Latinoamerikanska knizevnost

978 visualizações

Publicada em

Publicada em: Tecnologia, Negócios
• Seja o primeiro a comentar

• Seja a primeira pessoa a gostar disto

Latinoamerikanska knizevnost

1. 1. Латинoамериканска книжевност

Просторот на Латинска Америка е простор на културна периферија ,која го трпи влијаниeто на културните метрополи од Европа и од Северна Америка.Оваа книжевност се развива невоедначено и на голем простор на околу 20 држави.

2. 2. Доминантни белези на Латиноамериканската книжевност

Писателите се наоѓале пред дилема: дали да пишуваат дела со слики за латиноамериканската стварност или пак да пишуваат дела свртени кон уметничките проблеми.

3. 3. Аргентинскиот писател ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС

Тој смета дека уметноста не е огледало на светот туку нешто што му се придодава на светот.За неговата книжевна постапка особено значење има измислувањето. Клучната идеја на Борхес е Светот сватен како книга во која човекот кој е и автор и лик настојува да го одгатне значењето на својот живот.

4. 4. Борхес ја релативизира границата меѓу реалното и измисленото

Во Расказот Дон Кихот на главниот јунак му се случуваат настани што ги прочитал во првиот дел од книгата.Со тоа Борхес укажува на можноста ако една фиктивна личност (лит. лик измислен)може да биде читател и набљудувач, тогаш читателот на книгата исто така ложе да биде фиктивен лик, со тоа што ја промовира постапката на повратна фикционализација на стварноста.

5. 5. Непостоење на оригиналност во книжевноста

Ова е втора идеја на Хорхе Луис Борхес .Според него големите писатели повторно ги создаваат своите претходници.

Во расказот на Хорхе Луис Борхес Пјер Манер автор на Дон Кихот ликот Манер повторно го пишува ликот на Сервантес-Дон Кихот но, за разлика од Сервантес кој пишува според духот на епохата и личните погледи на свет,Манер своето дело го пишува свесно. Резултатот на таа активност е книга истоветна со оригиналот , но многу побогата, затоа што е плод на осмислено истражување. Делото на Борхес станува влијателно во целиот свет и има многу следбеници наречени Борхеисти.Појавата на постмодернизмот се врзува со неговото име.

6. 6. Аргентинскиот писател Хулио Кортасар

Се надоврзува на идеите на Борхес,тој пишува новели . Фантастични приказни во кои се прикажува чудовишното и ѕверското во човекот.Најпознато дело му е романот

Плочка . Во овој роман Хулио Кортасар ја изнесува идејата за таканаречената лавиринтска игра ,детска игра која има света вредност, зашто ги прикажува небото и земјата на спротивните краеви на цртежите. Ликовите во романот на специфичен начин ја играат својата животна плочка, борејќи се со пречките кои се умножуваат.Тие по секоја пречка се стремат да стасаат до врвот,тоест да го најдат сопственото лично човечко остварување.

7. 7. МАГИЧЕН РЕАЛИЗАМ

Со терминот магичен реализам се означува употребата на одредени реалистички книжевни постапки при опишувањето на стварноста ,меѓутоа таа стварност не е сватена како стварноста во реалистичкиот роман туку содржи голем број елементи од магиски карактер. Магичниот реализам е постапка во која се спојува реалното и имагинарното карактеристично за целокупното творештво во Латинска Америка.

8. 8. Претставник на магичниот реализам Габриел Гарсија Маркес

Маркес е писател од Колумбија.Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1982година за романот Сто години самотија.

Романот зборува за основањето нагорнините и падовите на градот Макондо и на неговите најугледни семејства. Идејата во романот е дека во тој временски циклус од 100 години латиноамериканскиот човек е осамен и чувствува дека се идентично се повторува.

9. 9. Карлос Фуентес

Мексикански писател и предводник на латиноамериканскиот магичен реализам.Најпознато негово дело е епот TERA NOSTRA со апокрифна (измислена) историја и фантастика.

10. 10. Латиноамериканска стварност и егзистенција

За разлика од романите во кои преовладува магичниот реализам,писателот Ернесто Сабато во романот ја враќа човековата стварност и егзистенцијалните проблеми на современиот човек. Во романот Тунел е опишана манијачката љубов на сликарот Кастељо спрема мажена жена со сомнителен морал.Книгата е полна со опсесиите и внатрешните трауми на еден осаменик кој се уништува со внатрешниот тунел кој самиот го создава ,завршувајќи со лудило и злосторство, убивајќи љубовницата.

11. 11. Гватемалски писател и нобеловец Мигуел Ангел Астуријас

Се соочува со критика на општеството, базирајќи се на митски духовни и исконски елементи.Романот Господинот Претседател е остра осуда на тиранската Влада во Јужна Америка.Тоа е драматична слика на диктатурата и на нејзините насилства,хипокризија и отсуство на совест.

12. 12. Перуански писател Марио Варгас Љоса

Во своите романи Градот и кучињата и Зелената куќа ја прикажува тешката стварност во Перу.

13. 13. ПРЕГЛЕД

Латиноамерикански Аргентински :

Хорхе Луис Борхес и Хулио Кортасар;

Латиноамерикански Колумбиски: Габриел Гарсија Маркес;

Латиноамерикански Мексикански:

Карлос Фуентес;

Латиноамерикански Гватемалски :Мигуел Ангел Астуријас;

Латиноамерикански Перуански: Марио Варгас Љоса