2. Партнерство меѓу фондацијата
Метаморфозис и TechSoup Balkans
Techsoup Balkans обезбедува технолошки донации за земјите
од Западен Балкан.
• Оваа мрежа работи на развивање и споделување иновативни решенија за
најголемите општествени предизвици. Фондацијата Метаморфозис е
партнерска организација на Techsoup Balkans за Македонија, а фондацијата
Мозаик е партнерска организација за Босна и Херцеговина.
• Платформата Techsoup Balkans нуди широк опсег софтверски производи за
непрофитни организации и јавни библиотеки.
• Преку ова партнерство достапни се стотици професионални и корпоративни
производи на Microsoft.
• Во Фондацијата Метаморфозис веруваме дека технологијата може да биде
моќна сила што отвора возбудливи можности за непрофитните организации
да ги постигнат своите мисии на подобар начин, како и да се забрза нивното
влијание.
www.techsoupbalkans.org
3. Кој може да се квалификува?
Донациите од Microsoft се достапни за непрофитни
организации со статус Здружение на граѓани или
фондација запишани во Регистарот на здруженија и
сојузи.
Некои типови непрофитни организации не се
прифатливи, како што се образовни институции,
политички организации, здравствени мрежи и
библиотеки што не се јавни.
4. Како да се регистрирате?
• За да ја регистрирате вашата непрофитна организација на
TechSoup Balkans, потребно е претходно да регистрирате
корисничка сметка на страната
https://www.techsoupbalkans.org
• При пополнување на формуларот внесете ги потребните
информации во сите задолжителни полиња (*).
• Користете само англиска поддршка на тастатурата при
пополнување на формуларот.
• Различни донатори имаат различни критериуми за
донации
5. Процес на аплицирање на
Techsoup Balkans
• Откако невладините организации ќе ја пополнат апликацијата за грант
• Techsoup Balkans ја разгледува апликацијата и ја проценува подобноста и соодветноста
на истата (доколку има потреба ја враќа до НВО-то за прецизирање и дополнување на
одговорите) и истата ја одобрува или одбива. Одговорот се испраќа на лицето за
контакт од НВО-то наведено во апликацијата.
• По одобрувањето на барањето се иницира автоматски процес на реализација. НВО-то е
известено за добиената награда и добива специфични инструкции за тоа како да
преземе и ги регистрира продуктите
6. Зошто има административен
надомест?
Програмата за софтверски донации TechSoup Balkans
наплаќа административен надомест за секое обработено
барање. Надоместокот ги покрива трошоците за
администрирање на програмата за донации. Иако
административниот надомест варира, организациите во секој
случај остваруваат заштеди од 92-96% во споредба со
вообичаената малопродажна цена на истиот софтвер.
Со помош на наплатениот надомест, програмата TechSoup
Balkans ќе може да продолжи со ефикасна понуда на
донираните производи, под најдобрите можни услови.
7. Како да нарачате?
Чекор 1. Критериуми за прифатливост
Чекор 2. Пријавување
Чекор 3. Прелистување на производите
Чекор 4. Изберете производи и додадете ги во кошничката
Чекор 5. Административен надомест
Имајте во предвид: Програмата TechSoup Balkans ги
испорачува производите на Регистрираната адреса за
испорака на вашата организација.
8. Отворен ден за сите НВО
Метаморфозис организира отворен ден за сите граѓански
организации кои се заинтересирани за да добијат софтверска
донација можат да се обратат во нашите канцеларии секој втор
петок од 14:00 до 16:00 часот, со претходна најава за присуство на
е-мејл:
donacii@metamorphosis.org.mk
Тимот на Метаморфозис ќе Ви помогне да ги идентификувате
потребите на Вашата организација и да го изберете и примените
соодветниот софтверски пакет во Вашата организација.
Доколку имате прашања или Ви се потребни дополнителни
информации слободно контактирајте не на:
donacii@metamorphosis.org.mk
Во Фондацијата Метаморфозис веруваме дека технологијата може да биде моќна сила што отвора возбудливи можности за непрофитните организации да ги постигнат своите мисии на подобар начин, како и да се забрза нивното влијание.
Во непрофитните организации, технологијата може да ја зголеми продуктивноста, да ја зголеми ефикасноста преку подобра соработка и да ги прошири услугите за нови заедници и поединци кои имаат потреба.
Оваа донација е достапна за непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи.
За докажување на статусот на непрофитни организации, организациите што сакаат да се квалификуваат за учество во програмата за донации на Microsoft треба да ги поднесат следниве документи:
•акт за основање/регистрација
•статут на здружението на граѓани или фондацијата
•програмата за дејствување
•имињата на лицата овластени за застапување на здружението на граѓани или фондацијата
Чекор 1. Критериуми за прифатливост Ако вашата организација е регистрирана на TechSoup Balkans и сте добиле потврда преку е-пошта дека вашата организација е квалификувана за добивање донација од најмалку еден од нашите донатори-партнери, може да поднесете барање за донација (доколку не сте сигурни за статусот на регистрацијата и квалификацијата на вашата организација, пишете ни и ќе ве упатиме низ процесот).
Чекор 2. Пријавување Ве молиме пријавете се со корисничкото име и лозинката на вашата организација. Ако сте ја заборавиле лозинката, кликнете на врската „Ја заборавивте лозинката?“ до прозорецот за пријавување.
Чекор 3. Прелистување на производите Може да ги разгледувате производите и да изберете да вршите пребарување според донатор или според категорија на опрема. Во секој случај, ќе видите список со достапните производи и соодветниот административен надомест. За повеќе информации, кликнете на некој производ.
Чекор 4. Изберете производи и додајте ги во кошничкатаИзберете ги производите што сакате да ги додадете во кошничката. Во секое време може да видите кои производи ги имате додадено во кошничката. Откако ќе завршите со избирањето производи, може да продолжите кон прозорецот за наплата.Во прозорецот за наплата, ќе се прикаже резиме за вашата нарачка и потврда за вашата адреса за испорака. Чекор 5. Административен надомест Откако ќе ја извршите трансакцијата, ќе добиете фактура преку е-пошта. Откако ќе ја добиеме уплатата за административниот надомест наведен во фактурата, ќе ја испорачаме вашата нарачка. Имајте предвид: Програмата TechSoup Balkans ги испорачува производите на Регистрираната адреса за испорака на вашата организација. Сите нарачки подлежат на одобрување. Во случај да не може да се прифати вашата нарачка, ќе ве известиме веднаш и автоматски ќе ви бидат вратени средствата за административниот надомест. Може да очекувате да ја добиете вашата нарачка за најмногу 14 дена од датумот кога ќе ја добиеме уплатата.