O slideshow foi denunciado.
Seu SlideShare está sendo baixado. ×

Целна јавност или кого наговараме

Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Anúncio
Carregando em…3
×

Confira estes a seguir

1 de 8 Anúncio

Mais Conteúdo rRelacionado

Semelhante a Целна јавност или кого наговараме (20)

Mais de Metamorphosis (20)

Anúncio

Целна јавност или кого наговараме

  1. 1. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на овој документ целосно е одговорна Фондацијата Метаморфозис и во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.
  2. 2. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Јавноста е група луѓе со определени заеднички карактеристики и интереси. На ова слободно може да додадеме дека определена јавност може да биде цел на интересот на општината само во определен временски период.
  3. 3. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Голема група луѓе: сите граѓани, припадниците на една етничка заедница, учениците во основните училишта, бизнис-заедницата, туристите, пошироката македонска јавност и др. Мала група луѓе: Советот на општината, раководителите на јавните претпријатија, сопствениците на локалните угостителски објекти, дописниците на националните медиуми, ЗЕЛС, подрачните министерства, донаторите и др.
  4. 4. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Две основни групи: ♦внатрешна јавност – Претседател и членови на Комисијата, и ♦надворешна јавност – Советот на општината, градоначалникот, државните институции, медиумите, граѓаните, верските заедници, невладините организации и др.
  5. 5. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Според ангажираноста и заинтересираноста за определени прашања или проблеми: ♦непублика – незаинтересирана, несвесна за проблемот, не презема никаква акција ♦пасивна публика – соочена со проблемот, но не го препознава ♦свесна публика – соочена со проблемот и го препознава ♦активна публика – го препознава проблемот и е подготвена за акција
  6. 6. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Непишано правило во односите со јавноста е дека најмалку време и енергија треба да вложиме во анимирање на непубликата и на активната публика. Во фокусот на комуникацијата треба да ни бидат пасивната публика, која треба да ја натераме да го препознае проблемот, и свесната публика, која треба да ја поттикнеме на акција.
  7. 7. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ За остварувањето една комуникациска цел имаме повеќе целни јавности.
  8. 8. ЦЕЛНА ЈАВНОСТ ИЛИ КОГО НАГОВАРАМЕ Пример: Целни јавности за усвојување Програма за приближување на децата од различни етнички заедници Во нашиот пример со Програма за приближување на децата од различни етнички заедници, главна целна јавност се советниците и градоначалникот. Покрај главната целна јавност, и останатите граѓани во општината можеме да ги сметаме за целна јавност. Во овој пример, уште една јавност може да биде цел на комуникација со комисијата, т.н. влијателна јавност, директорите и педагозите во основните и средните училишта, сопствениците и раководствата на спортски клубови, невладините организации и др.

×