O slideshow foi denunciado.
Utilizamos seu perfil e dados de atividades no LinkedIn para personalizar e exibir anúncios mais relevantes. Altere suas preferências de anúncios quando desejar.

Techo.mk Sponsorship Package

76 visualizações

Publicada em

  • Seja o primeiro a comentar

Techo.mk Sponsorship Package

  1. 1. Датум (Прв настан): 8ми Февруари, 2017 (Среда) Времетраење: 18:00 - 20:00 + Коктел забава Број на учесници: 50-60 Tech.O е настан кој што ги собира на едно место влијателните бизнис и IT лидери, претприемачи, сопственици на стартап компании, инвеститори и талентирани млади луѓе кои со иновативни идеи сакаат да допринесат во развојот на македонската бизнис и ИТ клима. Целта на овој настан е преку споделување на знаење и идеи и преку воспоставување на деловни контакти да се развие средина која ќе подржува раст и примена на нови трендови и иновативни технологии кои ќе потикнат повисока културата на бизнис соработка помеѓу разни индивидуалции и компании и кои ќе отворат нови инвестициски можности. Овој настан ќе ги привлече водечките IT професионалци, претприемачи, извршни директори, стартапи, инвеститори и амбициозните млади таленти, кои се стремат кон примена на нови стратегии и начини на водење на бизнис и сакаат да ги прифатат глобалните трендови и иновации. Овој настан ќе се одржува во нашата креативна канцеларија на месечно ниво! Што е Tech.O? Отварање на настанот - Зоран Костовски - Почесен Конзул на Австралија во Македонија и Директор на Мотива Презентации на нови бизнис идеи (старт ап идеи) од по 15 минути со последователни 5-10 минути QnA сесии Нина Ангеловска - CEO - Групер - Тема: Како од старт ап идеја до успешен бизнис Раде Бојаџиевски - Senior ICT Specialist - Тема: Internet of Things Ангел инвеститор - ќе биде објавен наскоро Затворање на настанот - Bobby Lin - Co-Founder и CEO - Valoso Hub Стартапи: 1. Ке биде објавено наскоро 2. Ке биде објавено наскоро
  2. 2. Како ќе се промовира првиот настан? Првиот настан ќе биде дел од StartUp Europe Week и ќе биде промовиран преку социјалните мрежи и медиуми заедно со серијата на настани организирани од ко-организаторите на овој настан. Настанот ќе биде промовиран и индивидуално преку: ● Социјални мрежи и медиуми ● Статии на блогот на Valosohub.com и гостински статии на македонски портали ● Live streaming (пренос во живо) и видеа после настанот на социјалните медиуми ● Е-мејлови пред и после настанот до сите учесници и организации ● Word-of-mouth маркетинг Од досегашната промоција, можам да го истакнам нашето појавување на Македонската Телевизија во емисијата Македонија Наутро. Погледнете слики на следниов линк: https://www.facebook.com/valosovideos/posts/1774061746251136 Кои сме ние? Valoso Hub е меѓународна стартап компанија со седиште во Мелбурн, Австралија. Задоволни од квалитетот на извршуваната работа од страна на неколку високо- квалификувани македонски фриленс работници (девелопери и маркетинг), менаџментот на компанијата се одлучи за Скопје како најдобра дестинација за отварање на ИТ канцеларија. По 5 месец посветена работа и со тим од околу дваесет луѓе, ние постојано се стремиме кон обезбедување нови идеи и технологии во нашата работа со што на пазарот ќе понудиме атрактивни и врвни ИТ решенија. Валосо Хуб е широко отворен за соработка со други иновативни компании и организации и ние сме спремни да делуваме позитивно врз зголемувањето на нивото на соработка во македонската бизнис и ИТ заедница преку градење и одржување на долгорочни партнерства. Која е нашата таргет група? Претприемачи, главни извршни директори, IT професионалци, сопственици на стартап компании, сопственици на иновативни компании, инвеститори и амбициозни млади таленти.
  3. 3. Кои се Вашите бенефиции? Со присуството на Ваш претставник, Вие ќе имате одлична можност да: ● Научите за најновите технологии, иновативни апликации и маркетинг алатки кои и тоа како можат да се применат за фасилитирање и промоција на вашиот бизнис ● Научите како умно да се инвестира во иновативни бизнис и маркетинг стратегии ● Стапите во контакт со елитната заедница на ИТ професионалци, девелопери, организатори на настани, инвеститори, претприемачи, стартап сопственици, претставници на организации за подршка на бизнис и талентирани млади иноватори, кои се одлична можност за црпење на идеи од истите, и за склучување на различни видови на соработка ● Склучите соработка со стартап тимови со кои заедно би соработувале на одредени идеи или апликации кои би помогнале во идната промоција на Вашите производи ● Стапите во контакт или да се вклучите во разни организации од земјата преку кои поблиску би соработувале со заедниците на претприемачи, инвеститори, стартап и ИТ ● Најдете потенцијални таленти за вработувањe во некои од Вашите Маркетинг, Бизнис или ИТ сектори, како и можност за наоѓање на оутсорсинг команија преку вмрежување со водечките ИТ професионалци на земјата, како и со талентирани млади почетници
  4. 4. Пакети За Спонзори Пакет за 6 настани ...................................1200Eur Бенефиции: ● 3 минутно време на подиумот да споделите за вашата организација/услуги со посетителите на настанот на секој од шестте настани ● Логото и линк како спонзор на http://techo.mk/ ● Лого од Вашата компанија на печатената програма која ќе биде доставена до сите присутни на секој од шестте настани ● Лого од Вашата компанија на екранот за презентирање на секој од шестте настани ● Лого од Вашата компанија во е-мејловите со покана вклучувајќи ги и потсетниците кои ќе бидат испраќани до сите учесници на секој од шестте настани ● Логото од Вашата компанија и линк до Вашата Веб страна во пост-мејловите кои ќе бидат испратени до учесниците на секој од шестте настани ● Лого на Вашата компанија на официјалниот free-standing банер за настанот кој ќе биде поставен на самиот влез на секој од шестте настани ● Можност да поставите сопствен банер или промотивен постер на секој од настаните ● Вклучување (лого и линк од компанијата) во статија на блогот на Valosohub.com после секој од шестте настани ● Live streaming (пренос во живо) и видео после настанот на социјалните медиуми за сите 6 настани и на вашата њеб страна ● Тагови на слики и видеа на социјалните мрежи за сите 6 настани ● Вклучување (лого и линк) во гостински статии на локални интернет портали ● Простор за рекламирање на Вашата компанија на страницата Valosohub.com/Поставување на промотивен банер ● Можност за дистрибуција на ваучери за попуст помеѓу учесниците на настанот на секој од 6-те настани ● Можност за да го промовирате вашиот бренд преку делење на брендирани подароци на учесниците на настанот на секој од 6-те настани ● Можност да ги промовирате вашите услуги или производи, со тоа што ќе дистрибуирате промоционални летоци/флаери, на секои од 6-те настани. Вашето присуство на Tech.O ќе биде од исклучителна корист за Вашиот бизнис на долг рок. Присуствувајќи заедно со некои од најмоќните луѓе од полето на бизнис и IT, Вие ја отварате вратата кон бесценети можности за учење. Генерирајте нови идеи за вашите бизниси, добијте инспирација за нови маркетинг стратегии и поврзете се со потенцијални клиенти, вработувачи и партнери. Откријте и бидете откриени!
  5. 5. Пакети За Спонзори Пакет за 1 настан..........................250 Eur Бенефиции: ● Логото и линк како спонзор на http://techo.mk/ ● Лого од Вашата компанија на печатената програма која ќе биде доставена до сите присутни ● Лого од Вашата компанија на екранот за презентирање ● Лого од Вашата компанија и линк до Вашата Веб страна во е-мејловите со поканата вклучувајќи ги и потсетниците кои ќе бидат испраќани до сите учесници ● Лого од Вашата компанија и линк до Вашата Веб страна во пост-мејловите кои ќе бидат испратени до учесниците ● Можност да поставите сопствен банер или промотивен постер на настанот ● Вклучување (лого и линк од компанијата) во статија на блогот на Valosohub.com ● Live streaming (пренос во живо) и видео после настанот на социјалните медиуми ● Тагови до вашата веб страна/FB на слики и видеа на социјалните мрежи ● Простор за рекламирање на Вашата компанија на страницата Valosohub.com/Поставување на промотивен банер ● Можност за дистрибуција на ваучери за попуст помеѓу учесниците на настанот ● Можност за да го промовирате вашиот бренд преку делење на брендирани подароци на учесниците на настанот ● Можност да ги промовирате вашите услуги или производи, со тоа што ќе дистрибуирате промотивни летоци/флаери

×