вклучување и примена. Тој потенцираше дека заложбите на Владата на РМ се целосно насочени кон справување со корупцијата и дека во тој дух се и измените на Закон за спречување на ко- рупција. Ристовски ја потенцираше и потребата од учество на граѓанскиот сектор во овој процес. РаководителотнасекторотзасоработкавоДелегацијатана Европска Унија, Никола Бертолини, укажа на потребата од продолжување на реформите во справување со корупција- та. Според него, Македонија на патот кон ЕУ мора целосно да се посвети на создавање легислатива и институции кои ќе бидат посветени на борбата против корупција и додаде дека граѓанскиот сектор може да биде вреден партнер на државните институции на ова поле. Бертолини истакна дека независно тело кое ќе биде за- должено да ја гони корупцијата е приоритет и дека оваа реформа е значајна за државата. За значењето на УНКАК, како механизам во борбата про- тив корупцијата и улогата на граѓанските организации збо- руваа претставници од граѓанскиот сектор. Тие се осврнаа на искуствата од нивните секојдневни активности на ова поле. Меѓународни искуства беа презентирани од страна на меѓународните експерти, Вид Томиќ од Транспаренси ин- тернешнал Словенија и Мет Тром од Бингам центарот за владеење на право од Велика Британија. Дел од Конференцијата беше и панелот посветен на уло- гата на државните институции во спроведувањето на Кон- венцијата со посебен осврт на Глава 2 и 5. Претставниците од Министерството за правда и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја презентираа нивна- та улога во овој процес.
  • 27. 27 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ПРОЕКТИ ЗА СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И ИНКЛУЗИЈА Подобрувањенаусловитезаследењенанаставатавоучилиштата Учениците во основните училишта во Драгожани и Могила, како и во средното училиште во Прилеп ја следат наставата во подобрени услови за учење. За средното училиште „Ристе Ристески - Ричко“, во Прилеп, заменети се влезните врати и подови во училниците, поправени и бојадисани се ѕидовите и плафоните, инсталирана е нова електрична мрежа со ЛЕД осветлување, поставен е нов школски мебел и специјализирана опрема за практична настава. Покрај тоа, во подрачното ос- новно училиште „Александар Турунџев“ во с. Драгожани, општина Битола и во подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“ во с. Ношпал, општина Могила конструирана е заштитна оргада околу училиштето и уре- ден е училишниот двор. WWW.MCMS.MK
  • 28. 28 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Нова ера за стручното образование во Прилеп Во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, единственото училиште со електротехничка струка во градот, практична- та настава се одвиваше во училници чијшто под со дупки последен пат бил сменет пред 30 години, на пултови не- адекватни за практична настава, со едно лемило кое им користи на група од 15 ученици. Професорите биле прину- дени да импровизираат и преку цртежи, видео или мате- ријали донесени од дома да им објаснат на учениците како се работи со одреден инструмент. Сликата повеќе не е таква. Од првото полугодие во 2018 го- дина, наставата се одвива во училници со променети под- логи и под, нови врати, бојадисани ѕидови, поправен кров. Покрај тоа се инсталираше нова електрична мрежа со ЛЕД осветлување, поставен е нов школски мебел и специјали- зирана наставна опрема, а обезбеден е и технички надзор. „Освен што амбиентот е осовремен и попријатен за работа, новите уреди го подобрија квалитетот на практичната на- става, односно им овозможија на учениците низ практич- нивежбисосоодветнатаопремадагиутврдуваатзнаењата кои веќе ги стекнале на теоретската настава“, рече дирек- торката на училиштето, Билјана Трајкоска. Очекувањата од модернизирањето на наставата одат во насока на зголемување на интересот за образовните про- фили во оваа струка. Така на пример, во паралелките за електротехничар за електроника и телекомуникации или за електротехничар и енергетичар досега не бил исполнет максималниот број на ученици, па се надеваат дека тоа ќе се промени веќе во наредниот уписен рок. Изведбата на проектот почна во август и траеше до декем- ври 2018 година. Сите кои беа дел од процесот, а особено раководството на училиштето и претставниците на општи- на Прилеп, изразија огромно задоволство од квалитетот и стандардите со кој е реализиран овој проект. Од училиште- то се благодарни за ажурноста, разбирањето и флексибил- носта кои тимот на МЦМС ги покажал, со цел да се испо- читуваат кратките рокови и потребите кои во меѓувреме произлегле. Реновирањето на СОУ Ристе Ристески Ричко е дел од Про- ектите за модернизација на образованието на МЦМС, ис- тото чинеше 80 илјади долари, а го финансираше Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.
  • 29. 29 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДДРШКА НА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ Елиминирањенадетскатаработаисоздавањемеханизамзаподдршка натутунопроизводителитеиангажиранитеработницикајнив Во 2018 година елиминирана е злоупотребата на детски труд во 10 случаи. Операторките заедно со теренски- те техничари на трите тутунски компании посетија 895 тутунопроизводители, чии фамилии имаат деца за да ги информираат за правата и обврските поврзани со користење на детска работа. Посетени и советувани беа 118 ангажирани работници (аргати). Во текот на целата година, вкупно 661 тутунопроизводител или работници кај нив побарале помош или инфор- мација од операторките од кои 144 се јавиле на бесплатната СОС линија, 82 директно ја посетиле канцеларијата во Кривогаштани, а 435 се обратиле при посетата на самите семејства. Подрачјето во кое се спроведува проектот се прошири за уште седум нови села во општините Крушево и Прилеп. WWW.MCMS.MK
  • 30. 30 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Пет години СОС линија за тутунарите од Кривогаштани На 9 октомври 2013 година МЦМС го означи почетокот на работата на Линијата за поддршка на тутунопроизводите- лите и работниците (0800-24680) во Кривогаштани. Денес проектот опфаќа 23 села, односно цела општина Криво- гаштани, дел од општина Прилеп и дел од општина Круше- во. Тутунопроизводителите и работниците досега покренаа 2.976 прашања преку СОС линијата, директно во канцела- ријата за поддршка или при теренските посети на тимот на оператори составен од правен експерт и социјален работ- ник. „Чудесно е како ја променивме сомничавоста на првите групи фармери со кои соработувавме, за пет години подо- цна тие со нас да се однесуваат како кон пријатели“, рече Наташа Димеска, една од операторките. „За пет години ја стекнавме нивната доверба до тој степен што нѐ контакти- раат и за прашања кои не се во наш примарен домен. Дра- го ми е што фармерите нѐ препознаваат пред сѐ како луѓе и свесни сме дека ова е мост кој не смееме да го срушиме“, додаде таа. Најчесто поставувани прашања во зимскиот период се од- несуваат на субвенциите и откупот, додека во летниот пе- риод прашуваат за тоа дали и што можат да работат децата на фармите. Значајно да се забележи е дека годинава 80% од прашањата ги поставиле жени. Досега посетени се 1.172 ангажирани работници (аргати), со кои од годинава се вршат и групни презентации за нив- но информирање. Уште еден важен аспект од работењето на канцеларијата е напорот за елиминирање на искористувањето детски труд. Операторките досега имаат посетено 3.366 тутунопроизво- дители чии фамилии имаат деца со цел да ги информираат за правата и обврските поврзани со користење на детска работа. Досега забележано и елиминирано е искористу- вање на детски труд во 51 случај. Долгорочните позитивни ефекти од работата на канцеларијата се уште повидливи кога се знае дека новите случаите на искористување детски труд се регистрираат во села каде претходно канцеларија- та не функционирала.
  • 31. 31 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 МАЛИ РАЗВОЈНИ ИНИЦИЈАТИВИ СоздавањеосновазаактивностинаГОиопштинизазастапувањезасновано нафакти,финансискаодржливост,соработкаиодржливразвој На четворица млади луѓе со македонско потекло кои живеат во САД, Австралија и Канада им беше овозможено да научат повеќе за нивното потекло преку пракса и престој во Македонија. „Родум од Македонија“ расте од година во година, а досега 22 млади Македонци кои се родени и живеат надвор од државата има можност да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врс- ници во Македонија. Активностите се дел од проектот „Родум од Македонија 2018“ кој четврта година по ред го спроведoa МЦМС и Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Студискиот престој се одвиваше од 29 јуни до 20 јули. WWW.FACEBOOK.COM/BIRTHRIGHTMACEDONIA
  • 32. 32 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Студентите од дијаспората горди на своето културно наследство Кристина Блажевска од Австралија, Емилија Димитриев- ски и Ванеса Овен (Vanessa Owen) од Канада и Еван Симов (Evan Simoff) од САД, имаа можност да ја посетат Македо- нија за време на нивниот студиски престој кој е компле- ментарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Учесниците имаа пракса во кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Таскфорс БПО и во клиниката „Жан Митрев“. „Јас имав прекрасно искуство тука кое ми овозможи прак- тична работа, изучување на јазикот и културата, запозна- вање на неверојатната историја, како и поврзување со луѓе во слична ситуација како мојата. Мислам дека научив мал- ку за нивните земји, тие научија малку за мојата, додека сите заедно учевме за Македонија“, рече Ванеса Овен. Учесниците, како и секоја година, имаа можност да прес- тојуваат во семејства-домаќини и на овој начин одблизу да ги видат секојдневието и културата на Македонците. Филип Јотевски, кој учествуваше во програмата во 2015 го- дина, беше тука за да го пренесе своето искуство на новите учесници. „Дијаспората може да и помогне на земјата не самосотоаштоќесеврати,тукуисоследењенаактуелните случувања, одржување на традицијата, учење на нашите деца да зборуваат македонски јазик, посетување на фес- тивалиикултурниманифестации,какоипрекувклучување вонашитезаедници.Безразликакадеживееме,например јас сум од Америка, треба да ги застапуваме македонските интереси во локалната или централната власт. Тоа се некои од поважните работи кои можеме да ги направиме за на- шиот народ тука“, истакна тој. Покрај ангажманот во текот на работните денови, четвори- цата имаа можност да патуваат за време на викендите и да дознаат повеќе за Македонија.
  • 34. 34 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Односи со актерите Во 2018 година, соработката со домашните и странските граѓански организа- ции, министерства и државни институции беше реализирана во рамки на ре- довните програми на МЦМС. Претставници на МЦМС учествуваа на неколку консултативни сесии органи- зирани од Владата и министерствата, а претставници на Владата учествуваа нанастанитенаМЦМС.Таквасоработкапостоешеисоделодлокалнатасамо- управа. Кај деловниот сектор, соработката е поинтензивна со Филип Морис (Philip Morris , Сокотаб и Алијанс уан Македонија (Alliance One) со кои МЦМС веќе 10 години работи на реновирање на училиштата. Регионалната соработка се одвива преку Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и мрежата СЕЛДИ – Лидерство на Југоис- точна Европа за развој и интегритет. МЦМС имаше активна соработка и со Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Соработниците учествуваа на 14 меѓународни и регионални настани, како и на повеќе настани на национално или локално ниво. Поддршка – Одржлив МЦМС Пристап кон извори на финансирање МЦМС подготви и поднесе пет пријави за проекти (грантови). За три од нив беа поднесени целосни пријави. Една е одобрена, две се одбиени, а за две се чека одговор. Волонтерство МЦМС продолжи со активностите за поврзување на граѓанскиот сектор со академијата преку волонтерство и практичната работа. Во текот на 2018 го- дина, се пријавија 15 заинтересирани волонтери, а избрани беа шест, од кои четворица странски волонтери. МЦМС и во овој период ја продолжи пракса- та да вклучува практиканти од Универзитетот Американ колеџ- Скопје и Уни- верзитетот Деусто од Шпанија. Волонтерите главно беа вклучени во тековни активности на проекти од Одделението за граѓанско општество и демократи- зација, но и работеа на истражување во интерес од МЦМС кои не се директно поврзани со проектните активности.
  • 35. 35 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Волонтирањето како можност за учење и стекнување нови пријателства Настасија Штерјова, дипломирана на отсекот политички науки и Мартин Николовски, магистар во областа на де- ловното право, четири месеци волонтираа во МЦМС. Тие имаа можност практично да го надополнат своето теорет- ско знаење од студиите, да видат како изгледа и активно да бидат вклучени во работата на една граѓанска организа- ција. Нивните активности главно беа фокусирани на следењето на локалните избори во рамки на проектот „Мојот избор“ каде анализираа голем број податоци за кандидатите за градоначалници и за членови на советите. „За време на моето волонтирање во МЦМС ја надоградив мојата организациска етика, ажурност, деловната кому- никација, како и работата на повеќе задачи истовремено“, рече Мартин. Настасија, меѓу другото, како придобивка го издвои начи- нот на кој функционира една одлична граѓанска организа- ција, особено нејзината внатрешната култура и процеду- рите. По завршувањето на активностите за локалните избори, двајцата беа вклучени во логистичка и административна поддршка на другите проекти во организацијата. „Едно од искуствата кое вреди да се спомне е учеството на форумот за „Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот сектор во Македонија“, кој се одржа во рамки на програма- та Цивика мобилитас. Таму имав можност да се запознаам со преку 150 претставници на граѓанскиот сектор кои ми помогнаа подобро да го разберам граѓанското општество,“- рече Мартин. На идните волонтери Настасија им препорача да го иско- ристат нивниот престој во МЦМС за да се вклучат во што повеќе активности и да ги искористат сите можности кои им се нудат бидејќи тие се добра основа за градење на ка- риера. „Сепак, најголема вредност за мене има дружењето со прекрасниот тим на МЦМС и градењето нови пријател- ства“, додаде таа. МЦМС ја спроведува програмата за волонтерство од 2008 година, а преку неа, до сега биле поддржани вкупно 85 волонтери. Организацијата се гордее што може да им по- могне на студентите во развојот на нивните вештини преку работа во рамки на проектите, како и да ја подигне свеста кајнивзаважностаситениедабидемеактивничленовина граѓанскиот сектор.
  • 36. 36 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Односи со јавноста МЦМС редовно информира за своите активности преку повеќе информаци- ски канали. Во 2018 година беа издадени 12 броја на е-билтенот на МЦМС. Подготвен е и објавен Годишниот извештај за работата во 2017 година, а веб-страната на МЦМС е целосно функционална и постојано се ажурира. Дел од содржините се публикуваат и на други социјални медиуми овозможу- вајќи на тој начин што е можно поголема видливост на работењето на МЦМС. Во 2018 г. веб-страната имала 49.207 посети во кои посетителите прегледале 106.900 статии. МЦМС редовно комуницираше со медиумите преку прес соопштенија, ди- ректни контакти на презентации и промоции. Контактите резултираа со над 560 објави. Кампања „25 години МЦМС“ Односите со јавноста оваа година во голема мера беа во знакот на одбе- лежувањето на 25 годишнината од основањето на МЦМС. За кампањата „25 години МЦМС“ беа подготвени вкупно 12 инфографици на темите: водоснаб- дување, образование на млади Роми, меѓурелигиска соработка, соработката со единиците на локалната самоуправа, публикации на МЦМС, интервенции на МЦМС во бегалските кризи, искористување на детскиот труд, луѓето на МЦМС, граѓанско општество, борба против корупција, оспособување на же- ните и кампањите на МЦМС. Покрај тоа, беа подготвени и осум кратки видеа кои се фокусираа на придо- бивките на крајните корисници на проектите што ги спроведуваше МЦМС и едно подолго, сумарно видео за целата работа на организацијата. МЦМС спроведе три бесплатни обуки и тоа: за подготовка на пријави за про- екти за персоналот на Универзитетот „Мајка Тереза“; обука за обучувачи и обука за административно и архивско работење како дел од активностите за зголемување на свеста кај јавноста за вредностите на МЦМС. Централниот настан се организираше на 14 декември 2018 година, во хотелот Холидеј ин во Скопје – на денот и на местото на одржувањето на основачкото собраниенаорганизацијата.Нанастанотприсуствуваапоранешниисегашни членови на управните структури на МЦМС; поранешни претставници на до- наторите на МЦМС организирани во Конзорциумот за Македонија во перио- дот од 1995 до 2006 година; соработници од граѓанскиот сектор, претставници на законодавната и извршната власт; на меѓународните организации како и на алумните на МЦМС. За вкупно 23 објави на Фејсбук профилот на МЦМС, имало 2377 реакции (лајкови, коментари и споделувања). Покрај тоа, на вкупно седум објавени видеа имало 84.300 прегледи. Традиционалните медиуми објавија 17 прило- зи/изјави/разговори.
  • 38. 38 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Организација СоветотнаМЦМСодржаеднаседницанакојабешеусвоенГодишниотизвештајзаработатанаМЦМС за 2017 година со Финансиски извештај и Извештај од независниот ревизор. Во 2018 се одржаа пет седници на Управниот одбор на МЦМС. Совет на МЦМС ↗↗ Александар Зарков (ССК) ↗↗ Бобан Митевски (МПЦ) ↗↗ Ванчо Стојанов (општина Василево) ↗↗ ВикторАрнаудоски(ЗЕЛС) ↗↗ Герман Филков (ЦГК) ↗↗ Драган Секуловски (ЗНМ) ↗↗ Елена Кочоска (Полио плус) ↗↗ Ирсал Јакупи (ИВЗ) ↗↗ Лулзим Хазири (АДИ) ↗↗ Марија Ацковски ↗↗ Марко Трошановски (ИДСЦС) ↗↗ Назим Рашиди (Диверзити медиа) ↗↗ Никица Кусиникова (Конект) ↗↗ Ризван Сулејмани (УО на МЦМС) ↗↗ Самет Скендери (ИнСок) ↗↗ Сања Васиќ (Телма) ↗↗ Сашо Клековски ↗↗ Соња Стефановска- Трајаноска (УНДП) ↗↗ Тони Затковски (општина Кривогаштани) Управен одбор 1. Ризван Сулејмани, претседавач, доктор по политички науки, директор на Институтот за политички и меѓукултурни студии во Скопје 2. Елена Кочовска, заменик- претседавач, Полио плус 3. Самет Скендери, член на ХДЗР„Месечина“-Гостивар 4. Насер Селмани, претседател на Здружение на новинарите на Македонија 5. Горан Михајловски, уредник на интернет порталот „Сакам да кажам“ 6. Бобан Митевски, Македонска православна црква 7. Сања Васиќ, уредник во националната телевизија Телма и дописник на Гласот на Америка
  • 39. 39 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 Персонал – Извршна канцеларија На крајот на 2018 г. во МЦМС работеа 23 соработници. Помалку од половина од вработените (9) имаат засновано работен однос на неопределено време. Во текот на 2018 година, индивидуално или групно, соработниците посетиле 23 обуки. Во текот на годината, се одржаа вкупно 10 стручни состаноци на различни теми од делокругот на работење на МЦМС. На почетокот на ноември, сите вработени учест- вуваа во активности поврзани со градење на тимот. Дводневните активности се одржаа во Охрид и Вевчани. Одбор на директори ↗↗ Прв извршен директор Александар Кржаловски akr@mcms.mk ↗↗ Извршен директор Гонце Јаковлеска gjk@mcms.mk Група за граѓанско општество ↗↗ Емина Нурединоска enr@mcms.mk ↗↗ Валентина Атанасовска vat@mcms.mk ↗↗ Јасмина Ристовска jrs@mcms.mk ↗↗ Снежана Камиловска Трповска skt@mcms.mk ↗↗ Александра Савевска asv@mcms.mk ↗↗ Валентина Чичева vch@mcms.mk ↗↗ Симона Огненовска sog@mcms.mk ↗↗ Дарко Димов ddm@mcms.mk ↗↗ Јасмина Чаушоска jch@mcms.mk ↗↗ Сара Мустафа sms@mcms.mk ↗↗ Моника Божиноска (до август) ↗↗ Адил Бакиу abk@mcms.mk ↗↗ Симона Трајковска (до јуни) ↗↗ Наташа Иваноска niv@mcms.mk ↗↗ Фанија Ивановска fiv@mcms.mk ↗↗ Александра Сиљановска asl@mcms.mk Група за локален развој ↗↗ Горан Стаматоски gst@mcms.mk Група за информации ↗↗ Борис Ристовски brs@mcms.mk Административна група ↗↗ Милка Божиновска Миова mmv@mcms.mk ↗↗ Адис Рахиќ arh@mcms.mk ↗↗ Борче Јакимовски bjk@mcms.mk ↗↗ Данило Митов dmv@mcms.mk
  • 41. 41 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 ПРИХОДИ 2018 2017 ДОНАЦИИИГРАНТОВИ ЕВРОПСКА УНИЈА (ЕУ) 40.205 2.315 ШВАЈЦАРСКААГЕНЦИЈАЗАРАЗВОЈИСОРАБОТКА(СДЦ) 33.743 137.452 АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈНА ПОМОШ НА САД (УСАИД) 8.380 4.979 БРИТАНСКА АМБАСАДА 1.295 3.287 ТУТУНСКИ КОМПАНИИ 7.399 7.567 ДРУГИ ДОНАТОРИ 2.621 899 ВКУПНОДОНАЦИИИГРАНТОВИ 93.642 156.499 СОПСТВЕНИПРИХОДИ МАКЕДОНСКА РАЗВОЈНА ФОНДАЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЈАТ. 2.209 2.168 НИРАС (ЦИВИКА МОБИЛИТАС) 9.655 8.300 СИПУ (ТАКСО РЕСУРСЕН ЦЕНТАР) 0 3.939 ДРУГИ СОПСТВЕНИ ПРИХОДИ 270 1.197 ВКУПНОСОПСТВЕНИПРИХОДИ 12.133 15.604 КАМАТИ И ПОЗИТИВНИ КУРСНИ РАЗЛИКИ 1.789 2.426 ВОНРЕДНИПРИХОДИ 1.087 599 ВКУПНО ПРИХОДИ 108.651 175.128 Финансиски извештај Консолидиран биланс на приходи и расходи на ден 31 декември 2018 год. (во илјада македонски денари, 1ЕУР = 61.4907 МКД)
  • 42. 42 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 РАСХОДИ 2018 2017 ДОБРОТВОРНИРАСХОДИ ЦИВИКА МОБИЛИТАС (ПЦМ) 47.613 132.429 НАЦИОНАЛЕН РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ЗА ГО (НРЦ) 5.510 0 ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГО (ДФГ) 4.961 0 ВКОРЕНЕТО И ДИНАМИЧНО ГО (ВДГ) 4.629 5.274 РЕГИОНАЛНАМРЕЖАЗААНТИКОРУПЦИЈАСЕЛДИ(РМА) 10.671 0 ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И И АНТИКОРУПЦИЈА (ДВК) 2.441 1.115 СОЦИЈАНА ИНКЛУЗИЈА И КОХЕЗИЈА (СИК) 7.889 2.264 ПРОЕКТИЗАМОДЕРНИЗАЦИЈАНАОБРАЗОВАНИЕТО(ПМО) 0 4.918 ТРОШОЦИ ПО ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ 2.791 0 ВКУПНОДОБРОТВОРНИРАСХОДИ 86.505 146.000 ОПЕРАТИВНИРАСХОДИ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ЗА ПЕРСОНАЛОТ 19.398 15.507 ДРУГИ ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ 10.697 10.883 ВКУПНООПЕРАТИВНИРАСХОДИ 30.095 26.390 ВКУПНОРАСХОДИ 116.000 172.391 БИЛАНС ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ -7.949 2.737 ДАНОКНАВИШОКНАПРИХОДИНАДРАСХОДИ 0 0 БИЛАНС -7.949 2.737 Финансиски извештај
  • 43. 43 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 БИЛАНС НА СОСТОЈБА 2018 2017 ДОБРОТВОРНИРАСХОДИ ПОСТОЈАНИСРЕДСТВА ОСНОВНИ СРЕДСТВА 10.442 9.446 НЕМАТЕРИЈАЛНИ ВЛОЖУВАЊА 960 960 ФОНД ЗА ДОМУВАЊЕ 4.120 4.120 ВКУПНО ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА 15.522 14.526 ОБРТНИСРЕДСТВА 4.629 5.274 ПАРИЧНИ СРЕДСТВА 5.793 21.253 АВАНСИ 39 52 ПОБАРУВАЊА ОД КУПУВАЧИТЕ 2.468 5.746 КРАТКОРОЧНИ ФИНАНСИСКИ ПОБАРУВАЊА 73.170 74.605 ОСТАНАТИ ПОБАРУВАЊА 15.765 17.078 ВКУПНО ОБРТНИ СРЕДСТВА 97.236 118.734 ВКУПНО СРЕДСТВА 112.757 133.260 ОБВРСКИИФОНДОВИ КРАТКОРОЧНИОБВРСКИ ОБВРСКИ СПРЕМА ДОБАВУВАЧИТЕ 738 813 ДРУГИ КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ 665 15.619 ВКУПНО КРАТКОРОЧНИ ОБВРСКИ 1.403 16.432 ПАСИВНИ ВРЕМЕНСКИ РАЗГРАНИЧУВАЊА 0 0 ПРИМЕНИ ПРИХОДИ ЗА СЛЕДНИ ГОДИНИ 0 17.832 ВКУПНО ДОЛГОРОЧНИ ОБВРСКИ 20.308 0 ВКУПНО ОБВРСКИ 21.711 34.265 ФОНДОВИИРЕЗЕРВИ ФОНДОВИ 98.995 96.258 РАЗЛИКА ПРИХОДИ/РАСХОДИ ВО ТЕКОВЕН ПЕРИОД -7.949 2.737 ВКУПНО ФОНДОВИ И РЕЗЕРВИ 91.046 98.995 ВКУПНО ОБВРСКИ И ФОНДОВИ 112.757 133.260 Финансиски извештај
  • 44. 44 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2018 МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (МЦМС) ТЕЛ.: 02/3065 381 | ФАКС: 02/3065 298 | MCMS@MCMS.MK | WWW.MCMS.MK