SlideShare a Scribd company logo
1 of 58
ИНСТИТУЦИИ НА
ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Главните институции за
 донесување на одлуки во ЕУ
Европски парламент, (European Parliament) кој ги
застапува граѓаните на ЕУ и е директно изберен од страна на
истите
Советот на ЕУ, (The Council of the European Union) кој ги
претставува индивидуалните земји-членки
Европската комисија, (The European Commission) кој
се обидува да ги подржува интересите на ЕУ како целина
Европски совет (The European Council) е највисоко тело
за утврдување на политиките на ЕУ. Од правна гледна точка не
е формална институција на ЕУ и ги обединува председателите и
премиерите на сите земји, членки на ЕУ.

(овој институционален четириаголник ги создава
политиките и законите што се применуваат низ цела
ЕУ)
Европскиот парламент
  -глас на народот-
Каде се наоѓа парламентот
Европскиот парламент работи во Франција,
Белгија и Луксембург
Месечните пленарни седници, на кои
присуствуваат сите членови на европскиот
парламент се одржуваат во Стразбур –
Франција каде што е “седиштето” на
парламентот
Состаноци на парламентарниот комитет и
некои дополнителни пленарни сесии се
одржуваат во Брисел – Белгија
Луксембург е дом на административните
канцеларии – генералниот секретаријат
Како се пополнува
   Европскиот парламент

Парламентарни избори се
одржуваат на секои пет години
Секоја држава-членка, во
зависност од бројот на
населението, има одреден број на
седишта во парламентот
Број на седишта во
         парламентот
Белгија       24   Литванија           13
Бугарија      18   Луксембург           6
Кипар          6   Малта
                   5
Чешка реп.    24
                   Холандија
Данска        14   27
Германија     99   Австрија            18
Грција        24   Полска              54
Шпанија       54   Португалија         24
Естонија       6   Романија            36
Франција      78   Словачка            14
Унгарија      24   Словенија
Ирска         13   7
Италија       78   Финска              14
Летонија       9   Шведска             19
                   Велика Британија    78
                   ВКУПНО             786
Распоред на пратеници по
        политички групи
   Партија на европскиот народ (христијански
    демократи и европски демократи)
   Партија на европски социјалисти
   Партија на европски либерали, демократи и
    реформисти
   Европска обединета левица / зелена
    нордиска левица
   Зелените / европска слободна алијанса
   Унија за Европа на нации
   Европа на демократи и различности
   Независни членови
Што прави парламентот
Парламентот и Советот на ЕУ
-делење на законодавната надлежност-
Парламентот и Советот ја делат законодавната надлежност
низ три различни постапки:
 1.      "постапката на соработка" е воведена со Единствениот
европски акт во 1986 година. Парламентот дава свое мислење за
нацртот на директивите и регулативите што ги предлага Европската
комисија која, потоа, врз основа на мислењето на Парламентот
може да го измени својот предлог,
2.     од 1987 година, исто така, е воведена "постапката на
давање согласност" со која Парламентот мора да даде своја
согласност за меѓународните спогодби за кои преговара
Комисијата, како и за секое предложено проширување на
Европската унија
3.     Договорот од Мастрихт од 1992 година ја воведе
"постапката на соодлучување" со која Парламентот и Советот се
ставени на еднакво рамниште во решавањето на низа важни
прашања какви што се слободното движење на работната сила,
внатрешниот пазар, образованието, истражувањата, животната
средина, трансевропските мрежи, здравството, културата и
заштитата на потрошувачите. Парламентот може да ја отфрли
предложената легислатива од овие области ако апсолутното
мнозинство пратеници гласа против ‘‘заедничкиот став’’ на
Советот.
Донесување на буџет на ЕУ
Европскиот парламент ја споделува со
Советот и одговорноста околу
донесувањето на буџетот на ЕУ.
Европската комисија го предлага нацртот
на буџетот, кој потоа го разгледуваат
Парламентот и Советот.
Парламентот може да не го одобри буџетот,
а во тој случај целата постапка за
донесување на буџетот повторно се
поведува.
Парламентот целосно ги користи своите
буџетски овластувања за да изврши
влијание врз ЕУ при креирањето на
политиката.
Како е организирана работата на
          парламентот
     Работата на парламентот е поделена во 2 главни
     фази

1.   Подготовка за пленарни седници. Ова го прават
     членовите на Европскиот Парламент во различните
     парламентарни комитети специјализирани за различни
     области од целокупната активност на ЕУ. Темите за
     дискусија се разгледуваат и од страна на политичките
     групации во парламентот.

2.   Пленарни сесии на кои присуствуваат сите членови
     на парламентот и обично се одржуваат во Стразбур
     (една недела месечно) и понекогаш во Брисел (два
     дена). На овие седници парламентот ги испитува
     предложените закони, гласа за амандманите и на крај
     донесува одлука за целосниот текст.
Европскиот парламент низ
          бројки
Европскиот парламент е најкомплексниот парламент во
светот кој им овозможува на актуелните 785, а наскоро
736 членови, да дебатираат на 23 официјални јазици,
кои во најлоши ситуации „резултираат” со 506 јазични
комбинации. Тоа значи дека 430 официјални
преведувачи и многу од вкупно 2.500 хонорарни
повремени преведувачи секојдневно треба да
„испорачуваат” врвен квалитет.
Во 22 политички комитети членовите на Парламентот се
„борат” во 45 категории како на пример екологија и
потрошувачка политика и се гордеат што имаат моќ да
соодлучуваат кога се подготвуваат законите на ЕУ. Во
периодот меѓу 2004 и 2009 година се дискутирало за
1565 „законски процедури” на пленарни или комисиски
расправи и се работело на 51815 амандмани, заклучно
со февруари 2009 година.
Тврдењата дека Европскиот е „парламент за одмор”
разлутија повеќе пратеници од сите политички групи.
„Моето работно време е од 5,24 до 19,30 часот”, вели
лидерот на германската група на социјалдемократите
Бернхард Рапкај. Во агендата на неговиот колега
христијански демократ, Петер Лесе, пак, секогаш
недостасува еден збор, „пауза за ручек”.
Агендите се пренатрупани бидејќи од членовите на
парламентот се бара да присуствуваат на стотици
различни бриселски средби на комитети, на 12 пленарни
сесии во Стразбур и на уште шест во Брисел. Низ светот
тие патуваат во 34 делегации, каде што ја претставуваат
Европската Унија. Пратениците исто така патуваат и во
кризни и воени зони, каде што животот им е во
опасност.
Околу 5800 ЕУ функционери ја одржуваат
машинеријата на Европскиот парламент за сите
27 земји членки.
Колку за споредба, германскиот федерален
Бундестаг вработува 2600 државни
службеници. Инаку, Европарламентот годишно
троши околу 1,3 милијарди евра, од кои 44
отсто се за вработениот персонал, главно
преведувачи кои годишно мораат да преведат
повеќе од еден милион страници комплексен
материјал. Потоа, околу 21 отсто од трошоците
или околу 277 милиони евра се издвојуваат за
плати на пратениците, нивните асистенти,
бироа и за патни трошоци.
Совет на Европска Унија
-глас на земјите членки-
Состав на Советот на ЕУ
На секоја седница на Советот присуствува по еден
министер од секоја земја членка. Постојат девет
различни состави на Советот:
1.     општи работи и надворешни односи,
2.    економски и финансиски односи ЕКОФИН,
3.    правда и внатрешни работи,
4.   вработување, социјална политика, здравство и
потрошувачи,
5.   конкурентност (внатрешен пазар, индустрија н
истражување),
6.    транспорт, телекомуникации и енергија,
7.    земјоделство и рибарство,
8.    животна средина и
9.    образование, младина и култура.
Одговорности (задачи) на Советот на ЕУ
Советот има шест клучни одговорности:
1.    на предлог на Комисијата ги донесува правните акти на
Заедницата (регулативи, директиви и одлуки). Советот е главниот
законодавен орган на Унијата, иако оваа функција е поделена со
Европскиот парламент,
2.     заедно со Европскиот парламент е тело што го одобрува
буџетот на ЕУ. Кај т.н. заеднички трошоци, Советот го има
последниот збор (пр.земјоделството), додека при
незадолжителните трошоци (животната средина, здравството,
структурните фондови) конечната одлука ја донесува
Парламентот,
3.    ги склучува меѓународните договори меѓу ЕУ и една или
повеќе земји или меѓународни организации,
4.    е одговорен за координација на опсежните европски
политики на земјите членки,
5.    да ја развива Заедничката надворешна и безбедносна
политика на ЕУ и
6.     ја координира соработката меѓу судовите и полициските
сили на одделните држави, во поглед на криминалните дејствија.
Начин на донесување на
  одлуки во Советот на ЕУ
 Согласно со договорите, Советот ги носи
 одлуките со
 просто мнозинство,
 квалификувано мнозинство или
 едногласно,
во зависност од прашањето за кое се одлучува.

Советот мора да донесе едногласна одлука за
важни прашања какви што се измени во
договорите, воведување нова политика или
давање согласност на Унијата за
приклучување на нова земја.
Донесување на одлуки со
 квалификувано мнозинство
При гласање “за” некоја одлука во Советот на
ЕУ, за која е потребно квалификувано или
двотретинско мнозинство секоја земја-членка
во зависност од својата големина располага со
различен број на гласови
Една одлука за да биде донесена треба да има
најмалку 72,3 % од вкупниот број на можни
гласови
Исто така секоја земја-членка може да побара
потврда дека гласовите “за” освен што
минимално изнесуваат 72,3 % од вкупниот број
на можни гласови претставуваат и 62 %
вкупното население на ЕУ
Број на гласови што ги имаат земјите-
членки при гласање во Советот на ЕУ

Белгија        12   Литванија           7
Бугарија       10   Луксембург          4
Кипар           4   Малта               3
Чешка реп.     12   Холандија          13
Данска          7   Австрија           10
Германија      29   Полска             27
Грција         12   Португалија        12
Шпанија        27   Романија           14
Естонија        4   Словачка           14
Франција       29   Словенија           4
Унгарија       12   Финска              7
Ирска           7   Шведска            10
Италија        29   Велика Британија   29
Летонија        4   ВКУПНО             ??
Европската комисија
-промотор на заедничките интереси-
Функции на Комисијата на ЕУ
     Комисијата ги извршува следниве четири функции:

1.     Таа е иницијатор на политиката и на законодавството
   на Унијата, ја предлага законската регулатива до
   Парламентот и Советот,
2.      Таа е главно извршно тело кое го спроведува
   законодавството на ЕУ преку донесување на конкретни
   мерки и одлуки за негова имплементација. Комисијата ги
   спроведува одлуките на Советот, раководи со извршувањето
   на Буџетот и ги спроведува политиките на ЕУ,
3.     Комисијата е "чувар на договорите", мора да осигури
   дека земјите членки ги применуваат регулативите и
   директивите што ги донесуваат Советот и Парламентот.
   Комисијата заедно со Судот на правдата е одговорна
   законот на ЕУ правилно да се применува во сите земји
   членки и
4.     Таа ја претставува ЕУ на меѓународната сцена, е
   важен преговарач во името на ЕУ за меѓународните
   договори и контакти со трети земји и со меѓународни
   организации.
Избор на Комисијата на ЕУ
На секои пет години се назначува нова
Комисија, шест месеци по изборите за
Европскиот парламент, по пат на договор меѓу
земјите членки
Процедурата е следна: владите на земјите
членки со заедничка согласност номинираат
лице за функцијата претседател на Комисијата,
а за номинацијата одобрение треба да даде
Европскиот парламент,
Европскиот парламент со гласање треба да
ги одобри номинациите за претседател и
за членови на Комисијата во целина, по
што земјите членки го назначуваат
претседателот и членовите на Комисијата.
Новата Комисија формално се назначува
од Советот на ЕУ.
Комисијата дејствува независно и
 исклучиво во интерес на Унијата
Комисијата одговара пред Парламентот,
што значи дека доколку Парламентот
изгласа недоверба по пат на усвојување
на "предлог за цензура", Комисијата
мора да поднесе колективна оставка.
Комисијата присуствува на сите
состаноци на Парламентот каде што
мора да ги образложи и појасни
своите политики. Исто така, редовно
одговара на писмени и усни прашања
поставени од членовите на Парламентот.
Седиште на Комисијата на ЕУ
Комисијата е најголемо административно
тело на Заедницата, кое управува со
политиките на ЕУ, фондовите и програмите.
Работата на Комисијата е организирана во
генерални директорати, кои се надлежни за
одделни области на политиката.
Седиштето на Комисијата е во Брисел,
има канцеларии и во Луксембург,
Има и претставништва во сите земји членки
на ЕУ,
Има и делегации во многу главни градови
ширум светот.
Како е организирана работата
        на комисијата
Председателот на Комисијата одлучува кој
комесар ќе биде одговорен за дадена
политичка област за враме на мандатот на
Комисијата
Председателот, со одобрување на Комисијата,
има овластување и да побара оставка од
некој комесар
Тимот од 27 комесари (наречен Колегиум) се
состанува секоја среда во Брисел. Секоја точка
од дневниот ред се презентира од страна на
комесарот одговорен за дадената област а
потоа колегиумот донесува колективна одлука
Персоналот т.е. Администрацијата која ги
подготвува состаноците на Комисијата е
организирана во 36 оддели познати како
Генерални директорати
Европски Совет
“Самит" на шефови на држави и влади на
         земјите членки на ЕУ.
Функции на Европскиот Совет
Европскиот совет (The European Council) е
највисоко тело за утврдување на политиките на
ЕУ.
Претседателот на Европската комисија
присуствува на средбите како полноправен член.
Европскиот совет се состанува четири пати
годишно заради постигнување на договор за
глобалната политика на ЕУ и за разгледување на
остварениот напредок. Советот разгледува и
тековни светски проблеми.
Состаноците се нарекуваат "самити" на шефови
на држави и влади на земјите членки на ЕУ.
Со Советот претседава претседателот или
премиерот на државата што го има тековното
претседателство во Советот на Европската унија.
Суд на правдата
Оснивање и надлежност на
       Судот на ЕУ
Судот на правдата на Европските
заедници (The Court of Justice of the
European Communities) е основан со
Договорот за Европска заедница за
јаглен и челик во 1952 година.
Негова надлежност е да осигури
правото на Заедницата да се толкува и
применува на ист начин во секоја земја
членка на ЕУ.
Судот има овластување да решава
правни спорови меѓу земјите членки,
институциите на ЕУ, деловните правни
субјекти и физички лица
Состав и функции на Судот
Судот е составен од по еден судија од секоја земја
членка со што се застапени сите државни правни
системи на ЕУ. На Судот му помагаат осум јавни
правобранители, именувани за мандатен период од шест
години.
Судот може да провери дали прописите на ЕУ се
правилно донесени и може да пресуди дека
Европскиот парламент, Советот или Комисијата
направиле пропусти во работата.
Со цел да му се помогне на судот во 1989 година е
основан Првостепениот суд како придружна
институција на Судот на правдата и истиот му помога на
Судот во справувањето со илјадниците случаи што се
упатуваат пред судот, а на граѓаните да им се понуди
подобра правна поддршка. Двата Суда имаат
претседатели кои ги избираат другите судии, за мандат
од три години..
На судот му помагаат и 8 генерални адвокати, Нивна
улога е да презентираат разумни мислења за случаите
донесени пред Судот
Седиштето на Судот на правдата е во Луксембург.
Што работи судот
Најчести случаи кои Судот ги
решава се:
Барања за прелиминарни одлуки
Постапки за неизвршување на
некои обврски
Постапки за
укинување/анулирање
Постапки за недејствување
1. Барања за прелиминарни
          одлуки
За да се спречи судовите од
различни земји-членки да го
толкуваат правото на ЕУ на
различни начини, тие често пати од
Судот на правдата бараат совет за
тоа дали правилно ги толкуваат
законите на ЕУ.
Судот на правдата им дава таков
совет во форма на прелиминарна
одлука
2. Постапки за неизвршување
      на некоја обврска
Комисијата на ЕУ може да поведе
вакви постапки доколку постои
сомневање дека некоја земја-членка
не ги извршува своите обврски согласно
законот на ЕУ. Овие постапки можат да
бидат поведени и од страна на друга
земја-членка
И во двата случаја Судот ги истражува
тврдењата и донесува пресуда.
Обвинетата земја-членка доколку е
навистина одговорна мора веднаш да
ги доведе работите во ред.
3. Постапки за
    укинување/анулирање
Ако некоја земја-членка, Советот на ЕУ,
Комисијата на ЕУ, Па дури и Парламентот на ЕУ
веруваат дека некој закон на ЕУ не е
легален тиа можат да побараат од Судот
укинување на теквиот пропис или одлука
Вакви постапки за укинување можат да
побараа и физички лица доколку мислат дека
таквиот закон директно или индиректно им
нанесува штета врз нив како индивидуи
Доколку Судот одлучи дека тој закон не бил
правилно одобрен и не е правилно заснован
врз Договорите, тој може законот да го
прогласи за укинат и неважечки
4. Постапки за недејствување
Договорите ги условуваат Европскиот
парламент, Советот и Комисијата на ЕУ
да донесуваат одредени одлуки под
дадени услови и во одредено време
Доколко овие институции не успеат да
ги донесат таквите одлуки, сите
земји-членки, сите институции на ЕУ па
и физичките лица можат да поднесат
жалба до Судот и да бараат ваквиот
прекршок да биде забележан
Судот го истражува случајот и донесува
одлука таквиот прекршок да биде
званично забележан
Европски суд на ревизори
Суд на ревизори
    Судот на ревизори (The European Court of Auditors)
    проверува
-   дали пристигнал целокупниот приход на Унијата и
-   дали сите нејзини трошоци настанале на легален и
    регуларен начин и
-   дали со Буџетот на ЕУ се управува на рационален начин.
-   дали пристигнал сиот приход на Европската унија и
-   дали сите расходи биле направени законски и прописно.

    Една од клучните функции на Судот е да им помага на
    буџетските власти (Европскиот парламент и Советот) со
    тоа што на секоја година им поднесува извештај за
    претходната финансиска година.

    Судот го сочинуваат по еден член од секоја земја
    членка со мандат од шест години, со можност за
    обновување. Членовите на Судот избираат претседател
    со мандат од три години.
    Седиштето на Судот е во Луксембург.
Европска централна банка
Цели на Европската централна банка
Европската централна банка (European
Central Bank) е одговорна за
управување со еврото и монетарната
политика на ЕУ.
Примарна цел на Банката е одржување
на ценовната стабилност и поддршка
на главните економски политики во
Заедницата.
Целите на Унијата, според член 2 од
Договорот за Европската унија се
остварување на висока стапка на
вработување и оддржлив раст.
Задачи на Европската централна
            банка
 Една од главните задачи на
 Европската централна банка е да
 ја одржува стабилноста на цените
 во еврозоната одржувајки ја
 куповната моќ на еврото. Банката
 тоа го прави на 2 начина
 Преку контролирање на прилив
 на пари
 Преку вршење на надзор врз
 трендовите на цените
Европска инвестициска банка
Задача (мисија) на Европската
    инвестициска банка
Европската инвестициска банка (European
Investment Bank) е основана во 1958 година со
Договорот од Рим.
Мисијата на Банката е
да инвестира во проекти што ги промовираат
целите на Унијата.
Банката помага да се постигнат целите на
Унијата преку финансирање на инвестициски
проекти, за развој на помалку развиените
региони во ЕУ и за подобрување на
конкурентноста на малите бизниси.
Избраните проекти се за поттикнување на
евроинтеграцијата, балансиран развој,
економско-социјалната кохезија и
иновативната економија.
Дали банката е профитна
         институција
Банката не е профитна и не остварува никакви
средства од штедни влогови или од тековни сметки.
Таа се финансира преку позајмици што се одвиваат
на финансисите пазари и преку акционерите на
Банката - земјите членки на ЕУ кои се заеднички
сопственици на нејзиниот капитал, при што
придонесот на секоја земја ја одразува нејзината
економска моќ во Унијата.
Одлуките на Банката ги донесуваат Одборот на
гувернери, Управниот одбор и Раководниот
комитет.
Банката соработува со институциите на ЕУ,
нејзини претставници можат да учествуваат во
комитетите на Европскиот парламент, а
претседателот на Банката може да присуствува на
состаноците на Советот.
Седиштето на Банката е во Луксембург.
Европски економски и
   социјален комитет
(глас на граѓанското општество)
Задачи на европскиот
економски и социјален комитет
Комитетот е советодавно тело кое ги застапува
работодавците, работниците, трговските синдикати,
фармерите, потрошувачите и други групи кои
колективно го сочинуваат организираното граѓанско
општество
Комитетот ги презентира нивните ставови и ги
брани нивните интереси во политичките дискусии
во Комисијата, Советот и Европскиот Парламент
Комитетот претставува мост меѓу Унијата и
нејзините граѓани
Комитетот е составен дел од процесот на
донесување на одлуки на ЕУ и тој мора да биде
консултиран пред да се донесе одлука од доменот
на економската и социјалната политика
Самоиницијативно Комитетот може да дава и
мислења на теми што тој мисли дека се важни
Кои се членови на Комитетот
 Комитетот брои вкупно 344 члена
 Членовите се номинирани од владите на
 земјите-членки на ЕУ за период од 4 години
 Членовите на Комитетот мораат да бидат
 целосно политички независни
 Членовите на Комитетот се организирани во
 3 групи
 Група на работодавци
 Група на работници
 Група за различни економски и социјални
 интереси
Состав на групите
Првата група има членови од приватниот и
јавниот сектор на индустријата, од мали и средни
претпријатија, комори за трговија, трговија на
големо и мало, банкарство и осигурување,
транспорт и земјоделие
Втората група има членови од приватниот и
јавниот сектор на индустријата, од мали и средни
претпријатија, комори за трговија, трговија на
големо и мало, банкарство и осигурување,
транспорт и земјоделие
Третата група ги застапува на широк спектар на
субјекти како што се НВО, фармерски организации,
мали претпријатија, задруги и непрофитни
асоцијации, организации на потрошувачи, научни
и академски заедници, организации кои ги
застапуваат жените, децата, хендикепираните и
т.н.
Комитет за региони
(глас на локалната власт)
Задачи на Комитетот на
          региони
Комитетот на региони е советодавно тело
составено од претставници на регионалните и
локалните власти на земјите-членки на ЕУ
Комитетот осигурува во процесот на креирање
на политиките на ЕУ да се слушне гласот и на
овие власти и да се почитуваат
регионалните и локалните идентитети и
права
Комитетот мора да се консултира за работи
кои се важни за локалната и регионалната
управа, какви што се регионалната политика,
животната средина, образованието и
транспортот
Кои се членови на Комитетот
        на регионите

Комитетот брои вкупно 344 члена
Членовите на комитетот се избрани
општински или регионални
политичари како што се
градоначалници, општински советници и
сл.
Членовите на Комитетот се номинирани
од владите на земјите-членки а ги
назначува Советот на ЕУ на пет
години но работат со целосна политичка
независност
Што работи Комитетот
Улогата на Комитетот е да изнесува
предлози и ставови на локалните и
регионалните власти во врска со
законодавството на ЕУ
Комисијата и Советот на ЕУ мораат да
го консултираат Комитетот на
регионите за теми кои директно ги
засегаат локалните и регионалните
власти
Комитетот може и самоиницијативно
да покренува иницијативи и да ги
презентира пред КОмисијата и Советот
на ЕУ
Како е организирана работата
            на комитетот
     Комитетот на регионите годишно одржува пет
     пленарни сесии на кои се дефинира
     неговата генерална политика и се усвојуваат
     мислења
     Членовите на комитетот се поделени во 6
     комисии чија задача е да ги подготвува
     пленарните сесии
    Комисија за територијална кохезиска
     политика
    Комисија за економско-социјална политика
    Комисија за одржлив развој
    Комисија за култура и образование
    Комисија за уставни работи и европско
     управување
    Комисија за надворешни врски
Европски народен правобранител
       (Европски обдусман)
Што работи народниот
      правобранител
Народниот правобранител го избира
Европскиот Парламент со мандат од пет
години
Народниот правобранител има улога на
посредник помеѓу граѓаните и властите
на ЕУ
Тој има право да прима и истражува
поплаки од граѓаните на ЕУ,
претпријатија и разни институции
Тој помага да се открие т.н. лошо
раководење на било кои европски
институции
Како е организирана работата
на народниот правобранител
Народниот правобранител истражува
врз основа на конкретна жалба или
врз основа на сопствена иницијатива
Институциите на ЕУ се должни да му
обезбедат пристап до релевантните
досиеја
Ако открие случај на лошо раководење
Народниот правобранител ја
информира институцијата на која се
однесува истрагата и дава препораки
како да се надмине лошото раководење
Агенции на ЕУ
Агенциите не претставуваат институции
на ЕУ туку тоа се тела создадени од
ЕУ
Секоја од агенциите е создадена со
посебна законска регулатива која
детално ги опишува задачите на
дадената агенција
Не сите вакви тела го носат името
агенција туку можат да се нарекуваат
центри, институти, фондации,
канцеларии или власти.
19те Агенции на ЕУ се:
   Европски центар за развој и стручна подготовка
   Европска фондација за подобрување на условите на живеење и
    работење
   Европска агенција за животна средина
   Европска фондација за обука
   Европски центар за мониторингб на дроги и зависност од дроги
   Европска агенција за оценување на медицински производи
   Канцеларија за хармонизација на внатрешниот пазар
   Европска агенција за заштита при работа
   Канцеларија за растителни видови на заедницата
   Центар за преведување
   Европска агенција за реконструкција
   Европски центар за мониторинг на расизмот и ксенофобијата
   Европско биро за безбедност на храната
   Европска агенција за безбедност во морскиот сообраќај
   Европска агенција за безбедност во авионскиот сообраќај
   Европол
   Евројуст
   Европски институт за безбедносни студии
   Сателитски центар на Европската Унија

More Related Content

What's hot

Jugoslavija između dva svjetska rata
Jugoslavija između dva svjetska rata Jugoslavija između dva svjetska rata
Jugoslavija između dva svjetska rata
Petko Vukovic
 
развој уставности
развој уставностиразвој уставности
развој уставности
angelinabrankovic51
 
19.Краљевина СХС 1918 1929
19.Краљевина СХС 1918 192919.Краљевина СХС 1918 1929
19.Краљевина СХС 1918 1929
Šule Malićević
 
Rat u jugoslaviji 1942 1945.
Rat u jugoslaviji 1942 1945.Rat u jugoslaviji 1942 1945.
Rat u jugoslaviji 1942 1945.
Dušan Novakov
 

What's hot (20)

ракописни букви к ќ
ракописни букви к ќракописни букви к ќ
ракописни букви к ќ
 
Površina kocke
Površina kockePovršina kocke
Površina kocke
 
EVROPSKA UNIJA
EVROPSKA UNIJAEVROPSKA UNIJA
EVROPSKA UNIJA
 
Jugoslavija između dva svjetska rata
Jugoslavija između dva svjetska rata Jugoslavija između dva svjetska rata
Jugoslavija između dva svjetska rata
 
развој уставности
развој уставностиразвој уставности
развој уставности
 
19.Краљевина СХС 1918 1929
19.Краљевина СХС 1918 192919.Краљевина СХС 1918 1929
19.Краљевина СХС 1918 1929
 
Knez mihailo obrenovic ucenicki rad
Knez mihailo obrenovic   ucenicki radKnez mihailo obrenovic   ucenicki rad
Knez mihailo obrenovic ucenicki rad
 
Ekotoksikologija
EkotoksikologijaEkotoksikologija
Ekotoksikologija
 
Nervni sistem
Nervni sistemNervni sistem
Nervni sistem
 
Završne borbe za oslobođenje Jugoslavije
Završne borbe za oslobođenje JugoslavijeZavršne borbe za oslobođenje Jugoslavije
Završne borbe za oslobođenje Jugoslavije
 
Одземање двоцифрени броеви со премин
Одземање двоцифрени броеви со преминОдземање двоцифрени броеви со премин
Одземање двоцифрени броеви со премин
 
B1 Bakterije
B1 BakterijeB1 Bakterije
B1 Bakterije
 
парни и непарни броеви од 1 и 2 десетка
парни и непарни броеви од 1 и 2 десеткапарни и непарни броеви од 1 и 2 десетка
парни и непарни броеви од 1 и 2 десетка
 
Masovni mediji
Masovni medijiMasovni mediji
Masovni mediji
 
Cerepen mozok
Cerepen mozokCerepen mozok
Cerepen mozok
 
Справување со отпад
Справување со отпадСправување со отпад
Справување со отпад
 
Covekovi prava
Covekovi pravaCovekovi prava
Covekovi prava
 
Rat u jugoslaviji 1942 1945.
Rat u jugoslaviji 1942 1945.Rat u jugoslaviji 1942 1945.
Rat u jugoslaviji 1942 1945.
 
Sistem organa za disanje
Sistem organa za disanjeSistem organa za disanje
Sistem organa za disanje
 
Ednakvi dropki
Ednakvi dropkiEdnakvi dropki
Ednakvi dropki
 

Viewers also liked

(8,92) интеграција на рм во еу
(8,92) интеграција на рм во еу(8,92) интеграција на рм во еу
(8,92) интеграција на рм во еу
Angela Krstevska
 
(8,81) европски вредности и идентитет
(8,81) европски вредности и идентитет(8,81) европски вредности и идентитет
(8,81) европски вредности и идентитет
neebitno
 
(2,7) multikulturno opstestvo
(2,7) multikulturno opstestvo(2,7) multikulturno opstestvo
(2,7) multikulturno opstestvo
neebitno
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
neebitno
 

Viewers also liked (8)

(8,92) интеграција на рм во еу
(8,92) интеграција на рм во еу(8,92) интеграција на рм во еу
(8,92) интеграција на рм во еу
 
(8,81) европски вредности и идентитет
(8,81) европски вредности и идентитет(8,81) европски вредности и идентитет
(8,81) европски вредности и идентитет
 
Evropska unija
Evropska unijaEvropska unija
Evropska unija
 
(2,7) multikulturno opstestvo
(2,7) multikulturno opstestvo(2,7) multikulturno opstestvo
(2,7) multikulturno opstestvo
 
(5,1) ideologija
(5,1) ideologija(5,1) ideologija
(5,1) ideologija
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
 
(5,6) fundamentalizam
(5,6) fundamentalizam(5,6) fundamentalizam
(5,6) fundamentalizam
 
(8,3) sovet na evropa
(8,3) sovet na evropa(8,3) sovet na evropa
(8,3) sovet na evropa
 

More from Angela Krstevska

(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
Angela Krstevska
 
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
Angela Krstevska
 
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
Angela Krstevska
 
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
Angela Krstevska
 
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
Angela Krstevska
 
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
Angela Krstevska
 
(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje
Angela Krstevska
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
Angela Krstevska
 

More from Angela Krstevska (9)

(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
(8,2) sovremeno evropsko seostestvo
 
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam(5,5) konzervatizam i komunitarizam
(5,5) konzervatizam i komunitarizam
 
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
(5,3) socijalizam i socijaldemokratija
 
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam(5,2) liberalizam i neoliberalizam
(5,2) liberalizam i neoliberalizam
 
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava(4) vladeenje na pravoto i  pravnata drzava
(4) vladeenje na pravoto i pravnata drzava
 
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
(4) vladeenje na mnozinstvoto i zastita na malcinstvoto
 
(4) podelba na vlasta
(4) podelba na vlasta(4) podelba na vlasta
(4) podelba na vlasta
 
(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje(4) izbori i izborno odnesuvanje
(4) izbori i izborno odnesuvanje
 
(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija(4) demokratizacija vo republika makedonija
(4) demokratizacija vo republika makedonija
 

(8,8) институции на европската унија

  • 2. Главните институции за донесување на одлуки во ЕУ Европски парламент, (European Parliament) кој ги застапува граѓаните на ЕУ и е директно изберен од страна на истите Советот на ЕУ, (The Council of the European Union) кој ги претставува индивидуалните земји-членки Европската комисија, (The European Commission) кој се обидува да ги подржува интересите на ЕУ како целина Европски совет (The European Council) е највисоко тело за утврдување на политиките на ЕУ. Од правна гледна точка не е формална институција на ЕУ и ги обединува председателите и премиерите на сите земји, членки на ЕУ. (овој институционален четириаголник ги создава политиките и законите што се применуваат низ цела ЕУ)
  • 3. Европскиот парламент -глас на народот-
  • 4. Каде се наоѓа парламентот Европскиот парламент работи во Франција, Белгија и Луксембург Месечните пленарни седници, на кои присуствуваат сите членови на европскиот парламент се одржуваат во Стразбур – Франција каде што е “седиштето” на парламентот Состаноци на парламентарниот комитет и некои дополнителни пленарни сесии се одржуваат во Брисел – Белгија Луксембург е дом на административните канцеларии – генералниот секретаријат
  • 5. Како се пополнува Европскиот парламент Парламентарни избори се одржуваат на секои пет години Секоја држава-членка, во зависност од бројот на населението, има одреден број на седишта во парламентот
  • 6. Број на седишта во парламентот Белгија 24 Литванија 13 Бугарија 18 Луксембург 6 Кипар 6 Малта 5 Чешка реп. 24 Холандија Данска 14 27 Германија 99 Австрија 18 Грција 24 Полска 54 Шпанија 54 Португалија 24 Естонија 6 Романија 36 Франција 78 Словачка 14 Унгарија 24 Словенија Ирска 13 7 Италија 78 Финска 14 Летонија 9 Шведска 19 Велика Британија 78 ВКУПНО 786
  • 7. Распоред на пратеници по политички групи  Партија на европскиот народ (христијански демократи и европски демократи)  Партија на европски социјалисти  Партија на европски либерали, демократи и реформисти  Европска обединета левица / зелена нордиска левица  Зелените / европска слободна алијанса  Унија за Европа на нации  Европа на демократи и различности  Независни членови
  • 9. Парламентот и Советот на ЕУ -делење на законодавната надлежност- Парламентот и Советот ја делат законодавната надлежност низ три различни постапки: 1. "постапката на соработка" е воведена со Единствениот европски акт во 1986 година. Парламентот дава свое мислење за нацртот на директивите и регулативите што ги предлага Европската комисија која, потоа, врз основа на мислењето на Парламентот може да го измени својот предлог, 2. од 1987 година, исто така, е воведена "постапката на давање согласност" со која Парламентот мора да даде своја согласност за меѓународните спогодби за кои преговара Комисијата, како и за секое предложено проширување на Европската унија 3. Договорот од Мастрихт од 1992 година ја воведе "постапката на соодлучување" со која Парламентот и Советот се ставени на еднакво рамниште во решавањето на низа важни прашања какви што се слободното движење на работната сила, внатрешниот пазар, образованието, истражувањата, животната средина, трансевропските мрежи, здравството, културата и заштитата на потрошувачите. Парламентот може да ја отфрли предложената легислатива од овие области ако апсолутното мнозинство пратеници гласа против ‘‘заедничкиот став’’ на Советот.
  • 10. Донесување на буџет на ЕУ Европскиот парламент ја споделува со Советот и одговорноста околу донесувањето на буџетот на ЕУ. Европската комисија го предлага нацртот на буџетот, кој потоа го разгледуваат Парламентот и Советот. Парламентот може да не го одобри буџетот, а во тој случај целата постапка за донесување на буџетот повторно се поведува. Парламентот целосно ги користи своите буџетски овластувања за да изврши влијание врз ЕУ при креирањето на политиката.
  • 11. Како е организирана работата на парламентот Работата на парламентот е поделена во 2 главни фази 1. Подготовка за пленарни седници. Ова го прават членовите на Европскиот Парламент во различните парламентарни комитети специјализирани за различни области од целокупната активност на ЕУ. Темите за дискусија се разгледуваат и од страна на политичките групации во парламентот. 2. Пленарни сесии на кои присуствуваат сите членови на парламентот и обично се одржуваат во Стразбур (една недела месечно) и понекогаш во Брисел (два дена). На овие седници парламентот ги испитува предложените закони, гласа за амандманите и на крај донесува одлука за целосниот текст.
  • 12. Европскиот парламент низ бројки Европскиот парламент е најкомплексниот парламент во светот кој им овозможува на актуелните 785, а наскоро 736 членови, да дебатираат на 23 официјални јазици, кои во најлоши ситуации „резултираат” со 506 јазични комбинации. Тоа значи дека 430 официјални преведувачи и многу од вкупно 2.500 хонорарни повремени преведувачи секојдневно треба да „испорачуваат” врвен квалитет. Во 22 политички комитети членовите на Парламентот се „борат” во 45 категории како на пример екологија и потрошувачка политика и се гордеат што имаат моќ да соодлучуваат кога се подготвуваат законите на ЕУ. Во периодот меѓу 2004 и 2009 година се дискутирало за 1565 „законски процедури” на пленарни или комисиски расправи и се работело на 51815 амандмани, заклучно со февруари 2009 година.
  • 13. Тврдењата дека Европскиот е „парламент за одмор” разлутија повеќе пратеници од сите политички групи. „Моето работно време е од 5,24 до 19,30 часот”, вели лидерот на германската група на социјалдемократите Бернхард Рапкај. Во агендата на неговиот колега христијански демократ, Петер Лесе, пак, секогаш недостасува еден збор, „пауза за ручек”. Агендите се пренатрупани бидејќи од членовите на парламентот се бара да присуствуваат на стотици различни бриселски средби на комитети, на 12 пленарни сесии во Стразбур и на уште шест во Брисел. Низ светот тие патуваат во 34 делегации, каде што ја претставуваат Европската Унија. Пратениците исто така патуваат и во кризни и воени зони, каде што животот им е во опасност.
  • 14. Околу 5800 ЕУ функционери ја одржуваат машинеријата на Европскиот парламент за сите 27 земји членки. Колку за споредба, германскиот федерален Бундестаг вработува 2600 државни службеници. Инаку, Европарламентот годишно троши околу 1,3 милијарди евра, од кои 44 отсто се за вработениот персонал, главно преведувачи кои годишно мораат да преведат повеќе од еден милион страници комплексен материјал. Потоа, околу 21 отсто од трошоците или околу 277 милиони евра се издвојуваат за плати на пратениците, нивните асистенти, бироа и за патни трошоци.
  • 15. Совет на Европска Унија -глас на земјите членки-
  • 16. Состав на Советот на ЕУ На секоја седница на Советот присуствува по еден министер од секоја земја членка. Постојат девет различни состави на Советот: 1. општи работи и надворешни односи, 2. економски и финансиски односи ЕКОФИН, 3. правда и внатрешни работи, 4. вработување, социјална политика, здравство и потрошувачи, 5. конкурентност (внатрешен пазар, индустрија н истражување), 6. транспорт, телекомуникации и енергија, 7. земјоделство и рибарство, 8. животна средина и 9. образование, младина и култура.
  • 17. Одговорности (задачи) на Советот на ЕУ Советот има шест клучни одговорности: 1. на предлог на Комисијата ги донесува правните акти на Заедницата (регулативи, директиви и одлуки). Советот е главниот законодавен орган на Унијата, иако оваа функција е поделена со Европскиот парламент, 2. заедно со Европскиот парламент е тело што го одобрува буџетот на ЕУ. Кај т.н. заеднички трошоци, Советот го има последниот збор (пр.земјоделството), додека при незадолжителните трошоци (животната средина, здравството, структурните фондови) конечната одлука ја донесува Парламентот, 3. ги склучува меѓународните договори меѓу ЕУ и една или повеќе земји или меѓународни организации, 4. е одговорен за координација на опсежните европски политики на земјите членки, 5. да ја развива Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и 6. ја координира соработката меѓу судовите и полициските сили на одделните држави, во поглед на криминалните дејствија.
  • 18. Начин на донесување на одлуки во Советот на ЕУ Согласно со договорите, Советот ги носи одлуките со просто мнозинство, квалификувано мнозинство или едногласно, во зависност од прашањето за кое се одлучува. Советот мора да донесе едногласна одлука за важни прашања какви што се измени во договорите, воведување нова политика или давање согласност на Унијата за приклучување на нова земја.
  • 19. Донесување на одлуки со квалификувано мнозинство При гласање “за” некоја одлука во Советот на ЕУ, за која е потребно квалификувано или двотретинско мнозинство секоја земја-членка во зависност од својата големина располага со различен број на гласови Една одлука за да биде донесена треба да има најмалку 72,3 % од вкупниот број на можни гласови Исто така секоја земја-членка може да побара потврда дека гласовите “за” освен што минимално изнесуваат 72,3 % од вкупниот број на можни гласови претставуваат и 62 % вкупното население на ЕУ
  • 20. Број на гласови што ги имаат земјите- членки при гласање во Советот на ЕУ Белгија 12 Литванија 7 Бугарија 10 Луксембург 4 Кипар 4 Малта 3 Чешка реп. 12 Холандија 13 Данска 7 Австрија 10 Германија 29 Полска 27 Грција 12 Португалија 12 Шпанија 27 Романија 14 Естонија 4 Словачка 14 Франција 29 Словенија 4 Унгарија 12 Финска 7 Ирска 7 Шведска 10 Италија 29 Велика Британија 29 Летонија 4 ВКУПНО ??
  • 21. Европската комисија -промотор на заедничките интереси-
  • 22. Функции на Комисијата на ЕУ Комисијата ги извршува следниве четири функции: 1. Таа е иницијатор на политиката и на законодавството на Унијата, ја предлага законската регулатива до Парламентот и Советот, 2. Таа е главно извршно тело кое го спроведува законодавството на ЕУ преку донесување на конкретни мерки и одлуки за негова имплементација. Комисијата ги спроведува одлуките на Советот, раководи со извршувањето на Буџетот и ги спроведува политиките на ЕУ, 3. Комисијата е "чувар на договорите", мора да осигури дека земјите членки ги применуваат регулативите и директивите што ги донесуваат Советот и Парламентот. Комисијата заедно со Судот на правдата е одговорна законот на ЕУ правилно да се применува во сите земји членки и 4. Таа ја претставува ЕУ на меѓународната сцена, е важен преговарач во името на ЕУ за меѓународните договори и контакти со трети земји и со меѓународни организации.
  • 23. Избор на Комисијата на ЕУ На секои пет години се назначува нова Комисија, шест месеци по изборите за Европскиот парламент, по пат на договор меѓу земјите членки Процедурата е следна: владите на земјите членки со заедничка согласност номинираат лице за функцијата претседател на Комисијата, а за номинацијата одобрение треба да даде Европскиот парламент, Европскиот парламент со гласање треба да ги одобри номинациите за претседател и за членови на Комисијата во целина, по што земјите членки го назначуваат претседателот и членовите на Комисијата. Новата Комисија формално се назначува од Советот на ЕУ.
  • 24. Комисијата дејствува независно и исклучиво во интерес на Унијата Комисијата одговара пред Парламентот, што значи дека доколку Парламентот изгласа недоверба по пат на усвојување на "предлог за цензура", Комисијата мора да поднесе колективна оставка. Комисијата присуствува на сите состаноци на Парламентот каде што мора да ги образложи и појасни своите политики. Исто така, редовно одговара на писмени и усни прашања поставени од членовите на Парламентот.
  • 25. Седиште на Комисијата на ЕУ Комисијата е најголемо административно тело на Заедницата, кое управува со политиките на ЕУ, фондовите и програмите. Работата на Комисијата е организирана во генерални директорати, кои се надлежни за одделни области на политиката. Седиштето на Комисијата е во Брисел, има канцеларии и во Луксембург, Има и претставништва во сите земји членки на ЕУ, Има и делегации во многу главни градови ширум светот.
  • 26. Како е организирана работата на комисијата Председателот на Комисијата одлучува кој комесар ќе биде одговорен за дадена политичка област за враме на мандатот на Комисијата Председателот, со одобрување на Комисијата, има овластување и да побара оставка од некој комесар Тимот од 27 комесари (наречен Колегиум) се состанува секоја среда во Брисел. Секоја точка од дневниот ред се презентира од страна на комесарот одговорен за дадената област а потоа колегиумот донесува колективна одлука Персоналот т.е. Администрацијата која ги подготвува состаноците на Комисијата е организирана во 36 оддели познати како Генерални директорати
  • 27. Европски Совет “Самит" на шефови на држави и влади на земјите членки на ЕУ.
  • 28. Функции на Европскиот Совет Европскиот совет (The European Council) е највисоко тело за утврдување на политиките на ЕУ. Претседателот на Европската комисија присуствува на средбите како полноправен член. Европскиот совет се состанува четири пати годишно заради постигнување на договор за глобалната политика на ЕУ и за разгледување на остварениот напредок. Советот разгледува и тековни светски проблеми. Состаноците се нарекуваат "самити" на шефови на држави и влади на земјите членки на ЕУ. Со Советот претседава претседателот или премиерот на државата што го има тековното претседателство во Советот на Европската унија.
  • 30. Оснивање и надлежност на Судот на ЕУ Судот на правдата на Европските заедници (The Court of Justice of the European Communities) е основан со Договорот за Европска заедница за јаглен и челик во 1952 година. Негова надлежност е да осигури правото на Заедницата да се толкува и применува на ист начин во секоја земја членка на ЕУ. Судот има овластување да решава правни спорови меѓу земјите членки, институциите на ЕУ, деловните правни субјекти и физички лица
  • 31. Состав и функции на Судот Судот е составен од по еден судија од секоја земја членка со што се застапени сите државни правни системи на ЕУ. На Судот му помагаат осум јавни правобранители, именувани за мандатен период од шест години. Судот може да провери дали прописите на ЕУ се правилно донесени и може да пресуди дека Европскиот парламент, Советот или Комисијата направиле пропусти во работата. Со цел да му се помогне на судот во 1989 година е основан Првостепениот суд како придружна институција на Судот на правдата и истиот му помога на Судот во справувањето со илјадниците случаи што се упатуваат пред судот, а на граѓаните да им се понуди подобра правна поддршка. Двата Суда имаат претседатели кои ги избираат другите судии, за мандат од три години.. На судот му помагаат и 8 генерални адвокати, Нивна улога е да презентираат разумни мислења за случаите донесени пред Судот Седиштето на Судот на правдата е во Луксембург.
  • 32. Што работи судот Најчести случаи кои Судот ги решава се: Барања за прелиминарни одлуки Постапки за неизвршување на некои обврски Постапки за укинување/анулирање Постапки за недејствување
  • 33. 1. Барања за прелиминарни одлуки За да се спречи судовите од различни земји-членки да го толкуваат правото на ЕУ на различни начини, тие често пати од Судот на правдата бараат совет за тоа дали правилно ги толкуваат законите на ЕУ. Судот на правдата им дава таков совет во форма на прелиминарна одлука
  • 34. 2. Постапки за неизвршување на некоја обврска Комисијата на ЕУ може да поведе вакви постапки доколку постои сомневање дека некоја земја-членка не ги извршува своите обврски согласно законот на ЕУ. Овие постапки можат да бидат поведени и од страна на друга земја-членка И во двата случаја Судот ги истражува тврдењата и донесува пресуда. Обвинетата земја-членка доколку е навистина одговорна мора веднаш да ги доведе работите во ред.
  • 35. 3. Постапки за укинување/анулирање Ако некоја земја-членка, Советот на ЕУ, Комисијата на ЕУ, Па дури и Парламентот на ЕУ веруваат дека некој закон на ЕУ не е легален тиа можат да побараат од Судот укинување на теквиот пропис или одлука Вакви постапки за укинување можат да побараа и физички лица доколку мислат дека таквиот закон директно или индиректно им нанесува штета врз нив како индивидуи Доколку Судот одлучи дека тој закон не бил правилно одобрен и не е правилно заснован врз Договорите, тој може законот да го прогласи за укинат и неважечки
  • 36. 4. Постапки за недејствување Договорите ги условуваат Европскиот парламент, Советот и Комисијата на ЕУ да донесуваат одредени одлуки под дадени услови и во одредено време Доколко овие институции не успеат да ги донесат таквите одлуки, сите земји-членки, сите институции на ЕУ па и физичките лица можат да поднесат жалба до Судот и да бараат ваквиот прекршок да биде забележан Судот го истражува случајот и донесува одлука таквиот прекршок да биде званично забележан
  • 37. Европски суд на ревизори
  • 38. Суд на ревизори Судот на ревизори (The European Court of Auditors) проверува - дали пристигнал целокупниот приход на Унијата и - дали сите нејзини трошоци настанале на легален и регуларен начин и - дали со Буџетот на ЕУ се управува на рационален начин. - дали пристигнал сиот приход на Европската унија и - дали сите расходи биле направени законски и прописно. Една од клучните функции на Судот е да им помага на буџетските власти (Европскиот парламент и Советот) со тоа што на секоја година им поднесува извештај за претходната финансиска година. Судот го сочинуваат по еден член од секоја земја членка со мандат од шест години, со можност за обновување. Членовите на Судот избираат претседател со мандат од три години. Седиштето на Судот е во Луксембург.
  • 40. Цели на Европската централна банка Европската централна банка (European Central Bank) е одговорна за управување со еврото и монетарната политика на ЕУ. Примарна цел на Банката е одржување на ценовната стабилност и поддршка на главните економски политики во Заедницата. Целите на Унијата, според член 2 од Договорот за Европската унија се остварување на висока стапка на вработување и оддржлив раст.
  • 41. Задачи на Европската централна банка Една од главните задачи на Европската централна банка е да ја одржува стабилноста на цените во еврозоната одржувајки ја куповната моќ на еврото. Банката тоа го прави на 2 начина Преку контролирање на прилив на пари Преку вршење на надзор врз трендовите на цените
  • 43. Задача (мисија) на Европската инвестициска банка Европската инвестициска банка (European Investment Bank) е основана во 1958 година со Договорот од Рим. Мисијата на Банката е да инвестира во проекти што ги промовираат целите на Унијата. Банката помага да се постигнат целите на Унијата преку финансирање на инвестициски проекти, за развој на помалку развиените региони во ЕУ и за подобрување на конкурентноста на малите бизниси. Избраните проекти се за поттикнување на евроинтеграцијата, балансиран развој, економско-социјалната кохезија и иновативната економија.
  • 44. Дали банката е профитна институција Банката не е профитна и не остварува никакви средства од штедни влогови или од тековни сметки. Таа се финансира преку позајмици што се одвиваат на финансисите пазари и преку акционерите на Банката - земјите членки на ЕУ кои се заеднички сопственици на нејзиниот капитал, при што придонесот на секоја земја ја одразува нејзината економска моќ во Унијата. Одлуките на Банката ги донесуваат Одборот на гувернери, Управниот одбор и Раководниот комитет. Банката соработува со институциите на ЕУ, нејзини претставници можат да учествуваат во комитетите на Европскиот парламент, а претседателот на Банката може да присуствува на состаноците на Советот. Седиштето на Банката е во Луксембург.
  • 45. Европски економски и социјален комитет (глас на граѓанското општество)
  • 46. Задачи на европскиот економски и социјален комитет Комитетот е советодавно тело кое ги застапува работодавците, работниците, трговските синдикати, фармерите, потрошувачите и други групи кои колективно го сочинуваат организираното граѓанско општество Комитетот ги презентира нивните ставови и ги брани нивните интереси во политичките дискусии во Комисијата, Советот и Европскиот Парламент Комитетот претставува мост меѓу Унијата и нејзините граѓани Комитетот е составен дел од процесот на донесување на одлуки на ЕУ и тој мора да биде консултиран пред да се донесе одлука од доменот на економската и социјалната политика Самоиницијативно Комитетот може да дава и мислења на теми што тој мисли дека се важни
  • 47. Кои се членови на Комитетот Комитетот брои вкупно 344 члена Членовите се номинирани од владите на земјите-членки на ЕУ за период од 4 години Членовите на Комитетот мораат да бидат целосно политички независни Членовите на Комитетот се организирани во 3 групи Група на работодавци Група на работници Група за различни економски и социјални интереси
  • 48. Состав на групите Првата група има членови од приватниот и јавниот сектор на индустријата, од мали и средни претпријатија, комори за трговија, трговија на големо и мало, банкарство и осигурување, транспорт и земјоделие Втората група има членови од приватниот и јавниот сектор на индустријата, од мали и средни претпријатија, комори за трговија, трговија на големо и мало, банкарство и осигурување, транспорт и земјоделие Третата група ги застапува на широк спектар на субјекти како што се НВО, фармерски организации, мали претпријатија, задруги и непрофитни асоцијации, организации на потрошувачи, научни и академски заедници, организации кои ги застапуваат жените, децата, хендикепираните и т.н.
  • 49. Комитет за региони (глас на локалната власт)
  • 50. Задачи на Комитетот на региони Комитетот на региони е советодавно тело составено од претставници на регионалните и локалните власти на земјите-членки на ЕУ Комитетот осигурува во процесот на креирање на политиките на ЕУ да се слушне гласот и на овие власти и да се почитуваат регионалните и локалните идентитети и права Комитетот мора да се консултира за работи кои се важни за локалната и регионалната управа, какви што се регионалната политика, животната средина, образованието и транспортот
  • 51. Кои се членови на Комитетот на регионите Комитетот брои вкупно 344 члена Членовите на комитетот се избрани општински или регионални политичари како што се градоначалници, општински советници и сл. Членовите на Комитетот се номинирани од владите на земјите-членки а ги назначува Советот на ЕУ на пет години но работат со целосна политичка независност
  • 52. Што работи Комитетот Улогата на Комитетот е да изнесува предлози и ставови на локалните и регионалните власти во врска со законодавството на ЕУ Комисијата и Советот на ЕУ мораат да го консултираат Комитетот на регионите за теми кои директно ги засегаат локалните и регионалните власти Комитетот може и самоиницијативно да покренува иницијативи и да ги презентира пред КОмисијата и Советот на ЕУ
  • 53. Како е организирана работата на комитетот Комитетот на регионите годишно одржува пет пленарни сесии на кои се дефинира неговата генерална политика и се усвојуваат мислења Членовите на комитетот се поделени во 6 комисии чија задача е да ги подготвува пленарните сесии  Комисија за територијална кохезиска политика  Комисија за економско-социјална политика  Комисија за одржлив развој  Комисија за култура и образование  Комисија за уставни работи и европско управување  Комисија за надворешни врски
  • 54. Европски народен правобранител (Европски обдусман)
  • 55. Што работи народниот правобранител Народниот правобранител го избира Европскиот Парламент со мандат од пет години Народниот правобранител има улога на посредник помеѓу граѓаните и властите на ЕУ Тој има право да прима и истражува поплаки од граѓаните на ЕУ, претпријатија и разни институции Тој помага да се открие т.н. лошо раководење на било кои европски институции
  • 56. Како е организирана работата на народниот правобранител Народниот правобранител истражува врз основа на конкретна жалба или врз основа на сопствена иницијатива Институциите на ЕУ се должни да му обезбедат пристап до релевантните досиеја Ако открие случај на лошо раководење Народниот правобранител ја информира институцијата на која се однесува истрагата и дава препораки како да се надмине лошото раководење
  • 57. Агенции на ЕУ Агенциите не претставуваат институции на ЕУ туку тоа се тела создадени од ЕУ Секоја од агенциите е создадена со посебна законска регулатива која детално ги опишува задачите на дадената агенција Не сите вакви тела го носат името агенција туку можат да се нарекуваат центри, институти, фондации, канцеларии или власти.
  • 58. 19те Агенции на ЕУ се:  Европски центар за развој и стручна подготовка  Европска фондација за подобрување на условите на живеење и работење  Европска агенција за животна средина  Европска фондација за обука  Европски центар за мониторингб на дроги и зависност од дроги  Европска агенција за оценување на медицински производи  Канцеларија за хармонизација на внатрешниот пазар  Европска агенција за заштита при работа  Канцеларија за растителни видови на заедницата  Центар за преведување  Европска агенција за реконструкција  Европски центар за мониторинг на расизмот и ксенофобијата  Европско биро за безбедност на храната  Европска агенција за безбедност во морскиот сообраќај  Европска агенција за безбедност во авионскиот сообраќај  Европол  Евројуст  Европски институт за безбедносни студии  Сателитски центар на Европската Унија