2. Американскиот астроном Едвин Хабл (20
ноември 1889 -28 септември 1953) е првиот
научник кој докажа дека вселената се шири. Тој
укажа на непосредната меѓу брзината на
оддалечување на далечните галаксии и
нивните оддалечености од Земјата, денес
познати под името Хаблов Закон. Хабл е
познат и по докажувањето дека галаксиите се
наоѓаат адвор од Млечниот пат., како и по
системот на класифицирање на галаксиите.
Според него е наречен еден вселенски
телескот-Хаблов вселенски телескоп, а и
константата на пропорционалноста меѓу
брзината на оддалечување и растојанието го
носи неговото име - Хаблова константа.
4. Универзумот оди подалеку
од Млечниот Пат
Нашата модерна слика за вселената потекнува од
1924 година, кога американскиот астроном Едвин
Хабл покажал дека нашата галаксија не е
единствена. Всушност, се покажало дека има
многу други галаксии со огромен празен простор
меѓу нив. За да го докаже тоа тој морал да ги
одреди растојанијата до овие други галаксии, кои
се толку многу далеку што навистина ни се чини
дека не се движат. Затоа Хабл бил принуден да
користи индиректни методи за мерење на
растојанијата...
5. Хабл забележал дека некои видови ѕвезди
секогаш имаат ист сјај кога се доволно блиску за
да можат да се измерат; според тоа, ако некоја
од тие ѕвезди најдеме во другите галаксии,
заклучил тој, би можеле да претпоставиме дека
и тие имаат иста сјајност па според тоа можеме
да ја пресметаме оддалеченоста до таа
галаксија. На тој начин Едвин Хабл ги пресметал
растојанијата до девет различни галаксии.
Денес знаеме дека нашата галаксија е само
една од стотиците милијарди галаксии што може
да се видат со модерните телескопи и дека
секоја од тие галаксии содржи стотици
милијарди ѕвезди.
6. Галаксиите се оддалечуваат
Во годините по доказот дека постојат и други
галаксии, Хабл го минувал времето во
каталогизирање на нивните растојанија и во
набљудување на нивните спектри. Во тоа
време повеќето луѓе очекувале дека
галаксиите се движат случајно низ просторот,
па затоа очекувале дека бројот на оние чиишто
спектри се поместени кон црвено ќе биде ист
со бројот на оние чиишто спектри се поместени
кон сино. Затоа навистина им било чудно кога
откриле дека спектрите на повеќето галаксии
се поместени кон црвено: тоа значи дека
речиси сите се оддалечуваат од нас!
7. Уште понеобично било
откритието што Хабл го
соопштил во 1929 година:
дури и големината на
црвното поместување на
галаксиите не е случајно,
туку е правопропорционално
на оддалеченоста на
галаксијата од нас. Или, со
други зборови, колку што
една галаксија е подалеку,
толку таа побрзо се
оддалечува од нас! А тоа
значело дека вселената не е
статична како што порано се
мислело, туку дека се шири;
со текот на времето
растојанието меѓу
галаксиите се зголемува.
8. Откритието дека вселената се шири било една од големите
интелектуални револуции на 20 век. Њутн и другите требале да
согледаат дека статичната вселена би морала набрзо да започне
да се собира под влијание на гравитацијата. Ако ширењето е
релативно бавно, силата на гравитацијата на крајот ќе го сопре и
таа ќе започне да се собира.
Но ако ширењето е побрзо од некоја критична граница, тогаш
гравитацијата не би била доволно силна да го спречи и вселената
би продолжила вечно да се шири. Тоа помалку личи на случајот
кога од површината на Земјата ќе се лансира ракета право нагоре.
Ако нејзината брзина е мала, гравитацијата по некое време ќе ја
сопре ракетата и таа ќе почне да паѓа. Но ако брзината на ракетата
е поголема од критичната (приближно 12 километри во секунда),
гравитацијата нема да биде доволно силна да ја повлече назад, па
таа ќе продолжи да се оддалечува од земјата без крај.
Ваквото поведение на вселената би можело да се предвиди од
Њутновата теорија за гравитацијата уште во минатиот век, во 18
век, па дури и кон крајот на 17 век. А сепак, верувањето во статична
вселена било толку силно што опстанало се до почетокот на 20 век.
9. Хабл има помогнато во решавањето на некои
долготрајни проблеми во астрономијата, како и
откривањето на резултати кои беа потребни за
објаснувањето на новите теории. Меѓу првите цели на
мисијата беше да го измери растојанието до
Цефеидните променливи ѕвезди попрецизно од кога
било, и со тоа да ја ограничи вредноста на хабловата
константата, мерењето на стапката при која се шири
универзумот, што е исто така поврзана со неговата
старост.
Пред лансирањето на ВТХ, проценувањето на
хабловата константата обично имаше грешки до 50%,
но мерењата на Хабл на Цефеидни -променливи во
Девица Кластер(Јато) и други далечни галактички јата
обезбедија измерена вредност со точност од 10%, што
е согласно со други попрецизни мерења направени со
употреба на други техники од лансирањето на Хабл.
10. Смрт
Хабл доживеал срцев
удар на јули 1949 година,
додека бил на одмор во
Колорадо. Хабл е згрижен
од страна на Грејс Хабл
(неговата сопруга) и
продолжил по пат на
изменета на исхрана и
распоред за работа. Хабл
починал од церебрална
тромбоза (спонтана
згрутчување на крвта во
мозокот) на 28 септември
1953 година, во Сан
Марино, Калифорнија.