Anúncio

Mais conteúdo relacionado

Similar a Односи со јавноста поим и потреба(20)

Mais de Metamorphosis(20)

Anúncio

Односи со јавноста поим и потреба

  1. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ПОИМ И ПОТРЕБА Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на овој документ целосно е одговорна Фондацијата Метаморфозис и во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.
  2. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Постојаната двонасочна комуникација со општинските совети, граѓаните, бизнис- заедницата, медиумите, невладините организации и другите засегнати јавности, истовремено претставува и обврска и предизвик за секој член од Комисијата за односи меѓу заедниците.
  3. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Британски институт за односи со јавноста - „односите со јавноста претставуваат смислено, планирано и постојано настојување да се воспостави и да се одржува меѓусебно разбирање меѓу организацијата и нејзиното опкружување. “
  4. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Односите со јавноста се планирана, осмислена, професионално стандардизирана двонасочна комуникација на една организација со нејзините внатрешни и надворешни јавности, за да се развијат позитивни релации меѓу организацијата и јавностите, а во функција на остварување на целите на организацијата.
  5. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Градењето и управувањето со репутацијата на една организација претставува суштина на односите со јавноста.
  6. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Репутација не се гради преку ноќ, туку таа е долготраен и одговорен процес на создавање мислење или став за некоја организација заснован најмногу врз нејзиното однесување.
  7. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА World Assembly of Public Relation Associates: Односите со јавноста се „уметност и наука за познавање и анализа на општествените трендови. На раководството на организацијата, пак, му нудат советување и спроведување на планираните настани кои ù користат на организацијата, но се корисни и за јавностите“.
  8. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Односите со јавноста и комуницирањето не треба да бидат цел сама за себе, туку начин за успешно креирање и спроведување на локалните политики.
  9. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Односите со јавноста се можност Комисијата за односи меѓу заедниците да се претстави пред јавноста, да ги анимира граѓаните, да ги вклучи во процесот на креирање на општинските политики и да воспостави функционален граѓански сервис.
  10. ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – ПОИМ И ПОТРЕБА Односите со јавноста се можност Комисијата за односи меѓу заедниците да се претстави пред јавноста, да ги анимира граѓаните, да ги вклучи во процесот на креирање на општинските политики и да воспостави функционален граѓански сервис.
Anúncio